
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Лидерството и менаџментот се од суштинско значење за организациите бидејќи обезбедуваат постигнување на целите, ефикасно искористување на ресурсите и максимизирање на продуктивноста. Ефективните лидери и менаџери ги инспирираат и ги водат своите тимови кон успех, а истовремено обезбедуваат приоритети на задачите, делегирани одговорности и искористување на ресурсите на најефикасен и најефикасен можен начин. Без силно лидерство и менаџмент, ...
Најголемиот летен музички фестивал во Македонија, Д Фестивал, продолжува со претставување на музичките изведувачи кои ова лето ќе застанат на фестивалските бини во Дојран од 30 јуни до 2 јули 2023! Следните два потврдени изведувачи, хардкор бендот „SMUT“ (Смат) и раперката Мими Мерцедез доаѓаат од различни страни на музичката индустрија, но се подеднакво добро познати и почитувани во регионот. За еден од најценетите македонски метал-кор бендови ...
За да се запишеш на факултет, мора да ги однесеш документите во хартиена форма на студентски прашања, мора да имаш и хартиена пријава за да полагаш испит кај професор, а за да извадиш билет за бесплатен јавен превоз во ЈСП мора да однесеш хартиена потврда дека си студент. Од друга страна, користењето на дигиталните алатки во наставата е реткост, а дискусиите коишто се водеа во изминатиов период беа првенствено насочени дали ќе имаме дигитални ...
Ја прашавме Александра Шијакоска како ги поминува деновите и кои и се омилени нешта што обожава да ги прави во слободно време. Оваа година посебно уживам во спокојот на мојот дом, заедно со семејството и пријателите. Мое хоби е јавањето, а најголем сон на кој работам е сопствен ранч и коњ. Една од најдобрите одлуки беше да се преселиме во планинско село, со чист воздух, река покрај домот и звуци на природата. Не знам да готвам многу јадења, ...
Под мотото „Уметнички активизам за подигнување на свеста“, Интерарт културниот центар најавува национална турнеја „Простор за разговор – Dancing (Talking)Table“ во чиј склоп ќе се одржат перформанси, театарски претстави, дискусии и филмски проекции на темата за родова еднаквост и семејното насилство во 10 градови во земјава. Турнејата, како што информираат од Центарот ќе започне со настан во Куманово на 22 март, а ќе продолжи и во другите ...
Режисерот Квентин Тарантино како што пренесува The Hollywood Reporter го подготвува својот десетти филм, за кој како што има кажано во минатото ќе биде последен. Со години, Оскаровецот Тарантино изразувал желба да го достигне врвот на својата кариера, велејќи дека многу познати режисери го губат својот сјај подоцна во животот. Сепак, не се споменува пензионирање, а додека ја промовираше минатата година книгата „Cinema Speculation“ откри планови ...
Романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од академик Влада Урошевиќ (1934, Скопје) ја доби наградата „Роман на годината“ за 2022, која што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“. Романот е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ која го промовираше новиот, седми роман на Урошевиќ, во февруари, со истакнакнатиот театралог Јелена Лужина како ...
Македонскиот филм „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова ќе се натпреварува во официјалната главна селекција на фестивалот КинЕст фест 2023 кој ќе се одржи во Катанија, Италија. Ова е трето издание на фестивалот кој е фокусиран на кинематографијата на Источна и Централна Европа, а ќе трае од 5 април до 30 мај. Фестивалот освен филмски премиери одржува и многубројни специјални настани, работилници, настапи во живо, ретроспективи и мастеркласови ...
Сакам секојдневно да бидам опколена со моите книги и несебично да го делам личниот простор со килограми испечатена хартија; да бидам затрупана од корици; и во моментите кога се чувствувам театрално и сакам да избегам од сите придобивки на денешната цивилизација, да ме бараат низ лавиринт од моите книги што во тој момент, како лушпи од кромид, ќе ја заземат улогата што во такви моменти често им ја препишувам: улогата на неколку слоеви на мојот ...
Вашето име е синоним за добра клупска музика, техничка подготвеност и одлична забава. Што имаше најголемо влијание врз вашето растење и развивање како диџеј? Како и со секоја професија или хоби, најважниот сегмент е љубовта кон тоа го што правите. Во мојот случај, тоа е големата љубов кон музиката и посветеноста кон диџејството. Во моите почетоци времето што го поминував вежбајќи на грамофоните беше еднакво како да сум на кое било работно место, ...
– Платформата за родова еднаквост е згрозена поради најновиот скандалозен случај на жена на која поради погрешна дијагноза за рак на дојка ѝ била направена двојна масектомија, и крајно револтирана поради инертноста на надлежните институции и флагрантното кршење на законите, особено кога станува збор за груба повреда на правото на здравје. Воедно, како Платформа составена од 28 организации кои се борат за женските права и кои се во голема мера ...
Ива Христовска која твори под уметничкото име Ámika неодамна го издаде своето прво ЕП ( Extended play) насловено ,, Отров’’ Таа ни ги раскажа своите впечатоци за создавањето на ова дело. Ипито се состои од три траки. Едната е оргиналот, а другите две се ремикси на две електронски дуа. Едното електронско дуо се вика Moonwax и се состои од двајца продуценти/музичари од Амстердам, мои пријатели. А другото дуо се вика Geju од Москва, впрочем и ...
Денес (14.03.2023) во КСП Центар Јадро, со почеток од 20 часот, се отвора изложбата „За Возбудувачот“, дигитална фотографија од Лука Кекиќ. „За Возбудувачот“, проект на дигитална фотографија од Лука Кекиќ, кој ја симболизира неговата потреба за нова перспектива и неговото истражување на актуелниот свет. Изложбата е составена од фотографии чии визуелен стил е концентриран околу улична фотографија и флорална фотографија, во негативни и термички ...
Ова недела Младинскиот културен центар повторно со одлична програмска културна понуда на настани. Утре, со почеток во 20 часот, на репертоарот ќе се одигра победничката претстава на минатогодишниот 47. МОТ-фестивал, претставата „ГЛУМиЦИ“ во изведба на Артопија. Театарска претстава, која е повеќе од само изведба и говори за театарот, за сите нас во него и за неговото позиционирање во светот, за сето она за што се мечтае, за страдањето, за вербата ...
Кога хормонското контрацепциско апче беше измислено во шеесетите, претставуваше револуција за женската автономност врз сопственото тело. Апчето им ја даде на жените слободата да изберат кога сакаат да останат бремени и да родат дете, но несаканите бремености сѐ уште многу се случуваат. Скоро половина од бременостите на годишно ниво во светот се несакани. Дали тука би можела да помогне машката контрацепција? Можеби и ќе дознаеме во следната ...
Рут Картер е дизајнерката позади костимите во „Црниот Пантер“ и „Ваканда Засекогаш“, филмови кои и донесоа два Оскари за најдобра костимографија, со што стана првата црна жена која добила две награди Оскар. Гледајќи наназад, уште од 1988 година преку своето деби како костимограф во филмоѕ на Спајк Ли, „School Daze“, дизајнерката станала несопорилви сила која преку модата ги портретира минатите, сегашните и футуристичките визии на животот на ...
„Јас не ги снимам филмовите за преку нив да испраќам пораки. Испраќањето на пораки го оставам на оние на кои тоа им е работа – поштата,“ ќе истакне во една прилика познатиот италијански режисер Бернардо Бертолучи. Воопшто не би ја цитирале оваа мисла доколку истата не влегува длабоко во сржта на она кон што со децении се стреми „Божиновски часовници и накит“ – Да не продава само познати брендови на часовници и накит, туку преку нив да сервира ...
Незапирливата псај-техно хероина и една од најбараните уметници на глобалната електронска сцена, ИНДИРА ПАГАНОТО (Indira Paganotto) пристигнува за прв пат пред македонската публика и тоа како предводник на програмата на најголемиот летен музички фестивал кај нас – Д ФЕСТИВАЛ, кој ова лето ќе се одржува од 30 јуни до 2 јули во Дојран! Шпанската ѕвезда на електронската музика – Индира Паганото, е потврда дека сѐ уште е можно на сцената да се ...
Менопаузата и предменопаузата, како специфични периоди од животот на секоја жена, сè почесто се инспирација на големите козметички компании што се трудат да пронајдат производи, кои ќе ја нудат најдобрата нега на кожата на лицето и телото во овој период. Новата линија Bioten Nutri Calcium е богата со калциум, наменета е за зацврстување, затегнување и обнова на еластичноста на кожата на лицето на жените над 55 години. Калциумот ја подобрува ...
Дали некогаш ви се случило да се изгубите и запоставите на многу подлабок начин, од оној обичниот кога шетате со мрсна коса, или грозна, комфорна облека. Кога сте влезени во некоја невидлива машинерија, линија на помал отпор, кога ништо особено не ве радува, но не сте тажни, едноставно рамнодушни. Работите од секојдневието ги правите повеќе механички, на автопилот, па кога ќе ви се натрупаат непотребни обврски, дури тогаш ви текнува дека ако ...
„Сè во исто време“ доминираше на овогодишните награди Оскар освојувајќи награди во седум категории меѓу кои и онаа за најдобар филм. Драмата за едно семејство со меѓусебни проблеми, која се одвива во фантастичен мултиверзум, исто така освои награда и за најдобра актерка, најдобар режисер, најдобри споредни актер и актерка, најдобра монтажа и најдобро оригинално сценарио на 95-тото издание на Оскар. Филмот на режисерите Даниел Кван и Даниел ...
Дина Муцунска е долгогодишна вистинска инспирација за жените во бизнисот, посветена и истрајна во својата работа кон подобрување на квалитетот на животот во една заедница како и кон подобрување на туристичката понуда во Македонија. Како што вели и самата „свесните луѓе успехот веќе не го мерат преку материјалната призма на реализација, туку на кантарот на хуманоста“. Претставувате голема инспирација за многу жени кои водат свои бизниси, а во ...
Задоволство ни е да ви соопштиме дека после точно 4 години, Фанк Шуи се враќаат со самостоен концерт, на 31ви март во Денсинг салата на МКЦ! Овој концерт воедно претставува и промоција на долгоочекуваниот трет студиски албум насловен “Никогаш Пак”, во кој се наоѓаат добро познатите хитови “Крик” “Метеори”, “Ветер”, “Не Време”. Фанк Шуи најавуваат концерт од час и половина во кој покрај селекција од нивните веќе добро познати минати изданија, за ...
Утре со почеток од 12ч., во КСП Центар Јадро ќе се одржи ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ за погодените семејства од катастрофалните земјотреси во кој загинаа повеќе од 50.000 луѓе во Турција и Сирија. „КСП Центар-Јадро, како и сите останати граѓани на РСМ, со големо жалење ја прими ова траорна вест. Нашата установа која е плод на колективна грижа и солидарност, чувствува обврска да даде поддршка на тие што се најпогодени од оваа природна катастрофа. Во ова ...
Романите „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски („Три“), „Писмо за Глорија“ од Живко Грозданоски („Или или“), „Столб што пее“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“) и „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од Влада Урошевиќ („Арс Либрис“) влегоа во најтесниот избор за годинашната награда „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на ...
Патувањето на Crème De La Mer почнува кога д-р Макс Хубер претрпува несреќа – изгореница од висок степен во лабораторијата и преку тоа самиот се поттикнува да ја креира и да ја промени својата судбина. Воздухопловен физичар преку ден, ентузијаст и креативец навечер, имал надеж дека ќе ги отклучи легендарните скриени исцелувачки моќи на морето. 6.000 направени експерименти и 12 години посветено истражување го довеле до едно благородно сознание: ...
Ана Бунтеска е поетеса која со својот пишан збор допира до многумина, а со својата искреност и чист израз низ своите стихови покажува љубов, спокој, емпатија и едноставност, односно тоа што смета дека навистина им е потребно на луѓето. Поезијата отсликува еден поинаков лек за душата, ја отсликува убавината, љубовта, раѓа поинакви чувства кога се чита. Како вие се чувствувавте кога по првпат почнавте да пишувате, како изгледаа вашите почетоци? ...
Центарот на европската мрежа за размена на музички иновации – „ХЕМИ“ (Hub for the Exchange of Music Innovation – HEMI) ги соопшти деветте финалисти на годинешните „ХЕМИ“ Музички Награди, а меѓу нив, како претставник од Македонија е Дина Јашари! Финалистите во овој избор пристигнуваат од 9 држави од Централна и Југоисточна Европа: Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Македонија, Полска, Романија, Србија и Словенија. Во оваа фаза на наградите ...
Националната галерија изминативе години ја размрда уметничката и културната сцена со многу изложби и настани од познати уметници и отвори еден нов правец за македонската уметничка сцена. Директорката Дита Старова Ќерими која во моментов го има својот втор мандат несебично вложува оваа институција да расте уште повеќе, да има уште поголема посетеност и уметноста да биде достапна уште повеќе до пошироката јавност. Националната галерија изминативе ...
Во 1972 година Енди Ворхол го прашал уметникот Ричард Бернстин да биде дел од магазинот „Интервју“. Две години претходно публикацијата била сè уште во својот зачеток, разгледувана само за време на уметнички забави, но не и магазинот што подоцна ќе стане еден од најпознатите. Иконските насловни страници на Бернстин го издигнале на ново ниво магазинот, комбинирајќи колаж, фотографија и боја за да се создадат фантастичните портрети што ја ...