Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
На Клиниката за инфективни болести во изминатите 24 часа е примен уште еден 76-годишен пациент кај кого постои сомневање за инфекција со вирусот на Западнонилска треска. Со ова, бројот на пациенти кои се водат како клинички сомнителни случаи се искачи на седум, додека кај десет лица инфекцијата веќе е лабораториски потврдена. Од потврдените случаи, тројца пациенти се во критична состојба. Тие се хоспитализирани на Одделот за интензивна нега и ...
Вчера во 08:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ќ.Х.(55) од Србија, поради тоа што при гранична контрола на увид приложил фалсификувана возачка дозвола. За настанот е известен јавен обвинител и по документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок. Вчера во 08:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода ...
Ноќеска во 02:30 часот во Тетово, полициски службеници го лишија од слобода Р.Џ. (24) од Скопје, кој бил пријавен од неговата 41-годишна мајка дека на 03.08.2026 околу 23:30 часот во семејниот дом во Тетово, физички ја нападнал, а употребил и тврд предмет. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Вчера во 21:20 часот во струшко село, полициски службеници од слобода го лишија ...
Силен снег и леден бран предизвикаа прекини во сообраќајот и секојдневното функционирање низ Нов Зеланд. Моќниот поларен бран донесе снежни врнежи дури и во низинските области, што доведе до затворање на бројни патишта, училишта и сериозни проблеми во поморскиот сообраќај. Според пишувањата на „Њу Зеланд Хералд“, снегот го прекри поголемиот дел од Јужниот Остров додека студениот систем брзо се движеше низ целата земја. Поради замрзнатите ...
Шест лица го загубија животот, а 34 се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи на патот меѓу Терни и Риети, на границата меѓу италијанските региони Лацио и Умбрија. Според пишувањата на италијанските медиуми, тројца од повредените се наоѓаат во тешка здравствена состојба. Првичните резултати од истрагата покажуваат дека сообраќајката се случила кога возило-кампер преминало на спротивната коловозна лента и директно се удрило во ...
Австрија денеска ја забележа највисоката температура во историјата откако се вршат метеоролошките мерења во оваа земја. Силен топлотен бран го зафати целиот регион, а во главниот град Виена се измерени рекордни 41 степен Целзиусов. Како што објави австрискиот јавен сервис ORF, повикувајќи се на податоци од државната метеоролошка служба GeoSphere Austria, историскиот рекорд е регистриран во виенската населба Стамерсдорф. Според предвидувањата ...
Вчера во Скопје, од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, лишени се од слобода Ф.Р.(30) и Т.Т.(44), двајцата државјани на Република Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“ по член 268 од Кривичниот законик. Имено, при извршен преглед на возило “голф” во кое биле двете лица, пронајдени се пари во различни валути и апоени (евра, американски долари, ...
Општина Свети Криж Зачретје во Хрватска го прогласи 6 август за Ден на жалост поради трагичниот настан во кој животот го загубија 46-годишен маж и неговите две малолетни деца. Одлуката за прогласување на Денот на жалост ја донесе општинскиот градоначалник Марко Кос. По тој повод, сите знамиња пред зградата на општината и објектите под нејзина надлежност се спуштени на половина копје. Во текот на целиот ден нема да се одржуваат никакви забавни ...
Политиките за привлекување нови авиокомпании и отворање нови авиолинии даваат конкретни резултати, а македонските аеродроми бележат историски рекорди по бројот на патници и реализирани летови. Ова го изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 телевизија, нагласувајќи дека растот на авио-сообраќајот е силен показател за развојот на туризмот, бизнисот и целокупната економија. Тој ...
Најтешката делница од автопатот Кичево-Охрид во должина од десет километри ќе биде пуштена во употреба во следните месеци, додека рокот за целосно завршување и предавање во употреба на целиот автопат е мај следната година. Ова го најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 телевизија, нагласувајќи дека најголем дел од капацитетите на Министерството се насочени токму кон ...
Власта е подготвена за избори во секој момент, но очекувањата се дека ќе се оди на редовни избори за да се реализираат сите планирани проекти, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во интервју за емисијата „Вести плус“ на ТВ Канал 5, Николоски се осврна на прашањето за Изборниот законик и очекувањата за договор со опозицијата. „Ние сме секогаш спремни за избори. Кога која било влада ќе влезе во вториот дел од ...
Турција го преиспитува своето воено присуство и ја подигнува нивото на готовност во Северен Кипар поради растечките тензии во регионот. Ова го соопшти турскиот министер за одбрана Јашар Ѓулер во писмен одговор на пратеничко прашање, пренесува кипарското издание „Сајпрес мејл“. Според Ѓулер, Анкара внимателно ги следи сите случувања на островот и презема чекори за прилагодување на своите одбранбени капацитети. „Водејќи сметка да се зачува ...
На територијата на државата заклучно со 18 часот регистрирани се вкупно 14 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според најновиот извештај, еден пожар е сѐ уште активен, четири се ставени под контрола, а девет се целосно изгаснати. Единствениот активен пожар е во Стопански Двор, во општина Ѓорче Петров, каде што гори сува трева и грмушки. Пожарникарите успеаја да стават под контрола четири пожари на неколку ...
Глобалната побарувачка за критични минерали отвора нови можности и за Македонија, но тие треба да се искористат со одговорен пристап и примена на најсовремени технологии, смета професорот Горан Начевски. Како претседател на Здружението на металурзи на Македонија, во гостување на Сител ТВ тој порача дека инвестициите во рударството треба да бидат еколошки одговорни и транспарентни, со редовен мониторинг на животната средина. Според него, ...
Околу 5.000 затвореници во Англија и Велс ќе бидат предвремено ослободени од затворите во текот на следните 10 месеци, почнувајќи од октомври. Одлуката следува откако британската Влада го промени првичниот план за намалување на пренатрупаноста во затворските капацитети. Според првичниот план, од септември требаше да бидат ослободени околу 6.000 затвореници. Сепак, по интервенцијата на британскиот премиер Енди Бернам, околу 1.000 осуденици за ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава. На средбата се разговарало за тековните инфраструктурни проекти, економската соработка и можностите за дополнително зајакнување на односите меѓу двете држави. „Разговаравме за тековните инфраструктурни проекти, економската соработка и можностите за понатамошно ...
Бугарско-француската актерка Наталија Дончева починала на 56-годишна возраст. Веста ја соопшти нејзиниот агент Лоран Саври. „Исклучително талентирана актерка и жена со голема чувствителност, Наталија Дончева ја освои публиката со прецизноста на своите изведби, елеганцијата и посветеноста кон својата професија“, се наведува во соопштението на нејзиниот агент. Продуцентот додаде дека „по десетгодишна борба, конечно отиде да се одмори“. ...
Македонските туристи кои летово патуваат кон грчките крајбрежни места треба да внимаваат на специфичните сообраќајни правила во соседна Грција, каде што санкции се предвидени не само за пребрзо, туку и за премногу бавно возење. Според грчкиот Закон за сообраќај, строго е забрането создавање пречки на патот, а за возачите кои се движат со брзина под минимално пропишаната е предвидена глоба од 30 евра. На автопатите и експресните патишта е ...
Паче Тошковски, министер за внатрешни работи, најави „почести анализи“ на водата во Гостивар; велат од СДСМ. „Министер за полиција ќе ја проверува водата? Каде е министерот за здравство Клековски? И тој е на екскурзија како Мицкоски? Нема место на светот каде министер за полиција што до вчера се занимаваше со хиперхлорирање, денеска станува стручњак за анализи на вода. Што работеа досега? Зошто дури сега најавуваат анализи? Водата беше ...
Времето утре сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Следните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне до 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со ...
Три лица загинаа во пожар што утрово избувна во семејна куќа во хрватскиот регион Загорје, објавија локалните медиуми. Полициската управа Крапина-Загорје соопшти дека пријавата за пожарот во Центарот за противпожарни операции била примена во 07:24 часот. Според информациите што ги објави локалниот портал Zagorje.com, во трагичниот настан загинале татко и неговите две деца. Жителите од соседството за хрватскиот медиум изјавиле дека едното дете ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави измерените температури денеска до 17 часот, како и максималните дневни вредности низ градовите и мерните станици во државата. Најтопло денеска беше во Гевгелија, каде што е измерена максимална температура од 38,1 степен Целзиусов. Веднаш зад Гевгелија следи Демир Капија со максимални 37,9 степени, како и Велес со измерени 37,8 степени. Високи температури се регистрирани и во Скопје — на ...
Вчера во 15:45 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Б.Ј.(30) од Скопје и Н.А.(34) од с.Арачиново, скопско, по претходна пријава дека на подрачјето на Гази Баба, по расправија со Ф.А.(29) од Скопје, Б.Ј. од пиштол испукал еден куршум, а потоа со патничко возило го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Вчера во 15:45 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ...
Водата од градскиот водовод во Гостивар сè уште не е безбедна за пиење и останува да се користи исклучиво како техничка. Ова попладнево го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по одржаниот состанок на Главниот штаб за кризи со кој тој раководи. Како што информираше Тошковски, на состанокот бил договорен протоколот за следните испитувања, кои ќе се вршат со зголемена зачестеност. За таа цел, повеќе надлежни институции ќе го ...
Синоќа во 22:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишиле од слобода Д.П.(41) од Кавадарци. Како што се наведува во полицискиот билтен, 41-годишната Д.П. била уапсена постапувајќи по претходна пријава од нејзината 75-годишна свекрва, дека во нејзиниот дом, таа ѝ се заканувала. Д.П. била задржана во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава. ...
Италијанските спасувачки служби го пронајдоа телото на 84-годишниот Луиџи Кавалари, сопруг на италијанската министерка за семејство Еуџенија Рочела. Тој исчезна на 27 јуни додека се капел во езерото Вико во покраината Витербо. Телото било откриено од полициски нуркачи по долготрајна и сложена потрага, во која учествувале специјализирани тимови од повеќе региони во Италија. Спасувачките екипи користеле сонари и подводни роботи за пребарување ...
На 03/04.08.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Д.Ч.(35), З.Т.(26), Т.Т.(32), З.Д.(34), сите од Скопје, како и А.С.(32) од с.Трубарево, скопско и А.Љ.(19) од Србија, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. На 03/04.08.2026 во Скопје, на различни локации, полициски ...
Министерството за внатрешни работи на Албанија прогласи двајца државјани на Македонија за „персона нон грата“, поради сомнителни активности насочени против албанската држава. Информацијата првично ја објави албанскиот медиум „Топ ченел“, а ја пренесе ТВ21. Според извори од полицијата, станува збор за лицата Валон Беља (Ваљон Бела) и Бекир Халими, двајцата со македонско државјанство. Одлуката за нивно прогласување за непожелни лица била ...
Вчера во полиција било пријавено дека околу 12:00 часот во двор од куќа во село Сарај, скопско, сопственост на Н.С.(62), за време на семејна прослава, имало пукање со огнено оружје. Според информациите од МВР, полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот и пронашле 23 испукани чаури од огнено оружје, кои се подигнати за понатамошна постапка. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на ...
До 13:00 часот во земјава се регистрирани пет пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а четири се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен е пожарот во Општина Кавадарци – села Раец, Ќесендре и Дреново, каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација. Изгаснати се пожарите во Општина Прилеп, ул. „Дебарска“, кај м.в. Теќе каде е зафатена депонија, Општина Теарце – села Шемшово и Сиричино каде гори ѓубре, ...