Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во декември 2025 година го повлекло обвинението против бизнисменот Цветан Панделески во предметот „Империја“, дознава БИРН. Информацијата за медиумот ја потврдил Кривичниот суд во Скопје. Обвинението го повлекол обвинителот Фатон Азизи, кој во доказната постапка оценил дека нема докази дека Панделески перел пари и измамил 150 акционери на „Бетон Штип“, меѓу кои и Кираца Трајковска, ...

Скандалот со нелегално снимање на интимни прегледи во Бугарија доби нова, сериозна димензија откако Министерството за здравство нареди итна инспекција во медицински центар во Софија, каде што камера снимила гинеколошки прегледи на десетици жени. Случајот ја вознемири јавноста и повторно го отвори прашањето за заштитата на приватноста на пациентите во здравствените установи. Камерата била поставена во аголот на лекарска ординација во филијала ...

Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид се стекна со Ниво 2-Aкредитација за управување со емисии на јаглерод на аеродроми, соопшти ТАВ. Акредитација за управување со емисии на јаглерод дава Меѓународниот совет на аеродроми (Airports Council International–ACI) во рамките на нивната глобална програма за акредитации на аеродроми за управување со јаглеродни емисии (Airport Carbon Accreditation-ACA), а како резултат на активностите преземени во ...

Сто и еден возач биле санкционирани поради непрописно вградени фолии на автомобилите во месец јануари. Контролите ги реализираше Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи. Кај сите прекршители биле утврдени неправилности поврзани со затемнувањето на стаклата. За секој случај биле изготвени соодветни поднесоци. Од МВР најавуваат дека контролите продолжуваат и во наредниот период, со апел до возачите да ги почитуваат ...

Тајван е најважното и најчувствителното прашање во односите меѓу Кина и Соединетите Американски Држави, му рекол кинескиот лидер Си Џинпинг на американскиот претседател Доналд Трамп за време на телефонскиот разговор во средата. – САД мора да се справат со прашањето за продажба на оружје на Тајван со претпазливост – предупредил Си, според кинеската државна новинска агенција Синхуа. Тој му предочил на американскиот колега дека исто како што ...

Пејачката Зејна Муркиќ стана мета на напад од страна на Евровизија Косово на мрежата „X“ поради текстот на нејзината песна „Југославија“, со која ќе се натпреварува на српскиот избор на фестивалот „Песна за Евровизија“, на кој ќе се избере претставникот на Србија за учество на Евровизискиот натпревар во мај во Виена. Песната на Зејна, како и други композиции, беа објавени на 2 февруари, а веднаш по нејзиното објавување, таа беше прогласена за ...

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на седница од сите советници побара да гласаат против одлуката од минатото за вработување на 21 лице, одлука што директно би го чинела градот 1,4 милион евра вкупно за следните 4 години. Ѓорѓиевски е дециден дека повеќе нема место за оваа наследната пракса за партиски вработувања во Град Скопје која, како што вели, е на штета на граѓаните. – Тоа се пари на граѓаните, средства со кои можеме да ...

Српската полиција уапси лице осомничено дека заедно со уште едно лице по кое се трага, во вторникот околу 04:52 часот активирале и фрлиле рачна граната во двор на семејна куќа на Дедиње, во Белград, со што предизвикале материјална штета. Тоа доцна синоќа го соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија. Медиумите во средата објавија дека бомба била фрлена врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ, кој во тој момент не бил во Србија. Никој не ...

Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“, испрати реакција во врска со вчерашната објава на политичката групација Шанса за Центар за бројот на легални објекти за игри на среќа на територијата на Општина Центар. „Легалните игри на среќа веќе со години се предмет на невидена негативна кампања во која се користат сите дозволени и недозволени средства за оцрнување и обид за нивно дефинирање како најголеми општествени ...

САД, Европската Унија и Јапонија вчера објавија воспоставување стратешко партнерство насочено кон подобрување на снабдувањето со критични минерали. Цел на партнерството е „значително да се унапреди економската и националната безбедност преку заедничко зајакнување на отпорноста на синџирите на снабдување со критични минерали“, се вели во заедничката изјава објавена по министерскиот состанок во Вашингтон. – Со развивање на овој акционен план, ...

За време на интервјуто за „In Depth With Graham Bensinger“, режисерот Џејмс Камерон откри дека неговата прва работа на голем филмски сет вклучувала дистрибуција на кокаин на продукцискиот тим. Режисерот се сети дека сè се случило додека бил сценограф во научно-фантастичниот филм од 1980 година, „Битка зад ѕвездите“. Режисерот објасни дека ја добил позицијата откако претходниот сценограф бил отпуштен на средина од снимањето. Уште првиот ден ...

Првата дама на САД, Меланија Трамп, потврди дека е во директен контакт со тимот на рускиот претседател Владимир Путин, со цел враќање на украински деца од Русија. Настапот беше краток, без детали, но со јасна порака дека процесот е активен и дека се очекуваат резултати. – Работам на тоа и сме во процес. Се надевам дека многу брзо ќе имаме успех – изјави Меланија пред новинарите во Белата куќа. Од Источното крило на Белата куќа информираа дека ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за француската телевизија „Франс 2“ изјави дека од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година загинале 55.000 украински војници. – Во Украина, официјалниот број на војници убиени на бојното поле, без разлика дали се редовни или мобилизирани, е 55.000 – истакна Зеленски. Тој додаде дека има голем број луѓе кои Украина ги смета за исчезнати. Претседателот на Украина, ...

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала (ЕМС) е почувствуван во Битола, Охрид и околните места синоќа во 23.10 часот, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентарот потекнува од соседна Република Албанија, на околу 150 километри југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7 степени. Претходно, во 19.50 часот беше почувствуван уште еден ...

„Вашингтон пост“ отпушта една третина од својата редакција и други оддели, објавија американските медиуми. Весникот започна со големи отпуштања во средата, вклучително и затворање на својата спортска рубрика, неколку странски дописници и други. Промените ги објави главниот уредник Мет Мареј за време на онлајн состанок со персоналот. Ова е голем удар за весникот, познат во историјата по своите откритија за скандалот Вотергејт, а неодамна и по ...

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала (ЕМС) е почувствуван во Битола, Охрид и околните места синоќа во 23.10 часот, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентарот потекнува од соседна Република Албанија, на околу 150 километри југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7 степени. Претходно, во 19.50 часот беше почувствуван уште еден ...

Во Владата вечерва се одржал состанок посветен на Реформската агенда, со фокус на унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на правото и подобрување на животниот стандард на граѓаните, информира премиерот Христијан Мицкоски. Како што објави Мицкоски на својата Фејсбук страница, на состанокот биле разгледани конкретни чекори за спроведување на реформите и зајакнување на институциите. „Вечерва одржавме состанок посветен на ...

И покрај молкот и минималните информации што институциите ги пласираат во јавноста околу случајот со запленетата марихуана во Србија и можната поврзаност на македонски компании, според информации до кои дојде Плусинфо, овојпат истрагата оди во поинаков правец – тивко, координирано и без компромиси. Како што дознаваме, станува збор за внимателно подготвена и затворена операција насочена кон директен удар врз мрежата на таканаречени „легални“ ...

Управувањето моторно возило без возачка дозвола е кривично дело. Согласно со законот, по наредба на Основно јавно обвинителство, Министерството за внатрешни работи има право да одземе такво возило. Ова е појаснувањето што Плусинфо го доби од извор во МВР, по дилемите што се појавија на социјалните мрежи дали возилата управувани без возачка дозвола се одземаат привремено или трајно. – За трајно конфискување одземено возило е неопходна ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц, на која било разговарано за актуелните политички процеси, реформската агенда и предизвиците во процесот на евроинтеграција на државата. Како што информира премиерот Мицкоски преку објава на социјалните мрежи, на средбата биле разменети мислења за европската перспектива на земјата, како и за клучните чекори кои ...

Времето утре облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег, информираше УХМР. Минималните утрински температури ќе се движат од 1 во Маврово до 7 во Гевгелија, а максималните дневни од 6 во Маврово и 14 Целзиусови степени во Гевгелија. Во Скопје, претежно облачно со услови повремени врнежи од дожд. Ќе дува ...

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, вечерва во емисијата „Топ тема“ на Телма остро ги критикуваше барањата на Сојузот на синдикатите на Македонија за значително зголемување на минималната плата, обвинувајќи ги за популизам и селективна загриженост за работничките права. Според Петрушевски, иако е јасно дека се потребни повисоки плати, предложеното зголемување не е вистинското решение и може да донесе сериозни негативни последици за ...

Мобилизацијата во Украина се одвива со тешкотии, бидејќи е сè потешко да се обезбеди доволен број војници на фронтот. Службениците се надеваат дека ситуацијата ќе се подобри во наредните неколку месеци. – Во четвртата година од војната, тешко е да се обезбеди потребниот број персонал на фронтот на нивото што би го сакале, со цел веднаш да се добие оперативна предност и нејзино спроведување на стратешко ниво – рече Павло Палиса, заменик-шеф на ...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија вечерва во 19 часот и 50 минути регистрира земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML3,7, чиј епицентар се наоѓа во соседна Република Грција, околу 100 километри југоисточно од Скопје. Според првичните информации од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот бил почувствуван и во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската ...

Педесет и деветгодишниот Рајан Раут е осуден на доживотен затвор за обид за убиство на поранешниот американски претседател и претседателски кандидат Доналд Трамп, на голф терен во Флорида, помалку од два месеца пред претседателските избори во 2024 година. Во септември минатата година, Раут беше прогласен за виновен за пет кривични дела на судење на кое сам се бранеше. По пресудата, тој се обиде да се прободе со пенкало во вратот, но беше брзо ...

Советот на Европската унија денеска усвои уште една клучна одлука за обезбедување заем од 90 милијарди евра за Украина, со што се отвора патот Киев да почне да ги добива средствата во второто тримесечје од годинава. Како што соопшти Советот на ЕУ, одлуката се однесува на правната рамка за заемот за оваа и следната година, со цел да се постигне брз договор со Европскиот парламент. За позицијата на Советот гласаа 24 земји-членки. Претходно, на ...

Јавниот собир над населбата Баир во Битола заврши вечерва во 18:20 часот, по што започна расчистување на поставените препреки, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Од АМСМ соопштија дека сообраќајот сè уште се пренасочува, додека екипи на ЈП „Македонија Пат“ се на терен и работат на целосно отстранување на блокадите и нормализирање на сообраќајот. Засега нема информации кога сообраќајот ќе биде целосно пуштен во двата правци. ...

Украинскиот преговарачки тим го заврши првиот ден од трилатералните разговори со Русија и Соединетите Американски Држави, кои се одржуваат во Абу Даби, со цел изнаоѓање решение за војната меѓу Украина и Русија. Информацијата ја потврди Дијана Давитјан, портпаролка на секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана Рустем Умјеров, јавува „Украинска правда“. – Преговорите се завршени за денес – изјави Давитјан, додавајќи дека ...

Инспекторите на Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) во текот на 2025 година откриле 147 компании вклучени во организирани мрежи за фиктивни трансакции, со вкупна вредност од 718,1 милион евра, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од ААДЕ, преку издавање фиктивни фактури овие компании избегнале плаќање данок на додадена вредност (ДДВ) во вкупен износ од 143,5 милиони евра. Фиктивните фактури биле регистрирани ...

Градот Скопје ќе инвестира 30 милиони денари за сериозно проширување на капацитетите на ЈП „Лајка“, со цел трајно и системско решавање на проблемот со бездомните кучиња, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Како што посочи тој, по преземањето на функцијата, завршила практиката „Лајка“ да се користи за партиски вработувања, а фокусот е ставен на создавање хумани услови и вистинска грижа за животните. – Предолго време проблемот со бездомните ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
86%
1009
weather icon

Белград

8ᴼ / 6ᴼ
6.17
67%
1008
weather icon

Загреб

7ᴼ / 1ᴼ
0.0
78%
1006
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
86%
1010
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
3.16
94%
1012
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.29
97%
1006
weather icon

Атина

9ᴼ / 6ᴼ
1.34
57%
1009
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
81%
1008
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
2.57
81%
1008
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.12
82%
1012
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
2.24
60%
1009
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
5.66
70%
1009
Currency

61.64

Currency

53.7425

Currency

71.2387

Currency

37.5607

Currency

38.9143

Currency

67.5934

Currency

7.79198

Currency

0.67251

Currency

0.3364

Currency

0.5223

Currency

1.21616

Currency

0.58046

Родиум

369733.59

Злато

161442.17

Цинк

0.00

Бакар

11.40

Рутениум

54591.97

Иридиум

259874.72

Паладиум

49383.55

Сребро

2590.59

Калај

48.18

Кобалт

3.86

Платина

65169.56

Алуминиум

3.42