Ким Кардашијан се наоѓа на насловната страница на магазинот „GQ“. Во опсежното интервју за магазинот, ријалити ѕвездата отворено зборува за нејзиниот развод со Канје Вест, особено истакнувајќи како гледањето на разводот на нејзините родители влијаело на тоа како таа се приближувала кон својот. Ким Кардашијан има листа на титули во животот, од претприемач и старлета на социјалните мрежи до мајка, сестра и … маж. Ким е прогласена за еден од мажите ...

Фантастично дружење, многу забава, музика со која најубаво се танцува, неверојатни изненадувања и вербата дека чудата навистина постојат. Детскиот музички спектакл „Петар Пан и Дедо Мраз“ ќе се случува на 24 декември (13 часот) во Арената Борис Трајковски, што е можност сите заедно да ја испратиме старата и со Петар Пан, Ѕвончица, Венди, неговата дружина, изгубените момчиња, индијанците, пиратите, Капетан Кука и страшниот крокодил, да ја ...

Хрватската музичка ѕвезда Петар Грашо, го најави својот ексклузивен концерт во Скопје, кој ќе се одржи на 26-ти април во „Македонска Филхармонија“. Грашо несомнено важи за еден од најталентираните, но и најумерени музичари на денешницата. Апсолутно се што ќе сними и сработи прераснува во хит, па со леснотија полни концертни сали ширум регионов. Музиката е нераскинлив дел од неговата душа, а тој пак е музички илузионист, со тежина која повеќе од ...

Еден од најугледните светски медиуми, лондонски ТАЈМС излезе со максимална оценка од 5 ѕвездички и блескава критика за двојниот албум на кој нашиот пијанист од светски глас Симон Трпчески е повторно обединет со романскиот диригент Кристијан Мачелару и Симфонискиот оркестар на Западногерманското радио од Келн, Германија, во изведбата на двата концерта за пијано и оркестар од Јоханес Брамс. За албумот што деновиве го објави престижната британска ...

Комичарот Џими Кимел по четврти пат ќе биде домаќин на Оскарите, објавија организаторите на најпрестижната холивудска церемонија. -Отсекогаш сонував да бидам домаќин на Оскарите точно четири пати – се пошегува во соопштението 56-годишниот комичар и водител на американското шоу „Jimmy Kimmel Live!“. 96-тото доделување на Оскарите ќе се одржи на 10 март 2024 година. -Џими се етаблира како еден од најголемите водители на Оскар на сите времиња ...

Младиот пејач Јасмин Алиевски од Скопје неодамна промовираше ново музичко парче. Станува збор за рефрен испеан на српски јазик, кој лесно „влегува во уво“. Новата песна на Алиевски го носи насловот „Па како буде“, композиција во целост создадена од авторот Амил Лојо, кој инаку ги напиша „Kladim se na nas“, „Ne dam grijehu na tebe“ на Масимо, и многу други хитови. Ова е седма песма на пејачот, додека досегашните шест рефрени му се испеани на ...

А1 Македонија со имплементација на ESG во својата стратегија се залага за животната средина, социјалното и корпоративно управување. Како дел од своето залагање кон заедницата компанијата се вклучи во иницијативата “Social Day!” и на еден ден им ги отвори вратите на 15 млади и амбициозни средношколци кои сакаат да се запознаат со работната култура и основите на работење на една корпорација. Иницијативата е организирана од страна на Здружение на ...

Членовите на Здружението на сценаристи на Америка (WGA) одобрија нов тригодишен договор со големите студија, пет месеци откако синдикатот свика штрајк што ја наруши филмската и телевизиската продукција во Холивуд. WGA соопшти дека 99 отсто од околу 8.500 гласачи го поддржале договорот, кој обезбедува покачување на платите, некоја заштита поврзана со употребата на вештачка интелигенција и други бенефиции. „Заедно успеавме да го постигнеме она што ...

Шведската модна компанија H&M ги отвора вратите на својата втора продавница во Скопје, во Diamond Mall, на 20-ти октомври, во 11:30 часот. H&M ќе понуди модна инспирација за целото семејство на површина од 1.800 m2. На денот на големото отворање и до недела, 22 октомври, клиентите ќе имаат можност да добијат -15% попуст на целокупната куповина, и ваучер со -20% попуст на еден производ по нивниот избор, кој може да се искористи во сите ...

Камерниот ансамбл на Филхармонија – „Алтус“ в понеделник со почеток во 19 часот ќе одржи концерт под диргентската палка на маестро Паскал Галоа од Франција. Камерниот ансамбл „Алтус“ во состав Катарина Павлович – виолина, Гонца Богоромова Краповски – сопран, Елена Стојческа – флејта, Игор Иванов – кларинет, Паскал Краповски – виолончело, Маријана Николовска – пијано и Антоние Весковски – вибрафон ќе изведе дела од А.Р. Томас, Ј. М. Стауд, П. ...

Овогодинешното шоу се враќа во Париз за прв пат од 1995 година, а ќе се одржи во недела, на 5 ноември. Номинациите за MTV EMA наградите за 2023 година пристигнаа, а селекцијата исполнета со ѕвезди сигурно ќе го направи настан кој не смее да се пропушти! Оваа година, Тејлор Свифт се најде на врвот на листата со импресивни вкупно седум номинации, вклучително и за најдобар изведувач, за најдобра песна и за најдобро видео. Во меѓувреме, Оливија ...

Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид беше прогласен за „Најсекси маж на светот“ од страна на магазинот „People“ во 2015 година. Со децении, Дејвид Бекам успешно ги освојува срцата на глобалната публика, не само поради неговиот талент на фудбалските терени, туку и поради неговиот добар изглед. Дејвид Бекам (48), полираниот сопственик на фудбалски клуб денес, изгледаше сосема поинаку на почетокот на кариерата. Кога ...

Последната сезона на „The Crown“ ќе биде објавена во два дела подоцна оваа година, објави Нетфликс. Стриминг сервисот ги откри датумите на премиера на шестата и последна сезона на мегапопуларната серија (оригинално насловена „Круната“). Бидејќи финалето на серијата е поделено на два дела, првиот дел ќе излезе на 16-ти ноември, додека вториот дел ќе излезе на 14-ти декември. Сега е објавен нов тизер во кој можете да ја видите кралицата Елизабета ...

Една од водечките ИТ компании во Македонија, АССЕКО СЕЕ ДООЕЛ Скопје, која е дел од најголемата ИТ групација и пионер во развојот на банкарскиот софтвер – ASSECO SEE (АСЕЕ), објавува значајна промена во своето име. Имено, од 3 октомври 2023 година, компанијата функционира под нов правен назив – AСЕЕ ДООЕЛ Скопје, скратено AСЕЕ ДООЕЛ Скопје. Оваа промена е дел од стратегијата на групацијата ASSECO SEE за унификација на брендовите и проширување ...

Еминентни говорници од големите светски брендови Нестле („Nestlé “), Мета („Meta“), Заландо (“Zalando”), Алегро („Allegro“), Рибок („Reebok“), но и претставници од дел од најуспешните регионални е-трговци ќе бидат дел од годинашното издание на Конференцијата за е-трговија, која на 14 ноември по шести пат ќе се одржи во нашата земја, а веќе втора година со својот регионален карактер е домаќин на гости од преку 10 држави од регионот и светот. Во ...

Филмот „Барби“ заработи милијарда долари само 17 дена откако се појави во кино салите, што е првпат филм во режија на жена режисер да оствари толкав профит. „Никој освен Грета Гервиг не можеше да ја оживее оваа меѓугенерациска икона и нејзиниот свет во една толку смешна, емотивна и забавна приказна, која го обои целиот свет во розова боја“, рече Џефри Голдстајн, претседателот на дистрибуцијата во компанијата Warner Bros. Тој изјави дека долгите ...

Иако поминаа четири години од емитувањето на последната сезона, фановите сè уште не се откажаа од серијата „Mindhunter“, кој никогаш не ја доби својата некогаш најавувана трета сезона. Оваа криминална серија е огромен хит на Нетфликс од 2017 година, а откако втората сезона доби неверојатно висока оценка од телевизиските критичари, малкумина можеа да претпостават дека тоа ќе биде последната сезона од оваа сакана серија. Во јануари 2020 година, ...

Генерацијата Зи (Gen Z) веќе некое време ужива во последната генерација на паметни телефони од серијата А, а ова лето со нив ги создава незaборавните моменти и спомени на своите летни авантури. Ако се прашуваш зошто овие телефони така добро им „легнаа“ на овие млади луѓе, тоа е бидејќи овие два несекојдневни уреди го претвораат твоето секојдневие во нешто навистина несекојдневно. Еве зошто: Samsung Galaxy A54 5G и Samsung Galaxy A34 5G ...

Денес поврзаноста е сé. Без разлика дали зборуваме за приватниот или професионалниот живот, поврзаноста е потребна до тој степен, да не можеме без неа. Samsung со својата визија на иновативности, ја подигна секојдневната поврзаност на едно повисоко ниво со својот Galaxy екосистем. Секој уред од Samsung Galaxy кој го имате, самостојно претставува синоним за квалитет, но истите тие штом ги поврзете еден со друг, пред вас се отвора светот на ...

Наскоро доаѓа новата серија на Нетфликс за Дејвид Бекам, а трејлерот штотуку е објавен. Документарната серија „Бекам“ ги следи подемите и падовите во животот на Бекам – и како глобална спортска ѕвезда и како глава на едно од најпознатите семејства. „Бекам, документарна серија од четири дела, зборува за глобална фудбалска ѕвезда и културна икона. Дејвид Бекам е едно од најпознатите имиња на планетата, но малкумина знаат кој е тој навистина. Од ...

Тејлор Свифт и нејзините обожаватели успеаја да го „срушат“ дури и Google. Пејачката во соработка со „Google“ на своите обожаватели им претстави игра со зборови која мораа да ја играат за да ги дознаат имињата на нејзините досега необјавени песни кои ќе се најдат на албумот 1989 (Taylor’s Version). Според вокабуларот на Тејлор Свифт и нејзините фанови, всушност тие така треба да го отворат „сефот“. За да пристапат до играта, фановите морале да ...

Британскиот крал Чарлс III. и неговата сопруга Камила вчера пристигнаа во тридневна државна посета на Франција. Домаќин на кралската двојка беше претседателот Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит во палатата во Версај, каде подоцна беше организирана свечена вечера. Кралицата Камила пристигна во темносин фустан на Диор и носеше накит на кралицата Елизабета Втора. Нејзиниот сопруг исто така се одлучи за класична облека и носеше црн смокинг. ...

Харизматичниот турски актер, Екин Мерт Дајмаз, на македонската јавност и е многу добро познат по неговите исклучителни изведби во сериите „Бура од тајни“ и „Животот е убав“. Неговите извонредни улоги му донесоа голема препознатливост во индустријата и огромен број на обожаватели ширум целиот свет, а неговиот привлечен изглед и шармантна личност со сигурност го прават вистински срцекршач и на екранот и надвор од него. Тој секогаш плени со својот ...

Каде што се младите, таму е и забавата, а каде што е забавата, таму е новиот телефон на преклоп Samsung Galaxy Z Flip5. Сето она што го може овој телефон, сите агли од каде што фаќа кадри, феноменални селфија од блиску и од далеку се само неколку од мноштвото „зезалици“ во кои уживаат сите од Џен Зи кои го користат овој уред. Galaxy Z Flip5 – не мора да го отвораш бидејќи го има најголемиот надворешен екран од флип моделите на Samsung Овој ...

Дистописката приказна за осамено момче од шумата, кое наидува на низа предизвици и авантури, барајќи ја својата самовила, ќе го има своето премиерно киноприкажување на 5 октомври во Синеплекс. По премиерната проекција на филмот „М“ на Вардан Тозија публиката ќе може да го погледне во кино салите во Скопје и во останатите градови низ Македонија. – Од колку слоеви и да е изградена приказната, темата е секогаш базична. Секогаш постои мал зрак ...

На 6 и 7 октомври со почеток во 20.00 часот ќе се одржи премиерата на современиот балет „Сага“ . „Сага” (идентитети) е возбудливо патување низ ритамот на седмата осмина. Низ заедничка креација со Националниот балет, кореографката Рисима Рисимкин, на извонредната музика на композиторот Тони Китановски, сценографијата на Матеа Мијановиќ и костимите на Благој Мицевски, ги открива идентитетите на Црвената и Црната нишка, кои ги толкуваат ...

Под мотото „Легендите живеат вечно“, на 28-ми октомври во „Македонска филхармонија“ ќе се одржи концерт во чест на оние кои прерано си заминаа, со цел да им се одаде почит за се она што го оставија зад себе. Ја испишаа музичката историја, а можеа уште толку многу. Вечер исполнета со композиции, силни емоции, како времеплов низ македонската музичка историја, во изведба на најпопуларните македонски музички пејачи, а во придружба на Камерниот ...

Уште едно признание за „Кајмак“ на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски – ја освои Наградата на публиката на Филмскиот фестивал во Тирана, кој заврши синоќа. Најновиот филм на Манчевски минатата недела го отвори Тиранскиот фестивал, а режисерот беше пречекан со огромни почести од културната и политичка јавност на Албанија. Манчевски одржа и мастерклас на Фестивалот. Ова е четврта награда за „Кајмак“ за еден месец, откако претходно ...

Традиционалната културна манифестација „Бела ноќ“ се одржа изминатата сабота на повеќе од 18 локации низ Скопје. Скопјани и посетителите имаа можност да уживаат во музички концерти, изложби, проекции, поетски читања и перформанси. Централната манифестација се одржи пред „Порта Македонија“ каде скопјани уживаа во композициите од маестро Кире Костов, кои ќе беа изведувани од Андријана Јаневска, Наде Талевска, Дани Димитровска и Ламбе Алабаковски ...

Овој четврток со почеток во 20 часот оркестарот на Македонската филхармонија ќе ја отвори новата концертна сезона насловена „80 години-Љубов!“. Првиот концерт е насловен „Будење“ и како солист ќе настапи еден од најдобрите виолинисти на светската музичка сцена – Барнабаш Келемен од Унгарија, а диригенти е Бенџамин Шварц од Израел/САД. На програмата се Концертот за виолина и оркестар бр. 2 од Бела Барток и Извадоци од балетот „Ромео и Јулија“ од ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
36%
1008
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.6
79%
1009
weather icon

Загреб

13ᴼ / 11ᴼ
3.6
80%
1013
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
32%
1007
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.86
58%
1007
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
84%
1014
weather icon

Атина

29ᴼ / 25ᴼ
3.13
41%
1010
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
3.09
49%
1012
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
4.63
43%
1012
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 17ᴼ
5.14
60%
1009
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
3.09
46%
1011
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 20ᴼ
5.14
47%
1009
Currency

61.525

Currency

54.1533

Currency

72.3411

Currency

34.9893

Currency

39.3371

Currency

66.0463

Currency

7.52996

Currency

0.67484

Currency

0.37844

Currency

0.52704

Currency

1.40608

Currency

0.64154

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.39

Кобалт

42.99

Никел

15352.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.47

Сребро

1050.65

Злато

107959.96

Бакар

9.23

Паладиум

31121.92

Платина

31329.90

Родиум

172810.26

Цинк

2.58