Температурите ширум Македонија бележат брз пораст, а според официјалните податоци на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) измерени во 11 часот, во повеќе градови се надминати 30 степени. Најтопло во претпладневните часови е во Гевгелија каде што се измерени 32,6 степени. Високи температури се регистрирани и во скопски Зајчев Рид со 31,8 степени, како и во Велес каде се измерени 31,3 степени. Над 30-тиот степен во 11 часот се и Демир ...

Времето утре сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив, соопшти УХМР. УХМР информира дека следните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе надмине 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Времето утре сончево и многу топло со ...

Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар останува стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Во текот на 2 август се регистрирани вкупно 84 први прегледи, што е за 27 повеќе во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 57 прегледи. И покрај дневното зголемување, бројот на прегледи останува значително понизок во однос на пикот од 18 јули, кога беа регистрирани вкупно ...

Во врска со случајот што во последните дена е предмет на јавен интерес, а се однесува на третманот на пациентка, Министерството за здравство информира дека, по налог на министерот, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) спроведува вонреден инспекциски надзор во сите три здравствени установи во кои била третирана и тоа Општа болница Струмица, Клиничка болница Штип и Универзитетска клиника за неврологија Скопје, соопшти МЗ. „Во ...

Вчера попладне, на Илинден, Христијан Мицкоски, заедно со генералниот секретар на ВМРО-ОКГ Драган Ковачки беше во селото Ташмаруништа, стои во соопштението од СДСМ. „Објави и фотографии. Но, прашањето е што навистина му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа? Дали е точно дека граѓаните вербално го нападнале Мицкоски? Дали го пцуеле незадоволни од неисполнетите ветувања? Очигледно токму политиката на ширење омраза, раздор и поделби што ја ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави измерените температури во 8 часот изутринава, како и минималните температури регистрирани во текот на ноќта низ мерните станици во Македонија. Според податоците, најниска минимална температура од 9,3 степени е измерена во Берово, додека во Битола биле измерени 12,5 степени, а во Маврови Анови 12,8 степени. Во останатите градови минималните температури се движеа од 13,7 степени во Крива ...

Опозиционерот Венко Филипче се обидува да држи лекции за здравството и јавното здравје, но граѓаните не забораваат кој со години раководеше со Министерството за здравство и кој беше на власт кога се случуваа проблемите, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Наместо денес да се обидува да собира политички поени, Филипче треба да одговори каде беше и зошто молчеше и не делеше лекции кога во периодот на владеење на СДС имало сериозни индикации дека водата за ...

Не постои земја во светот во која министер за надворешни работи јавно кажува дека води разговори за судбината на државата – но тие се тајна, стои во соопштението од СДСМ. „Како може иднината на Македонија да биде тајна за нејзините граѓани? Муцунски вели дека за разлика од претходната влада „тие не се попустливи“. Да потсетиме: • Христијан Мицкоски го нарече Преспанскиот договор „ремек-дело на дипломатијата“. • Гордана Сиљановска-Давкова ...

Во историјата една држава и народ, секоја генерација си има свои предизвици и борби, така и Македонците и македонската држава, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Додека претходните генерации се бореле слободна и самостојна држава, кога започна со славното Илинденско востание во 1903 година и првата република на Балканот, Крушевската Република, па продолжи со вториот Илинден и првото заседание на АСНОМ во 1944 година, новата генерација политичари имаат ...

Христијан Мицкоски го искористи и најголемиот државен празник Илинден, за да ја продолжи поделбата на народот, велат од СДСМ. „Во својот говор повика на борба против „омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија“. Кој е тој „талог“ според Мицкоски? Сите што не мислат како него. Сите што ја разобличуваат неговата политика. Сите што бараат Европа, правда и одговорност. Истиот човек кој со години ги нарекуваше граѓаните „талог на ...

„Верувам дека за првпат по многу години граѓаните ќе користат вода која е целосно бактериолошки исправна.“ изјави Христијан Мицкоски пред два дена, велат од СДСМ. „Со оваа реченица премиерот призна дека повеќе од две години, додека ВМРО-ОКГ има апсолутна власт, водата во Гостивар не била бактериолошки исправна. Две години знаеле, две години молчеле додека граѓаните пиеле загадена вода. Водата во Гостивар сѐ уште не е целосно исправна. По ...

Сончево и топло време со мала локална облачност не очекува во текот на денешниот ден низ целата земја. Според синоптичарите, во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен, додека во источните региони ќе дува од северозападен правец. Утринските температури се движеа во интервал од 9 до 19 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 33 до 39 степени. Во Скопје времето ќе биде топло и ветровито, со минимална ...

Вкупно 30 пожари на отворен простор се регистрирани во текот на изминатото деноноќие низ државата, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите од надлежните институции, во моментот нема активни пожари на територијата на земјава. Противпожарните екипи успеале целосно да изгаснат 29 од евидентираните жаришта. Единствениот пожар кој сè уште не е целосно ликвидиран е ставен под контрола. Станува збор за огнот меѓу селата ...

Вчера во 12:15 часот, полициски службеници од ОВР Кратово го лишија од слобода М.Н.(34) од кратовско село, вработен како полициски службеник во МВР, поради сомнение дека на 01.08.2026, во период кога не бил службено ангажиран, во близина на угостителски објект во Кратово испукал повеќе куршуми од неговиот службен пиштол. Тој бил приведен во полициска станица и од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални ...

Вчера во 16:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 16:00 часот настанал пожар во кујна за готвени јадења, во склоп на маркет на подрачјето на Центар. Повредени лица нема, а огнот е изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. Вчера во 16:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 16:00 часот настанал пожар во кујна за готвени јадења, во склоп на маркет на ...

Вчера во 19:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода М.А.(29) од село во неготинско, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 50-годишен татко, дека во семејниот дом, откако М.А. со остар предмет си нанел повреда, физички го нападнал пријавителот и му се заканувал со остар предмет. По извршени проверки било констатирано дека М.А. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,98 промили алкохол во крвта. ...

Вчера во 20:30 часот во ОВР Берово, од Итната медицинска помош Берово било пријавено дека кај нив било донесено четиригодишно девојче од Берово, кое во семејниот дом испило дел од капсула за перење алишта, соопшти полицијата. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Берово и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Вчера во 20:30 часот во ОВР Берово, од Итната медицинска помош Берово било пријавено дека ...

Вчера во 13:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Т.Р.(73) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во 12:00 часот во ходник од станбена зграда во Охрид, по претходно недоразбирање околу паркирано возило вперил пиштол кон Г.К.(51) од Скопје, кој престојувал во истата зграда. Потоа полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при СВР Охрид извршиле претрес во домот на пријавениот, при ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, како дел од владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, присуствуваше на одбележувањето на 2 Август – Денот на Републиката, при што во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце беше положено свежо цвеќе во чест на илинденците и асномците, кои со својата борба ги поставија темелите на македонската државност. По оддавањето почит во Пелинце, владината делегација, заедно со ...

Екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица интервенирала во селото Пиперево по добиена пријава за змија во семеен дом. Како што информираат од противпожарната служба, влекачот бил заловен и отстранет од објектот без последици. Станува збор за змија од видот белоушка, која е барска и неотровна змија. По успешно спроведената акција, од ТППЕ Струмица упатија предупредување до локалното население при вакви ситуации да не преземаат ...

Вкупно 13 пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 13:00 часот на територијата на државата. Според последните податоци, пет од пожарите се сè уште активни, два се ставени под контрола, додека шест се целосно изгаснати. Активни жаришта има во Скопско, каде што гори депонија кај Кванташкиот пазар во општина Гази Баба, како и ниска вегетација во селото Страчинци. Активен е и пожарот кај селото Маркова Сушица во општина Студеничани. ...

Сончево и топло со мала локална облачност. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен, а во источните делови од северозападен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево и топло со слаб до умерен ветер со променлив правец. Од УХМР информираа дека под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена ...

Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции. „Во текот на 1 август се регистрирани вкупно 57 први прегледи, што е за три помалку во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 60 прегледи. Нема нови хоспитализации. Заклучно со 1 август, регистрирани се вкупно 1.041 формална пријава за заразна болест и изработени се 734 нови ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на чествувањето на 2 Август – Илинден, што под нејзино покровителство се одржа пред споменикот на Методија Андонов – Ченто на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Во своето обраќање таа ја нагласи важноста на Илинден и АСНОМ, посочувајќи дека слободата е извојувана со сопствени сили. „Нашата народноослободителна борба беше епохално, автентично дело, а слободата не ни беше подарена од ...

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска од Крушево упати порака по повод 2 Август – Илинден, нагласувајќи дека овој датум го симболизира вековниот стремеж на македонскиот народ за слобода и сопствена држава. Во своето обраќање, тој го истакна историскиот континуитет на македонската борба. „Втори август Илинден, денот на Илинденското востание и денот на Антифашистичкото собрание за народно ослободување на ...

Вчера во 12:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.Х. (21) од с.Идризово, скопско, по претходна пријава од И.Б.(44) дека на 31.07.2026 во 23:50 часот во с.Идризово В.Х. му нанел тешка телесна повреда на 15-годишниот син на пријавителот, а во врска со претходно нарушен јавен ред и мир. По целосно документирање на случајот, Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ќе поднесе кривина пријава за сторено ...

Вчера полициски службеници од СВР Тетово во врска со објавеното видео на социјалните мрежи за пукање на семејна веселба во Добридол, гостиварско, извршија претреси на повеќе локации, при што се приведени шест лица, а едно лице е повикано на службен разговор. При претресите се пронајдени и одземени оружје и муниција. Во 18:00 часот е извршен претрес кај И.С. (21) од село Добридол, а во 18:05 часот, кај А.И.(30) од с.Добридол, при што е ...

Вчера во 12:25 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиja од слобода М.M.(42) од село Биљановце, кумановско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. Вчера во 12:25 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиja од слобода М.M.(42) од село Биљановце, ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ја предводеше владината делегација на одбележувањето на 2 Август – Илинден во Смилево, Демир Хисар. Во состав на делегацијата беа и заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, како и заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јакимоски. Тие положија свежо цвеќе пред спомен-обележјата на повеќе локации во Смилево. Во своето обраќање, Андоновски ...

Највисока температура во земјава денеска во 11:00 часот е измерена во Гевгелија, каде што се регистрирани 31,6 степени. Според новите податоци објавени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), границата од 31 степен претпладнево е помината и во Демир Капија и на мерната станица Зајчев Рид во Скопје, каде се измерени точно 31 степен. Во Велес во 11 часот се измерени 30,9 степени, следува Штип со 30,5, додека во Виница и Кавадарци се ...

Мвр билтен

37 минути - МИА
weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
2.37
65%
1017
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
0.55
62%
1017
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
0.83
62%
1018
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.97
52%
1017
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
3.63
80%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.44
98%
1020
weather icon

Атина

30ᴼ / 29ᴼ
1.34
45%
1011
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
2.17
41%
1013
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.83
59%
1015
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
63%
1018
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
1.79
54%
1019
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
5.41
95%
1012
Currency

61.5217

Currency

53.2154

Currency

71.7145

Currency

37.6073

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52479

Currency

1.11569

Currency

0.55892

Рутениум

53852.50

Платина

56038.75

Алуминиум

3.28

Паладиум

43628.56

Родиум

278103.96

Злато

139576.04

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Бакар

13.23

Цинк

0.00

Сребро

2044.16

Калај

56.36