Општина Чаир денес го започна акцискиот процес за отстранување на над 200 хаварисани и напуштени возила од јавните површини, информира градоначалникот Изет Меџити. Целта, се вeли во соопштението, е ослободување на паркинг-просторот и подобрување на урбаниот ред. – Од денес ослободуваме стотици паркинг-места за граѓаните и истовремено отстрануваме долгогодишен еколошки проблем. Ова се конкретни резултати што се гледаат и се чувствуваат ...

Милијарди луѓе би можеле да останат без телевизиски преноси од Светското првенство. ФИФА сè уште нема договор за ТВ-правата во Кина и во Индија, двете најнаселени држави во светот. Преговорите со телевизиските куќи се во застој. Според светските медиуми, главна причина се високите финансиски барања на ФИФА. ФИФА бара повеќе пари? Светската фудбалска федерација сака максимална заработка од својот најголем производ. Но телевизиските компании ...

Нов случај на хантавирус е потврден во Швајцарија кај патник од крузерот „MV Hondius“. Се работи за бродот што со денови е во карантин кај Зелен ’Рт поради ширењето на опасната инфекција. Досега починаа 3 патници, додека неколку лица се евакуирани и префрлени на лекување во Европа. Светската здравствена организација потврди дека заразениот патник се јавил во болница во Цирих откако добил известување од туристичкиот оператор за епидемијата на ...

Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на член 37 став 1, во делот „родено на територијата на Република Северна Македонија“ од Законот за заштита на децата. За Судот во оваа фаза од постапката, како што информираат од Уставен, клучно е начелото на еднаквост гарантирано со член 9 од Уставот – дете чии родители се државјани на Република Северна Македонија стекнува државјанство по потекло и по таа основа мора да ги ужива истите ...

Над 1.000 сметководители и овластени сметководители од земјава и регионот, претставници на релевантни домашни институции и меѓународни организации, од академската заедница и деловниот сектор од земјава, како и студенти и средношколци, учествуваат на Третата регионална конференција, во организација на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС). Програмата на годинешната конференција, која се одржува под мотото „Генерација ...

Претседателот на САД Доналд Трамп порача дека конфликтот со Иран може да заврши доколку Техеран ги пригфати условите во меморандумот предложен од Вашингтон, а во спротивно најави поинтензивно бомбардирање. Објавата на Трамп на социјалните мрежи доаѓа во време кога двете страни се доближуваат до можен договор за примирје. Во меѓувреме стигна и првата реакција од Иран. Портпаролот на Советот за национална безбедност на Иран, Ебрахим Резаи, ...

Во едно деноноќие полицијата приведе 9 возачи низ државата. Најголем дел управувале без дозвола, додека два случаи вклучуваат алкохол и активна забрана, информираа од Министерството за внатрешни работи. Случаите се регистрирани во Скопје, во тетовско, во Куманово, во Гевгелија, во Прилеп, во Валандово и во Свети Николе. Седум возачи биле фатени без возачка дозвола. Двајца се приведени во Скопје, а по еден во тетовско, во Куманово, во ...

Седум случаи на семејно насилство биле пријавени во изминатото деноноќие, информираше полицијата. Четири лица завршиле во полициска станица, а со две лица бил извршен службен разговор, соопшти Министерството за внатрешни работи. Инцидентите се регистрирани во Штип, Скопје, Охрид, Дебар и во Прилеп. Дел од случаите вклучуваат закани, физички напади и оружје. Утрово во 05:10 часот во Штип бил приведен 38-годишен штипјанец. Според МВР, тој ја ...

Кога парите „паѓаат од небо“, тешко е да се научи да се ценат. Го знаеме ова како родители, но понекогаш забораваме дека децата треба да се научат на ова и дека нема сами да дојдат до тој заклучок. Познатиот пејач Стинг е добро свесен за ова, па затоа почнал да работи на време за да се осигури дека неговите деца не очекуваат премногу од него. И успеал во тоа. Иако сè уште ги издржува своите деца, тој не им дава неограничени средства. Кога во ...

Две дипломи на Славјанскиот универзитет се поништени, има многу нерегуларности од полагање на 14 или 17 испити во една сесија, правење несоодветни еквиваленции на четири ЕКТ системи, од еден предмет на четири ЕКТ системи признаени два со по седум ЕКТ кредити и диплома од 2016 на која има печат со Република Северна Македонија. Вие знаете дека тогаш ние го имавме нашето омилено име. Името е променето во 2018 година – изјави денеска министерката ...

САД и Иран се блиску до договор за завршување на војната, изјави добро упатен извор од Пакистан, кој посредува во преговорите. Тој го потврди пишувањето на американскиот сајт „Аксиос“ за предложениот меморандум, кој има само една страница. „Аксиос“ цитираше американски функционери. – Ќе го затвориме ова многу брзо. Се доближуваме – рече пакистанскиот извор за „Ројтерс“. Во Пакистан минатиот месец се одржа единствената средба на САД и Иран и ...

Цената на храната е зголемена под 1% во април во споредба со март 2026 година, покажуваат анализите на Владата што ги прави врз основа на добиените бројки од Државниот пазарен инспекторат – изјави премиерот Христијан Мицкоски. – Најмногу се зголемени транспортните услуги и секако тие ќе влијаат во крајниот износ на инфлацијата за април, која очекувам да излезе деновиве – рече Мицкоски. Тој посочи дека има зголемена инфлација и во еврозоната. ...

Поранешниот словенечки претседател и премиер Борут Пахор е хоспитализиран по сериозен пад од велосипед додека се спуштал по Пасја Раван во Словенија. Пахор, кој е страствен велосипедист, објави на Инстаграм дека ги скршил клучната коска и рамото. Пасја Раван е планинска област и планински превој во западна Словенија, во Полховските Доломити во близина на Љубљана. Популарен е кај велосипедистите и планинарите поради стрмните искачувања и ...

Секторот за контрола и истраги лиши од слобода три лица, меѓу кои и сопственичка на салон за убавина, осомничени за криумчарење на медицински препарати штетни по здравјето на граѓаните. Извршен е и претрес во салон за убавина, каде што се пронајдени криумчарени непроверени дермални филери и други медицински производи кои се користат за убавина, но и за редуцирање маснотии, кои сопственичката на салонот ги користела врз клиенти. Како што ...

Здружението на граѓани Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ) не го исполнило во целост договорот за снимање на 38 содржини за кои склучило договор со националниот сервис МРТВ во вредност од 150.000 евра плус 18% ДДВ до крајниот рок, 31.12.2025 година. „Треба да бидат емитувани 22 поткасти. Емитувани се 19. Договорени беа и 4 истражувачки документарни филмови. Досега се реализирани 2. Во тек е изработка на останатите содржини“, одговори ...

Цената на храната е зголемена под 1% во април во споредба со март 2026 година, покажуваат анализите на Владата што ги прави врз основа на добиените бројки од Државниот пазарен инспекторат – изјави премиерот Христијан Мицкоски. – Најмногу се зголемени транспортните услуги и секако тие ќе влијаат во крајниот износ на инфлацијата за април, која очекувам да излезе деновиве – рече Мицкоски. Тој посочи дека има зголемена инфлација и во еврозоната. ...

Министерот за труд и социјална политика Фатмир Лимани денеска изјави дека веќе извесно време не е министер на партијата Вреди, која го номинира на тоа место во владата на Христијан Мицкоски, чиј член беше како дел од Движењето Беса на Билал Касами. – Веќе некое време завршивме јас и Вреди – рече Лимани. Пред неколку недели Касами рече дека Лимани не е веќе дел од комбинаториките на Вреди. – Господинот Фатмир Лимани многу одамна ги прекина ...

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски очекува Македонија да биде меѓу првите држави на која ќе ѝ биде овозможен роаминг без дополнителни трошоци во ЕУ. Добри вести очекува на самитот ЕУ – Западен Балкан, кој ќе се одржи на почетокот на јуни во Подгорица. Според него, Македонија ќе биде меѓу првите земји со кои Европската Унија ќе потпише договор за т.н. роаминг како дома. – Има најава за почеток на преговорите, што е ...

Денес сме сведоци на еден значаен момент за македонскиот енергетски сектор. Официјално почнува тргувањето на „Пазарот во тековниот ден”- Intraday Market, организиран од страна на МЕМО. Ова не е само нова техничка алатка или уште една административна процедура. Ова е сериозен исчекор кон модерна, стабилна и европски усогласена енергетика и чекор кон интеграција со европските енергетски пазари. Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски на ...

Изгорен ресивер за активирање пиротехнички уред, црн ранец во кој имало пластично куферче со два ресивера за активирање пиротехника и батерија од 9 волти, како и кеса со неискористено пиротехничко средство пронашле обвинителите при увидот по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој настана лани на 16 март. Биле пронајдени и три празни противпожарни апарати. Јавното обвинителство на денешното рочиште за пожарот во кој загинаа 63 млади луѓе ...

Јавен обвинител од Одделението за малолетници при Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Барање за поведување подготвителна постапка до судијата за деца во Основниот кривичен суд Скопје за 4 деца во судир со законот за кои постои основано сомнение дека презеле дејствија кои во Кривичниот законик се предвидени како кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1, соопшти државното Јавно обвинителство. ...

Во моментот фокус на Владата се реформи и консолидирање, а избори ќе се одржат пролетта 2028 година, рече премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во средата во врска со вчерашната изјава дека набрзо ќе има избори. – Има некои од партиите кои што се исплашија од таа изјава, јас следам. Мојот став е дека оваа година избори нема, оваа година е реформска и година на консолидирање. Јас би сакал да имаме редовни избори кои ќе ...

Црноморскиот Басен може да се затопли за дури 4 степени Целзиусови до 2070 година, при што зголемените температури значително ќе ги засилат екстремните временски појави, предупредуваат турски експерти, пренесува Анадолија. Според Бариш Јонол од Факултетот за аеронаутика при Техничкиот универзитет во Истанбул, повисоките температури веројатно ќе доведат до поинтензивни врнежи, бидејќи топлиот воздух задржува повеќе влага. Истражувањето, ...

Кога станува збор за големи модни моменти, Бијонсе речиси никогаш не игра без концепт. Нејзиното појавување на Мет Гала повторно ја потврди таа репутација – како внимателно изграден спој меѓу мода, уметност и сценски перформанс. Во духот на темата „Fashion is Art“, Бијонсе се појави во креација што повеќе наликуваше на скулптурална конструкција околу телото, отколку на класичен фустан. Корсетот, како централен елемент, овде не е само моден ...

Поладен атмосферски фронт кој ќе се спушти од северозапад преку Алпскиот регион ќе донесе промена на временската состојба и дестабилизација на атмосферата од четврток до сабота, најави метеопрогнозерот Славчо Поповски. Времето ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Локално ќе биде нестабилно облачно, со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, електрични празнења и со град. Подетално прочитајте ТУКА. ...

Кога станува збор за големи модни моменти, Бијонсе речиси никогаш не игра без концепт. Нејзиното појавување на Мет Гала повторно ја потврди таа репутација – како внимателно изграден спој меѓу мода, уметност и сценски перформанс. Во духот на темата „Fashion is Art“, Бијонсе се појави во креација што повеќе наликуваше на скулптурална конструкција околу телото, отколку на класичен фустан. Корсетот, како централен елемент, овде не е само моден ...

Француската бродска група CMA CGM објави дека еден од нејзините бродови, „Сан Антонио“, бил нападнат вчера додека минувал низ Ормускиот Теснец. Компанијата, третиот најголем носач на контејнери во светот, соопшти дека членови на екипажот се повредени во нападот и дека бродот бил оштетен. „CMA CGM внимателно ја следи ситуацијата и останува целосно ангажирана со екипажот“, соопшти компанијата. Податоците за следење на бродовите покажуваат дека ...

Забележан е раст од околу 120% на трансакциите на платформата за интероперабилност, информира денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Тоа, според него, покажува дека институциите сè повеќе ги користат дигиталните канали за размена на податоци и дека системот постепено станува реална поддршка за поефикасна администрација. -Интероперабилноста не е само технички проект. Таа е економска мерка, мерка за подобра деловна ...

Во гостување во емисијата Топ Тема на Телма ТВ, претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, се осврна на заминувањето на пратеникот Миле Цеков, оценувајќи дека станува збор за личен чин кој не ја нарушува стабилноста на партијата. Тој посочи дека оддалечувањето на Цеков било процес кој подолго време бил видлив, нагласувајќи дека ваквиот исход не е изненадување. – Пратеникот Цеков веќе подолго време не учествуваше ...

На годинашното издание на Мет Гала 2026, едно од најнеобичните модни појавувања беше она на Ајлин Гу – девојка која не е само модна ѕвезда, туку и една од најуспешните скијачки во светот. Таа е олимписка шампионка во слободно скијање, родена во САД, но настапува за Кина. Освен спортската кариера, Ајлин е и модел и редовно соработува со големи модни куќи, па веќе неколку години е дел од најголемите модни настани. Токму нејзиниот изглед оваа ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.24
66%
1022
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.13
66%
1022
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
0.31
70%
1023
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
2.01
55%
1023
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.38
86%
1020
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 14ᴼ
0.88
69%
1021
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
0.89
59%
1012
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
69%
1017
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
4.79
56%
1020
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 13ᴼ
4.47
94%
1019
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 15ᴼ
2.68
64%
1021
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 20ᴼ
3.94
98%
1015
Currency

61.635

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Сребро

2072.63

Бакар

12.52

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.48

Платина

53756.05

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Злато

131337.93

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Паладиум

39545.42

Калај

51.97