Илинденците се бореа за слобода, ние денес се бориме против корупцијата и изолацијата, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во денешната изјава за медиуми од Крушево, по повод празникот Илинден, Денот на Републиката. Филипче порача дека жртвата на илинденците не беше за изолација, страв и поделби, туку за слобода, правда и правото народот сам да одлучува за својата судбина. „Илинденците се бореа против тиранијата на своето време. ...

По повод големиот празник 2-ри август – Денот на Републиката, делегација на СДСМ предводена од заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, заедно со потпретседателката Јована Тренчевска и членот на Извршниот одбор Андреј Жерновски, положи цвеќе и оддаде почит пред меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце. „Нашите корени се во АСНОМ, во генерациите што ја поставија темелната вредност на соверемената македонска државата. СДСМ е наследник ...

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати во Меморијалниот центар во Пелинце по повод одбележувањето на националниот празник 2 Август – Илинден и Денот на Републиката. Во своето обраќање, тој истакна дека денешниот датум го симболизира историскиот континуитет и борбата за слобода. „Илинден не е само датум, тој е и завет, но и карактер. Илинден е најсилниот доказ дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, можат да бидат напаѓани, можат да ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Крушево упати порака по повод државниот празник Илинден, оддавајќи им почит на хероите на Крушевската Република. Во своето обраќање, тој истакна дека борбата на илинденците била за слободна и достоинствена земја. „Почитувани граѓани, Денес во Крушево оддаваме почит на хероите на Илинден и на Крушевската Република – на оние кои пред повеќе од еден век се бореа за слободна и достоинствена Македонија. ...

Мајка и дете беа успешно спасени утринава откако паднале во провалија покрај трим-патеката што води кон манастирот „Св. Илија“ во Струмица. Инцидентот бил пријавен во раните утрински часови, а од Територијалната противпожарна единица Струмица информираат дека акцијата започнала околу 05:15 часот, кога тим од пожарникари-спасители бил веднаш упатен на терен. По пристигнувањето на местото на настанот, со употреба на специјализирана спасувачка ...

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, во свое лично име и во име на Судот упати честитка до граѓаните по повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката. Во своето обраќање, тој истакна дека историските идеали се патоказ за градење современа и правна држава. „Денес, кога одбележуваме 123 години од Илинденското востание и 82 години од Првото заседание на АСНОМ, со длабока почит се поклонуваме пред визионерството, храброста и ...

Македонија денеска ги одбележува двата Илиндена – 123 години од Илинденското востание и Крушевската Република и 82 години од Првото заседание на АСНОМ, кои претставуваат двата најзначајни настани за македонската државност. Централниот настан традиционално ќе се одржи во Крушево, каде што ќе се обрати потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски. Одбележувањето започнува со положување цвеќе на гробот на Никола Карев и на споменикот на ...

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, упати честитка до граѓаните, припадниците на Армијата и вработените во Министерството по повод државниот празник 2 Август – Илинден. Во своето обраќање, тој посочи дека празникот го претставува темелот на македонската државност и ги потсетува сите на историските идеали. „Почитувани граѓани, припадници на македонската Армија и вработени во Министерството за одбрана, Во име на вработените во ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до граѓаните по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката. Во своето обраќање, таа посочи дека празникот ги обединува двете клучни историски пресвртници за македонската државност. „Драги сограѓани, За мене, 2 Август, Илинден, е најсветиот македонски ден, денот на којшто во 1903 година, македонската републиканска идеја се отелотвори во Крушевската Република и денот кога во 1944 ...

Христијан Мицкоски вчера јавно изјави: „Верувам дека за првпат по многу години граѓаните ќе користат вода која е целосно бактериолошки исправна; велат од СДСМ.“ „Со оваа реченица премиерот јавно призна: Повеќе од две години, додека ВМРО-ОКГ има апсолутна власт, водата во Гостивар не била бактериолошки исправна. Две години знаеле. Две години молчеле. Две години граѓаните пиеле загадена вода. А водата сѐ уште не е целосно исправна. По ...

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, упати честитка до граѓаните по повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката. Во своето обраќање, тој истакна дека овој празник ги симболизира слободата и историските темели на македонската државност. „Во име на Министерството за јавна администрација и во мое лично име, дозволете ми да го честитам 2 Август – Илинден, Денот на Републиката. Илинден е најсветлиот симбол на нашата државност, ...

Сончево и топло време ќе преовладува денеска во целата земја, соопштија синоптичарите. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринските температури се движат во интервал од 9 до 18 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје се очекува слично време, со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 18, а максималната ќе ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, 17 управувале возило без возачка дозвола (пет во Скопје, три во Прилеп и по едно лице во Битола, Кочани, Делчево, Кичево, Валандово, Гевгелија, Велес, Неготино и тетовско). Додека пак, под дејство на алкохол возел возач во с.Дулица, општина Македонска Каменица, кој предизвикал и ...

Вчера во 17:00 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во болницата „Св. Еразмо” во Охрид била донесена А.Г.Б.(38) од Шведска, со тешки телесни повреди, здобиени при слетување со параглајдер, што го управувало лице од охридска параглајдинг компанија. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе следи соодветен поднесок. Вчера во 17:00 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во болницата „Св. Еразмо” во Охрид била донесена ...

Највисоки температури во земјава денеска во 15:00 часот се измерени во Велес и на мерната станица Зајчев Рид во Скопје, каде што живата во термометарот достигна 37,1 степен. Според најновите податоци објавени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), високи температури се регистрирани и во останатите градови низ Македонија. Веднаш зад Велес и Скопје се Кавадарци со измерени 36,8 степени, Виница со 36,4 и Демир Капија каде во 15 часот се ...

Вчера во 21:30 часот во СВР Скопје, С.Н.(53) од с.Катланово, скопско, пријави дека околу 21:20 часот на раскрсница на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, заталкано зрно од огнено оружје му го оштетило прозорецот од неговото патничко возило „фолксваген артеон“ со германски национални ознаки. Се работи на расчистување на случајот. Вчера во 21:30 часот во СВР Скопје, С.Н.(53) од с.Катланово, скопско, пријави дека околу 21:20 часот на раскрсница ...

Ноќеска во 00:10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода У.С.(26) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека на кејот во Кавадарци, тој физички ја нападнал неговата 16-годишна партнерка од Кавадарци. Во присуство на претставник од Центарот за социјални работи, земена е пријава од малолетничката, а У.С. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе ...

Вчера во 07:30 часот, во СВР Охрид приведени се Н.Ш.(42) од струшкото село Калишта, Ј.Ц.(45) од Лесковац, Република Србија и Н.Б.(30) од Крушевац, Република Србија, по претходна пријава дека пред угостителски објект во Охрид, во алкохолизирана состојба го нарушиле јавниот ред и мир. Од преземените мерки, констатирано е дека помеѓу двете српски државјанки се случила физичка пресметка по што, Н.Ш. физички ја нападнал Н.Б.. По извршено ...

Вчера полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода М.В.(50) од село во близина на Македонски Брод, поради сомнение дека во повеќе наврати извршил полови дејствија врз 20- годишна девојка (лице со здравствени проблеми) од истото село. Од страна на судија на претходна постапка, на М.В. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Вчера полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода М.В.(50) од село во ...

Вчера во 15:53 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионален пат Куманово- Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(20), удрило во деветгодишно девојче, двајцата од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Општа болница Куманово. Известен е јавен обвинител, а увид е извршен од увидна екипа од СВР Куманово. Вчера во 15:53 часот во СВР ...

УХМР најувава дека од влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 33°C, а во некои места ќе надмине 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. УХМР најувава дека од влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд ...

Вкупно седум пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 13:00 часот, од кои четири се сè уште активни, а три се целосно изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според податоците на ЦУК, во моментов нема пожари кои се ставени под контрола. Активни се пожарите во Општина Македонски Брод, каде што гори дабова шума помеѓу селата Слатина и Грешница, како и во Општина Струга, каде што огнот зафатил борова шума ...

Британско-азербејџанскиот државјанин Рашад Султанов (44) е уапсен на Кипар под сомнение за шпионажа на британската воздухопловна база „RAF Акротири“ и пренесување информации до Иранската револуционерна гарда (IRGC). Како што соопшти лондонската полиција, Султанов, кој живее во Ислингтон во северен Лондон, бил лишен од слобода на 17 јули за време на акција на кипарските власти. Тој во моментот се наоѓа во притвор и ја чека завршницата на ...

Утрово во 08:00 часoт во с. Кондово, општина Сарај, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.А.(35) од с.Кондово. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен врз основа на судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, биле пронајдени и одземени револвер и ловна пушка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. Утрово во 08:00 часoт во с. Кондово, општина Сарај, полициски службеници од ...

Владата продолжува со политиките за обезбедување достоинствени услови за живот на граѓаните од ранливите категории. Денеска во Дебар беа распределени 47 социјални станови на семејства и лица кои имаат најголема потреба од институционална поддршка. На настанот присуствуваа претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, директорот на АД за стопанисување со станбен и ...

Вчера во 16:30 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршија претрес во дом и помошни простории кај Л.М. (36) во Тетово. При претресот е пронајдена и одземена кеса со бела прашкаста материја. На 31.07.2026 во 18:00 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршија претрес во дом и помошни простории кај Р.Т. (37) во с. Требош, тетовско. При претресот е пронајдена и одземена ...

Силно невреме следено со бурен ветер, обилни врнежи и грмотевици го погоди источниот дел на Германија, при што 28-годишен маж го загуби животот откако врз него паднало дрво. Трагичниот инцидент се случил во градот Ратен, во германската покраина Саксонија, во близина на познатиот театар на отворено „Фелзенбајне Ратен“. Според информациите од германската полиција, младиот маж се здобил со тешки повреди од падот на дрвото и починал на самото ...

Првиот дел од Градскиот парк во Скопје е целосно расчистен и повторно е достапен за посетителите по силното невреме што го зафати главниот град, информираше претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. Непогодата предизвика сериозни штети на овој простор, при што беа соборени над 100 дрвја, затрупани пешачките патеки и оштетена урбаната опрема. На терен работеа екипите на јавните претпријатија на Град Скопје, ...

Првиот дел од Градскиот парк во Скопје е целосно расчистен и повторно е достапен за посетителите по силното невреме што го зафати главниот град, информираше претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. Непогодата предизвика сериозни штети на овој простор, при што беа соборени над 100 дрвја, затрупани пешачките патеки и оштетена урбаната опрема. На терен работеа екипите на јавните претпријатија на Град Скопје, ...

Министерството за здравство соопшти дека внимателно го следи случајот со 19-годишната пациентка Станка Михајлова од село Баница, која по царски рез направен во Клиничката болница во Штип останала парализирана. Со цел целосно утврдување на сите околности, Министерството за здравство веќе издаде налог за спроведување вонреден инспекциски надзор. „Со цел целосно, објективно и стручно утврдување на сите околности поврзани со лекувањето на ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
2.32
67%
1017
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
0.9
63%
1017
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
0.98
65%
1018
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
1.16
54%
1017
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.12
82%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.4
98%
1019
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
3.13
50%
1011
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
2.14
43%
1013
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
3.79
60%
1015
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
65%
1018
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
1.34
55%
1019
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
5.98
100%
1012
Currency

61.5217

Currency

53.2154

Currency

71.7145

Currency

37.6073

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52479

Currency

1.11569

Currency

0.55892

Платина

56038.75

Сребро

2044.16

Калај

56.36

Бакар

13.23

Паладиум

43628.56

Родиум

278103.96

Иридиум

252383.36

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Злато

139576.04

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.28