Дел од корисниците во Општина Чаир и населбата Топанско Поле денеска ќе останат без вода поради интервенција на водоводната мрежа. Според информациите од РЦУК – Скопје, по известување од ЈП „Водовод и канализација“, ќе се врши замена на шибер Ф-250 мм на улицата „Џон Кенеди“, на раскрсницата со улицата „Лазар Трповски“. Прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 09:00 часот и ќе трае до завршување на работите. Дел од корисниците во Општина ...

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива без поголеми проблеми, по суви коловози, но со зголемена фреквенција на возила надвор од населените места. Од македонска страна, на граничните премини нема подолги задржувања при влез и излез од државата, информира АМСМ. Возачите се советуваат да ја приспособат брзината според условите, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да бидат особено внимателни на делниците каде постои опасност ...

Преображение Господово е еден од значајните празници во православната традиција, но има посебно место и во македонската народна култура, каде со него се поврзани бројни обичаи и верувања. Според христијанското предание, на овој ден се одбележува Преображението на Исус Христос на планината Тавор. Христос ги повел со себе апостолите Петар, Јаков и Јован, пред кои неговото лице заблескало, а облеката му станала бела како снег. Во тој момент се ...

По повод празникот Успение на Пресвета Богородица, кој се одбележува на 28 август, за манастирската слава во Матка ќе биде организиран дополнителен превоз за верниците и посетителите. Покрај редовната автобуска линија 60, до Полициската станица „Матка“ ќе сообраќа и дополнителен автобус, по потреба. Од таму, посетителите ќе имаат обезбеден превоз со минибус до најблиската достапна точка до манастирот. Од сестринството на Манастир Успение на ...

УХМР ги измери температурите утрово во градовите низ Македонија. Мерните станици во осум часот покажаа дека најниска утринска температура има на Попова Шапка, каде се измерени 14 степени, по што следи Берово со 15 степени. Најтопло е во Гевгелија со измерени 25 степени во осум часот, по што следат Струмица со 24 степени и Велес и Кавадарци со 22 степени. Во Скопје ова утро во осум часот УХМР измери 21 степени Целзиусови. Времето денеска ќе ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има зголемена облачност, со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од 12 до 20, а максималната од 30 до 38 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе го посети ООУ „Александар Македонски“ во Реонски центар, каде што ќе се запознае со текот на градежните активности за доградба на нови училници. Заедно со неа, на терен ќе биде и градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески. Со проширувањето на училиштето се создава дополнителен простор за учениците, со цел да се обезбедат подобри услови за реализација на наставата и ...

На официјална покана од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во Северна Македонија денеска и утре престојува чешкиот заменик-премиер и министер за надворешни работи Петр Мацинка. Посетата започнува во Охрид, каде што двајцата министри ќе одржат билатерална средба, по што ќе следува состанок на официјалните делегации на двете министерства. Пред медиумите, Муцунски и Мацинка ќе ги споделат заклучоците од ...

Националниот парк „Шар Планина“ упати апел до возачите на моторни возила, особено на четирицикли, да ја намалат брзината при движење низ планинското подрачје и да ги почитуваат другите посетители. Од НП „Шар Планина“ на социјалните мрежи споделија видео на кое се гледаат несовесни возачи на четирицикли кои при движењето по сувите земјени патишта создаваат големи облаци прашина. Потсетуваат дека планината е простор што го споделуваат сите – ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против С.Т.(42) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 08.08.2026 во семејниот дом, пријавената упатила закани кон нејзиниот сопруг и нивните деца. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против С.Т.(42) од Свети Николе поради постоење ...

На 17.08.2026 во 18:40 часот на локалниот пат во село Ростуше, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишија од слобода Е.И. (19) од село Требиште. При контрола на четирицикл со германски национални ознаки, било утврдено дека го управувало без возачка дозвола, односно пред да се стекне со право на управување. Четирициклот е одземен и по документирање на случајот ќе следува ...

Претседателката, како Врховна командантка на вооружените сили, денеска се обрати на централната прослава на 18 Август – Денот на Армијата, којашто се одржа во Охрид. Честитајќи го најголемиот македонски воен празник, таа истакна дека армијата растела и зреела, но не се изгубил континуитетот со нејзините почетоци: се стекнувало искуство, се проширувало и продлабочувало знаењето, се менувале генерациите, а секоја од нив давала свој придонес или ...

Утре ќе бидат соопштени деталните резултати од контролата на тоа што направиле општините во однос на прскањето против комарци, информираше вечерва министерот за здравство Сашо Клековски. Тој посочи дека во моментов особено е актуелно цело Повардарие, имајќи предвид дека дел од случаите на западнонилска треска во Грција се регистрирани подрачјето околу Солун и Вардар. – Во основа, ние завршивме со контролата на тоа што општините направиле во ...

Проблемот со водата во Гостивар е под надлежност на локалната власт. Градските водоводни системи, како и гостиварскиот водовод, се под директна ингеренција на општината. А, СДС во Гостивар е коалиција и дел од локалната власт, за што и самиот Венко Филипче си кажа кога бараше што поголем број партиски членови да се мобилизираат за да гласаат на локалните избори за Валбон Лимани, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Затоа што заедно се дел од власта, СДС не ...

Министерот за здравство Сашо Клековски вечерва изјави дека ќе биде направено сè што е можно за неколку дена да бидат обезбедени суровините што се неопходни за работа за циклотронот каде што се произведува средството што е неопходно за снимање на ПЕТ-скенот, кој не работи повеќе од еден месец, а каде најчесто се упатуваат онколошки пациенти. Мислам, додаде тој, дека многу скоро ќе можам да објави кога ќе почнеме повторно со скенирањето. – ...

На 17.08.2026 во 10:20 часот во Полициското одделение Новаци, Љ.М.(50) од с.Логоварди, раководител на обезбедување во РЕК Битола, пријавил дека во рудник „Суводол“ била пронајдена граната. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал гранатата, при што било констатирано дека се работи за артилериска граната калибар 125 мм која потекнува од Првата светска војна. На 17.08.2026 во 10:20 часот во Полициското одделение Новаци, ...

Пожарот во прилепскиот дел на Мариово, кој синоќа зафати делови од селото Чаниште, денеска околу пладне повторно се активирал поради засилениот ветер. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов изјави дека огнената линија во моментов се протега на околу 20 километри, и тоа од течението на Црна Река до врвот Маргаро. На терен се прилепските пожарникари, тимови на Дирекцијата за заштита и спасување составени од ...

Со УВ индекс 8 и температури близу 40-тиот степен, во редици и со документи в раце – почнаа уписите на УКИМ. И годинава двоен систем. Покрај електронското пријавување, идните бруцоши мораа и лично на шалтерите на факултетите да ги донесат хартиените документи. Сител денеска направи обиколка, за да провериме како тече процесот. Долгите редици и оваа година се печатот на уписите, целосната дигитализција ќе почека подобри времиња. Гужви имаше на ...

Албанската полиција го уапси 29-годишниот Сократ Вата, осомничен за убиството на францускиот турист во Ксамил, откако се обидел да побегне и да се скрие во багажник на автомобил. Крвавиот инцидент заврши трагично за младиот француски државјанин, чие тело беше пронајдено во раните утрински часови. „Жртвата, 20-годишниот Мигел Мендес, беше пронајдена без знаци на живот во раните утрински часови на лежалка на плажа во Ксамил“. Според првичните ...

Нова должност, иста одговорност. Од денес ја продолжувам својата јавна служба како амбасадор и постојан претставник на Република Северна Македонија во НАТО, информираше на социјалните мрежи Орхан Муртезани. За мене ова е ново професионално поглавје, но истовремено и продолжение на истата определба – Северна Македонија да биде сигурна дома, кредибилен сојузник и држава која има свој глас и придонес во евроатлантското семејство. Особено денес, ...

Во Ростуше, седиште на Општина Маврово и Ростуше, денеска се одржа средба посветена на зајакнување на соработката и интензивирање на контактите со македонската дијаспора во земјите од Европската Унија и Турција. Гости на градоначалникот Онер Јакупоски беа директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов, и пратеникот во Собранието на Република Македонија, Мевмед Џафери. Според општинската прес-служба соговорниците направиле преглед на ...

До 18:00 часот денеска регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни, три се под контрола, а 13 се изгаснати – информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во: Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума). Општина Зелениково: с. Добрино и Тисовица (шума со даб и габер). Општина Сарај: с. Бојане (мешана шума). Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Охрид, во Центарот за обука на вода, присуствуваше на централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата и 34 години од формирањето на современата македонска Армија – се вели во соопштението на МВР. По повод Денот на Армијата, министерот Тошковски упати честитки до сите припадници на Армијата, истакнувајќи го нивниот придонес во заштитата на државата и граѓаните, како и ...

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сопиште и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 08:30 до 13:00 часот, без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците на улицата „Христо Татарчев“ во близина на автопералната во Општина Сопиште. Во периодот од 11:30 до 14:30 часот, без струја ќе останат корисниците на улицата „Александар ...

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, ја поздрави одлуката на осум европски земји што не се членки на ЕУ да се приклучат кон рестриктивните мерки на блокот против Белорусија. Тоа се Република Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Украина, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн. Минатиот месец, Советот на ЕУ воведе рестриктивни мерки против Белорусија „со оглед на нејзиното ...

Дваесетгодишен француски државјанин утрово бил пронајден без знаци на живот на лежалка на плажа во албанското туристичко место Ксамил. Според првичните информации од полицијата, станува збор за насилна смрт. Албанските власти излегоа со официјални детали за идентитетот на жртвата и за осомничениот за овој инцидент. „Телото на жртвата, Мигел Мендес, на возраст од околу 20 години, е пронајдено утрово во 5:15 часот. Постојат основи на сомнение ...

Сите онколошки пациенти кои побарале финансиска помош и ги исполниле условите за поддршка се исплатени, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Тој информира дека на јавниот повик аплицирале повеќе од 1.200 онколошки пациенти, при што повикот сè уште е отворен и заинтересираните граѓани можат да аплицираат. -Заедно кога е најпотребно – сите онколошки пациенти кои побараа помош, се исплатени. Постојат моменти кога зборовите не ...

На 18.08.2026 во 00:10 часот во неготинско село, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Д.Ш.(25) од истото село. Според пријавеното, Д.Ш., кој имал здравствени проблеми, со остар предмет се заканувал и ја нападнал неговата 62-годишна мајка, но не ја повредил. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и Центар за социјални работи Неготино, а по документирање на настанот против него ќе биде поднесен ...

Тригодишно момче од Србија исчезна вчера во грчкото одморалиште Ханиоти на Халкидики, но по брза потрага беше пронајдено живо и здраво по само 20 минути. Во потрагата учествувала и Драгица Мариќ, вработена во локалната клиника во Ханиоти, која првично го сподели апелот за исчезнувањето во Фејсбук групата „Грција Инфо“, по што информацијата брзо се прошири на социјалните мрежи. Според нејзините зборови, таткото на момчето во паника влегол во ...

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 09.00 до 15.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајна контрола на територијата на целата држава за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 166 пешаци од кои, 137 поради небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин… За време на контролата санкционирани се и 167 други видови на сообраќајни ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32