Возач од Македонија настрада во тешка сообраќајна несреќа што се случи во вторникот околу пладне на автопатот Брегана-Загреб. Камионот што тој го управувал ја пробил заштитната ограда, удрил во далновод и се запалил, потврди Полициската управа Брод-Посавина. Несреќата се случила во близина на Среданци во правец на Брегана, а полицијата добила пријава за пожар во возило во кое имало едно лице. Според неофицијални информации што ги пренесуваат ...

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги нема надлежност да ги оценува договорните односи што ги склучуваат радиодифузерите со други страни, одговори АВМУ на прашањата на Плусинфо во врска со договорот со кој националниот сервис МРТВ се обврзал да му плати 150.000 евра плус 18% ДДВ на Здружението на граѓани Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ) за 38 емисии. Плусинфо ја праша Агенцијата дали АВМУ смета дека е соодветна ...

Хајди Клум беше една од највпечатливите појави на годинашното издание на Мет Гала 2026, појавувајќи се во впечатлив стајлинг инспириран од скулптура и класична уметност, на црвениот тепих во Метрополитен Музејот на уметноста. Германско-американската супермоделка целосно ја прифати темата „Costume Art“, исто така наречена и „Fashion is Art“, пристигнувајќи во креација што ја претвори во „жива статуа“. Изгледот е дело на Мајк Марино, кој ги ...

Монетарната политика на Народната банка е оценета како целосно усогласена со препораките од европските институции, што претставува највисока оценка во делот на економските политики. Ова беше посочено во рамките на редовниот економски и финансиски дијалог помеѓу Европската Унија и земјите регионални партнери од Западен Балкан, Турција, Молдавија и Украина, којшто се одржа во Брисел. На дијалогот, информира Народна банкаа, учествуваше ...

На 8, 9 и 10 мај, по шести пат ќе се одржи годишната и најмасовната еко-акција во земјава и на целиот Балкан – „Генералка викенд“. Рекордниот еко-настан мобилизира десетици илјади волонтери од 80 општини, 600 организации, јавни институции и приватни компании. Ова е најголемата логистичка операција досега за собирање отпад и подигнување на еколошката свест кај граѓаните. „Генералка викенд“ прерасна во национална годишна традиција која докажува ...

Алехандра Силва (43) и Ричард Гир (76) се венчаа пред 8 години на интимна церемонија на ранчот на актерот во Паунд Риџ, Њујорк. Бизнисменката од Коруња не го пропушти овој посебен настан и сподели емотивна изјава на љубов кон својот сопруг на социјалните мрежи. Силва објави албум со досега невидени фотографии од свадбата на својот Инстаграм профил, заедно со носталгична порака: – Точно пред осум години, се собравме со нашите семејства и ...

Компанијата „Термос“ повлече повеќе од 8 милиони шишиња и други производи откако е откриен дефект што можел да предизвика капачето ненадејно да се исфрли под притисок. Одлуката за повлекување на производите стоката доаѓа откако американскиот регулатор оцени дека неколку клучни производи се опасни по здравјето. Проблемот е поврзан со недостатокот на механизам за ослободување на притисокот во капачето. Без оваа безбедносна карактеристика, ...

ДУИ ја боли Изет Меџити, затоа што заедно со народот ги испрати во опозиција, соопшти коалицијата Вреди. Народот вели, каде што те боли забот, таму оди јазикот, додава Вреди. „ДУИ повторно го пушти стариот филм. Нека запомнат добро: Изет Меџити не е производ на канцеларии и милувања од Али Ахмети. Тој има мандат од Албанците, како градоначалник и како пратеник. Со глас, со терен, со луѓе. Не како Бујар Османи, Блерим Беџети, Фатмир Бесими и ...

СДСМ и Венко Филипче се кријат зад флоскулата „проевропски” додека во пракса нудат политика на отстапки без принципи, без црвени линии и без гаранции за државата. За Венко Филипче и СДСМ европскиот пат е алиби за прифаќање на сѐ и сешто на штета на националните интереси, само СДСМ да се дограби до власта, а Филипче да ја зачува фотелјата на Бихачка – се вели во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. „Додека Филипче зборува за проевропски пат и се продава ...

Италијанската премиерка Џорџија Мелони го осуди ширењето на deepfake слики креирани од вештачка интелигенција, вклучувајќи ја и онаа на која е прикажана во долна облека, откако тие почнаа да се споделуваат онлајн. Мелони се огласи на Фејсбук откако сликата стана вирална и предизвика осуда од корисниците кои веруваа дека е вистинска, пишува The Guardian. „Во последните неколку дена, циркулираат неколку лажни фотографии од мене, генерирани од ...

Раперот Алијаун Тиам, попознат како Акон, ја шокираше публиката за време на неговата европска турнеја со необичен потег – влезе во џиновска проѕирна топка и се фрли во фановите за да „сурфа“ по публиката. Сепак, еден таков обид во Њукасл не заврши како што беше планирано. Наместо публиката да го држи во воздух, топката брзо падна на подот, а целиот момент брзо стана вирален на социјалните мрежи. Снимките од концертот го покажуваат пејачот ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја посети Грција ова лето, изјави американската амбасадорка во Атина, Кимберли Гилфојл. – Сè уште не го знаеме точниот датум, многу работи се случуваат, но тој ќе дојде во Грција – рече таа, како што објави бриселски „Политико“. Таа додаде дека американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет и американскиот државен секретар Марк Рубио, исто така, ќе ја посетат Атина. Таа изјави дека се очекува Трамп да ...

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, се сретна со својот кинески колега Ванг Ји во Пекинг. Кинескиот министер Ји ги нарече воените акции на САД и Израел против Иран нелегитимни и порача дека мора да се воспостави целосен прекин на огнот, објави иранската новинска агенција Тасним. – Регионот поминува низ клучна пресвртница и неопходни се директни средби меѓу двете страни – рече Ванг. Кина и Иран се блиски економски партнери, ...

Порастот на цените на авионското гориво, поттикнат од случувањата на Блискиот Исток, доведе до значително кратење на летовите ширум светот, при што се откажани околу 13.000 летови во текот на април, објави „Гардијан“. Со тоа, од распоредите на авиокомпаниите се повлечени околу два милиони седишта. Според податоците на аналитичката компанија „Цириум“, превозниците ги прилагодуваат своите операции на новите пазарни услови, делумно преку ...

– Денес, на кратка, но важна церемонија, му ја предадовме одлуката за хрватско државјанство на Џон Малкович. Светски познатиот актер, кој ја обележа кинематографијата со бројни улоги, презеде нова улога и стана хрватски државјанин – напиша хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ на социјалните мрежи и му посака добредојде. Познатиот американски актер бил примен во Бански двори од премиерот Андреј Пленковиќ кој порачал дека е ...

Шпанија му дозволи на крузерот „Хондиус“, погоден од случаи на хантавирус со три смртни случаи, да се закотви на Канарските Острови, додека здравствените власти алармираат дека на бродот се случило пренесување на вирсуот од човек на човек. Мадрид, исто така, се согласи лекарот на „Хондиус“, кој е во критична состојба, да биде пренесен со авион на Канарските Острови. Одлуката е донесена во координација со Светската здравствена организација ...

Цените на нафтата утрово паднаа откако американскиот државен секретар Марко Рубио објави дека „Операцијата Епски бес е завршена“, истакнувајќи дека нејзините цели се исполнети. Фјучерсите за суровата нафта Брент паднаа под 108 долари за барел, а цената на американската нафта WTI падна на 100 долари за барел. Американскиот претседателот Доналд Трамп, исто така, рече дека САД привремено ќе ги запрат своите напори за помош на заглавените ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „Проектот Слобода“, иницијативата за обезбедување на пловидбата низ Ормуската Теснина, ќе биде паузирана „на краток временски период“ за да се види дали може да се финализира и потпише договор со Иран. Од почетокот на судирите меѓу САД, Израел и Иран на крајот на февруари, Техеран практично ја запре пловидбата низ Ормуската Теснина преку закани и напади, додека Вашингтон воведе поморска ...

Пациент на клиниката Жан Митрев кој бил повикан во обвинителството да даде исказ за случајот кој го водеше обвинителката Искра Хаџи Василева бил прекинат кога кажал дека спасот го нашол во Жан Митрев. Повиканото лице во обвинителстово отишло кога обвинителката Хаџи Василева собирала искази од повеќе пациенти со цел да креира обвинение против Жан Митрев. Но, кога лицето дало исказ дека всушност тој бил спасен во клиниката бил грубо прекинат. ...

Претседателот на Движењето ЗНАМ и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, во своето гостување во „Топ Тема“ на Телма ја отвори темата која, како што посочи, со години останува без јасни одговори и е обвиена со политички молк, дилеми и недоследности околу процесите поврзани со екстрадицијата на Никола Груевски. – Во јавноста, наместо целосна транспарентност и институционална доследност, со години се менуваат ставови, се ...

Времето в среда, 6 мај, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 4 до 27 степени. Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, особено во петок. Времето в ...

Швајцарската легенда предупредува дека современиот тенис ја губи разновидноста додека условите стануваат слични на сите турнири. Според него, тоа им дава предност на новите лидери како Јаник Синер и Карлос Алкараз. Роже Федерер ја отвори дебатата. Тој предупреди на тренд во модерниот тенис. Вели дека условите стануваат слични на сите турнири и дека тоа не е случајно. Според него, ваквиот систем им оди во прилог на новите лидери. – Ролан ...

Никола Јокиќ доминира на теренот. Неговата игра носи титули и признанија. Но надвор од паркетот, бројките раскажуваат поинаква приказна за српскиот кошаркарски ас. Тој заработува околу 64,2 милиони долари годишно. Речиси целата сума доаѓа од договорот со клубот. Приходите од спонзори остануваат ограничени. Јокиќ заработува околу 9 милиони долари од маркетинг. Таа бројка е значително пониска од конкуренцијата. Со тоа се наоѓа на дното меѓу ...

Иран знае што не смее да прави изјави претседателот на САД за новинарите од Овалната соба во Белата куќа. Доналд Трамп одби да одговори што би значело прекршување на примирјето со Иран откако претходно денеска министерот за одбрана на САД Пит Хегсет изјави дека Иран уште не ја преминал линијата. – Ќе дознаете, бидејќи ќе ви кажам… тие знаат што да прават, тие знаат што не треба да прават – изјави Трамп. Тој додаде дека Иран се обидува да се ...

Иран знае што не смее да прави изјави претседателот на САД за новинарите од Овалната соба во Белата куќа. Доналд Трамп одби да одговори што би значело прекршување на примирјето со Иран откако претходно денеска министерот за одбрана на САД Пит Хегсет изјави дека Иран уште не ја преминал линијата. – Ќе дознаете, бидејќи ќе ви кажам… тие знаат што да прават, тие знаат што не треба да прават – изјави Трамп. Тој додаде дека Иран се обидува да се ...

ВРЕДИ е во завршна фаза на обединување во единствен политички субјект, со што дополнително ја зацврстува својата позиција како доминантна сила на политичката сцена во Македонија. Со тоа, и официјално се потврдува како втора политичка сила во државата. Владата има стабилно и значително мнозинство, со тенденција дополнително да се окрупнува, се наведува во соопштението од ВРЕДИ. И резултатите од неодамнешните локални избори јасно го покажуваат ...

ВРЕДИ е во завршна фаза на обединување во единствен политички субјект, со што дополнително ја зацврстува својата позиција како доминантна сила на политичката сцена во Македонија. Со тоа, и официјално се потврдува како втора политичка сила во државата. Владата има стабилно и значително мнозинство, со тенденција дополнително да се окрупнува, се наведува во соопштението од ВРЕДИ. И резултатите од неодамнешните локални избори јасно го покажуваат ...

Изјавата на лидерот на СДСМ Венко Филипче дека Бугарија никогаш не го оспорувала нашиот идентитет не е случајна, туку е смислена порака што негде треба да стигне. Вака смета пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ. Во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија Стојановски нагласува дека Филипче всушност испраќа две пораки. – Пораките се две. Првата е да стигне во дворот во Софија, во Бугарија, дека ете има некој кој што е спремен да го ...

Денес, повеќе од кога било, нашата обврска е јасна: да го чуваме, негуваме и унапредуваме македонскиот јазик, да го чуваме и браниме од негирања, оти без него не сме тие кои сме, ниту ќе останеме свои. Вака вели претседателката Гордана Сиљановск Давкова во честитката за 5 мај, Денот на македонскиот јазик. „Македонскиот јазик е темел на нашиот идентитет и самобитност, траен сведок на историскиот континуитет и носител на културното и духовното ...

Конечно, мостот „Генерал Михајло Апостолски“ се става во функција, информира градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. На својот профил на Фејсбук Ѓорѓиевски вели дека она што со години беше симбол на застој, неодговорност и нерешени проблеми, конечно добива решение. „Мостот што народот со право го нарекуваше ‘мост кој не води никаде’ или „мост за ловење риба“, повеќе нема да биде потсетник на нечија неработа, туку ќе стане вистинска ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.24
66%
1022
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.13
66%
1022
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
0.31
70%
1023
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
2.01
55%
1023
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.38
86%
1020
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 14ᴼ
0.88
69%
1021
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
0.89
59%
1012
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
69%
1017
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
4.79
56%
1020
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 13ᴼ
4.47
94%
1019
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 15ᴼ
2.68
64%
1021
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 20ᴼ
3.94
98%
1015
Currency

61.635

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Кобалт

45.39

Сребро

2072.63

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.48

Паладиум

39545.42

Калај

51.97

Цинк

0.00

Злато

131337.93

Платина

53756.05

Бакар

12.52

Рутениум

48965.59