Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето денеска ќе биде претежно облачно, со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и ќе наврнат над 20 литри на квадратен метар. Ќе има и појава на грмежи, предупреди Управата за хидрометеоролошки работи. Потоа следува период на променливо облачно време со сончеви периоди, попладне ќе биде нестабилно со честа појава на локални врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат ...

Кога станува збор за шминка, понекогаш се потребни само неколку внимателно избрани производи за да се постигне свеж, уреден и впечатлив изглед. Без разлика дали се подготвувате за работен ден, вечерно излегување или само сакате малку повеќе сјај во секојдневието, во dm можете да најдете голем избор на шминки и додатоци за шминкање по секогаш поволни цени. Под слоганот „Мојот WOW ефект – секогаш со мене“, со секоја сметка над 999 денари за ...

Во Скопје утрово започна „Генералка викенд“, најголемата национална, волонтерска еколошка акција, во рамки на која илјадници граѓани чистат јавни простори во сите општини низ државата. Акцијата, која се одржува шеста година по ред, има цел да ја подигне јавната свест за заштита на животната средина и одговорно управување со отпадот, со активно вклучување на граѓани, институции, училишта и компании. Настанот во Скопје го отвори претседателката ...

Колумбиската ѕвезда Шакира на социјалните мрежи објави дел од официјалната химна „Дај, дај“ (Puntería), наменета за претстојното Светско фудбалско првенство што ќе се одржи во Мексико, САД и Канада. Таа најави дека целата песна ќе биде промовирана на 14 мај, со пораката „Подготвени сме“, а во проектот е вклучен и нигерискиот пејач, текстописец и продуцент Бурна Бој. View this post on Instagram A post shared by Shakira (@shakira) Пејачката ...

Референтната вредност на светските цени на прехранбените производи се зголеми во април трет месец по ред, поради зголемените трошоци за енергија и нарушувањата предизвикани од конфликтот на Блискиот Исток, според најновото соопштение на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Индексот на цените на храната на ФАО, кој ги следи месечните промени во меѓународните цени на кошничка со глобално тргувани прехранбени ...

„СДСМ му честита на Румен Радев за изборот за премиер на Република Бугарија. Се надеваме дека новата бугарска влада ќе покаже конструктивен и разумен пристап кон Северна Македонија, со цел градење добрососедски односи кои ќе бидат во интерес на граѓаните и на двете држави, без какво било загрозување на македонскиот национален идентитет, јазик и култура“ – напиша лидерот на СДСМ Венко Филипче во својата честитка на Фејсбук за новоизбраната ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска изјави дека укинувањето на балансерот било неопходно поради коруптивните ризици што ги создавал. – Не мислам дека воопшто станува збор за уривање, бидејќи балансерот, таков каков што беше, суштински водеше кон корупција и криминализација. Назначувањето на највисоките позиции беше лоцирано во рацете на поединци и тие стекнуваа енормна, речиси султанска моќ. Не го укинавме балансерот затоа што ...

Портпаролката на Белата куќа Каролин Левит, која на 28 години стана најмладата секретарка за печат во историјата на Белата куќа, на социјалните мрежи сподели фотографија од своето второ дете – ќерката по име Вивијана. – На 1 мај, Вивијана, или Виви, се придружи на нашето семејство и нашите срца веднаш се исполнија со љубов. Таа е совршена и здрава, а нејзиниот постар брат среќно се адаптира на животот со новата сестра. Уживаме во секој момент ...

По долго боледување, на 53-годишна возраст почина новинарката на МИА Ирена Радовановиќ, една од препознатливите фигури во македонското новинарство, особено во областа на внатрешната политика. Новинарската кариера ја започна во неделникот „Фокус“ во 1991 година каде работела до 2001 година, по што продолжува во „Вечер“ како новинар во внатрешно-политичката рубрика. Во 2004 станува дел од редакцијата на „Нова Македонија“, а од 2006 и 2007 на ...

Музејот на Македонија организира работилници наменети за пензионери во кои ќе се моделира со глина. Работилниците ќе се одржуваат секој вторник од 10 часот. Бројот на учесници е ограничен на 15 лица. Од Музејот велат дека тоа ќе биде можност за убаво поминато време, разговор, игра и креативно изразување. Учесниците ќе имаат можност да моделираат и да бојат глина и глинени садови и да играат домино со музејски предмети. – Овие активности ...

Танкер за нафта во кинеска сопственост е нападнат во понеделникот во близина на Ормускиот Теснец, што е прв регистриран напад врз кинески брод откако почна војната на САД и Израел со Иран на февруари, објавија кинеските медиуми. Кинеското министерство за надворешни работи денеска го потврди нападот и изрази длабока загриженост. – На бродот има кинески државјани, но досега нема извештаи за жртви меѓу екипажот – соопшти министерството. Според ...

Ана Делви, позната како Ана Сорокин, осудената измамничка чиј живот ја инспирираше хит серијата на Нетфликс „Inventing Anna“, е повторно во центарот на вниманието, овојпат како ѕвезда на нова кампања за Goop, компанијата што ја води актерката Гвинет Палтроу. Делви, која е во домашен притвор, промовира услуга за достава на храна, а рекламата започнува со крупен план на нејзината електронска нараквица за следење. Во видеото, таа ја зема ...

Бугарија денеска, 8. мај 2026 година, избра нова редовна влада предводена од Румен Радев, поранешен претседател на државата и лидер на „Прогресивна Бугарија“. Народното собрание го избра кабинетот со 124 гласа „за“, 70 „против“ и 36 воздржани, со што земјата формално влегува во нов политички циклус по години изборна нестабилност, краткотрајни влади и исцрпувачки парламентарни блокади. Радев доаѓа на премиерската функција со ретко силна ...

Можеме да одиграме конструктивна улога преку зајакнување на сопствените интерконекции и интегрирање во поцелосно развиена мрежа за природен гас во ЈИ Европа, вели министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во интервју за грчкиот енергетски портал „Energygame“ и додава дека „нашиот директен придонес е промовирање на проекти што нè поврзуваат подобро со Грција и Србија“, кои, според неа можат да придонесат ...

Три лица загинаа во ерупцијата на вулканот Дуконо на островот Халмахера во Индонезија, а според извештаите, две лица се странски државјани, најверојатно туристи. Дваесет планинари се изчезнти, а индонезиските власти трагаат по нив во голема спасувачка акција. Според извептаите, меѓу планинарите кои чекаат евакуација има 9 државјани на Сингапур. Вулканот Дуконо еруптираше речиси 200 пати од минатиот март, според податоците од Вулканолошкиот ...

Дваесетиосумгодишниот холандско-белгиски возач на Формула 1, Макс Верстапен и неговата девојка Кели Пике го пречекаа своето прво заедничко дете, ќерката Лили, минатата година. Откако девојчето неодамна го прослави својот прв роденден, Верстапен зборуваше во ретко појавување во медиумите за татковството и промената на животните приоритети. Возачот на Ред Бул откри дека неговиот живот се променил на подобро. – Убаво е што сега можеме да ...

Директорот на „Маерск“, една од најголемите светски компании за бродски превоз и логистика со седиште во Данска, Винсент Клерк предупреди дека зголемените трошоци од прекините во глобалниот поморски сообраќај ќе мора да се пренесат на клиентите. Тој предупреди дека конфликтот на Блискиот Исток ги зголемил трошоците за гориво за околу 400 милиони евра месечно. – Очигледно е огромна сума. Можеме да направиме нешто за да ги ублажиме трошоците и ...

Со претставување на проектот „Пиета во прекривките на ургентноста“ (Will my eyes be closed or open?) на уметникот Велимир Жерновски, во кураторска поставка на Тихомир Топузовски и Аманда Бецкес денеска (08 мај 2026) во 18:30 часот свечено ќе биде отворен македонскиот павилјон на најпрестижната меѓународна изложба на современата уметност во рамките на 61. Биенале на уметноста, што ќе се одржува од мај до ноември 2026 година во Венеција. На ...

Обединетите Арапски Емирати соопштија дека нивната противвоздушна одбрана рано утрово одговорила на нови ракетни и беспилотни напади од Иран, што претставува нов тест за кревкото едномесечно примирје меѓу САД и Иран, пренесува Хина. За најновиот напад врз ОАЕ, кој следуваше еден ден по размената на оган меѓу САД и Иран околу Ормуската Теснина, додека Вашингтон го очекуваше одговорот на Техеран на американскиот предлог за завршување на ...

Легендарната пејачка Бони Тајлер е ставена во индуцирана кома, потврди нејзиниот тим. 74-годишната хит-мејкерка на „Total Eclipse of The Heart“ е во болница во Фаро, Португалија, каде што претходно оваа недела беше подложена на итна операција на цревата. Лекарите презедоа чекор за да го забрзаат нејзиното закрепнување. Велшката ѕвезда беше итно префрлена во болница и на нејзиниот Инстаграм профил првично беше објавено дека таа добро се ...

Веќе е добро познато дека принцот Вилијам е страствен фудбалски навивач, а на најновите фотографии тој беше фатен на трибините како го бодри својот омилен фудбалски клуб Астон Вила со сета сила за време на полуфиналето на Европската лига против Нотингем Форест, а фотографите забележаа момент на чиста еуфорија. Опкружен со пријатели и други гости, Вилијам славеше со кренати раце, видливо воодушевен од случувањата на теренот. Во елегантна ...

Украинските сили синоќа нападнаа повеќе цели во Русија. Серија експлозии ги потресоа Москва, Јарослав и Ростов на Дон, а најтешко погодена беше голема рафинерија за нафта која се запали по ударот. Првите беспилотни летала синоќа беа забележани недалеку од руската престолнина. Руската агенција за воздухопловство (Росавијација) реагираше и воведе привремени ограничувања за летови на московските аеродроми Внуково и Домодедово. Градоначалникот на ...

Цените на нафтата денеска се зголемија како последица на новите судири меѓу САД и Иран. Фјучерсите за суровата нафта Брент се искачија над 100 долари за барел утрово, надоместувајќи дел од загубите од почетокот на неделата, а на американската нафта WTI се движат околу 95 долари за барел. Централната команда на САД соопшти дека американските сили пресретнале ирански напади и извршиле одбранбени напади додека разорувачи со водени ракети ...

Лицемерието на СДСМ и Венко Филипче нема крај – додека зборуваат за европскиот пат на државата ги кочат и не ги поддржуваат законите од реформската агенда во Собранието – обвини ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. „Додека СДСМ и Филипче зборуваат за проевропскиот пат на државата соработуваат со бизнисмени кои имаат проруски ориентации како Александар Онишченко на кого му дадоа македонско државјанство, Борче Марковски, почесен конзул на Белорусија, кој ...

Со години, во светот на фудбалот постои предрасуда дека фудбалерите секогаш се во врска со манекенки и атрактивни девојки кои привлекуваат внимание на трибините со својот изглед. Сепак, еден познат фудбалер не се вклопува во овој стереотип и стана тема на јавно внимание во последните месеци. Имено, 27-годишниот англиски фудбалер Деклан Рајс е во среќна врска со Лорен Фрајер со години, девојка која е мета на сурови коментари на социјалните ...

Американскиот суд за меѓународна трговија пресуди дека администрацијата на Доналд Трамп нема законско оправдување за воведување царини од 10% за сите стоки. Ова е втор голем удар врз неговите клучни економски политики оваа година. Во пресудата се наведува дека администрацијата се повикала на член 122 од Законот за трговија од 1974 година, но судиите утврдиле дека аргументацијата за воведување царини не е доволна. -Претседателскиот проглас за ...

Ученик од седмо одделение од основното училиште „Стив Наумов“ во Битола на социјалната мрежа Тик-Ток објавил список за ликвидација на негови сооученици и на нивните родители. На списокот имало имиња и презимиња на соучениците и датум за извршување на заканата. Родителите на учениците испратиле претставка до Државниот просветен инспекторат, а училиштето го пријавило случајот во Центарот за социјални работи, СВР Битола и во Подрачното ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека три разурнувачи на американската морнарица биле под оган додека минувале низ Ормуската Теснина. Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ наведе дека разурнувачите не претрпеле штета, но дека им биле нанесени „сериозни загуби на иранските напаѓачи“. „Три американски разорувачи од светска класа штотуку транзитираа, многу успешно, од Ормуската Теснина, под оган. Немаше штета на трите ...

Под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса од Медитеранот на денеска во Македонија времето ќе биде облачно со врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат пообилни и очекувам да наврнат над 15 литри на квадратен метар дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Локално, пак, ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи, силен ветер и со услови за појава на невреме проследено со електрични ...

Во некои европски земји луѓето веќе со носталгија се обидуваат да се присетат кога последен пат почувствувале дека во џебот имаат метални парички. Монетата како средство за плаќање полека исчезнува. Многумина се сеќаваат дека ставањето паричка во телефонска говорница порано делумно беше и како нешто свечено. Ја одмерувате паричката во раката и ја вреднувате во однос на повикот. Дали вредеше да се јавите? Ја гледавте како се лизга во автоматот ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.93
65%
1021
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
2.68
62%
1020
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
1.37
73%
1022
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
2.01
61%
1021
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
1.69
83%
1019
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.45
58%
1022
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
1.79
59%
1013
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
68%
1017
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
4.59
53%
1019
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 14ᴼ
4.02
94%
1019
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 16ᴼ
1.34
56%
1020
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
4.56
75%
1014
Currency

61.635

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Алуминиум

3.48

Цинк

0.00

Злато

131337.93

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Бакар

12.52

Платина

53756.05

Рутениум

48965.59

Калај

51.97

Сребро

2072.63

Кобалт

45.39

Паладиум

39545.42