
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Утревечер, почнува четвртото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во организација на дискографската куќа „ПМГ Џез“ и ќе трае до 20 мај. Организаторите на фестивалот на денешната конференција за печат ја најавија програмата за трите фестивалски вечери, кои ќе се случуваат на малата сцена во Македонската филхармонија и во Младинскиот културен центар и предвидуваат најквалитетна и најразновидна програма досега и неколку промоции на нови ...
Владата донесе десет препораки за работа и однесување во училиштата со цел спречување и превенирање на врсничкото насилство. Министерот Јетон Шаќири на денешната прес-конференција ги претстави владините препораки и побара од засегнатите страни да ги почитуваат со цел во овој исклучително сензитивен период да се реагира внимателно и правилно во насока на подигнување на безбедноста во училиштата и превенирање на меѓуврсничкото насилство. 1. Им се ...
За прв пат, минатата година, домашната публикаод сите генерации беше раздвижена од дебитното издание на еден поинаков фестивал, налик на светските субкултурни конференции. Фестивалот за јапонска култура, наречен „Нихон-џи“, привлече голем број на посетители од сите сегменти на заедницата, и на огромно задоволство на организаторите, поттикна и уште едно, подобрено и пообемно издание кое оваа година ќе се одржи на 27 мај во Национална галерија ...
Претставата на Театарот за деца и младинци „Роња, ќерката на ограбувачот“ од Астрид Линдгрен, во режија на Јакуб Максимов, доби две награди на фестивалот Новосадски театарски игри во Србија. Жирито едногласно донесе одлука да ѝ додели Гран при, појаснувајќи дека „претставата е повеќеслојна во сите нејзини сегменти, и архаична и модерна и ги поседува сите потребни карактеристики за првокласна претстава”. Наградата за најдобра анимација на кукли ...
Мај го означува објавувањето на петтата капсулна колекција на Swatch Art Journey 2023 и ја отелотворува љубовта на Swatch кон врвните уметници. Колекцијата Swatch x JEAN-MICHEL BASQUIAT е енергична почит на иконскиот уметник од Њујорк кој се осмели да ги пробие границите на конвенционалната уметност и да помогне супкултурата на уличната уметност да стане критички прифатена уметничка форма. Трите часовници и специјалниот сет го доловуваат ...
Дваесет и третото издание на Недела на италијанскиот филм, посветено на темата „Бајки“, почнува денеска, а ќе трае до 21 мај. Фестивалот, организиран од Амбасадата на Италија во соработка со италијанскиот Институт за култура во Белград и Кинотеката на Република Северна Македонија, ќе биде отворен со проекцијата на филмот „Пинокио“ (2019) на режисерот Матео Гароне. Филмот е адаптација на познатиот роман „Авантурите на Пинокио – Приказна за една ...
Вечерва во МКЦ со почеток во 19 часот ќе се случи втора по ред промоција на книгата „Гаја и градината“. Книгата е заедничко дело на Ева Божиновска, авторка на текстот и ученичка во С.У.Г.С.,,Никола Карев” во Скопје, како и авторките на илустрациите Елена Апостоловска, Мирјана Спасоска и Јана Стефановска, ученички во втора година во средното уметничко училиште ДСУЛУД ,,Лазар Личеноски” во Скопје на Одделот за мултимедија. Текстот на Ева ...
Залихите на патики од 70-тите и 80-тите постојано се зголемуваат веќе неколку сезони и не губат од популарноста. Едни од моделите што постојано се обновуваат се Adidas Gazelle моделите на патики кои за прв пат се појавија во 1966 како прва Адидас патика направена од велур. Некои велат дека го смениле текот на историјата на Адидас патиките; белите линии врз превртената обоена кожа ги однесе патиките во нова повозбудлива насока од дотогашните ...
Градот Њујорк усвои закон со кој се забранува дискриминација врз основа на тежина. Градските советници кои го поддржаа законот сметаат дека луѓето со вишок килограми имаат тешкотии во рестораните и во театрите… Се истакнува дека тие лица се дискриминирани и при доделувањето велосипеди од градските власти. Од друга страна, лидерот на опозицијата во Градското собрание на Њујорк, Џозеф Борели, изјави дека е загрижен оти законот може да доведе до ...
В сабота, 13 мај, од 20 часот во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје, ќе се одржи промоција на стихозбирката „Омарнина што омалаксува“ од младата поетеса Марија Велинова, издание на ПНВ Публикации од Скопје. Книгата ќе ја промовира проф. д-р Владимир Мартиновски, а настанот ќе го модерира Јулијана Величковска. Изданието е поддржано од Министерството за култура. Владимир Мартиновски, во поговорот кон книгата ќе истакне: „Марија Велинова низ ...
Долгометражниот документарен филм „Љубовната соба“ во режија на Сузана Диневски, кој е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм, Сузи Кју продукција и Аворд филм и видео, е избран во официјалната селекција на Биг Епл Филм Фестивал, познат како BAFF во Њујорк, и ќе има проекција на 22 мај. BAFF или т.н филмски фестивал „Големото јаболко” е еден од најдобрите 25 филмски фестивали според списанието „MovieMaking“, за промовирање на ...
Првата конференција за комерцијални недвижности во Македонија се одржа вчера, 10.05.2023, во хотел Хилтон, иницирана и во организација на ФОРТОНМКА, а ко-организатор маркетинг агенцијата „Кликер маркетинг“. Истата обезбеди квалитетна платформа на која локални и меѓународни професионалци за недвижности имаа можност да се се сретнат и да разменат знаења и искуства. На првата панел дискусија, насловена „Инвестиции на пазари во развој“, се ...
Собранието вчера ја изгласа потребата од донесување на Предлог на закон за измени и дополнување на Законот за здравствено осигурување со кој се овозможува платено породилно отсуство за земјоделки, известија од Мрежа за заштита од дискриминација. Сите присутни пратеници гласаа ЗА, со што од Мрежата сметаат дека предлогот на законот успешно ќе ја помине законодавната постапка и земјоделките конечно ќе добијат системско решение за правото на ...
Вчера, 10.05.2023, во хотел Хилтон беше организирана Првата конференција за комерцијални недвижности во Македонија. Истата обезбеди квалитетна платформа на која локални и меѓународни професионалци за недвижности имаа можност да се се сретнат и да разменат знаења и искуства. Ваков тип на конференции се клучни за поттикнување насоработката, вмрежувањето и следењето на најновитетрендови и предизвици. На едно место, професионалци одлокалниот и ...
На 9мај, по повод на Денот на Европа, на Националниот сервис МРТ 1 се емитуваше првата емисија од мултимедијалниот проект ТВ Такси 28 во кој домаќини, на едно необично забавно возење по многу локации, се Ана Зафирова, Стрезо Стаматовски и Стефан Николовски. Ова е проект кој во 30 минути успешно сместува дебати на актуелните теми и информации од и за Македонија, а учеството е достапно за сите. Името на емисијата е инспирирано од симболиката на ...
Новиот проект на Matej Foltz и Young Dadi, ,,Лавиринт”, издаден под музичката продукција ZIMA Entertainment, е првата соработка помеѓу двајцата артисти, кои приватно се пријатели веќе неколку години. Инспирирани од артисти како Technotronic, Robin S. и Fatboy Slim, песната има иновативен звук кој прави кохезија од звукот на електронската и house музиката од 90тите години со модернизирана продукција и селекција на инструменти зад која стојат ...
Од 23 до 27 мај во Музејот на Скопје ќе се одржи петтото издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца и млади „Литера 2023“. Во рамки на фестивалот, ќе присуствуваат тројца илустратори и креативци од Хрватска – Доминик Вуковиќ, илустратор и автор на плакатот за „Литера 2023“, Николина Манојловиќ и Бранка Холингсворт Нара, кои преку мастеркласови и предавања ќе го пренесат своето знаење на младите илустратори кои сакаат ...
Оваа сабота (13 мај) на фестивалот ПРВО ПА ЖЕНСКО 11 ќе настапи Оља Грубиќ во продукција на ВИА НЕГАТИВА, српска уметница со перформансот Extima: Плодна почва во 20 часот во МКЦ. Билетите се по цена од 200 денари и може да се најдат на следниот линк https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1221 Како што известуваат од Тиииит! Инк., засновано на истражувањето во блискиот однос помеѓу цивилизациската логика и околината, перформансот го разгледува ...
Изложбата Во Цут – на дизајнерот Горан Костовски – Ind.o.g. ќе биде отворена на 18 Мај 2023 г. во Мобилна/Монтажна галерија на Центарот за современи уметности, локација: Парк на Франкофонијата со почеток во 18:30 часот. Изложбата “Во Цут” се состои од платна, слики и графики цртани изминативе 2 години. Таа има за цел да ја претстави пролетта и самото будење на природата. Авторот се поистоветува со будењето на природата како фаза за себе будење ...
Влезниците за 22. издание на традиционалниот ОФФ-Фест, што ќе се одржи од 7 до 10 јуни во Националната опера и балет и МКЦ, се веќе во продажба. Фестивалот годинава го сочинуваат осум концертни настапи и еден документарен филм. ОФФ-Фест 2023 ќе го отвори, на 7 јуни, импресивниот аудио-визуелен перформанс на славната португалска фадо пејачка ѕвезда MÍSIA. „Фасцинантната моќ на модерната естонска фолк кралица MARI KALKUN, во комбинација со ...
Универзитетска клиника за психијатрија – Скопје со помош на УНИЦЕФ и УСАИД изработи студија за „Менталното здравје на адолесцентите и нивните старатели за време на пандемијата Ковид-19“. Во студијата биле вклучени 506 адолесценти (31,4 проценти машки, 68,6 отсто женски) и 492 старатели (29,9 проценти машки, 70,1 отсто женски). Од вкупниот број испитани старатели, 10,4 отсто имале депресија, а 22 проценти имаат самоповредувачки мисли. ...
Од 10-ти до 13-ти мај Fashion Group и Sport Vision организираат заедничка Garage Sale распродажба во населба Аеродром, веднаш наспроти висококатниците. Во рамки на истата, познатите компании ќе понудат дел од својот асортиман по неодоливо ниски цени, сосема навреме за стилски старт на топлата сезона. Како и секогаш, брендовите на компаниите ќе понудат висококвалитетни и удобни парчиња по изненадувачко намалени цени. Сега е одлично време да ...
Нашиот успешен музички продуцент Матеј “БигСлав”Џајковски, го продолжува својот рапиден подем со последниот албум на кој работеше со р’н’б групата THEY. насловен “Nü Moon”, кој веднаш по објавувањето се рангираше на завидно место број 3 на светската iTunes Р’н’Б плејлиста. Тој се потпиша како автор и продуцент на четири песни од овој албум, со наслов Blü Moon, Lonely, Moonlight и Riptide. Успехот на албумот го прави дотолку поголем и податокот ...
Петти мај е годишнината од усвојувањето на азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо од страна на Народната влада на Народна Република Македонија во 1945 година. Овој ден се одбележува како Ден на македонскиот јазик од 2019 година со одлука на Владата. За одбележување на овој ден многу училишта, библиотеки и културни установи низ земјава денес организираа манифестации за промоција на јазикот, но и за доближување на македонската ...
Четвртото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во организација на дискографската куќа „ПМГ Џез“ ќе биде отворено на 18 мај. Трите фестивалски вечери ќе се случуваат на малата сцена во Македонската филхармонија и во Младинскиот културен центар. Организаторите предвидуваат најквалитетна и најразновидна програма досега и неколку промоции на нови музички изданија. Фестивалот е дел од програмата за размена на фестивали („FEX-Festival Exchange“) ...
Спонтаниот абортус е заедничка борба за многу жени низ светот но емотивниот аспект е често занемарен или игнориран. Француската илустраторка Матилде Лемисле сака да го скрши табуто околу спонтаниот абортус преку нејзините стрипови кои ги составила во една книга со наслов „Моите скоро ништо“. (Mes presques riens) Скоро една на десет жени во светот страда од спонтан абортус што значи дека скоро сите на планетата знаат некој што имал спонтан ...
Овој викенд имаме најава за супер журка, со која ќе се обележи една година од постоењето на Dread Space, простор што е многу повеќе од дизајнерска, концепт продавница, тоа е место каде се разменува креативна енергија, се инспирираат нови, млади артисти и се слави убавината на уникатноста. Ви ја пренесуваме нивната покана, со повик за креативна дружба и добра забава: -Yo! Не ни се верува дека пројде една година постоење на Dread Space во ...
Владата на вчерашната седница го усвои Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик чиј предлагач е Министерството за култура, пренесува Радио Моф. Со Предлог-законот се предлага да се прошират областите во кои задолжително се употребуваат македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо. Ќе се прошири опсегот на задолжително лекторирање на текстовите што се објавуваат, како и документите издадени од институциите. Задолжително ...
Неодамна од печат излезе „Прости песни [на кого помислуваш кога смртта мисли на тебе]“, стихозбирка на Александра Спасеска, во издание на ПНВ Публикации. Оваа прва стихозбирка на Спасеска содржи шеесетина песни поделени во три циклуса: „Писма до неа“, „Песни за неговата песна“ и „Земање збогум“, како и поговор од Снежана Стојчевска. За „Портрет“, Спасеска изјави дека песните во оваа стихозбирка се сублимат на дела напишани во период од околу ...
„На еден начин, се испазаривме со природата: нашите деца ќе бидат тешки за одгледување, но нивниот капацитет за ново учење ќе ги зголеми шансите за опстанок на човечкиот вид“, „Рајските змејови“, Карл Саган (слободен превод) „Цената на созревањето е да се откажеш од она што те прави да се чувствуваш безбеден, „Сенката на заборавените предци“, Карл Саган. Кога работев на мојата дипломска работа во 2016 година, разговарав со Петар Андоновски како ...