Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „Си-Ен-Ен“ упати остар напад кон рускиот лидер, тврдејќи дека Владимир Путин никогаш немал искрена намера да ја запре војната во Украина. Според Зеленски, Москва само ја „играла играта“ за преговори поради страв од потезите на американскиот претседател Доналд Трамп. „Путин никогаш не сакаше да ја запре војната. Стравуваа од потезите на претседателот на САД, Доналд Трамп и од притисокот ...
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас, предложи нов модел за деблокада на Ормутскиот теснец, инспириран од иницијативата за извоз на украинско жито преку Црното Море. Пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, Калас откри дека веќе разговарала со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. „Разговарав со Антонио Гутереш за тоа дали е можно да се има иста иницијатива како што имавме во Црното Море, ...
СДС манифестира еклатантно лицемерие и бесрамност кога си зема за право да ги коментира состојбите во енергетиката, особено кога се дрзнува да зборува за РЕК Битола и намаленото домашно производство, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Токму криминогеноста и незаситната алчност на нивните кадри, ги оставија АД ЕСМ и РЕК Битола во катастрофална состојба. Со нивните криминални тендери во РЕК Битола си ги наполнија џебовите и станаа светски бизнисмени на ...
Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информираат дека поради планирани технички интервенции во електросистемот, утре (17.03.2026 година), неколку скопски општини ќе се соочат со прекини во снабдувањето со електрична енергија. Најпрво, во периодот од 08:00 до 10:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улицата „2“ во населбата Булачани, поточно околу бројот 7. Подолг прекин е најавен во општина Аеродром, каде од ...
Од утре следува ново поскапување на горивата што дополнително ќе ги зголеми цените на сите производи, особено на прехранбените, велат од СДСМ. „Пред една недела претседателот на СДСМ, Венко Филипче понуди 3 клучни мерки за намалување на цените на горивата и спас на стандардот на граѓаните од поскапувањата. Намалување на стапката на ДДВ од 18 отсто на 5 проценти за горивата, намалување на акцизата за 4 денари, и укинување на ДДВ на основните ...
Едно лице го загуби животот, а неколкумина се со повреди по тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случи на патниот правец Кочани – Виница, пренесуваат локалните медиуми. Според првичните информации, во судирот учествувале две патнички возила, „Мазда“ и „Фолксваген Поло“. Несреќата се случила околу 13:44 часот, а силината на ударот била кобна за едно лице кое починало на самото место. Екипи на Итната медицинска помош веднаш пристигнале ...
Кавадарчанец вчера два пати бил лишен од слобода откако полицијата го затекнала како управува мопед и возило без дозвола. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) велат дека вчера при сообраќајна контрола на улицата „Дисанска“ во Кавадарци, полицајци запреле мопед со кавадаречки регистарски ознаки и констатирале дека 34-годишниот К. М. го управува без положен возачки испит. Со насоки од јавен обвинител тој бил приведен во полициска ...
Вчера пет лица лишени од слобода, шест пријави за семејно насилство На 15.03.2026 во 21:00 часот на улица „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода е Д.Г.(49) од Република Србија, постапувајќи по претходна пријава дека првин во угостителски објект, а потоа и во апартман во Охрид, во кој се сместени, физички ја нападнал неговата сопруга. На 15.03.2026 во 20.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го ...
Вчера во 14:00 часот на Граничен премин Богородица, на влез во државата, поициски службеници го лишиле од слобода И.М.(18) од Република Грција. При гранична контрола и проверки на увид приложил фалсификувана кипарска возачка дозвола. Известен е јавен обвинител, а дозволета била одземена. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Вчера во 14:00 часот на Граничен премин Богородица, на влез во ...
СВР Велес поднесе кривична пријава против П.Џ.(27) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во текот на септември 2025 година, пријавениот, во својство на службено лице во експозитура на банка Велес, во три наврати извршил неосновани готовински исплати од трансакциска сметка на оштетено лице В.Ф., во вкупен износ од 249.990 денари. СВР Велес поднесе кривична пријава против П.Џ.(27) од ...
На 14.03.2026 во 14:07 часoт во СВР Скопје било пријавено дека во службени простории на стадион на подрачјето на Кисела Вода, по завршување на фудбалски натпревар помеѓу ФК „Кул“ и ФК „Кожуф“ , двајца фудбалски судии биле физички нападнати од Р.Ц.(57) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок од Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари. На 14.03.2026 во 14:07 ...
Ноќеска во 01:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 00:10 часот на подрачјето на Центар, 33-годишна жена од Србија, во изнајмен стан, била физички нападната и допирана по телото од сопственикот на станот, кој исто така ја вознемирувал и со пораки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Ноќеска во 01:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 00:10 часот на подрачјето на Центар, 33-годишна жена од Србија, во изнајмен ...
Вчера околу 23:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Крушевска Република“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „рекстон“, сопственост на МВР, управувано од В.П.(35) од с.Нова Брезница, скопско и такси возило „тојота корола“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(39) од Скопје. Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот В.П. и неговиот сопатник А.Н.(29) од Скопје, констатирани во ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека е објавен списокот на граѓани кои ги исполнија условите по Јавниот оглас за поддршка на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, за добивање финансиска поддршка преку ваучер за купување и вградување инвертер клима уред. Станува збор за втора фаза од веќе завршената постапка. Право на оваа поддршка имаа исклучиво домаќинствата кои најдоцна до 5 ...
Вчера во 14:18 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Пирок, кај село Долно Палчиште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.Р.(50) од с.Горно Палчиште, тетовско и мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.И.(22) од с.Долно Палчиште. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека со телесни повреди се здобил ...
Вчера во 17:40 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Б.С.(65) од тетовско село, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата ќерка и нејзиниот малолетен син, соопштија од тетовската полиција. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава. Вчера во 17:40 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Б.С.(65) од тетовско село, постапувајќи по ...
Силен земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во водите на Источниот Медитеран. Според сеизмичките служби за мониторинг, потресот се случил во 08:46 часот по локално време. Епицентарот на земјотресот бил лоциран на околу 169 километри јужно од Ираклион, најголемиот град на грчкиот остров Крит, објави германскиот центар GFZ. Иако земјотресот бил на релативно мала длабочина од 12 километри, досега нема ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска престојуваше во Кочани каде што оддаде почит на жртвите од трагедијата што се случи пред точно една година. Преку емотивна објава, Филипче изрази сочувство до семејствата кои ги загубија своите најмили во кобниот настан. Тој нагласи дека сеќавањето на младите лица кои го загубија животот ќе остане вечно. „Денеска во Кочани оддаваме длабока почит кон прерано згаснатите млади животи. Не постојат ...
Македонија се подготвува за промена на метеоролошката состојба поради спуштање на ладна воздушна маса. Според прогнозите, во следните денови нè очекува променливо облачно време со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови од земјата. Со падот на дневните температури, на повисоките места се очекуваат врнежи од дожд и снег, додека на планините врнежите ќе бидат исклучиво од снег. Во Скопје времето ќе биде значително посвежо со ...
Македонскиот народен театар ве поканува на комеморација во спомен на истакнатиот актер Кирил Поп Христов – Кили, која ќе се одржи на 18 март (среда) во 11 часот, на големата сцена во Македонскиот народен театар. На комеморацијата, семејството, колегите, пријателите и почитувачите на неговото дело ќе имаат можност да се простат и да му оддадат почит на уметникот, кој со својата силна сценска појава, искреност, духовитост и препознатлив ...
Израелските одбранбени сили тврдат дека го уништиле авионот на поранешниот ирански лидер Али Хамнеи на аеродромот во Техеран. Израелските воздухопловни сили наводно го собориле и уништиле авионот на поранешниот ирански врховен лидер на аеродромот Мехрабад во Техеран преку ноќ. Израелските одбранбени сили тврдат дека авионот го користеле Хамнеи и други високи ирански функционери „за унапредување на воените набавки и управување со односите со ...
Керко моја, ѕвездо моја која сјае на небото…Ова на Фејсбук во емотивна порака го напиша Александар Наунов, таткото на Надица која загина во пожарот во Пулс во Кочани. -Денес помина точно една година откако те нема, а болката е иста како првиот ден. Времето не ја лекува раната кога родител го изгубил своето дете. Таа рана само учи како да живее со солзите. Керко моја, куќата без тебе не е куќа. Тишината без твојата смеа е потешка од секој ...
Премиерот Христијан Мицкоски е во Кочани каде се одбележува годишнина од најголемата трагедија во Македонија во дискотеката Пулс во Кочани. Мајката на еден од загинатите млади лица во трагичната сообраќајна несреќа што го потресе градот, му пријде на премиерот и на неговиот ревер закачи беџ со симбол на скршено срце. Премиерот присуствуваше на Молитвата за упокоените жртви од трагедијата во дискотеката Пулс, која се одржа во Паркот на ...
Познатата македонска пејачка Елена Ристеска се огласи на социјалните мрежи по повод една година од најголемата трагедија што ја потресе Македонија. Ристеска низ емотивни редови опиша дека болката и лузните по изгубените животи се сè уште свежи и дека општеството носи вина за трагичниот настан. Пејачката упати порака до жртвите, споменувајќи ги по имиња и изразувајќи длабоко жалење за немоќта да се промени системот навреме. „Година дена после ...
Гитаристот на ДНК Горан Тонев, по една година од несреќата во Пулс запеа и повторно засвири на гитара. На видео објавено на социјалните мрежи се наведува: „Ќе ви ја расплаче душата… Горан Тонев, тешко повредениот гитарист од групата ДНК кој беше во кома, повторно запеа. Бог да е со вас, души наши!“, пишува во објавата на социјалните мрежи. Гитаристот на ДНК Горан Тонев, по една година од несреќата во Пулс запеа и повторно засвири на гитара. ...
Гитаристот на групата ДНК, Горан Тонев, кој беше меѓу повредените во големиот пожар во Кочани пред точно една година, ја сподели својата неизмерна благодарност кон медицинскиот тим кој се грижеше за него. Тонев се сретна со персоналот на болницата „Папаниколау“ во Солун, каде што беше хоспитализиран по трагедијата. Преку емотивна објава на социјалните мрежи, тој истакна дека никогаш нема да ги заборави оние кои му помогнале во најкритичните ...
Денес, со тежина во срцата, но со вечен спомен, се поклонуваме пред ликовите на нашите сограѓани, пријатели и чеда кои прерано не напуштија. Диме Димитријев, Сара Алексова, Моника Спасова, Тоше Тодоровски, Александар Коларов, Адријан Живков, Александар Алексов, Горги Величков, Јорданчо Џамов, Иван Трајчев, Џоко Горгиев, Александар Глигоровски, Иван Величков, Андреј Стојанов, Ивона Антова, Павел Христовски, Никола Насевски, Тоше Богданов, Ана ...
Денес Кочани и Македонија оддава почит на невините животи што прерано згаснаа. Една година подоцна, болката и празнината сè уште се силни, но силно е и сеќавањето на сите оние кои не се меѓу нас, пишува на социјалните мрежи министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски по повод годишнината од пожарот во дискотеката Пулс. Нека споменот за овие чисти души биде вечен!, се дополнува во објавата на Андоновски. Денес Кочани и ...
Вчера во 21:00 часот на улица „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода е Д.Г.(49) од Република Србија, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект а потоа и во апартман во Охрид, во кој се сместени, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Вчера во 21:00 часот на улица „Партизанска“ во Охрид, полициски ...
Американскиот претседател Доналд Трамп упати сериозно предупредување до сојузниците од НАТО, нагласувајќи дека опстанокот на Алијансата зависи од нивната подготвеност да се вклучат во деблокирањето на Ормутскиот теснец. Во интервју за „Фајненшл тајмс“, Трамп побара од европските земји и Кина директно да се приклучат на воените напори против иранската блокада. Трамп потенцираше дека Европа и Кина се многу позависни од нафтата од овој регион ...