
Скопје
36ᴼ /
36ᴼ



Манчестер јунајтед се очекува да заработи околу 150 милиони фунти од потенцијалната продажба на Маркус Рашфорд, Ентони, Џејдон Санчо и Алехандро Гарначо ова лето, објави „Телеграф“. Според британскиот весник Манчестер јунајтед би можел да заработи 90 милиони фунти од договорите со Рашфорд, Ентони и Санчо. Во исто време, клубот е подготвен да разгледа понуди за продажба на Гарначо доколку достигнат 60 милиони фунти. Се забележува дека Челзи и ...
Собранието на Република Македонија во среда, на 28 мај, ќе одржи седница на која прва точка на дневен ред е изборот на нов гувернер на Народната банка. Седницата е закажана за 11 часот, а за наследник на досегашната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска е предложен универзитетскиот професор Трајко Славески. Славески, кој доаѓа од Економскиот факултет, е предложен од страна на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Доколку биде избран, ќе има ...
Универзитетот Харвард поднесе тужба против администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, поради одлуката со која му се забранува да запишува странски студенти. Тужбата е поднесена денеска до федералниот суд во Бостон. Во судскиот поднесок, Харвард наведува дека владината мерка ги крши уставните права според Првиот амандман и дека таа одлука може да има „непосредни и катастрофални последици за Универзитетот и за повеќе од ...
Инцидент со насилство врз српски матурант го наруши денешното празнично дефиле на средношколци во Косовска Митровица. Според очевидци, косовски полицаец физички нападнал младо лице за време на традиционалната прослава, при што му нанел повреди на вратот. Настанот се случил во центарот на градот, додека учениците од едно српско средно училиште, во придружба на нивните професори и трубачи, парадирале низ улиците, следејќи ја матурантската ...
Силно невреме проследено со поројни врнежи од дожд и наместа град, го погоди попладнево Белград. Поплавени се голем број улици во градот како и автопат. Сообраќајот низ центарот на градот е исклучително отежнат – голем број автомобили и автобуси на градскиот превоз се заглавени, блокирани се возила на Итната медицинска помош како и на полицијата. View this post on Instagram A post shared by 192.RS (@192_rs) Големи колони возила се на правец ...
Во рамки на официјалната посета на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се одржа Првиот дијалог за безбедност и одбрана меѓу Европската Унија и Република Македонија. Дијалогот е дел од Партнерството за безбедност и одбрана, потпишано во ноември 2024 година, и означува почеток на редовни политички и експертски консултации меѓу ...
Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство денеска одржа состанок по потврдата за два случаи на мајмунски сипаници во земјава, по што донесе препорака двете лица да бидат ставени во самоизолација и под здравствен надзор. – Заболените лица се во стабилна здравствена состојба и се ставени во соодветна изолација. Истовремено, здравствените власти спроведуваат мониторинг на сите блиски контакти на заболените. Доколку кај некое од ...
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска повторно преку пренос во живо информира за нелегален ископ на песок и бесправна експлоатација на коритото на реката Вардар од фирма која, како што тврди, нема никаква лиценца и одобрение за работа. Арсовска ги повика Министерството за внатрешни работи и надлежните институции да постапат, а најави и дека ќе поднесе пријава поради заканите по нејзиниот живот и животот на нејзиното семејство ...
Градинката „Мајски цвет“ во скопската населба Тафталиџе 1 ќе биде целосно срушена, а на нејзино место ќе се изгради нова, поголема и посовремена градинка, најави денеска градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. – Општина Карпош изработи комплетен проект за уривање на постоечката градинка и изградба на нова, со поголем капацитет и повеќе занимални. Тендерот ќе се отвори на 27 мај, а преку Советот на општината издвоивме 111 милиони ...
Новата Opel Mokka беше промовирана на македонскиот пазар во својот освежен дизајн и впечатливата зелена боја „Tropical Green“, во урбаната атмосфера на кафулето Bis Bar во Скопје. Моделот беше претставен во бензинска изведба со 1.2 литарски мотор со 136 коњски сили и „GS“ ниво на опременост, а почетната цена за „Edition“ верзијата изнесува 21.990 евра. Компактна, современа и полна со стилски акценти – новата Opel Mokka пристигнува подготвена да ...
Поранешниот медицински директор на Клиниката за онкологија, д-р Нино Васев, и поранешниот организациски директор Нехат Нухи, обвинети во случајот „Онкологија“, ќе се бранат од слобода. Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука за домашен притвор за двајцата, иако Обвинителството бараше ефективен притвор поради опасност од бегство и тежината на делата за кои се товарат. „Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно ...
Пратеникот од лабуристичката партија на Западна Австралија, Кајл Мекгин, го одбележа последниот ден во парламентот пиејќи пиво од својата патика, во чин познат како „шуи“. Ова се смета за типично австралиско збогум. Пред да го стори тоа, Мекгин им се заблагодари на своите избирачи и нагласи дека е навикнат сите да го критикуваат. – Долго и напорно размислував како да го завршам овој говор и мислам дека моите избирачи во Голдфилдс ќе бидат ...
Ја дознавме Одлуката на Уставниот суд од медиумите, сѐ уште немаме добиено официјално известување. Вообичаено одлуки на Уставен суд не се коментираат, но оваа Одлука значи дека апсолутно сега се либерализира постапката за исклучување на потрошувачите од системот за топлинска енергија. Тоа може да доведе до зголемен број исклучени потрошувачи, што, пак, ќе влијае негативно на цената за топлинска енергија, односно ќе доведе до нејзино зголемување, ...
Црвениот крст соопшти дека собрал 156.542.967 денари или околу 2.545.400 евра за поддршка на настраданите од катастрофалниот пожар во Кочани што се случи над 16.03.2025 година. Заклучно со 23.05.2025 година, Црвениот крст на РСМ во неколку наврати изврши исплата на погодените семејства од пожарот во Кочани. Со овие средства досега е обезбедена финансиска поддршка на семејствата на починатите лица во вкупен износ од 52.038.593 денари. За ...
Ја дознавме Одлуката на Уставниот суд од медиумите, се уште немаме добиено официјално известување. Вообичаено одлуки на Уставен суд не се коментираат, но оваа Одлука значи дека апсолутно сега се либерализира постапката за исклучување на потрошувачите од системот за топлинска енергија. Тоа може да доведе до зголемен број исклучени потрошувачи, што, пак, ќе влијае негативно на цената за топлинска енергија, односно ќе доведе до нејзино зголемување, ...
Директорот на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, Фадил Цана, денеска информира дека синоќешниот пациент примен на нивната клиника со потврден позитивен резултат на мајмунски сипаници е во добра општа здравствена сосотоја и му се прават дополнителни иследувања. – Синоќа некаде пред полноќ се јавил пациент со резултат од Институтот за јавно здравје за потврден случај со присуство на мајмунски сипаници. Пациентот е ...
Јавното претпријатие „Комунална хигиена – Скопје“ (ЈПКХС) остро реагира на изјавите на градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, кој, според ЈПКХС, се обидува да го префрли фокусот од клучниот проблем – долг од над 7 милиони денари кој неговата општина го има кон претпријатието. „Општина Чаир има акумулирано неплатени обврски кон нашето претпријатие за услуги што редовно ги извршуваме, вклучително и чистење и одржување на јавната хигиена, во ...
Православните земји не можат да преговараат за мир на католичка платформа, рече рускиот министер за надворешни Сергеј Лавров, отфрлајќи ја подготвеноста на новиот папа Лав XIV Ватикан да биде домаќин на нова рунда мировни преговори со Украина. – Замислете го Ватикан како место за преговори, малку е неелегантно, би рекол, кога православните земји ќе разговараат за прашања поврзани со елиминирање на основните причини (за војната) врз католичка ...
Од 29 мај до 30 јуни е рокот во кој носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности, вклучително и лиценците за пробна работа треба да поднесат барање за промена на лиценцата, соопшти Регулаторната комисија за енергетика(РКЕ). Ова е обврска произлезена од новиот Закон за енергетика, која ако не се заврши на време носителите ќе ја изгубат лиценцата. „Барањето за промена ќе се смета за уредно доколку биде доставено до архивата на РКЕ, или ...
Ние се фокусираме на план А и се обидуваме тој да профукционира, кога се префрлате на план Б звучи како план А да излегува од игра, рече високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Каја Калас на заедничка прес-конференција во Владата со премиерот Христијан Мицкоски. – Работиме на тоа планот А да е успешен. Доколку не е, ќе поминеме кон следната фаза – одговори Калас на новинарско прашање дали во ЕУ работат на тоа да се ...
Од 29 мај до 30 јуни е рокот во кој носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности, вклучително и лиценците за пробна работа треба да поднесат барање за промена на лиценцата, соопшти Регулаторната комисија за енергетика(РКЕ). Ова е обврска произлегува од новиот Закон за енергетика, која ако не се заврши на време носителите ќе ја изгубат лицецата. „Барањето за промена ќе се смета за уредно доколку биде доставено до архивата на РКЕ, или ...
Има простор да се најдат механизми за да се одблокираат преговорите на Македонија за членство во ЕУ, најави денеска високата претставничка на надворешната и безбедносната политика на ЕУ, Каја Калас на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски по средбата во Владата. – Јасно е дека сакаме навистина Македонија да се придвижи по патот кон ЕУ и знаеме дека има пречки на тој пат. Тоа го дискутиравме денеска, дискутиравме за да ...
Американскиот претседател Доналд Трамп предложи САД да воведат царина од 50% на производи од Европската Унија. Тој вели дека блокот е „многу тежок за справување“ и дека создава „моќни трговски бариери, монетарни манипулации и неоправдани тужби против американски компании“. „Нашите дискусии со нив не водат никаде! Затоа, препорачувам директна царина од 50% за Европската Унија, почнувајќи од 1 јуни 2025 година. Нема царина ако производот е ...
Има простор да се најдат механизми за да се одблокираат преговорите на Македонија за членство во ЕУ, најави денеска високата претставничка на надворешната и безбедносната политика на ЕУ, Каја Калас на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски по средбата во Владата. – Јасно е дека сакаме навистина Македонија да се придвижи по патот кон ЕУ и знаеме дека има пречки на тој пат. Тоа го дискутиравме денеска, дискутиравме за да ...
Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против 56-годишниот З.Г. од Струмица, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 2 и 5, во врска со став 1 од Кривичниот законик. Како што информира МВР, пријавениот, кој бил директор на Јавното претпријатие за комунална дејност од Струмица, во текот на 2022 година за ...
Претседател на РК „Алкалоид“ Горан Минов денеска апелираше до публиката да jа покаже љубовта кон македонскиот ракомет и кон ракометниот клуб со фер и спортско навивање. – Во пресрет на финалниот ракометен напревар од ЕХФ Европскиот куп меѓу „Алкалоид“ и АЕК, упатуваме искрен апел до нашите поддржувачи – да jа покажеме љубовта кон македонскиот ракомет и кон ракометниот клуб „Алкалоид“ со фер и спортско навивање. Да навиваме со срце, да бодриме со ...
Кој што сака може да мисли за Павел Дуров, дури и дека е најголем криминалец па мора да седи во затвор во „демократска“ Франција и да чека тие да смислат обвинение, но што и да мислите не можете да му најдете замерка на кажаното апропо претседателските избори во Романија; „Не можете да ја ‘браните демократијата’ со уништување на демократијата. Не можете да се ‘борите против мешањето во изборите’ со мешање во изборите. Или имате слобода на говор ...
Реализацијата на проектите ќе биде поддржана од врвни експерти од Обединетото Кралство кои ќе осигурат квалитетната и навремена реализација на проектите, а од друга страна ќе го подигнат квалитетот на градежните компании во Македонија и ќе донесат нови знаења и искуства во земјава, вели вицепремиерот Александар Николоски во интервју за МРТВ. Тој најави дека во делот на изградба на брзата железница, ќе се добие техничка поддршка од компанија од ...
Кавадарчанец му помогнал на велешанец да влезе во домот на 55-годишник во Кавадарви и да украде 2.860 евра и 10 литри ракија, а потоа добил дел од парите, информира Министерството за внатрешни работи. Тој му кажал на велешанецот дека нема никој во домот и дека вратата е отворена. Полицијата поднесе кривични пријави за 32-годишниот Џ.Н. од Велес и за 22-годишниот Ј.Ф. од Кавадарци. Според полицискиот билтен, тие ракијата ја оставиле на кејот на ...
Има простор да се најдат механизми за да се одблокираат преговорите на Македонија за членство во ЕУ, најави денеска високата претставничка на надворешната и безбедносната политика на ЕУ, Каја Калас на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски по средбата во Владата. – Јасно е дека сакаме навистина Македонија да се придвижи по патот кон ЕУ и знаеме дека има пречки на тој пат. Тоа го дискутиравме денеска, дискутиравме за да ...