
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Тамара Тодевска, ја објави својата нова песна и видео спот „Нијагара“. Текстот и музиката се напишани во заедничка соработка меѓу Тамара и Лазар Цветкоски, со што ова е прва песна каде што Тодевска се јавува како автор. Песната е изведена на српски јазик. „ ‘Нијагара’ е за сите луѓе кои во одреден момент се почувствувале ранливо, разочарано. ‘Нијагара’ е за сите кои се направедно етикетирани, да знаат дека на крајот има решение, а тоа е да ...
Македонската балерина Стефанија Гаштарска се занимава со балет од девет години, почнувајќи во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во класата на Данилоска-Кочевска. На 15 години учи во Државното училиште во Перм (Русија), една од најстарите балетски школи за класичен балет. Образованието го продолжува на Академијата за балет на „Бољшој“, каде што во голема конкуренција дипломира со високи оценки како единствена балерина од странство во руски клас и е ...
Во престижниот простор Кунстхале Виена/Kunsthalle Wien Museumsquartier (кој е дел од Музеум Квартиер) еден од најголемите европски културни центри, на 20 април ќе биде отворена изложбата – „No Feeling is Final. The Skopje Solidarity Collection“. За првпат, во Виена ќе биде претставена селекција на дела од вредната уметничка колекција на Музејот на современата уметност – Скопје. Ова големо претставување е резултат на соработката помеѓу двете ...
The Weeknd, музичарот кој неодамна стана првиот артист кој достигна 100 милиони слушатели месечно на Спотифај, е статистички најпопуларниот артист во светот, објавија од Гинисовата книга на рекорди. Никој друг не се доближува ни малку до стриминг успехот на пејачот, според Гинисовата книга на рекорди, кои кажаа дека 33 годишниот музичар има два светски рекорда за музички стриминг, најмногу месечни слушатели на Спотифај и првиот артист кој ...
На Светскиот ден на поезијата, кога по повод 100 години од неговото раѓање, делото на великанот на македонската литература и култура, Ацо Шопов ќе се чествува и во седиштето на УНЕСКО во Париз, Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) објави нов превод на неговата песна „Љубов“ на француски јазик. Авторка на преводот е Гаел Лекок, учесничка на школите на ...
Банши се суштества од ирската митологија кои на македонски можат да се наречат самовили, вештерки, а и демони. „Демони“ постојат во секој човек, маскирани како неостварени сништа, стравови или, пак, обична здодевност. Во таа смисла, митологијата е само симбол што му служи на режисерот Мартин Мекдона за да претстави мноштво реални проблеми во животот преку филмот „Баншите од Инишерин“. Оваа црна трагикомедија годинава има дури девет номинации за ...
Diah е алијас позади кој стои Дијана Димитриевска, диџејка која е дел од локалната клупска сцена. Нејзините сетови се емоционална сеанса, од хипнотично техно, низ нивоа на стеларно самоиспитување, динамична bass-heavy градација со acid кулминција. Во нејзината кариера има настапувано со UVB, Sugar Lobby, Dr.Rubinstein, Anetha, Saud, A//O, Claro Intelecto, Ellen Allien, Alexander Robotnick. Музичка селекција која ми е омилена е… Во моментов – ...
Случаите на родово-базирано насилство и неговиот најлош исход – фемицидите и (не)постапувањето и несоодветното однесување на одговорните институции Нормализирањето и релативизирањето на случаите на родово-базирано насилство последниве неколку месеци, наспроти реалната слика дека тоа носи огромни последици за едно општество и за неговите жители, навистина ја зголеми и онака лошата состојба со културата на насилство во оваа држава. Големиот број ...
Лидерството и менаџментот се од суштинско значење за организациите бидејќи обезбедуваат постигнување на целите, ефикасно искористување на ресурсите и максимизирање на продуктивноста. Ефективните лидери и менаџери ги инспирираат и ги водат своите тимови кон успех, а истовремено обезбедуваат приоритети на задачите, делегирани одговорности и искористување на ресурсите на најефикасен и најефикасен можен начин. Без силно лидерство и менаџмент, ...
Најголемиот летен музички фестивал во Македонија, Д Фестивал, продолжува со претставување на музичките изведувачи кои ова лето ќе застанат на фестивалските бини во Дојран од 30 јуни до 2 јули 2023! Следните два потврдени изведувачи, хардкор бендот „SMUT“ (Смат) и раперката Мими Мерцедез доаѓаат од различни страни на музичката индустрија, но се подеднакво добро познати и почитувани во регионот. За еден од најценетите македонски метал-кор бендови ...
За да се запишеш на факултет, мора да ги однесеш документите во хартиена форма на студентски прашања, мора да имаш и хартиена пријава за да полагаш испит кај професор, а за да извадиш билет за бесплатен јавен превоз во ЈСП мора да однесеш хартиена потврда дека си студент. Од друга страна, користењето на дигиталните алатки во наставата е реткост, а дискусиите коишто се водеа во изминатиов период беа првенствено насочени дали ќе имаме дигитални ...
Ја прашавме Александра Шијакоска како ги поминува деновите и кои и се омилени нешта што обожава да ги прави во слободно време. Оваа година посебно уживам во спокојот на мојот дом, заедно со семејството и пријателите. Мое хоби е јавањето, а најголем сон на кој работам е сопствен ранч и коњ. Една од најдобрите одлуки беше да се преселиме во планинско село, со чист воздух, река покрај домот и звуци на природата. Не знам да готвам многу јадења, ...
Под мотото „Уметнички активизам за подигнување на свеста“, Интерарт културниот центар најавува национална турнеја „Простор за разговор – Dancing (Talking)Table“ во чиј склоп ќе се одржат перформанси, театарски претстави, дискусии и филмски проекции на темата за родова еднаквост и семејното насилство во 10 градови во земјава. Турнејата, како што информираат од Центарот ќе започне со настан во Куманово на 22 март, а ќе продолжи и во другите ...
Режисерот Квентин Тарантино како што пренесува The Hollywood Reporter го подготвува својот десетти филм, за кој како што има кажано во минатото ќе биде последен. Со години, Оскаровецот Тарантино изразувал желба да го достигне врвот на својата кариера, велејќи дека многу познати режисери го губат својот сјај подоцна во животот. Сепак, не се споменува пензионирање, а додека ја промовираше минатата година книгата „Cinema Speculation“ откри планови ...
Романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од академик Влада Урошевиќ (1934, Скопје) ја доби наградата „Роман на годината“ за 2022, која што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“. Романот е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ која го промовираше новиот, седми роман на Урошевиќ, во февруари, со истакнакнатиот театралог Јелена Лужина како ...
Македонскиот филм „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова ќе се натпреварува во официјалната главна селекција на фестивалот КинЕст фест 2023 кој ќе се одржи во Катанија, Италија. Ова е трето издание на фестивалот кој е фокусиран на кинематографијата на Источна и Централна Европа, а ќе трае од 5 април до 30 мај. Фестивалот освен филмски премиери одржува и многубројни специјални настани, работилници, настапи во живо, ретроспективи и мастеркласови ...
Сакам секојдневно да бидам опколена со моите книги и несебично да го делам личниот простор со килограми испечатена хартија; да бидам затрупана од корици; и во моментите кога се чувствувам театрално и сакам да избегам од сите придобивки на денешната цивилизација, да ме бараат низ лавиринт од моите книги што во тој момент, како лушпи од кромид, ќе ја заземат улогата што во такви моменти често им ја препишувам: улогата на неколку слоеви на мојот ...
Вашето име е синоним за добра клупска музика, техничка подготвеност и одлична забава. Што имаше најголемо влијание врз вашето растење и развивање како диџеј? Како и со секоја професија или хоби, најважниот сегмент е љубовта кон тоа го што правите. Во мојот случај, тоа е големата љубов кон музиката и посветеноста кон диџејството. Во моите почетоци времето што го поминував вежбајќи на грамофоните беше еднакво како да сум на кое било работно место, ...
– Платформата за родова еднаквост е згрозена поради најновиот скандалозен случај на жена на која поради погрешна дијагноза за рак на дојка ѝ била направена двојна масектомија, и крајно револтирана поради инертноста на надлежните институции и флагрантното кршење на законите, особено кога станува збор за груба повреда на правото на здравје. Воедно, како Платформа составена од 28 организации кои се борат за женските права и кои се во голема мера ...
Ива Христовска која твори под уметничкото име Ámika неодамна го издаде своето прво ЕП ( Extended play) насловено ,, Отров’’ Таа ни ги раскажа своите впечатоци за создавањето на ова дело. Ипито се состои од три траки. Едната е оргиналот, а другите две се ремикси на две електронски дуа. Едното електронско дуо се вика Moonwax и се состои од двајца продуценти/музичари од Амстердам, мои пријатели. А другото дуо се вика Geju од Москва, впрочем и ...
Денес (14.03.2023) во КСП Центар Јадро, со почеток од 20 часот, се отвора изложбата „За Возбудувачот“, дигитална фотографија од Лука Кекиќ. „За Возбудувачот“, проект на дигитална фотографија од Лука Кекиќ, кој ја симболизира неговата потреба за нова перспектива и неговото истражување на актуелниот свет. Изложбата е составена од фотографии чии визуелен стил е концентриран околу улична фотографија и флорална фотографија, во негативни и термички ...
Ова недела Младинскиот културен центар повторно со одлична програмска културна понуда на настани. Утре, со почеток во 20 часот, на репертоарот ќе се одигра победничката претстава на минатогодишниот 47. МОТ-фестивал, претставата „ГЛУМиЦИ“ во изведба на Артопија. Театарска претстава, која е повеќе од само изведба и говори за театарот, за сите нас во него и за неговото позиционирање во светот, за сето она за што се мечтае, за страдањето, за вербата ...
Кога хормонското контрацепциско апче беше измислено во шеесетите, претставуваше револуција за женската автономност врз сопственото тело. Апчето им ја даде на жените слободата да изберат кога сакаат да останат бремени и да родат дете, но несаканите бремености сѐ уште многу се случуваат. Скоро половина од бременостите на годишно ниво во светот се несакани. Дали тука би можела да помогне машката контрацепција? Можеби и ќе дознаеме во следната ...
Рут Картер е дизајнерката позади костимите во „Црниот Пантер“ и „Ваканда Засекогаш“, филмови кои и донесоа два Оскари за најдобра костимографија, со што стана првата црна жена која добила две награди Оскар. Гледајќи наназад, уште од 1988 година преку своето деби како костимограф во филмоѕ на Спајк Ли, „School Daze“, дизајнерката станала несопорилви сила која преку модата ги портретира минатите, сегашните и футуристичките визии на животот на ...
„Јас не ги снимам филмовите за преку нив да испраќам пораки. Испраќањето на пораки го оставам на оние на кои тоа им е работа – поштата,“ ќе истакне во една прилика познатиот италијански режисер Бернардо Бертолучи. Воопшто не би ја цитирале оваа мисла доколку истата не влегува длабоко во сржта на она кон што со децении се стреми „Божиновски часовници и накит“ – Да не продава само познати брендови на часовници и накит, туку преку нив да сервира ...
Незапирливата псај-техно хероина и една од најбараните уметници на глобалната електронска сцена, ИНДИРА ПАГАНОТО (Indira Paganotto) пристигнува за прв пат пред македонската публика и тоа како предводник на програмата на најголемиот летен музички фестивал кај нас – Д ФЕСТИВАЛ, кој ова лето ќе се одржува од 30 јуни до 2 јули во Дојран! Шпанската ѕвезда на електронската музика – Индира Паганото, е потврда дека сѐ уште е можно на сцената да се ...
Менопаузата и предменопаузата, како специфични периоди од животот на секоја жена, сè почесто се инспирација на големите козметички компании што се трудат да пронајдат производи, кои ќе ја нудат најдобрата нега на кожата на лицето и телото во овој период. Новата линија Bioten Nutri Calcium е богата со калциум, наменета е за зацврстување, затегнување и обнова на еластичноста на кожата на лицето на жените над 55 години. Калциумот ја подобрува ...
Дали некогаш ви се случило да се изгубите и запоставите на многу подлабок начин, од оној обичниот кога шетате со мрсна коса, или грозна, комфорна облека. Кога сте влезени во некоја невидлива машинерија, линија на помал отпор, кога ништо особено не ве радува, но не сте тажни, едноставно рамнодушни. Работите од секојдневието ги правите повеќе механички, на автопилот, па кога ќе ви се натрупаат непотребни обврски, дури тогаш ви текнува дека ако ...
„Сè во исто време“ доминираше на овогодишните награди Оскар освојувајќи награди во седум категории меѓу кои и онаа за најдобар филм. Драмата за едно семејство со меѓусебни проблеми, која се одвива во фантастичен мултиверзум, исто така освои награда и за најдобра актерка, најдобар режисер, најдобри споредни актер и актерка, најдобра монтажа и најдобро оригинално сценарио на 95-тото издание на Оскар. Филмот на режисерите Даниел Кван и Даниел ...
Дина Муцунска е долгогодишна вистинска инспирација за жените во бизнисот, посветена и истрајна во својата работа кон подобрување на квалитетот на животот во една заедница како и кон подобрување на туристичката понуда во Македонија. Како што вели и самата „свесните луѓе успехот веќе не го мерат преку материјалната призма на реализација, туку на кантарот на хуманоста“. Претставувате голема инспирација за многу жени кои водат свои бизниси, а во ...