Ромите кои вчера го блокираа магистралниот пат Битола–Ресен поради одземени возила, денеска повторно поставија блокади и го затворија овој патен правец, палејќи гуми, отпад и други предмети, како и претходниот ден. Од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) потврдуваат дека сообраќајот е целосно во прекин. Според нивната информација, во 14:30 часот на магистралниот пат А3 Битола – Ресен, кај населбата Баир во Битола, патниот сообраќај е запрен ...

Ченинг Тејтум сподели фотографија од болничкиот кревет додека се подготвува да оди под нож поради „раздвоено рамо“. – Уште еден ден. Уште еден предизвик. Овој ќе биде тежок – напиша актерот на социјалните мрежи покрај фотографијата. Актерот сподели и фотографии од неговите рендгенски снимки пред и по операцијата. Во првата објава, Тејтум сподели рендгенска снимка од горниот дел од раката и рамото каде што јасно може да се види дека две коски ...

Саиф ал‑Ислам Гадафи, син на поранешниот долгогодишен лидер на Либија, Муамер Гадафи, кој беше убиен во наводен атентат во неговиот дом во Зинтан, западна Либија, беше познат како една од највисоките личности во државата и потенцијален наследник на својот татко. Саиф ал‑Ислам беше препознатлива фигура во либиската политика и често присутен во дипломатските и јавните активности на семејството Гадафи, пред режимот да биде соборен на врвот на ...

Од околу 11:30 до околу 14:00 часот беше блокиран патниот правец Прилеп-Градско кај Плетвар поради протест со кој дел од ромската заедница бара укинување на законските одредби со кои се одзема возилото при возење без возачка дозвола. – Ова е мирен протест. Бараме да се укине законот и да биде како што беше досега. Да не се одземаат возилата. Нека се казнува за возење без возачка ама како досега, но со одземање на возилата ни се нанесува ...

Објавените документи за Џефри Епстин откриле мејлови што озлогласениот сексуален престапник ги разменувал со хрватскиот доктор и инвеститор и советник на Бил Гејтс, Борис Николиќ. Во нив се споменува познатата водителка Миа Ковачиќ и две хрватски модни агенции – Талија Модел и Мидикен Модел Менаџмент. Станува збор за мејлови кои биле испратени до Епстин во јануари 2014 година, а во едeн од нив, насловен како „Пријателката на мојот брат“, тој ...

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека присуството на сили на „Коалицијата на подготвените“ на територијата на Украина е „категорично неприфатливо“ и дека Москва ќе ги смета таквите контингенти за легитимна воена цел. Зборувајќи на прес-конференција, Захарова рече дека евентуалното распоредување на западни трупи, кои, според неа, би биле предводени од Велика Британија и Франција, би ...

Во текот на 2025 година се направени околу 14.000 хируршки интервенции за бенигни и за малигни тумори, од кои околу 8.000 се за ин-ситу или суспектен рак. Ова е значителен број што нашите хирурзи во Македонија успеаја да го постигнат и треба да им оддадеме признание, истакна денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски. На прес-конференцијата по повод Светскиот ден за борба против ракот – 4 февруари, Клековски ...

Маја Оџаклиевска неодамна во разговор со Отец Предраг Поповиќ искрено раскажа за најинтимните делови од својот живот, за неколку спонтани абортуси, вонматерична бременост и за тоа како конечно се остварила како мајка на 31 година кога ја родила постарата ќерка Теа. Пејачката веќе неколку години живее далеку од градскиот метеж, во мирното место Старо Село, во близина на Велика Плана кадешто се пресели од Белград и кадешто живееше со својот ...

Министерот за здравство Азир Алиу побарал да се анализираат податоците поврзани со испраќањето ткива од мозоци на македонски пациенти на американскиот Универзитет „Колумбија“ за научно истражување. Тој истакна дека како ресорно Министерство не се надлежни за истрагата, бидејќи станува збор за истражувачки проект, кој почнал во 1996 година. – За секој проект да биде почнат знаете дека има меморандум потпишан од двете страни, најверојатно меѓу ...

Министерот за здравство Азир Алиу денеска на прес конференција го промовираше новиот портал за електронска евиденција за елективни (неитни) хируршки интервенции во јавните здравствени установи. Неитните, односно елективни хируршки зафати се операции што не мора да се извршат веднаш бидејќи не претставуваат директна закана по животот или здравјето на пациентот. Станува збор за интервенции што се планираат однапред, во договор меѓу лекарот и ...

Министерот за здравство Азир Алиу вели дека во овој момент не може да открие детали во врска со истрагата за петте тони марихуана запленети во Србија, за кои се сомнева дека потекнуваат од Македонија. Како што посочи на денешната прес-конференција, работните групи на Министерството за здравство и на Министерството за внатрешни работи интензивно работат на случајот и тој не би прејудицирал кога би имало извештај за овој случај. – Ништо не ...

Главниот преговарач на Русија во разговорите со САД, Кирил Дмитриев денеска ги отфрли обвинувањата за вмешаност на руското разузнавање во скандалот со Џефри Епстин. „Очајни, морално пропаднати, лажливи левичарски елити паничат и се обидуваат да заблудат. Светот е изморен од вашите лаги и ги гледа нивните вистински намери“, објави Дмитриев на платформата Икс. Тој реагира откако полскиот премиер Доналд Туск изјави дека покојниот сексуален ...

Грантови од 5.000 до 300.000 евра за зелена трансформација на компаниите, предвидува проектот што во следните четири години ќе го спроведува Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво (ИНОВА). Проектот „тежок“ 25 милиони евра, ќе се спроведува во периодот 2026 – 2030 година и со него се очекува да бидат поддржани најмалку 300 мали, микро и средни претпријатија. Грантовата шема ќе изнесува вкупно 22 милиони евра, а ...

Во СВР Велес 60-годишна велешанка синоќа пријавила дека фирмата каде што работи била оштетена за 21.111 евра, информира МВР во дневниот билтен. Имено, фирмата извршила уплата на средствата по фактура кон деловен партнер, но откако добиле порака на електронската адреса дека уплатата не е реализирана, стапиле во контакт со банката и деловните партнери и утврдиле дека фактурата била пресретната и фалсификувана, а средствата биле уплатени на ...

Марихуана, дигитална вага, пиштол, рамка со куршуми, пари и други предмети биле пронајдени при претрес во дом на 23-годишниот Ѓ.С. од Скопје, по што тој бил лишен од слобода од полициски службеници на СВР Скопје. Претресот бил извршен со судска наредба во неговиот дом на подрачјето на Центар. Сите предмети биле одземени и обезбедени. Лицето било приведено и задржано. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок до ...

Владата има своја формула за пресметување на платите на вработените во администрацијата. Најголем дел од претставниците на синдикатите, и репрезентативните и од гранковите, се согласни со таа позиција на Владата, со неколку исклучоци. Формулата што ја нуди Владата во врска со тоа како ќе следи покачувањето на платите на административците етапно ќе значи повисоки примања за нив, а не само за онолку средства колку што ќе расте минималната ...

Извозот на македонски производи во 2025 година преку продажната мрежа на Лидл достигна 15,5 милиони евра, што е јасен показател за извозниот потенцијал на домашните производи и можноста за пласман на европските пазари што ја нуди Лидл. Ова претставува огромен раст, во споредба со 5 милиони евра извоз во 2024 година и 570 илјади евра во 2023 година. Странските пазари најголем интерес покажаа за трпезното грозје, од кое беа реализирани приходи ...

Милијардерот Нелсон Пелц зборуваше на настанот на „The Journal“, фокусиран на глобалните финансиски инвестиции, „Инвестирај во живо“ на WSJD во Вест Палм Бич и одговори на прашањето кое беше сосема надвор од темата: расправијата во семејството Бекам. 26-годишниот зет на Нелсон, Бруклин Бекам, кон крајот на минатиот месец јавно изјави на Инстаграм дека не сака да се смири со своите родители Викторија (51) и Сер Дејвид (50) и ги обвини дека ...

Премиерот Христијан Мицкоски побарал од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски жестоко да се одговори на секое згрпзување н амирот и безбедноста за да не се повтори, како што рече, дивеењето од вчера, кога припадници на ромската заедница со палење гуми, блокирање улици и закани протестираа поради одземени возила. – Разговарав денеска утрoво со министерот за внатрешни работи и она што го побарав од него за секој оној кој што го ...

По повод денот на раѓањето на големиот македонски револуционер и деец Гоце Делчев премиерот Христијан Мицкоски и делегација од владата, како и претставници на други институции и организации, положија свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште во храмот Свети Спас во Скопје. – Денеска го одбележуваме денот на раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев, човек којшто оставил нераскинлива трага и денеска се сеќаваме на неговото дело, коешто го ...

Милијардерот Нелсон Пелц зборуваше на настанот на „The Journal“, фокусиран на глобалните финансиски инвестиции, „Инвестирај во живо“ на WSJD во Вест Палм Бич и одговори на прашањето кое беше сосема надвор од темата: расправијата во семејството Бекам. 26-годишниот зет на Нелсон, Бруклин Бекам, кон крајот на минатиот месец јавно изјави на Инстаграм дека не сака да се смири со своите родители Викторија (51) и Сер Дејвид (50) и ги обвини дека ...

Затворање голем број занаетчиски дуќани и отпуштање вработени ќе предизвика зголемувањето на минималната плата на бараните 600 евра, предупреди денеска Занаетчиската комора – Скопје. Според Комората, минималната плата треба да се пресметува во согласност со законот. Ако се зголеми на 600 евра, тоа би значело голем удар поради драстичното покачување на трошоците за придонеси. – Ние не сме против зголемувањето на минималната плата, но тоа треба ...

Автомото сојузот на Македонија информира дека поради најавен јавен собир на околу 150 лица на крстосница за село Ореовец на планински превој Плетвар на магистралниот пат А1 Прилеп- Градско, патниот сообраќај е во прекин во двата правци. Протестираат лица од ромска националност поради измените на Законот за безбедност во сообраќајот, а на блокадата има поставено возила, гуми и други предмети. Исто така, кај Касарната во Кичево блокирана е една ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува новиот државен јавен обвинител, кој треба да биде избран набргу, да биде заштитник на правото и правдата и сите предмети што биле држени во фиоки да ги истражи и ако нема докази, да ги затвори, а доколку има, да оформи предмети и да ги достави до судот. – Првото нешто што треба да го направи е сите документи и случаи што се држеа во фиока да ги извади и да ги истражи. Онаму каде што нема дело и докази, да ...

Џејн Сејмур зад себе има повеќе од пет децении кариера и сè уште активно работи на многу проекти. Актерката која наскоро ќе го прослави својот 75-ти роденден, проговори за стареењето и ја откри тајната на својата самодоверба што ја одржувала со децении. – Пред сè, јас сама си ја правам косата и шминката. Сама си ја бирам облеката, разумно се хранам, никогаш не сум на луди диети и многу сум среќна. Благодарна сум што сум жива – вели таа во ...

Македонското рударство продолжува во надолна линија. Последните податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека индустриското производство расте, но истовремено единствено рударската гранка бележи огромен пад. Минусот во пресекот направен во ноември изнесуваше 4,7%, а во јануари достигнува скоро 7%. „Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, бележи ...

Светските лидери кои ќе учествуваат на самитот на Г20 во Мајами во декември годинава ќе бидат пречекани од златна статуа на американскиот претседател Доналд Трамп висока 6,7 метри, пишуваат американските медиуми. Статуата е наречена „Дон Колосус“ и ќе биде поставена, како што е планирано, во одморалиштето Трамп Нешнал Дорал, едно од централните места за самитот. Проектот е финансиран од група крипто-инвеститори, а според нив, статуата е ...

Невладината организација Human Rights Watch (HRW) предупреди дека претседателот Доналд Трамп ги турка САД кон авторитаризам, оценувајќи дека демократијата и човековите права се под сериозен напад, како на национално, така и на глобално ниво. Во својот најнов годишен извештај, организацијата наведува дека враќањето на Трамп во Белата куќа ја забрзало „експоненцијалната опаѓачка траекторија“ на човековите права, во контекст на веќе ослабените ...

Царинската управа минатата година поднела вкупно 213 кривични пријави против 443 физички и 160 правни лица до Основното Јавно Обвинителство и до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Во 196 случаи е утврдена штета врз Буџетот од 102 милиони денари или околу 1,6 милиони евра. Бројот на поднесени кривични пријави поднесен од Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги е зголемен за повеќе од двојно споредбено ...

Средбата меѓу Доналд Трамп и Густаво Петро ја смени климата по месеци жестоки јавни навреди и закани. Двајцата лидери разговараа зад затворени врати во Белата куќа и оставија впечаток на видливо подобрени односи. – Јас и Петро се сложуваме многу добро. Имавме многу добар состанок. Тој е одличен – изјави Трамп по средбата. Фотографиите од средбата прикажаа насмевки и опуштен тон. Контрастот беше остар во однос на претходните изјави кога Трамп ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1010
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
4.12
69%
1009
weather icon

Загреб

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
82%
1007
weather icon

Софија

5ᴼ / 0ᴼ
2.57
86%
1011
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.44
94%
1013
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.25
97%
1007
weather icon

Атина

9ᴼ / 6ᴼ
0.89
62%
1009
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
81%
1007
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
3.09
81%
1008
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
3.6
85%
1013
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
64%
1010
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
5.66
69%
1009
Currency

61.64

Currency

53.7425

Currency

71.2387

Currency

37.5607

Currency

38.9143

Currency

68.2617

Currency

7.79261

Currency

0.67256

Currency

0.33643

Currency

0.52523

Currency

1.21686

Currency

0.58075

Бакар

11.40

Алуминиум

3.42

Кобалт

3.86

Родиум

369733.59

Паладиум

49383.55

Калај

48.18

Сребро

2590.59

Платина

65169.56

Иридиум

259874.72

Рутениум

54591.97

Цинк

0.00

Злато

161442.17