На 8 април, во променливо облачни временски услови, на Факултетот за Ликовни Уметности, се одржа националното финале на Red Bull Doodle Art! … И дознавме кој ќе ја претставува Македонија на светското финале во Амстердам! Првите три места на Red Bull Doodle Art – Павел Николов, Петар Шулевски и Стефан Јакимовски. (од лево кон десно) На националното финале кое се одржа на Факултетот за Ликовни Уметности, и ги содржеше делата на 20 креативци од ...

Здружението за промоција на документаристиката „Македокс“ е во потрага по петтата генерација на „Докуникулци“ на возраст од 14 до 18 години, кои сакаат да бидат дел од годинешната работилница за креативен документарен филм. Повикот е отворен до 1 јуни 2023, a резултатите ќе бидат објавени до 15 јуни. „Како да се пријавиш? Сними се себе си, со телефон, веб-камера или на кој било друг начин и преку видеото, кое не треба да е подолго од 5 минути, ...

Денес ќе се отвори изложбата „Поинакви архитектонски доживувања“ на македонската уметница и архитектка Тијана Стојковска. Изложбата ќе се одржи во галеријата „Пионери“ и ќе трае во следните две недели. Делата, како што посочуваат организаторите се последица од откривање на врската меѓу имагинативниот свет и реалната перцепција за светот. „Македонската архитектура од 20-тиот век е сеприсутната тема во сите дела, а реимагинацијата на нејзиниот ...

Четворицата музичари од „40 Fingers“, Матео Бренци, Емануеле Графити, Андреа Витори и Марко Стефи се со сосема различни музички приказни кои преку т.н. техника fingerpicking на акустични гитари истражуваат нови звучни универзуми, изведувајќи широк репертоар на оригинални дела до познати музички теми аранжирани за четири гитари. На овој начин тие ни овозможуваат врвна музичка изведба што ја воодушевува и не ја остава рамнодушна публиката. ...

Павле Николовски, интернационалниот модел од Македонија, се појави во новата кампања за унисекс накитот „URIJELL“ создаден од дизајнерката и уметница Јелена Мандиќ. Од неговата матична агенција „Моделс Ин“ велат дека за него ова искуство било нереално и магично и донело одлична соработка со Мандиќ. Фотографиите потсетуваат на исклучителна арапска фантазија со примеси на францускиот стил. Направени се непосредно пред самата изложба на накитот во ...

Во склоп на серијалот „Саеми во пролет“, Скопски Саем со поддршка од Министерството за култура на РСМ, како Покровител на саемот го организира 35. Меѓународен Саем на книгата, кој годинава се одржува под мотото „Мирисот на нова книга ја најавува пролетта“. Годинешното издание на еден од најомилените саеми во државата, ќе се одржи од 04ти до 10ти мај, во Арена „Борис Трајковски“, каде „мирисот на нова книга“ на изложените штандови на над 50 ...

„Секоја фотографија ја гледам како еден вид загатка што треба да ја решам“. Мери Бошкоска со фотографија активно се занимава во последниве четири години откако станува член на Фото-кино клубот „Прилеп“. Фотографијата за неа претставува креативен излез од секојдневието, но и медиум преку кој станува посвесна за прекрасните мали нешта што нè опкружуваат секој ден. Работи како редовен професор на Економскиот факултет во Прилеп. „На обуките и ...

Аника има 24 години и за себе вели дека нејзиниот стил воглавно е фокусиран на улична мода, пропратена со уникатни детали. Во изминатиот период ги надградува своите вештини со тоа што активно учи да шие. Последниот нејзин проект „Перениал” е одлика на нејзината автентичност и го зацврстува нејзиниот личен израз и стил. „Перeниал“ е колекција создадена од рекреирање на веќе постоечки машки палта, трансформирани во супер модерни комплети. „Сметам ...

Како што наближува премирата на филмот на Бен Афлек „Air“ во кој глумат Мет Дејмон и Виола Дејвис, оригиналните патики се ставени на аукција. Следната недела патиките Nike Air Jordan 13s кои ги носел Мајкл Џордан во втората игра од финалето на НБА во 1998 година, познато како „последниот танц“ ќе бидат ставени на аукција од „Сотеби“ и се проценети од 2 милиони до 4 милиони долари. Ова се највредниот пар патики кој се појавил на пазарот некогаш. ...

Во КСП Центар-Јадро, на 10 април (понеделник) во 17:00 часот ќе се одржи семинар „Вовед во критичка психологија“ со со проф. др. Атанасиос Марвакис. „Семинарот на грчкиот критички психолог Атанасиос Марвакис е замислен да биде воведен дел од овогодинешната читачка група. Секој/а кој сака да слушне повеќе за критичката психологија и/или сака да биде вклучен во читачката група, го покануваме на семинарот. На читачката група ќе читаме дела од ...

Долгоочекуваната соработка помеѓу брендовите Dr. Martens и Supreme за мокасините Penton Tassel официјално глобално ќе излезе утре во САД и на 8 април во Јапонија. Направени екслузивно за Supreme, чевлите се резамислени и во нова верзија достапни во три бои, црна, сина и во животински принт. Деталите доаѓаат во форма на обложен дизајн, шевови и метални ресни прстени со врежано лого Supreme. Завршницата на чевелот се AirWair перничните ѓонови со ...

Феминистичката платформа Медуза во соработка со Тииит!Инк. известува дека се отворени апликациите за третата феминистичка школа ФЕМ 101. Школата има за цел да ги подготви учесничките и учесниците за успешно читање на феминистички наративи, аргументирано пишување и застапување преку креативен израз. Школата е составена од 5 предавања и 5 работилници, распределени низ 2 месеци, почнувајќи од 24 април 2023 година. Предавањата и работилниците се во ...

Кинескиот уметник Аи Веивеи го откри своето уметничко дело Водни лилјани #1 направено од лего коцки, со цел оддавање почит на уметникот Клод Моне како реинтерпретација на една од најпознатите слики на францускиот импресионист. Делото е најголемото уметничко дело создадено од лего коцки, долго е повеќе од 15 метри и се состои од околи 650.000 коцки лего во 22 бои. Делото ќе биде изложено во Музејот на дизајн во Лондон во склоп на изложбата „Аи ...

Тони Зен долги години е дел од македонската музичка сцена, и имавме можност да го гледаме неговото растење, развивање и созревање како артист низ неколку музички правци и албуми. Покрај одличната музика постојано е во потрага по своја подобра и покреативна верзија. Овој пат со него разговараме за новитетите со кои во моментов се занимава. Неодамна го претставивте „Omni represent“ внимателно избрани стрит парчиња, маици блузони и капи, кој е ...

Водечкиот светски продуцент и диџеј, Пол Калкбренер (Paul Kalkbrenner) пристигнува во белградската Арена, во организација на„Егзит“Фестивал и „Тумороу“конференцијата, во петок, 12 мај! Оваа мегаѕвезда на електронската музика, покрај полните стадиони и најголемите концертни сали во Европа, има запишано и настап пред повеќе од пола милион луѓе во Берлин, што гарантира дека спектаклот во големата „Штарк Арена“ќе биде една од најбараните журка оваа ...

Еден од најголемите композитори на денешницата, Рјуичи Сакамото, почина на 71-годишна возраст, по долго и тешко боледување. Рјуичи Сакамото е роден на 17 јануари 1952 година во Токио. На тамошниот Универзитет за применета уметност и музика дипломирал на отсекот композиција и етномузикологија. За време на студиите почнал да се занимава со музика. Сакамото се прослави како основач на бендот, кој ќе влезе во аналите на електронската музика, Yellow ...

На 6 април (четврток), во 20 часот ќе биде отворено 14.Биенале на млади уметници со наслов „Будења“ (Awakenings) во Музејот на современата уметност – Скопје. Годинашната тема „Будења“ ги потикнува младите уметници да ги изразат своите размислувања, дилеми, не/сигурност, не/согласувања и амбиции, на прагот пред нивното осамостојување и напуштањето на комфорната зона при соочувањето со личните и општествени промени. Куратори на изложбата се Ива ...

Дизајнерката Маја Кикириткова ја претстави нејзината нова колекција „Партизанка“ , која треба да испрати моќна порака против онлајн насилството. -Ова не е обична приказна, ова не се обични фотографии, ова е нешто што долго тлее кај мене, кај нас. Кога ги поканив Миа Костова и Александра Шијаковска да бидат дел од кампањата за најновата моја колекција, и им ја раскажав приказната, без размислување се согласија. Мојата цел беше да се поедигне ...

Погледнете го нашиот избор за книги за месец април кои може да ги најдете низ некоја од продавниците на македонски издавачки куќи. „Што ти се случило?“ – Опра Винфри и Брус Д. Пери (Арс Ламина) Бестселерот број 1 на „Њујорк тајмс“, „Што ти се случило: разговори за траумите, за отпорноста и исцелувањето“ од Опра Винфри и Брус Д. Пери деновиве излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. ...

Катарина Батута Вишекруна или Катарина Мандарина, како што е позната на „Инстаграм“, е фотографка од Србија, чии фотографии буквално се одушевувачки и го одземаат здивот. Низ своите искуства преку фотографирање на своите патувања и авантури од многу земји низ светот таа носи посебна креативност и оригиналност во визуелниот израз. Неодамна на нејзиниот профил објави неверојатни фотографии од Шар Планина под снег. Вашите фотографии од разни места ...

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица ТрансФормА, во рамките на кампањата за одбележување на 31 Март – Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица денес ќе одржи Марш за видливост на трансродовите лица, што во 16 часот, со почеток пред Владата на Република Северна Македонија. TрансФормА заедно со трансродовите лица, активистите и нивните поддржувачи се приклучува по 5 (петти) пат кон ...

Со научните истражувања денес, Диор докажува дека регенеративниот потенцијал на епидермалната цврстина може да се оживее со консолидирање на закотвувањето на матичните клетки во дермоепидермалните станици. Суперактивиран од ферментирана лонгоза и екстракт од тоскански ирис, иконскиот серум на Диор го активира потенцијалот за подмладување на кожата и станува Capture Totale Le Sérum. Изгледот на кожата, според годишната возраст, се коригира. ...

НОВАТА КОЛЕКЦИЈА „ПОСТ-РОДОВОСТ VIII“ Е ФОРМАЛНО И КОНЦЕПТНО ЕКСПЕРИМЕНТАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ НА БРЕНДОТ Со повеќе од 30 производи и вкупно 15 целосни изгледи „Лудус“ ја претставува последната колекција за есен-зима 2023/24 што е резултат на повеќегодишна интелектуална разработка на постулатите на брендот и принципите за кои се залага – безродовоста, одржливоста и еколошките аспекти, нула отпад во производството, природното боење и ревитализацијата ...

New Balance дефинитивно станува доминантен бренд во изминативе години кога станува збор за патики и улична мода. Полека но сигурно, од хипстерски бренд, пласирајќи dad sneakers премина во модерен бренд што парира на Nike и Adidas. Како и повеќето луѓе што сакаат мода и трендови, ниту нас не нѐ одмина New Balance манијата. Еве неколку модели на патики што ќе бидат пласирани оваа пролет, а ние се надеваме дека поскоро ќе можеме да најдеме дел од ...

Новиот филм “Asteroid City ” се очекува да излезе во јуни 2023, а во него ќе се појават Margot Robbie, Scarlett Johansson, Tilda Swinton, Bryan Cranston, Jeffrey Wright, Ed Norton, Adrien Brody, Liev Schreiber, Maya Hawke, Steve Carell, Hong Chau, Willem Dafoe и Jeff Goldblum. Првиот трејлер е веќе промовиран, а по него можеме да заклучиме дека освен веќе добро познатата динамика и стил на режисерот, овој пат можеме да очекуваме и нешто почудно ...

Денес, компанијата „Мотоцентар“ го презентираше новото стратешко партнерство со компанијата „ROWE“. Германскиот производител на премиум моторни масла, лубриканти за авто-мото индустријата и авто козметика, склучи со “Мотоцентар“ ексклузивно партнерство за дистрибуција на продуктното портфолио во Северна Македонија. На таков начин, преку мрежата на продажно-сервисни салони „Мотоцентар“, продуктите на „ROWE“ ќе бидат поблиску и достапни до ...

По реализацијата на едно од најдобрите национални преставувања на 59-то издание на меѓународната ликовна изложба La Biennale di Venezia 2022, со проектот „Пејзажно искуство“ на уметниците Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска, Националната галерија на Република Северна Македонија како координатор на проектот, од 30 март, 19.00 часот го претставува истиот пред македонската јавност. Мултимедијалниот проект ќе биде поставен во објектот Чифте амам, а ...

На уникатниот настан организиран од страна на Халкбанк, петмина македонски креаторки и креатори ги претставија своите уникатни модели на фустани со џебови како симбол за финансискарамноправност на жените. Во петокот, во „Дабл Три Хилтон“ (DoubleTree by Hilton), во присуство на голем број јавни личности, модни икони и жени од бизнис-заедницата во нашата земја, се одржа настан за паметење. Креативната кампања на Халкбанк, посветена на поддршката ...

На 28 март (вторник), со почеток во 21 часот, на сцената во ноќниот клуб „Станица 26“ за првпат ќе настапи младата вокалистка Натали Зарин. Ова уникатно целовечерно музичко изненадување насловено „Рапсодија 26“ е замислено како фузија на различни музички жанрови и звуци, повеќе и помалку познати на нашата сцена, обоени со иновативен призвук. „Овој музички проект нуди свеж и препознатлив звук, кој ги спојува елементите на поп, соул, електроника и ...

OX GIRLS e првата целосна женска колекција на нашата марка за улична мода, ОХ. Од почетокот на брендот во 2018 до сега, OX STREETS стана синоним за стилот на македонската streetwear сцена. Познати по унисекс парчиња инспирирани од хип-хопот, пост-модернизамот и источноевропската стрит култура, овој пат OX STREETS CO ја претопува својата специфична естетика во првата женска колекција. Минатата недела, во Кула Галеријата, во Белград, за прв пат во ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
4.63
32%
1024
weather icon

Белград

28ᴼ / 26ᴼ
2.68
42%
1026
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
1.03
39%
1026
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
36%
1026
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.11
25%
1025
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 26ᴼ
2.06
58%
1026
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
6.26
35%
1022
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
7.2
37%
1022
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
30%
1023
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 24ᴼ
3.09
36%
1025
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 27ᴼ
4.12
43%
1026
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
7.2
40%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.593

Currency

7.32137

Currency

0.62474

Currency

0.3513

Currency

0.5226

Currency

1.25919

Currency

0.58976