
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Лара Иванова е дефинитивно една од најуспешните млади музички артисти од домашната сцена. Со секој нов музички проект успева да го привлече целото внимание од јавноста и да го држи првото место на листата со најслушани песни. И овојпат не разочара, „Ме сакаш кога ме нема“ е ново хитовско музичко парче со атрактивен видео-запис. Целиот проект е во чекор со светските музички стандарди. Автори на текстот и на музиката се Лара Иванова и Лазар ...
Над 100 бесплатни обуки „Вештини за успех“ се реализирани во рамки на дигиталната платформа Youth Empowered на Пивара Скопје. Скоро 8000 млади и лица од ранливи категории ја имаат поминато обуката во просториите на Едукативниот центар на компанијата или по електронски пат, каде што имаа можност да ги усовршат своите комуникациски вештини, да стекнат знаења од областа на финансиите и деловното работење, да ги унапредат своите вештини за креирање ...
Започна одбројувањето на последните денови до големиот концерт на Ацо Пејовиќ којшто е закажан за 23-ти декември, односно оваа сабота во арената ,,Борис Трајковски’’, а истиот е пред распродавање, велат организаторите. Откако влезниците беа пуштени во продажба, интересот на јавноста беше голем, исто како и за претходните концерти на Ацо Пејовиќ. Така што, на три дена до стартот на концертот, останати се уште мал број на влезници, а истите можете ...
Нино Величковски имаше песна која велеше „Много лошо да си зет ама још полошо да си домазет. Оваа песна комплетно соодвествува со темата што оваа недела ја обработивме во „Нешто конкретно“. Песната е отпеана на „Тумба фест“ и се уште е актуелна за тоа што има многу зетовци што се пронаоѓаат во неа. Нино ќе каже дека да си домазет е привилегија, а песната гласи вака: Бел ден не сам ја видеа откако сам се оженија изглоѓа ме како коску тај женина ...
Оја Унустаси e центарот на вниманието како Зелиш во серијата „Срцето ми остана во Егејот“ на Дизи. Како Зелиш, таа се движи низ бурните води на љубовта, заплеткана со ликот Мустафа, нејзината поларна спротивност. Хемијата на екранот е неспорна, но кој навистина го освоил срцето на Зелиш во реалниот живот? View this post on Instagram A post shared by Oya Taşanlar (@oyaunustasi) Талентираната актерка e родена во Истанбул во 1988 година и го ...
Македонските е-трговци и оваа година ќе се натпреваруваат на изборот на најдобрите е-трговци за 2023 година „E-commerce Awards 2023“, кој Асоцијацијата за е-трговија на Македонија го организира традиционално, трета година по ред. Покрај препознавање на успешната работа на е-трговците, целта на овој избор е поттикнување и унапредување на растот и развојот на македонската е-трговија во целина. На изборот ќе се одбираат најдобрите домашни е-трговци ...
Најпопуларната македонска серија „Преспав“ започнува да се емитува од вчера (понеделник) на првиот канал на Македонската Радио телевизија во 20:15 часот. Оваа сезона има 12 епизоди кои ќе се емитуваат во понеделник, среда и петок, додека репризните изданија ќе бидат следниот ден во 15:15 часот и во недела од 14:15 часот. Во новата сезона на „Преспав“, пансионот го наоѓаме среде еколошка катастрофа. Целата сезона се случува во период на ...
Авалон продукција го претстави новиот проект на Каролина Гочева, песната ,,Дај на сунце’’, проследена со видео спот, наменета за целиот регионален маркет. Позади песната стои Дино Мухаремовиќ, автор на неколку легендарни песни, како ,,Додирни ме случајно” од Масимо Савиќ, додека аранжманот е на Дино Шукало, гитарист во бендот на Дино Мерлин и познат сараевски студиски музичар, аранжер и композитор. Песната е снимена во Сараево, во неговото ...
Најголемиот музички фестивал во нашиов регион, ЕГЗИТ Фестивал штотуку ги претстави првите 24 имиња за своето следно издание, „EXIT Starseeds“, кое го предводат поп-рап иконите и еден од најуспешните музички состави на сите времиња „Black Eyed Peas“, еден од најиновативните гитаристи на светот и движечката сила на групата „Rage Against the Machine“, Том Морело, и основоположникот на глобалниот трап звук Гучи Мејн! На Денс Арена пристигнува ...
Најавата за предновогодишниот концерт „Jingle Bells Symphony„ разбуди голем интерес кај публиката. Има уште една недела до концертот, а веќе е целосно распродаден. Музичкиот спектакл кој на 18.12.2023 ќе го приредат Sarah Mace & the Christmas Girls и Камерниот Оркестар на Битола е полн погодок за вистинско предновогодишно уживање во изведбата на светски најпопуларните Божиќни песни, јавноста тоа го препозна и картите веднаш се продадоа. ...
Двата концерта на македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески заедно со Лондонскиот симфониски оркестар и повторната соработка со прославениот диригент Џанандреа Нозеда од Италија (инаку актуелен музички директор на Националниот симфониски оркестар од Вашингтон и главен гостин-диригент на Лондонскиот симфониски оркестар), наидоа на лавина одушевувачки рецензии во најугледните лондонски медиуми, информира „КултурОп“. Имено, во две вечери ...
Со прикажувањето на најновиот филм „КАФЕ“ на иранскиот режисер Навид Михандост во петок, на 15-ти декември, во кино салата на Кинотека на Македонија, Меѓународниот филмски фестивал КИНЕНОВА Скопје директно ќе го поддржи овој ирански филмски автор, искажувајќи јавна и недвосмислена поддршка за ослободување и укинување на затворската казна, која започна да ја отслужува пред неполни два месеци, заради тенденциозното обвинение дека снимал ...
Турнејата „The Eras Tour“ на Тејлор Свифт официјално стана музичка турнеја со најголема заработка на сите времиња, станувајќи првата што надмина 1 милијарда долари приход. Турнејата, која започна во март 2023 година и треба да заврши во декември 2024 година, до денес има заработено 1,04 милијарди долари, по вкупно 151 изведба низ светот, според Полстар. Со ова беше срушен рекордот на петгодишната проштална турнеја на Елтон Џон, која заработи 939 ...
На иницијатива на г-ѓа Билјана Ангелова, сопруга на Амбасадорот на Република Бугарија во Република Северна Македонија, како дел од кампањата “Стоп за семејното насилство. Жртвите не се виновни!“, утре (12.12.2023) во точно 12 часот, на Градскиот плоштад во Скопје и на плоштадите и јавните места низ градовите ширум земјата, трета година по ред ќе се одржи едноминутен настан со кој ќе се означи поддршката на жртвите на семејното насилство. Со ...
Овој четврток, со почеток во 20 часот оркестарот на Македонската филхармонија ќе го изведе концертот насловен „Мистика“ – посветен на опусот на италијанскиот композитор Пјетро Маскањи. На програмата се Интермецо „Il sogno“ од операта „Гуљелмо Ратклиф“, Интермецо од операта „Пријателот Фриц“ и музиката за филмот „Сатанска рапсодија“ кој во соработка со Кинотеката на Р.С.Македонија паралелно ќе се прикажува во текот на изведбата. Диригент е ...
По дваесет и пет години победничката песна на Макфест 1998 година „Магија”, доби нов модерен поп звук кој веруваме дека силно ќе допре до публиката и песната ќе продолжи да живее кај младата популација. По желба на Пајак, Јован после 14 години ќе запее повторно „ќе ми треба магија…“, “но овој пат пее дека има дозвола за кола да ја повози девојката, додека пак Пајачето сеуште ја нема хаха..“ За песната е направен нов аранжман и целосна продукција ...
Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ се приклучува на Солунскиот филмски фестивал и на Меѓународната Коалиција за филмски автори во ризик изразувајќи искрена и недвосмислена поддршка за иранскиот перспективен и талентиран филмски автор Навид Михандост, кој на 20-ти август оваа година беше уапсен во Иран за да отслужува тригодишна затворска казна. Имено, во јануари 2021 година, исламскиот суд во Техеран за специјални злосторства, за ...
Во новата епизода на „Нешто конкретно“ зборуваме за предрасудите кои важат за жените. Ако не се омажила до 30 сигурно нешто и фали, ако брка кариера и е успешна тогаш сигурно мрази мажи… вакви коментари и уште многу други сигурно сте слушнале за жените кои малку повеќе отскокнуваат од она „нормалното“ во нашето општество. Ние на оваа тема одлучивме да позборуваме со Мартин Трпчевски, стендап комичарката Ивана Наскова, Ирена Спасовска и Андријана ...
Најголемата поп ѕвезда во светот е прогласена за личност на 2023 годинa. Според американскиот магазин „Тајм“, Тејлор Свифт е прогласена за личност на годината. Традиционално, магазинот избира „Личност на годината“ од 1927 година, а на листата на добитници на оваа престижна награда се светски лидери, активисти и културни икони. View this post on Instagram A post shared by TIME (@time) Свифт ја победи конкуренцијата од широк спектар на финалисти, ...
Синдикатот на холивудските актери SAG-AFTRA потпиша тригодишен договор со големите филмски студија, со што официјално заврши најдолгиот штрајк што ја парализираше филмската и телевизиската продукција шест месеци. SAG-AFTRA објави дека 78 отсто од нејзините членови со право на глас ги поддржале договорите со компании како што се Netflix Inc, Walt Disney Co и други членови на Алијансата на филмски и телевизиски продуценти (AMPTP). Склучен по 118 ...
Општина Бар за новогодишните празници во периодот од 27 декември до 2 јануари 2024 година, организира богата музичка понуда, а главна ѕвезда која ќе ги забавува гостите за дочекот на Новата година е регионалната музичка ѕвезда Лепа Брена. На промоцијата на туристичката понуда за новогодишната програма на Бар организирана од Туристичка организација од Бар и Амбасадата на Црна Гора во Република Северна Македонија, менаџерката за промоција Николета ...
Јелена Карлеуша повторно влезе во војна со траперот Игор Паниќ – Nucci, откако таа брутално одговори на прозивката што тој и ја упати во интервју за естрадниот магазин Бекстејџ. Имено, таа објави Инстаграм приказна на која испрати јасна порака, бидејќи како што вели постојано ја споменува. Неодамна во единствениот естраден магазин Бекстејџ, гостуваше српската трап-рап сензација Nucci, каде му беше поставено прашање за расправијата која ја имаше ...
Концертот на српскиот музичар Бајага и неговиот бенд „Инструктори“, кој требаше да се одржи на 9 декември во салата „Јана Сандански“ во Скопје, е одложен за 23 декември, објави „Авалон“. „За жал, во моментов сите ние oд Авалон, а сигурни сме дека и сите вие кои имате купено влезници за концертот на Бајага & Инструктори чувствуваме едно исто: дека не сме способни за било какво славење на животот и музиката оваа недела, после тажните ...
Секој од нас треба да биде гласот на промената и да одговори на повикот за колективно учество, трансформирање од пасивното прифаќање кон градење општество без штетни социјални норми и без насилство. Обединетите нации во Северна Македонија, во партнерство со Делегацијата на Европската Унија и ОБСЕ во Скопје, со учество на многубројни меѓународни и национални партнери и годинава активно се вклучија во кампањата „16 дена активизам против родово ...
Овој четврток (7 декември, 20 часот) оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт кој претставува возбудлива музичка одисеја во која класиката создава паралелна приказна на големото филмско платно. Концертот е насловен „Бесмртност“, а ќе прозвучат дела од големите класични мајстори Маскањи, Моцарт, Бетовен, Мусоргски, Штраус, Барток, Вагнер овековечени во филмските ремек -дела на браќата Коен, Скорцезе, Форман, Кјубрик, Аронофски, ...
Во рамки на неговата турнеја „Во името на љубовта“, на 13-ти април 2024-та година во „Арена Борис Трајковски“, концерт ќе одржи Жељко Самарџиќ заедно со „Пријателите“. Кога Самарџиќ ќе настапи на сцена и ќе отпее некоја љубовна песна од неговата колекција безвременски хитови, едноставно никој не може да остане имун. Концертот на 13-ти април, нема да биде како ниту еден друг досега, а публиката може да очекува вистински спектакл со времетраење ...
Одбројувањето за „99 МЕГАСТАРС“ почна. Во тек се финалните подготовки пред МЕГАден за МЕГАсреќа и „99 МЕГАСТАРС“ – денот кога ќе си ги освежиме најубавите музички спомени, но и денот кога ќе споделиме незаборавни моменти на среќа, забава, дарување… 30 ноември е ден кога среќата ќе биде насекаде, а токму таа, исто како и музиката, им дава душа на универзумот, крилја на умот, лет на имагинацијата, а магија и радост на нашите животи. Затоа ...
10 години поддршка, соработка, креативност и танц со инклузивната група на Dancers United! Секој заслужува можност да се изрази, да почувствува среќа, задоволство… Пред десет години, танцовото студио Dancers United ширум ги отвори вратите за лицата со попреченост, силно верувајќи дека секој заслужува шанса да танцува. Нашата верба, надеж, трпение и многу работа со поддршка на родителите, институциите, медиумите вродија со голем напредок во ...
Пред неколку дена на социјалните мрежи се појави слика од Јован Јованов и Пајак во студио. Фановите се запрашуваат, што ли се готви во студиото Јованови? Многумина помислија дека се работи за нова песна на Пајак во продукција на Јован, но на големо изненадување се работи за дует и тоа на ремикс на мега хитот „Магија“. Само за потсетување песната „Магија“ во изведба на група Магија беше победник на Макфест во 1998 година и сеуште се слуша по ...
Седмото издание на престижниот вински салон „Винодонија“, и годинава во елегантната атмосфера на хотелот Мериот на 8 и 9 декември (петок и сабота), ќе ги израдува сите вљубеници на оваа божја напивка а работното време во двата дена ќе биде од 15- 21.00 часот. „Винодинија“ стана традиција иако многумина ја нарекуваат- рај за хедонисти, бидејќи ја негува винската страст, промовира добри вина, настан што освен едукативен карактер со години ја ...