Времето утре сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Следните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во ...

Кога дури и Максим Димитриевски, политичар кој не успеа да изгради политичка тежина надвор од националистичката реторика, се осмелува јавно да ги дисциплинира највисоките претставници на Вреди, тогаш проблемот повеќе не е кај Димитриевски. Проблемот е во немоќта и потчинетоста на Вреди. Тие станаа толку слаби што секој во оваа Влада чувствува дека може да им зборува со јазик на ултиматуми, без воопшто да стравува дека ќе добие барем каков ...

УХМР ги објави температурите во 11 часот во градовите низ Македонија. Најтопло претпладнево е во Гевгелија, каде уште пред 12 часот се измерени 33 степени. 32 степени се измерени во Велес и Зајчев Рид. Во Скопје во 11 часот УХМР измери 31 степени. Според мерењата на УХМР, моментално во Македонија најниската температура е 20 степени, на Попова Шапка. Под влијание на топла воздушна маса од југ продолжува периодот на сончево и многу топло време ...

Владата денеска ги демантираше тврдењата на СДСМ дека договорот со компанијата „Кожувчанка“ за набавка на вода за пиење за граѓаните на Гостивар бил склучен со директно договарање, без јавен оглас. Од Владата велат дека станува збор за, како што наведуваат, „манипулации и дезинформации“, посочувајќи дека постапката со преговарање ја спровела Службата за општи и заеднички работи, а договорот преку тендер го добила компанијата „Кожувчанка“. „Во ...

Ние сакаме преку вас до граѓаните да соопштиме една многу важна вест. Таа е поврзана со она што го слушнавме од министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, дека постои, цитирам, таен договор за започнување на преговори со Европската Унија. Денеска оваа прес-конференција е посветена токму на тоа, односно да го разоткриеме, како опозиција, тој план. Почитувани граѓани, се подготвува терен за прифаќање на францускиот предлог, се вели во ...

Енергетската состојба во Македонија е стабилна, а ниските водостои во делови од Европа засега не претставуваат ризик за домашното производство на електрична енергија, информираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС). Од Министерството велат дека континуирано ги следат состојбите во регионот и Европа, како и домашните хидролошки показатели. Заедно со АД ЕСМ, АД МЕПСО и другите надлежни институции се следат ...

Две лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово на автопатот Шабац-Лозница. Според првичните информации, загинатите биле работници ангажирани за одржување на патиштата. Трагедијата се случила кога камион налетал директно во нив додека тие извршувале работни задачи на коловозот. Од силата на силниот удар, работниците починале на самото место. На терен веднаш излегле сите итни служби — полициски екипи, пожарникари ...

Вооружен маж е уапсен во голф-клубот „Трамп Нешнл“ во округот Лос Анџелес, откако бил забележан како фотографира и снима видео на теренот, соопшти Канцеларијата на шерифот на округот Лос Анџелес. Полицијата го пронашла возилото на осомничениот на паркингот од клубот. При претресот кај него бил пронајден пиштол со куршум во цевката, рамка со 16 куршуми со експанзивна муниција, како и уште една наполнета рамка во самиот автомобил. По апсењето, ...

До крајот на годината ни останаа уште неколку неработни денови, од кои повеќето се паѓаат во петок или понеделник, со што добиваме продолжени викенди. По продолжениот викенд за Илинден, кога 2 Август беше одбележан во недела, а неработниот ден се пренесе на понеделник, 3 август, граѓаните наскоро ќе имаат уште неколку можности за одмор. Следен неработен ден за граѓаните од православна вероисповест е 28 Август – Успение на Пресвета Богородица ...

Во насока на справување со најавените високи температури, Сојузот на синдикатите на Македонија бара од работодавачите да ги почитуваат марките за безбедност и здравје при работа, да го намалат и исклучат работењето на отворено за работниците во најтоплите делови од денот , како и да ги обезбедат сите средства и мерки за заштита на животот и здравјето на работниците во овие услови. -Потребно е да се почитуваат мерките на заштита и ...

Најмалку 15 лица загинаа, а 51 е повредено во третиот голем руски воздушен напад врз Киев и околината изминатава недела, објави „Киев Пост“. За време на ноќниот напад, ракети и беспилотни летала предизвикаа големи пожари во станбени згради, магацини и индустриски погони. Според податоците на Државната служба за вонредни ситуации (СЕС) и градоначалникот Виталиј Кличко, во регионот на Киев загинале 14 лица, а 27 се ранети, додека во самиот град ...

Италијанското Министерство за здравство од четврток ќе прогласи највисок степен на предупредување поради екстремни горештини во сите 27 поголеми градови во земјата. Оваа одлука доаѓа како резултат на силниот топлотен бран кој го зафати регионот. Прогласениот црвен аларм означува дека високите температури претставуваат сериозен ризик за здравјето на целото население, а не само за ранливите категории граѓани. Локалните власти им препорачуваат ...

На 04/05.08.2026, постапувајќи по претходно добиени оперативни информации, од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на бул.„Партизански одреди“ во Скопје извршен е преглед на Ј.Б., С.В. и Д.П. ФОТО: МВР Кај Д.П. се пронајдени и одземени две тегли во кои имало вкупно 25 пакувања марихуана, како и дигитална вага со остатоци од марихуана. Д.П. е лишен од слобода и спроведен во Полициската станица ...

Полициската управа Данелан објави фотографии од својата „специјална единица“ на социјалните мрежи, на кои се гледа полицаец облечен во камуфлажно одело што наликува на зелена грмушка, додека држи двоглед. „Дали денес ја забележавте нашата „грмушка“? Ако главата ви беше наведната на телефонот, веројатно не сте ја забележале“, напиша полицијата во својата објава. Од полициската управа објаснија дека специфичната сообраќајна контрола била ...

Светската здравствена организација (СЗО) повика на поголема меѓународна поддршка за справување со епидемијата на ебола во Демократска Република Конго. Според проценките на организацијата, вирусната болест се шири побрзо отколку што надлежните служби можат да ја стават под контрола. Од официјалното прогласување на епидемијата на 15 мај, регистрирани се вкупно 3.802 потврдени случаи. Од нив, 1.707 завршиле со смртен исход, додека 727 пациенти ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години покажа дека енергетската политика бара визија, одговорност и долгорочни решенија. Наместо краткорочни мерки, се реализираат проекти и реформи кои ја зацврстуваат енергетската стабилност и ја намалуваат зависноста на државата од надворешни влијанија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. -Еден од најзначајните резултати е повторното активирање на продуктоводот Солун-Скопје по пауза од 13 ...

Додека граѓаните на Гостивар со недели пиеја загадена вода и илјадници луѓе се соочуваа со здравствени последици, Владата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра, стои во соопштението на СДСМ упатено до јавноста. -Договорот, поради кризата, е склучен со директно договарање, без јавен оглас. Бизнис зделка од 100.000 евра без тендер. Според достапните ...

ДУИ повторно се нафрли врз Охридскиот договор, како да е нивна лична тапија. Наводно го брани, а всушност го држи како заложник за своите партиски интереси. Партијата што некогаш се прогласи и за „зелена“, денес го попречува унапредувањето на едно од најважните начела на Охридскиот договор – правичната и соодветната застапеност, стои во соопштението на ВРЕДИ, испратено до јавноста. -Цели 22 години ДУИ ги имаше и ножот и погачата. Имаше ...

Пратеникот на Левица, Борис Мециновиќ, оцени дека потребата од изборни реформи останува и по неуспехот на процесот за промени во Изборниот законик. „Не заврши потребата да имаме избори кои ќе бидат според препораките на ОБСЕ/ОДИХР и меѓународните стандарди. Таа дискусија не може да се смета за затворена“, изјави Мециновиќ. Според него, пропаѓањето на процесот е пораз за демократијата и покажува дека партиските интереси повторно биле над ...

УХМР издаде метео предупредување за денеска, на територијата на цела Македонија. Под влијание на топла воздушна маса од југ продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност во текот на денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 33°C, а во некои места ќе надмине 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Препораки за горештините: Избегнувајте директна изложеност на сонце во ...

Метеоролозите за денеска најавија уште еден пеколен ден со температури до 40 степени низ Македонија. За време на топлотниот бран, УХМР ги измери температурите од рано наутро, во 8 часот низ државата. Струмица е најтопол град со 24 степени во осум часот, по што следат Виница, Крушево и Кавадарци со 24. Во Скопје УХМР во осум часот наутро измери 23 степени целзиусови. Берово со измерени 17 степени е местото со најниска температура ова утро во ...

До 07:30 часот утринава на територијата на државата биле евидентирани вкупно 22 пожари на отворен простор, а сите се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според ЦУК, во моментов нема активни пожари, ниту пожари кои се ставени под контрола. Изгаснатите пожари биле регистрирани во повеќе општини низ државата, меѓу кои Чучер Сандево, Карпош, Гази Баба, Ѓорче Петров, Битола, Прилеп, Струга, Крива Паланка, Тетово, Желино, ...

На 3 август 2026 година, во 22:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишиле од слобода Д.П. (41) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од нејзината 75-годишна свекрва. Според пријавата, во нејзиниот дом Д.П. ѝ упатувала закани. Таа била задржана во полициска станица, за случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава. На 3 август 2026 ...

УХМР издаде метео предупредување за денеска, на територијата на цела Македонија. Под влијание на топла воздушна маса од југ продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност во текот на денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 33°C, а во некои места ќе надмине 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Денеска времето ќе биде сончево и многу топло, со мала локална ...

Топлинскиот бран на територијата на Република Србија ќе донесе максимални температури од 35 до 40 степени, кои според најновото предупредување од Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) ќе бидат најизразени утре и задутре. Покрај високите дневни температури, во Војводина и во Белград се очекуваат и тропски ноќи. Според последните мерења, температурата во главниот град на Србија достигна 31 степен, додека во Нови Сад, Палиќ, Ниш и Лозница ...

Жена во Италија доживеала неверојатна среќа откако градските санитарни работници ѝ помогнале да извади добитен билет за лотарија во вредност од 1 милион евра од ѓубрето. Оваа извонредна приказна доаѓа од Пуља, каде што локалната компанија за управување со отпад, SANB, одиграла клучна улога. Роберто Никола Тоскано, раководител на SANB, раскажал како билетот чудесно останал недопрен откако работниците пребарувале низ купишта ѓубре во камион. ...

По три дена деноноќни интервенции, пожарот во кавадаречкото село Раец е целосно изгаснат, информираше градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Тој на социјалните мрежи објави фотографии од тимот пожарникари и доброволци кои изминатиот период учествуваа во справувањето со огнената стихија. „Во овие исклучително тешки моменти уште еднаш се потврди силата на солидарноста и несебичната посветеност на сите служби и поединци што деноноќно беа на ...

Во областа Фурнес Крик во Долината на смртта, во југоисточна Калифорнија, во неделата е измерена екстремна температура од 53,3 степени Целзиусови, како резултат на силниот топлотен бран што го погоди западниот дел на САД. Иако оваа вредност е исклучително висока, сепак не претставува нов светски рекорд. Официјално највисоката измерена температура за Долината на смртта изнесува 56,7°C и датира од 1913 година, иако нејзината веродостојност со ...

Вчера во 11:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ј.А.(35) од с.Сарај, скопско. При сообраќајна контрола на ул. „Јустинијан Први“ во Скопје, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека Ј.А. го управувал возилото нерегистрирано и пред да се стекне со право за управување на возило. За настанот е известен јавен обвинител, а возилото ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.М. (30) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 02.10.2025, при преглед на пријавениот, полициски службеници пронашле и одзеле 392 таблети бупренорфин. СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.М. (30) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.47
58%
1017
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
2.14
60%
1017
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.43
56%
1018
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
1.37
50%
1016
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
3.85
72%
1016
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
0.43
93%
1020
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
1.34
41%
1011
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.83
37%
1013
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.83
54%
1015
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
3.13
60%
1018
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
1.79
50%
1020
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
2.62
100%
1012
Currency

61.5217

Currency

53.2154

Currency

71.7145

Currency

37.6073

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52479

Currency

1.11569

Currency

0.55892

Родиум

278103.96

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.28

Паладиум

43628.56

Злато

139576.04

Бакар

13.23

Калај

56.36

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Платина

56038.75

Сребро

2044.16