НАСА соопшти дека праисториското езеро кое се граничи со три држави, Северна Македонија, Грција и Албанија – Преспанско Езеро, е на патот кон исчезнување поради високите температури, загадувањето и неконтролираното пумпање на водата. Истражувањето на кое се повикува НАСА покажа дека езерото изгубило седум отсто од својата површина и половина од својот волумен помеѓу 1984 и 2020 година. Се смета дека Преспанското Езеро е дом на илјадници ...

Видео на Инстаграм уште еднаш ја потсети јавноста на безумните постапки на младите, направени само заради добивање лајкови на социјалните мрежи. Во видеото од соседна Србија, кое стана вирално, едно момче и неговиот другар се држат за задниот дел на трамвајот во Белград и потоа скокаат од него додека се движи. Момчето паднало откако скокнало, но за среќа останало неповредено. Видеото предизвика бурни реакции во јавноста бидејќи луѓето ги ...

Денеска, Здружението на џез музичари и слободни уметници (ЗЏМ) од Скопје го одржа седмото издание на целодневниот џез хепенинг во паркот Ибни Пајко, под наслов „Today It’s All About Jazz“, по повод 30 април – Меѓународниот ден на џезот. Претседателот на ЗЏМ, Гоце Стефковски, изјави дека ова година се фокусираат на претставување на повеќе македонски џез музичари, со нови проекти и соработки. Истакна дека младите музичари во Македонија имаат ...

Годинешната максима, „Сè e филм, во множина“, на ниво на синтакса, повторува една Годарова постапка: брзиот и неочекуван монтажен засек. Затоа и запирката, која не е чест гостин во слогани, тука ни се чини и сосема посакуванa. Филозофскиот филмски фестивал кој ја негува и промовира мисловната, филозофско-eстетичка димензија на седмата уметност, годинава по 13. пат ќе се одржи од 2-9 јуни во Кинотеката на С. Македонија. Во рамките на ова ...

Најновото 44. издание на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, организиран од Друштвото на филмски работници на Македонија, традиционално и оваа година ќе се оддржи во Битола во септември. Објавени се три повици за аплицирање за дел од програмите на годинешниот фестивал. Заинтересираните (студенти и искусни професионалци) може да аплицираат со кратки, студентски и документарни филмови на повикот кој ќе биде отворен до 26 јуни. ...

Во Музејот на современата уметност, вечерва во 20 часот ќе биде прикажан филмот „Годар: човекот-филм“ (Godard Cinema, 2022), со што го најавуваме годинешниот фокус на ФФФ посветен на францускиот филмски великан Жан-Лик Годар. Проекцијата воедно ја акцентира максимата на овогодишното 13. фестивалско издание којашто гласи „Сè е филм, во множина“. Годинешната максима, „Сè e филм, во множина“, на ниво на синтакса, повторува една Годарова постапка: ...

Како што пренесуваат српските медиуми, во болницата „Бежанијска коса“ во Белград денеска на 52-годишна возраст почина познатиот српски стилист и моден дизајнер Саша Видиќ. Причината за смртта се уште не е позната. Како што неофицијално дознава српскиот портал Курир, Видиќ доцна синоќа бил пронајден онесвестен во неговиот стан од двајца членови на семејството и бил донесен во болница во тешка состојба и веднаш приклучен на респиратор. Според ...

Денес, нашите домови се сè пофункционални, а домашните апарати стануваат вистински придружници на нашата секојдневна рутина. Тоа значи дека домашните апарати мора да бидат дизајнирани, не само со функционалноста на ум, туку мора да понудат вистинска, практична вредност заснована на потребите и искуствата на потрошувачите. Bespoke визија Од првото претставување на концептот Bespoke, Samsung лансираше нова ера во областа на домашните апарати. ...

Во светските медиуми во петокот се објави дека Меган Маркл, војвотката од Сасекс, има откриено шокантни детали од инцидентот за бојата на кожата на нејзиниот син, во писмо до кралот Чарлс. Оваа тема беше во фокусот на јавноста откако Меган и принцот Хари го спомнаа тоа во интервјуто со Опра Винфри во 2021 година. Во писмото, Меган наводно го спомнала и името на лицето кое ја коментирало кожата на нејзиниот син, а писмото наводно било испратено ...

Скопската зоолошка градина ја изненади јавноста со прва фотографија на бебе пингвин, првото младенче од овој вид што се роди во нашата земја. Оваа вест е поврзана со утрешното одбележување на Светскиот ден на пингвините, ден што е посветен на кревање на свеста за овие птици и нивната заштита. „Со задоволство ве информираме дека во Заливот на пингвините во Зоолошката градина, утре во 11 часот, ќе се оддржи едукативен и интерактивен час на ...

Студија објавена во Nature откри забележителни наоди за причината на побелувањето на косата. Според научниците, причината за губењето на боја на косата може да се објасни со „заглавувањето“ на матичните клетки во фоликулите на косата. Кога овие клетки не можат слободно да се движат, косата не може да созрее и нема да ја задржи својата боја. Истражувањето беше насочено кон матичните клетки на меланоцитите, кои се одговорни за производството на ...

Јагодите се познати како вкусно овошје, но исто така содржат антиоксиданти кои ги прават многу корисни за здравјето. Како извор на калиум, јагодите можат да помогнат во намалување на високиот крвен притисок. Антиоксидантите во јагодите помагаат во детоксикацијата на телото и спречуваат формирање на згрутчувања на крвта, што може да предизвика мозочен удар. Флавоноидите во јагодите имаат моќна антиканцерогена активност и се борат против ...

Луѓето се почесто се одлучуваат во своите домови да внесат уште еден член, но овој пат тоа е крзнено милениче кое дополнително го разигрува секојдневието и внесува повеќе радост во животот на сите дома. Но, со него доаѓаат и дополнителни обврски кога станува збор за одржување на чист дом и здрава средина, а специфичните потреби што ги има секој крзнен пријател, налагаат поголема грижа и повеќе обврски. Имајќи го ова на ум, компанијата Samsung ги ...

Американскиот пејач, актер и активист за граѓански права, Хари Белафонте почина на 96-годишна возраст од срцева слабост. Тажната вест ја потврди неговиот долгогодишен портпарол Кен Саншајн за The New York Times. Легендарниот музичар починал во својот дом на Менхетен. Пејачот, актер, продуцент и активист беше особено познат по популаризацијата на карипските народни песни, познати како калипсо. Бил вклучен и во различни општествени движења, ...

Холивудскиот актер Брус Вилис (68) стана дедо откако неговата ќерка Румер (34) пред неколку дена го роди девојчето Луета Исли. Румер, инаку пејачка и актерка, е ќерка на Брус и неговата поранешна сопруга Деми Мур (60), а татко на малата Лует е нејзиниот долгогодишен партнер музичарот Дерек Ричард Томас. – Луета Ајли Томас Вилис. Ти си чиста магија. Ти си повеќе од се што сме сонувале – напишаа гордите родители покрај фотографијата од малото ...

Американската актерка Зендеја Колман го промовира новиот пролетен тренд на филмскиот настан во Лас Вегас. Нејзиниот стајлинг беше креиран со врвно познавање на класичната мода и најмодерните трендови во 21 век. Најмногу внимание предизвикаа широките панталони кои одговараат на секоја фигура, а комбинирани со белите обувки создаваат убава хармонија на умерени бои. Оние кои ја следат модата веќе почнаа да се заљубуваат во овој нов пролетен тренд ...

Познатата хрватска пејачка Северина на 21 април го прослави својот 51-ви роденден, а од една од најголемите холивудски ѕвезди, Шерон Стоун, доби најубави желби и честитки. Северина сподели видео на Инстаграм каде што Шерон искажува своја поддршка и честитки за роденденот на пејачката. Северина не можеше да го крие својот ентузијазам и среќа, откако доби честитка од една од нејзините омилени светски ѕвезди. Таа ја опиша Шерон како многу паметна и ...

Бакингемската палата објави дека кралот Чарлс ќе го отвори музичкото натпреварување „Евровизија“ на 9 мај во Ливерпул. Оваа вест пристигна со големо возбудување кај фановите на музиката и на кралското семејство, а официјалната потврда беше проследена со огромно восхитување. Кралот Чарлс ќе ја има честа да ги запали светлата на евровизиската сцена, а на музичкиот натпревар ќе го прочита и својот официјален говор. Присуството на кралот Чарлс на ...

Британскиот принц Хари ќе седи далеку зад кралското семејство на крунисувањето на неговиот татко, Чарлс III, и се очекува да го напушти настанот брзо, според инсајдерот Пол Бурел. Нема шанси за помирување меѓу нив, а Хари можеби нема ни да има време да разговара со својот татко или брат за време на неговиот престој во Лондон. Местото на Хари во десеттиот ред може да му овозможи тивко и брзо да ја напушти церемонијата. Се очекува Хари да биде во ...

Универзитетот Скопје ги собра фудбалските ѕвезди од регионот на промоцијата на документарен филм за македонската легенда Дарко Панчев. Емоции, подароци, спомени од времињата кога еден од најдобрите напаѓачи во поранешна Југославија, своевремно и „Златна копачка на Европа“, Дарко Панчев, ја освои и европската клупска круна со Црвена звезда. Универзитетoт Скопје, главен покровител на документарниот филм, ги собра најголемите балкански фудбалски ...

Од 27 до 29 април, на Малата сцена на Македонскиот народен театар, ќе се одржи 16. по ред Интернационален фестивал на пантомима и физички театар „ПАНФИЗ“ 2023. На овогодишното издание на фестивалот ќе видиме три претстави од различни жанрови и од различни земји. На отворањето на фестивалот на 27 април, ќе настапи гостинот од Швајцарија, Дамир Дантес со 90-минутната пантомима, „Страдањата на Исус“, претстава која како тема ги зема најважните ...

Македонската поп-дива Калиопи Букле и познатиот српски пејач Жељко Самарџиќ ја промовираа нивната нова песна „Знам“ пред македонската публика во „Аудиокултура“ во Скопје. Присутен на настанот беше и авторот на песната, Ромео Грил. Жељко Самарџиќ истакна дека е привилегиран што успеал да сними песна со уметник како Калиопи. Песната е балада која на прво слушање го освои регионот. „Знам“ е биографска песна, а според Калиопи, тоа е повеќе од песна. ...

Холивудската актерка Џенифер Анистон и поранешниот сопруг Џастин Теру повторно се сретнаа на вечера во саботата навечер, во Њујорк, пренесуваат американските медиуми. Поранешниот пар, кој остана во пријателски односи по распадот на нивниот брак во 2018 година, уживаше на вечера заедно со нивните пријатели, актерот Џејсон Бејтман и неговата сопруга Аманда Анка. View this post on Instagram A post shared by Entertainment Tonight ...

На 18ти мај, во клубот “Станица 26”, со почеток од 21:00 часот, ќе се одржи концертна промоција на долгоочекуваниот прв албум на нашата интернационална музичка ѕвезда, RIS FLOWER, со наслов “FLOW”. Покрај авторските композиции, меѓу кои познатите “Flying to Berlin”, “Translucent”, “Light Of Your Soul” и многу други, на концертот ќе бидат промотивно изведени и кавер-хитот на Ris Flower- „Сите Мои Слики“ од „Ареа“ и официјалниот кавер на песната ...

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот Немања Гудељ очекуваат ќерка, а планираат и свадба во Севиља следната година, според вестите објавени во српските медиуми. Ражнатовиќ ќе се породи во Шпанија, каде што неодамна се пресели со својот партнер. Веста за нивната врска не беше објавена на широко, но откако медиумите ја објавија веста за бременоста, парот конечно ја потврди својата љубов. Анастасија на својот Инстаграм профил објави ...

Легендарната британска поп-група „Френки гоус ту Холивуд“ (Frankie Goes To Hollywood) се обединува повторно и ќе има настап на свеченоста на отворањето на Евровизија на 7 мај. Ова ќе биде прв настап во живо за групата во нивниот роден град Ливерпул по 36 години. Групата, која беше една од најпопуларните во Велика Британија во текот на 1980-тите, има низа од најголеми хитови како „Two Tribes“, „Relax“ и „The Power of Love“. Оригиналната постава ...

Во чест на Светскиот ден на културното наследство, министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска објави на својата фејсбук страница дека сите музеи и локалитети низ државата ќе имаат бесплатен влез на 18-ти април. Ова е одлична можност за луѓето да ги истражат и искусат богатствата на македонската култура и уметност, коишто се состојат од археолошки локалитети, музеи, збирки, галерии и многу повеќе. Според министерката Костадиновска ...

Македонската авиокомпанија „Визер“ наскоро ќе воведе четири нови авиолинии од Меѓународниот аеродром Скопје. Оваа компанија ќе добие субвенции за летовите до Љубљана, Штутгарт, Луксембург и Салцбург. Според најавите, летовите ќе стартуваат од 1 ноември и ќе се одржуваат три пати неделно. Од друга страна, авиокомпанијата „Луфтханза“ веќе од 23 април ќе лета десет пати во неделата од Скопје до Франкфурт. Конкурирајќи со другите авиокомпании, ...

Салата на Македонската филхармонија треба да остане стожер на врвовите на класичната музика. Создавањето на Национален оркестар за џез музика е добредојден чин што Македонската филхармонија го поздравува, но според нејзините зборови, сместувањето на двата музички ансамбли под еден покрив е неприфатливо поради административни и креативни причини. Македонската филхармонија тврди дека новоформираната национална установа не е компатибилна со ...

Откривањето на безвременскиот свет на класиците, но и на новите наслови на реномирани, а и на нови надежни автори во модерното доба во кое се наоѓаме, е привлечна занимација, којашто дава живот на забрзаното и навидум монотоно секојдневие. А, покрај моментите, кога дружбата со омилените книги ја пронаоѓаме во комфорот на својот дом, во природа, или во преферираниот кафе бар, со совршена атмосфера за „потонување“ во универзумот, создаден од ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
36%
1008
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.6
79%
1009
weather icon

Загреб

13ᴼ / 11ᴼ
3.6
80%
1013
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
32%
1007
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.86
58%
1007
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
84%
1014
weather icon

Атина

29ᴼ / 25ᴼ
3.13
41%
1010
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
3.09
49%
1012
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
4.63
43%
1012
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 17ᴼ
5.14
60%
1009
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
3.09
46%
1011
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 20ᴼ
5.14
47%
1009
Currency

61.525

Currency

54.1533

Currency

72.3411

Currency

34.9893

Currency

39.3371

Currency

66.0463

Currency

7.52996

Currency

0.67484

Currency

0.37844

Currency

0.52704

Currency

1.40608

Currency

0.64154

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.39

Кобалт

42.99

Никел

15352.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.47

Сребро

1050.65

Злато

107959.96

Бакар

9.23

Паладиум

31121.92

Платина

31329.90

Родиум

172810.26

Цинк

2.58