Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2026 година, изнесуваше 49.544 денари, соопшти Државниот завод за статистика. Во однос на истиот месец лани просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 8,2 %. Ваквото зголемување во однос на ланскиот мај се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: „снабдување со вода; отстранување на отпадни води, ...

Целосно е реконструирано и пуштено во употреба одделението за Трауматологија во стара Градска болница, а во периодот кој следи ќе имаме уште многу вакви проеткти, рече премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на реконструираното одделение во Градска болница. Премиерот им се заблагодари и им честита на директорот и на вработените во оваа здравствена установа, за работата која што ја работат и за сето она коешто го прават за да корисниците на ...

На Автоматската метеоролошка станица во Штип, во 17 часот, е регистриран оркан со максимален удар на ветер од 134 км/час со правец запад-северозапад (WNW). Мониторингот на карактеристиките на ветерот се врши со специјализирани сензори и стандардни процедури, обезбедувајќи континуирани и прецизни податоци за струјното поле на ветерот. На Автоматската метеоролошка станица во Штип, во 17 часот, е регистриран оркан со максимален удар ...

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека надлежните интитуции ќе ги надоместат штетите кои ги предизвика вчерашното невреме во земјата. – Никогаш оваа Влада не ги оставила граѓаните сами да се снаоѓаат. Јас им благодарам на институциите и на градоначалниците што во текот на вечерта и веднаш после епското невреме кое што вчера го зафати Скопје излегоа на терен и ги санираа штетите заедно со институциите кои што се во нивна надлежност. И денеска ...

Американските медиуми ги објавија хонорарите што големите ѕвезди од „Одисеја“ (The Odyssey), наводно, ги добиле за филмот, наведувајќи колку заработиле по сцена. Како што се очекуваше, Мет Дејмон, кој ја има главната улога, добил најмногу пари. Најновото кинематографско дело на британскиот режисер Кристофер Нолан се прикажува во киносалите ширум светот од минатата недела (17 јули), носејќи ја на големото платно легендарната приказна за Одисеј ...

Десет мажи кои беа киднапирани беа пронајдени мртви на три локации во мексиканската држава Сакатекас. Меѓу жртвите се поранешниот градоначалник, двајца градски службеници, вклучувајќи пожарникар, и неколку локални претприемачи. Најстрашна сцена е видена на 18 јули во близина на Позо де Гамбоа во општината Пануко, каде што од мостот висеа пет полуголи тела со траги од мачење. Четири тела се оставени на влезот во градот Морелос, а едно е ...

По вчерашното невреме кое го зафати Скопје и околината, вкупно 22 лица се јавиле за преглед во ЈЗУ Универзитетска Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“. – Двајца се примени на болничко лекување. Еден е опериран во ноќните часови со скршеница во шаката. Вториот е турист, странски државјанин повреден при пад на дрво, кој е со повреда во пределот на карлицата, но не изискуваше оперативен третман – изјави директорот Небојша Настов. По ...

Македонската ватерполо репрезентација до 16 години беше катастрофално поразена од соодветната селекција на Унгарија со 41:0, на „Балкан ватерполо гејмс 2026“. Нашите млади ватерполисти ги загубија сите пет натпревари против земјите коишто играа, при што примија вкупно 138 голови, а постигнаа само седум голови на целото првенство. Беа уверливо поразени од Унгарија, Грција, Србија, Бугарија и Турција. Покрај најтешкиот пораз од Унгарија, ...

Марк Ентони и неговата сопруга Надија Фереира го добија нивното второ заедничко дете, ќерката Мајла. Пејачот среќната вест ја сподели преку фотографии со своите обожаватели на Инстаграм. – Каков голем благослов е што можеме со вас да го споделиме доаѓањето на нашата прекрасна Мајла 🤍 Не можете ни да замислите колку сме среќни дома, буквално сме во облаци! – напишаа Ентони и Фереира. View this post on Instagram A post shared by Nadia Ferreira ...

Десет мажи кои беа киднапирани беа пронајдени мртви на три локации во мексиканската држава Сакатекас. Меѓу жртвите се поранешниот градоначалник, двајца градски службеници, вклучувајќи пожарникар, и неколку локални претприемачи. Најстрашна сцена е видена на 18 јули во близина на Позо де Гамбоа во општината Пануко, каде што од мостот висеа пет полуголи тела со траги од мачење. Четири тела се оставени на влезот во градот Морелос, а едно е ...

Принцот Џорџ денеска го прославува својот 13. роденден, во период кога се подготвува за една од најголемите промени во својот живот – заминување во интернат и почеток на школувањето во престижниот колеџ Итон, каде што некогаш учел и неговиот татко, принцот Вилијам. Времето на Џорџ во училиштето Ламбрук официјално заврши на 4 јули, а наставата во Итон започнува на почетокот на септември. Така, неговиот роденден паѓа среде летниот распуст, кој ...

Во Музејот на град Скопје денеска е откриен споменик на Махатма Ганди. Откривањето на споменикот на овој духовен водач на индиската борба за независност претставува траен симбол на вредностите што ги обединуваат народите и поттик за натамошно зајакнување на пријателството меѓу Северна Македонија и Индија. Споменикот е откриен во време кога во посета на земјава е индиската претседателка Драупади Мурму која денеска заедно со претседателката ...

Вкупно 11 пациенти биле примени во Ургентниот хируршки центар по невремето што вчера го зафати Скопје, од кои тројца се здобиле со тешки телесни повреди, а осум со полесни телесни повреди. Како што информира за МИА директорот на ТОАРИЛУЦ, Игор Мерџановски, една пациентка со повреда на главата и фрактура на десната потколеница е задржана на понатамошно лекување на Клиниката за неврохирургија. На Клиниката за трауматологија е хоспитализиран и ...

По силното невреме што го зафати Скопје, припадниците на Армијата без одлагање излегоа на терен и се вклучија во расчистувањето на последиците, давајќи значаен придонес во справувањето со настанатата состојба, соопшти АРМ на својата Фејсбук-страница. „Брзата реакција, професионалноста и несебична посветеност уште еднаш ја потврдија подготвеноста на Армијата да биде со граѓаните во моменти кога е најпотребна помош“ – се вели во објавата. По ...

На социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа оштетување на часовникот на Музејот на град Скопје, кој е потсетник на катастрофалниот земјотрес кој во 1963 година во погоди главниот град. Во вчерашното невреме оштетена е стрелката која ги означува минутите. Часовникот покажува време 5 часот и 17 минути, тоа е моментот на земјотресот кога и часовникот запрел со работа. Во вчерашното невреме, како што информираше МВР, оштетени се и ...

Францускиот фудбалер Мајкл Олисе (24), репрезентативец и ѕвезда на Баерн Минхен, се најде во центарот на вниманието откако една млада жена од Диселдорф јавно изјави дека тој е татко на нејзиното 20-месечно дете. Фатима Заунбрехер (34) тврди дека Олисе никогаш не ја запознал неговата тајна ќерка, а таа решила да проговори за БИЛД по речиси две години. Заунбрехер вели дека е разочарана од фудбалската ѕвезда бидејќи иако ја признал малата Алија ...

Кејли Хотл, 18-годишна глува актерка која се здоби со популарност играјќи ја Џиа во неодамнешните филмови од франшизата „Годзила“, почина во сообраќајна несреќа во Мериленд, потврди нејзиниот татко, Џошуа Хотл кој бил информиран дека неговата ќерка е критично повредена и дека нејзиното срце застанало на пат кон болницата. Таткото ѝ се обратил на јавноста преку емотивно видео во живо на американски знаковен јазик, опишувајќи го шокот што го ...

Истражувањето на Геолошкиот завод на САД (USGS) откри дека во Апалачкиот регион би можеле да бидат скриени 2,3 милиони метрички тони економски одржлив литиум, количина која се проценува дека е доволна за да се заменат 328 години увоз на тој вреден метал во САД. Според истражувањата, се проценува дека во Јужните Апалачи има 1,43 милиони метрички тони литиум оксид, а уште 900.000 метрички тони се скриени во Мејн и Њу Хемпшир. Проценетата ...

Силното невреме кое вчера зафати делови од државата меѓу другото предизвика оштетувања и на дистрибутивната мрежа, што доведе до прекини во снабдувањето со електрична енергија кај дел од корисниците. Екипите на Електродистрибуција веднаш се мобилизираа и работат на терен со интензивно темпо, а активностите ќе продолжат без прекин сѐдо целосно санирање на сите дефекти и нормализирање на состојбата, се вели во соопштението од ...

Во услови на силно невреме, кога низ Скопје паѓаа дрвја и летаа делови од покривни конструкции, возач на автобус на ЈСП со својата смиреност и професионалност се погрижил патниците безбедно да стигнат до своите домови. За неговата постапка сведочи скопјанка која се превезувала со автобусот на линијата 65 кон Раштак. Невремето ги затекнало кај Бит-пазар, каде парчиња од околните објекти удирале во автобусот, а дрвја паѓале во непосредна ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира до Конгресот да достави на одобрување договор со Саудиска Арабија за споделување нуклеарна технологија, за кој американски медиуми посочуваат дека не содржи заштитни мерки за спречување на нејзина употреба во програми за развој на нуклеарно оружје. Станува збор за документ познат како Договор по членот 123 од американскиот Закон за атомска енергија, што минатата година го ...

Критичните минерали се од централна важност за економската конкурентност, технолошкото лидерство и геополитичката стабилност – ова се наведува во најновата анализа на Европскиот парламент насловена „Политиките на САД за критични минерали и импликациите за стратешката автономија на ЕУ“. Од друга страна, домашните власти допрва се очекува да создадат Листа на критични минерални суровини. Од оние руди за коишто е познато дека Македонија ги ...

Србинот Љубиша Каровиќ, кој беше повреден на летот од Солун кон Минхен, откако се скрши прозорец од авионот и тој беше повлечен надвор, ги опиша драматичните моменти што ги доживеал пред две недели. – Спиев. По некое време ме разбуди многу силен тресок што звучеше како експлозија на бомба. Бев свесен само еден момент, а не се сеќавам на останатото. Кога повторно се освестив, бев облеан во крв. Крв ми течеше по лицето и по рацете. Штом ги ...

Француските пратеници во вторникот усвоија закон со кој на децата помлади од 15 години им се забранува користење социјални мрежи, со што Франција стана првата земја во Европската Унија што воведе ваква целосна забрана, во време кога низ светот расте загриженоста за штетното влијание на дигиталните содржини врз децатаа. И двата дома на францускиот парламент гласаа за законот, кој е една од клучните иницијативи на вториот претседателски мандат ...

По невремето проследено со силен ветер, дожд и локални поројни врнежи, на повеќе подрачја во државата се регистрирани материјални штети, паднати дрвја, оштетени кровни конструкции, прекини во електроснабдувањето и други последици, соопшти Центарот за управување со кризи. Екипите на надлежните институции се на терен и работат на расчистување на последиците и нормализирање на состојбата. Во Скопски регион по 17 часот, преку Единствениот број за ...

Владата на седница го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, во кој се имплементираа усвоените амандмани, со кои се обезбедија дополнителни средства за жените коишто вршат земјоделска дејност, средства за воспоставување национална СОС линија за поддршка на жртвите на родово и семејно насилство, како и средства за отворање и ставање во функција на два згрижувачки центри за жртви на семејно и родово базирано насилство. ...

Општина Центар ги информира граѓаните дека средствата предвидени за субвенционирање на купување велосипеди и е-велосипеди се целосно исцрпени. Поради тоа, јавниот повик за оваа мерка повеќе не е активен и по објавување на ова известување нема да се примаат нови барања во архивата на Општина Центар. Јавниот повик за субвенционирање на велосипеди и е-велосипеди, отворен на 29.04.2026 се реализираше по принципот „прв дојден, прв услужен“, до ...

Тридневниот топлотен бран, прв за летово во Грција, се очекува да кулминира денеска со температури што во одредени делови на земјата може да достигнат и над 42 степени, додека во областа Атика, поширокиот регион на Атина, опасноста од пожари е екстремно висока, на ниво на тревога, јави дописничката на МИА од Атина. Поради високите температури што се очекуваат во текот на денешниот ден во неколку грчки области, со одлука на Министерството за ...

По серијата украински напади во Русија, ноќеска избувнаа големи пожари во неколку градови на југот на земјата. Во цел Крим нема електрична енергија. Според извештаи од социјалните мрежи, украински беспилотни летала погодиле две трафостаници, во Масандра и во Јалта. На југот на Русија, во Краснодар се погодени магацини на онлајн трговецот „Вајлдбери“, кој го нарекуваат и „руски Амазон. IT’S MARSHMALLOW TIME FELLAS! 🔥 Krasnodar, Russia, ...

Два танкери со саудиска нафта наменета за Кина и Индија го сменија курсот во Црвеното Море откако јеменските Хути, сојузници на Иран, се заканија дека ќе напаѓаат бродови што превезуваат саудиска нафта, отворајќи ново жариште во конфликтот меѓу САД и Иран. Според податоците на службите за следење на пловидбата, танкерите по натоварувањето нафта во саудиското пристаниште Јанбу на Црвеното Море, наместо кон теснината Баб ел Мандеб и Индискиот ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.0
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.51
80%
1028
weather icon

Софија

0ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.5
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
90%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.68
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
65%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
81%
1025
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
78%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
1.34
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Калај

46.54

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32