Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, денеска упати остри критики кон актуелната власт и премиерот, обвинувајќи ги за неконзистентност и работење против државните интереси. Одговарајќи на новинарско прашање поврзано со темата за двојните државјанства на владини функционери, Филипче истакна дека изјавите на премиерот се во целосна спротивност со постапките на неговите пратеници. „Треба да се реши ...
Претседателката и врховен командант на вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска на армискиот полигон „Криволак“ присуствуваше на завршницата од големата воена вежба „Блесок 26“, која се реализираше од 19 до 27 април како дел од програмата на НАТО. Централен настан на вежбата беше тактичката операција „Воведување на лесна пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) во офанзивни операции“, преку која македонските војници ги демонстрираа ...
Хрватска се соочува со продолжување на серијата анонимни дојави за поставени експлозивни направи. Овој понеделник, училишта, редакции и градски администрации во Загреб, Сплит, Риека и Дубровник беа цел на заканувачки е-пораки, што предизвика итна евакуација на образовните институции и полициски проверки на терен. Полициските власти потврдија дека постапуваат согласно строгиот протокол за вакви ситуации. „Полициските службеници веднаш стапија ...
Коалицијата ВРЕДИ категорично ја отфрли денешната иницијатива на опозициската ДУИ за собирање потписи за уставни измени. Во официјалната реакција, владејачката коалиција ја оцени постапката на нивните политички ривали како „несериозна и самосаботирачка“, додавајќи дека овој потег повеќе наликува на политичка пародија отколку на искрен државнички чекор. Од ВРЕДИ упатија и остри критики кон кадрите на ДУИ, со посебен фокус на Блерим Беџети. ...
Собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика попладнево продолжи со тензична расправа по предложените измени на Законот за минерални суровини, кој се носи по скратена постапка. Во досегашниот дел од дебатата, владејачкото мнозинство не прифати ниту еден од над 500-те амандмани поднесени од опозициската Левица. Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, жестоко ги критикуваше измените нарекувајќи ги „бенигни“ и побара ...
Службата за борба против високотехнолошки криминал при српското МУП упати итно предупредување до граѓаните поради безбедносен инцидент на платформата за резервација на сместување „Booking.com“. Иако официјалните податоци укажуваат дека платежните картички не биле директно компромитирани, направениот упад овозможил неовластен пристап до личните податоци на корисниците, што создава висок ризик од целни измами. Според полицијата, хакерите дошле ...
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска информираше дека надлежните институции веќе постапуваат по случајот со врсничкото насилство во училиште во Ѓорче Петров. Училиштето ги презело сите законски мерки, вклучително и пријавување во полиција и во социјалните служби, но Јаневска упати апел до родителите за поголема вклученост во воспитувањето на децата. „Жал ми е што се соочуваме со вакви случаи. Министерството добива ...
Потрагата по 25-годишен маж, чие исчезнување беше пријавено во текот на викендот, заврши со трагичен епилог. Утрово, во возило што било забележано во Врбашкиот кањон, во областа Дабрац, пронајдено е телото на младиот човек. Според првичните информации, младиот човек се оддалечил со своето возило во саботата, по што му се изгубила секаква трага, а неговиот мобилен телефон бил недостапен. Службеници од Полициската станица Мркоњиќ Град и ...
Вчера околу 15:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улица Мајка Тереза, пред влез за Клинички центар „Мајка Тереза“- Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ланд ровер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(43) од село Волково, скопско и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од К.Т.(35) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во приватна ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска пред Комисијата за надворешна политика во Собранието го презентираше извештајот за сработеното во изминатиот двегодишен период, оценувајќи го пристапот на државата преку три клучни постулати. „Ако треба да ја сумирам надворешната политика во изминатите две години, тоа би било во три збора, а тие се: достоинство, резултати и визија“, изјави Муцунски, појаснувајќи ја ...
Вчера во 13:00 часот во СВР Скопје, В.Н.(54) од Скопје пријави дека неговиот 13-годишен син, додека бил со петмина свои другари, на 25.04.2026 околу 21:00 часот на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од поголема група малолетници, при што бил употребен и тврд предмет, а еден од напаѓачите настанот го снимал со мобилен телефон. Исто така, другар на нападнатиот малолетник, пријавил дека напаѓачите се обиделе и него да го ...
Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, пет возеле без дозвола, од нив еден малолетник кој предизвикал сообраќајна незгода Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, двајца возачи во Скопје и по еден во Гостивар, Тетово и Штип управувале возило без возачка дозвола. Возачот во Тетово е малолетник и ...
Во текот на вчерашниот и денешниот ден во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.А.(26), М.Т.(35), И.Р.(31), М.Д.(37), М.Ј.(19) и М.П.(34) сите од Скопје, Ј.Ѓ. (30) од с.Црешево, скопско и Н.А.(21), затоа што кај нив се пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. Во текот на вчерашниот и денешниот ден во ...
Вчера околу 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на скопската обиколница, на клучка Приштина, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(23) од Скопје и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ќ.(22) од село Грчец, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот од патничкото возило „бмв“, Ф.М. и сопатничката од ...
„Мицкоски денеска повторно зборува за името, стои во објавата на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на X. „Кога клечеше и молеше за власт, ветуваше дека ќе го врати името и ќе го поништи Преспанскиот договор а нас нè нарекуваше предавници. Па зошто не го враќаш името, БЈРМ? Затоа што знаеш дека тоа значи излез од НАТО и крај на европскиот пат. Лажеше тогаш. Лажеш и сега. Толку е со лажниот патриотизам со бугарски пасоши. Доаѓа времето ...
Претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска присуствуваше на Денот на високи гости на воената вежба „Блесок 26“ на армискиот полигон Криволак. Пофалбите за високата подготвеност и компатибилност на нашата лесна пешадиска единица со НАТО стандардите ги искористи за да испрати порака до Европската Унија. Сиљановска-Давкова истакна дека воената вежба докажала дека во НАТО владеат јасни, мериторни ...
Вчера во 21:05 часот во СВР Охрид е пријавено дека околу 14:00 часот две лица со параглајдер се спуштиле на пешачката патека после каналот „Студенчишта“ во Охрид, по што паднале на плочникот. Притоа, дел од опремата на параглајдерот ја зафатила електричната канделабра поставена на централниот дел од патеката која се скршила и паднала на пешачката лента. Во СВР Охрид, до овој момент нема пријава за повредени лица, а во консултација со јавен ...
„Мицкоски денеска повторно зборува за името, стои во објавата на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на X. „Кога клечеше и молеше за власт, ветуваше дека ќе го врати името и ќе го поништи Преспанскиот договор а нас нè нарекуваше предавници. Па зошто не го враќаш името, БЈРМ? Затоа што знаеш дека тоа значи излез од НАТО и крај на европскиот пат. Лажеше тогаш. Лажеш и сега. Толку е со лажниот патриотизам со бугарски пасоши. Доаѓа времето ...
Со длабока тага и неизмерна болка ја примивме веста за прераната смрт на нашиот другар, пријател и поранешен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Крушево, Никола Зисов, соопшти ОК на ВМРО-ДПМНЕ Крушево. „Никола беше човек кој искрено и безрезервно и служеше на идејата, на партијата и пред сè на татковината. Со чисто срце ја сакаше Македонија и секогаш беше таму каде што беше најпотребно меѓу народот, со луѓето, за луѓето. Неговата посветеност, ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи при Одделението за внатрешни работи во Дебар поднесе кривични пријави против две лица, кои преку измама за лекување на наводно болно дете противправно се стекнале со финански средства. -Кривична пријава е поднесе против Х.М.(19) од с.Селокуќи, дебарско и против И.К.(28) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Првопријавената, поттикната од ...
Вчера во 21:06 часот, во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп–Крушево, во селото Врбјани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ланд ровер“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.Џ. (28) од Прилеп, и патничко возило „опел вектра“ со крушевски регистарски ознаки, управувано од Н.З. (32) од Крушево. Во несреќата, возачот на возилото „опел вектра“, Н.З., се здобил со тешки телесни повреди, по што ...
Подготовките за претстојниот бесплатен концерт на светската музичка ѕвезда Шакира, закажан за 2 мај, беа прекинати од трагична несреќа на плажата Копакабана. При монтажата на импозантната сцена, на која екипите работеа повеќе од две недели, еден техничар го загуби животот. Според информациите од локалните власти и противпожарната служба, несреќата се случила кога системот за подигнување на конструкцијата откажал, при што нозете на работникот ...
Претседателот на Швајцарската конфедерација, Ги Пармелен во среда (29 април) ќе престојува во официјална посета на државава, поради што во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај, соопшти МВР. Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното подрачје на Град Скопје. Од МВР апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат ...
Општина Прилеп работи на проектирање на обиколница на градот, откако ќе ја испроектира Владата ќе преземе одговорност да ја финансира и да ја изгради. Во меѓувреме во Прилеп работиме и на голем број инфраструктурни проекти, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Прилеп. Тој заедно со градоначалникот Проданоски извршија увид во реконструкција на улицата “ Кеј 1-ви Мај”, проект кој се работи преку ...
Премиерот Христијан Мицкоски, при денешниот увид во градежните работи на Универзалната сала, го коментираше актуелниот случај „27 април“, оценувајќи го како политички монтиран процес од страна на претходната власт. Според премиерот, квалификацијата „тероризам“ е целосно несоодветна за она што се случило. Мицкоски призна дека имало престап за кој требало да се одговара, но остро ја критикуваше судската квалификација на настанот. „Станува збор ...
Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, упати сериозна порака до македонските власти, предупредувајќи дека земјата е пред голем предизвик кој може да ја чини европската иднина. Во интервју за „Еуроњуз Бугарија“, Вајц нагласи дека доколку Владата не го искористи актуелниот моментум, Македонија ризикува трајно да ја пропушти можноста за забрзан напредок кон Европската Унија. Според европратеникот, проблемот не е само ...
Денеска беше означен почетокот на градежните активности за реконструкција на Универзалната сала, објект кој долго време беше симбол на застојот во развојот на Скопје. На локацијата присуствуваа Орце Ѓорѓиевски, премиерот Христијан Мицкоски и министерот за култура Зоран Љутков, кои го поздравија деблокирањето на овој проект. Ѓорѓиевски нагласи дека Универзалната сала не е само зграда, туку споменик на солидарноста и колективната меморија на ...
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Петар Огњеновиќ, на денешната прес-конференција упати сериозни обвинувања кон владејачката партија, тврдејќи дека ВМРО-ДПМНЕ одбива да го усвои предлог-законот со кој би се забранило двојно државјанство за пратеници, министри и други носители на извршната власт. Според Огњеновиќ, причината за ваквиот став на власта е наводната распространетост на бугарски пасоши меѓу високите функционери на партијата. Тој ...
Тешко убиство се случи денеска во селото Балдрен, во близина на албанскиот град Лежа, при што животот го загуби брачен пар. Според првичните информации, нападот бил извршен на класичен начин – „возило против возило“. Додека сопружниците се движеле со своето „Ауди“, врз нив било пукано со автоматско оружје од друго возило кое било во движење. Напаѓачите веднаш по пукањето побегнале од местото на настанот. Возилото на жртвите е целосно ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во градежните работи на Универзалната сала, нагласувајќи дека проектот конечно добива на динамика по долгиот период на застој и „перипетии“ од минатото. Фокусот е ставен на финализирање на објектот пред почетокот на проектот „Европска престолнина на културата“, каде Скопје мора да ги заокружи сите инфраструктурни објекти до 2028 година. Мицкоски изрази задоволство од текот на работите и очекува ...