Крушево денеска ќе биде во знакот на природата, авантурата и параглајдингот. Во градот ќе биде претставен прекуграничниот проект „Крушево и Елбасан – патување во природа и авантура“, поддржан од Европската Унија, а воедно ќе биде отворено и Светското јуниорско првенство во параглајдинг – Крушево 2026. Проектот се реализира во рамки на програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија. На промоцијата се најавени обраќања ...

Сообраќајот на граничниот премин Табановце во моментов се одвива непречено и без подолги задржувања, информира Министерството за внатрешни работи. Од МВР појаснуваат дека возилата со странски регистарски таблички за кои е евидентиран сообраќаен прекршок се задржуваат најмногу пет минути, колку што е потребно за регулирање на обврската. Постапката е олеснета со новата веб-апликација „Безбеден град“, која МВР ја стави во функција на 20 август. ...

По продолжениот викенд за Илинден, граѓаните наскоро ги очекуваат нови неработни денови и можност за уште неколку дена одмор. Следниот неработен ден е 28 август, петок, кога православните верници го одбележуваат празникот Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица. Бидејќи празникот паѓа во петок, граѓаните ќе имаат продолжен викенд од три дена. Потоа следува 8 Септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија. ...

УХМР денеска објави метеоаларм за високи температури на територија на целата држава. Мерните станици покажаа дека најсвежо утро има на Попова Шапка каде се измерени 18 степени во осум часот, по што следи Берово со 19 степени. УХМР утрово измери највисока температура во Гевгелија и Велес, од 26 степени. Следат Кавадарци со 25 степени, Струмица и Зајчев Рид со 24. Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло, со сончеви периоди. Во ...

На 23.08.2026 година во 00:40 часот, во Полициското одделение Петровец, 41-годишната Н.Т. од Скопје пријавила дека два дена претходно, на 21.08.2026 година околу 14:30 часот, во домот на нејзиниот партнер во скопскиот регион, била физички нападната од Н.К., исто така од Скопје. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 23.08.2026 година во 00:40 часот, во Полициското одделение Петровец, 41-годишната ...

На 23.08.2026 година во 00:36 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, едно машко лице, заканувајќи ѝ се на вработената со пиштол, одзело пари од дневниот промет. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 23.08.2026 година во 00:36 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, едно ...

На 22.08.2026 година во 22:30 часот, на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода И.Х. (25) и А.Х. (20), двајцата од село Идризово. Тие биле приведени по пријава дека во маркет во Идризово агресивно се однесувале кон вработената, по што физички го нападнале и И.О. (41) од истото село, кој претходно им укажал да не се однесуваат така кон вработената. При нападот, според пријавеното, употребиле и ...

На 22.08.2026 година во 18:50 часот, во ОВР Гостивар од Медицинскиот центар Гостивар било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен мотоциклист. По извршените проверки било утврдено дека станува збор за 64-годишниот Н.Ј. од село Вруток, гостиварско, кој управувал мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки. Според пријавеното, тој изгубил контрола над мотоциклот и паднал на шумски пат во атарот на село Јеловце. Увид на ...

УХМР ги измери температурите ова утро во градовите низ Македонија. Мерните станици покажаа дека најсвежо утро има на Попова Шапка каде се измерени 18 степени во осум часот, по што следи Берово со 19 степени. УХМР утрово измери највисока температура во Гевгелија и Велес, од 26 степени. Следат Кавадарци со 25 степени, Струмица и Зајчев Рид со 24. Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло, со сончеви периоди. Во попладневните часови ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло, со сончеви периоди. Во попладневните часови локално се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има услови за невреме проследено со силен ветер и град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од 13 до 22 степени, а максималните ќе достигнат од 30 до 38 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. ...

По повод Денот на независноста на Украина, денеска во Собранието на Република Северна Македонија ќе се одржи сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа. На сесијата ќе се обратат украинската амбасадорка Лариса Дир, амбасадорите на Франција, Германија и Полска – Кристоф Ле Риголер, Петра Дрекслер и Мариуш Бримора, претставникот на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа ...

Во последното деноноќие на територијата на земјава се регистрирани 33 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи. Од нив, четири се сè уште активни, четири се ставени под контрола, додека 25 се целосно изгаснати. Активни се пожарите во општините Студеничани и Зелениково, кај селата Моране и Вртекица и кај Рамни Габер, со крак кон Палиград и Вражале. Пожари има и во Македонски Брод, во близина на месноста Видуш и ...

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да започне судскиот процес против поранешниот вицепремиер Артан Груби и уште седум лица, обвинети за злоупотреби поврзани со работењето на АД „Државна лотарија“. Основното јавно обвинителство Скопје на 13 август годинава поднесе обвинителен предлог против осум лица, за кои тврди дека во текот на 2023 и 2024 година заеднички преземале дејствија со кои ги пречекориле своите овластувања и ...

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека денеска дел од корисниците во Ѓорче Петров ќе останат без вода. Прекинот е поради изведување водоводен приклучок со профил Ф-300 милиметри на улицата „1409“ број 9. Без водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата „1409“ и индустрискиот дел. Прекинот започнува во 08:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности. ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека денеска дел од ...

Дел од корисниците во општина Центар денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа. Прекинот на електричната енергија од 08:00 до 14:00 часот ќе ги опфати делови од улиците „9 Мај“, „Рузвелтова“ и „Христо Смирненски“, како и дел од булеварот „Теодосиј Гологанов“. Дополнително, во периодот од 09:00 до 09:20 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата „Васил Главинов“. Од ЕВН ...

СДС како опозициска партија наместо да работи на тоа да си го одржи барем членството, тие се занимаваат со манипулации, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштение од СДСМ. СДС и претседателот Венко Филипче, поставен на оваа функција од другар му Зоран Заев, никако да разберат дека поддршката за да се дојде на власт се бара од граѓаните. Да, граѓаните се единствени кои даваат и земаат доверба и даваат и земаат власт. ВМРО-ДПМНЕ во последните ...

Големиот пожар кој избувна вчера околу пладне и се прошири до градот, поточно до месноста Софилар, се доизгаснува, изјави командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев. Според него, две екипи се на терен и вршат доизгаснување на дрвја и трупци, со цел да се спречи повторно активирање на огнот. -Засега е мирно и под контрола. Но, доколку се појави ветер може повторно да го активира пожарот, рече Гудев. Освен пожарникарите, теренот се ...

Федерален суд во САД ја укина одлуката на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за суспендирање на обработката на постојаните доселенички визи за 75 земји во светот, меѓу кои беа и Косово, Албанија и Македонија, објави „Ле Монд“. Судијката на Федералниот суд за Јужниот округ на Њујорк, Жанет Варгас, ја оцени одлуката како „спротивна на законот“ и наведе дека државниот секретар Марко Рубио ги надминал своите законски овластувања. ...

Украина бара одобрување за користење дронови опремени со Starlink за напади врз руски лансери на балистички ракети на територијата на Русија, на оддалеченост до 200 километри од украинската граница, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата. За ваквата употреба е потребна согласност од Илон Маск, чии ставови во однос на украинската употреба на сателитската интернет-мрежа Starlink повеќепати се менувале. ...

Најмалку 15 лица загинаа, а 130 се ранети во напад со руски дрон врз трговски центар во Украина, во источно-централниот град Кривиј Рог, покажуваат најновите бројки од локалните власти Меѓу повредените има 32 деца, изјави началникот на регионалната воена администрација на Дњепропетровск, Олександр Ханжа. Кривиј Рог, родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски, редовно е цел на руските сили. Трговскиот центар беше погоден од ...

Сите расположливи ресурси се ангажирани во гаснењето и ставањето под контрола на пожарот што беснее во реонот на Палиград и планината Китка, соопшти Центарот за управување со кризи. Во интервенцијата се вклучени три авиони и два „Пинцгауер“ на Дирекцијата за заштита и спасување, еден хеликоптер на МВР, екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и припадници на Национални шуми. Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед ...

На 22.08.2026 во 22:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.Ј.(30) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека на 20.08.2026 околу 00:15 часот допирал по телото 18-годишна девојка од Куманово додека се движела на улица „Никола Карев“ во Куманово, по што побегнал со мотоцикл. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава На ...

Македонските аеродроми се најбрзо растечки во регионот, а цивилниот воздушен сообраќај бележи силен и континуиран раст. Резултатите во првите седум месеци од 2026 година се јасна потврда дека Македонија станува сè по посакувана дестинација и подобро поврзана со Европа и светот, истакна денеска на прес конференција Лидија Петкоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Во периодот јануари до јули 2026 година, двата македонски аеродроми опслужиле вкупно ...

Денеска (23.08.2026) во 05:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул„18″ во с.Арачиново се слушале истрели од огнено оружје. Полициски службеници од Полициското одделение Арачиново и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје излегле на местото и констатирале дека од огнено оружје било пукано во патничко возило „шкода” со скопски регистарски ознаки во кое биле И.И.(34) и Ш.И.(42). Притоа, тие се здобиле со повреди и биле пренесени ...

На 22.08.2026 во 17:53 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „форд“ со полски национални ознаки, управувано од М.Ј.(46) од Полска. При извршената проверка, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека М.Ј. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управувал со ...

За Ислам Абази, обвинителот во заминување, морето од документи, вештачења за модуларната болница во Тетово не значеле ништо, не значел ништо ниту фактот што 14 лица живи изгореа во истата болница, истакна на денешната прес конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков. Казни добија само поранешните директори на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими, и Артан Етеми и тоа условни затворски казни, а казнета беше и болницата ...

Утре во попладневните часови се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за појава на невреме, проследено со силен ветер и град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во текот на новата седмица времето ќе биде претежно стабилно и сончево, со мала до умерена облачност. Утре во попладневните часови се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има ...

По вчерашната реакција на ВЛЕН, очекувавме одговор од Али Ахмети и ДУИ. Одговор не добивме. Пред трагедијата во која во Тетово загинаа 14 лица, нивниот молк продолжува, велат во денешното соопштение од политичката партија ВРЕДИ. Во меѓувреме, се отвораат уште повеќе прашања за начинот на кој Обвинителството дошло до заклучокот да ја затвори постапката за јавните набавки за 19-те модуларни болници. Ислам Абази, кој денес раководи со ...

СДС никако да разбере дека се што прават оди на нивна штета. Сите лаги, манипулации во јавноста, ширењето на паника никако да разберат дека им штети ним, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Зошто? Затоа што, за тоа што го говори ВМРО-ДПМНЕ има аргументи, има докази. СДС се фали со тоа што за Венко Филипче нема никаква пресуда за 19 модуларни болници. СДС со ова само признава дека нивните инсталации во правосудниот систем кои иако се на заминување уште ...

Општина Центар и овој викенд е на терен. Вчера и денеска со два багери и два камиони се расчистуваат диви депонии во Крњево, Маџир Маало и Ново Маало, а паралелно продолжува и чистењето на локациите кои беа зафатени од невремето. До Општина Центар секојдневно пристигнуваат голем број поплаки од граѓани за натрупан отпад, неисчистени јавни површини, паднати гранки и зеленило. Иако дел од овие обврски не се во надлежност на Општината, ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Кобалт

33.53