Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Годишната инфлација во април достигна 5,7%, а цените на мало пораснале за 5%, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во март инфлацијата изнесуваше 4,9 %. На месечно ниво, трошоците на живот во април се зголемиле за 1,3%, по растот од 0,7 % регистриран во март, додека, пак, цените на мало во април во однос на март, бележат од 3,2%. Најголем годишен раст на трошоците на живот е забележан кај алкохолните пијалаци и ...
Со 64 гласа „за“, 15 „против“ и ниту еден воздржан, Собранието денеска го донесе Предлог-законот за Советот на јавните обвинители на Македонија, кој е дел од Реформската агенда. Со предложеното законско решение се воведуваат суштински новини насочени кон зајакнување на независноста, професионалноста и транспарентноста во работењето на Советот и на јавното обвинителство во целина. Се реформира постапката за избор на членови на Советот на ...
Инфлација од околу 4% и раст на бруто-домашниот производ од 3,5% предвидува Народната банка за 2026 година. За 2027 година проекциите покажуваат дека инфлацијата ќе се намали на 3%, а растот на БДП ќе достигне 3,8%. Советот на Народната банка на дeнешната седница ги разгледа и ги усвои најновите макроекономски проекции, содржани во кварталниот извештај. Во извештајот е заклучено дека светската економија и понатаму се соочува со значителни ...
Приведен е беровец поради нарушување на јавниот ред и мир во полициската станица Аеродром, соопшти полицијата. Како што соопшти полицијата, на 06.05.2026 во 11:10 часот во Скопје, пред објектот на ПС Аеродром, поради нарушен јавен ред и мир во станицата приведен е Х.А.(32) од Берово. Претходно Х.А. побарал од полициски инспектор да му биде даден видео запис од видео надзор од „Безбеден град“, за сообраќајна незгода во која учествувал. Откако ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека привршува внатрепартиската реорганизација и очекува во јуни да се работи на усогласувањето на ставовите за тоа како ќе изгледа Владата во иднина. Вели дека ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со свој став, но дека сака да ги слушне и позициите на останатите коалициски партнери. Не ја исклучува можноста за приклучување и на други партии во владината коалиција. Прашан дали веќе има констатирано кој не ги исполнува ...
Двете најнови дискографски изданија на Влатко Стефановски – „Гитарата пее“ (Guitar Sings) и „Мускулна мeморија“ (Muscle Memory), беа промовирани денеска во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, во присуство на претставници на „Кроација рекордс“ од Загреб, чиј долгогодишен ексклузивец е токму Стефановски. – Особена чест ни е што токму со Влатко Стефановски соработуваме на значајни изданија од неговата богата кариера. Неговото музичко наследство е ...
Највлијателната жена во модната индустрија, Ана Винтур (76) се појави со својата ќерка Би Шафер (38) на премиерата на филмот „Ѓаволот носи Прада 2“. Винтур ги има ќерката Би и синот Чарлс (41) со својот поранешен сопруг Дејвид Шафер, но има и тројца внуци, Оливер, Каролин и Ели. Иако нивната мајка е долгогодишна главна уредничка на Вог, ниту едно од нејзините деца не тргна по нејзините стапки во светот на модата. Би работи во забавната ...
Германија за нас претставува повеќе од економски партнер. Таа е симбол на индустриска моќ, технолошки развој, дисциплина, иновации и стабилен економски модел кој со децении создава вредност и напредок. Германските компании тука кај нас не се само инвеститори. Тие се партнери во трансформацијата на нашата македонска економија. Тие отвораат работни места, носат нови стандарди, нова корпоративна култура, технолошко знаење и практики кои го ...
Новиот претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Ацо Ристов, најавува анализа на четирите тарифни блока во сметките за потрошена електрична енергија за корисниците на регулираниот пазар и порачува дека според него нелогично е да се плаќаат четири цени за ист берзански производ. – Мој личен став е дека се треба да се отвори ова прашање. Ќе разгледаме во наредниот период дали да има блокови или не или поинаку да се ...
Меган Маркл привлече големо внимание со објавувањето на фотографијата од нејзиниот син Арчи, во објава на социјалните мрежи, во која му го честиташе седмиот роденден. Имено, војвотката од Сасекс и нејзиниот сопруг, принцот Хари, многу ретко ги покажуваат лицата на своите деца, со што ја штитат нивната приватност. Овојпат, Меган ги трогна своите следбеници на Инстаграм споделувајќи две фотографии што го симболизираат текот на времето и даде ...
Реториката што ја користат СДСМ и Венко Филипче не е повик за правда, туку обид да се избрише колективното паметење на граѓаните и да се наметне една нова, удобна „вистина“, реагира пратеникот Даниел Стојчевски од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија. Од партијата велат дека сме сведоци на уште еден обид за груба политичка манипулација од страна на СДСМ и прашуваат дали СДСМ има кредибилитет да зборува за правда. „Дали тоа се истите оние ...
Меган Маркл привлече големо внимание со објавувањето на фотографијата од нејзиниот син Арчи, во објава на социјалните мрежи, во која му го честиташе седмиот роденден. Имено, војвотката од Сасекс и нејзиниот сопруг, принцот Хари, многу ретко ги покажуваат лицата на своите деца, со што ја штитат нивната приватност. Овојпат, Меган ги трогна своите следбеници на Инстаграм споделувајќи две фотографии што го симболизираат текот на времето и даде ...
Граѓани кои купиле нов стан во Скопје реагираат дека непријатно се изненадиле кога на шалтерите на Град Скопје им рекле дека не можат да го користат ослободувањето од плаќање данок на промет на недвижнини за прв промет на стан. Тие тврдат дека Градот неправилно го толкува законот при изготвувањето на решението за данокот на промет. Дополнително сметаат и дека се дискриминирани бидејќи не можат да бидат ослободени ниту од ДДВ ниту пак од ...
Северна Македонија игра многу важна улога за стабилноста и демократската отпорност во цела Европа и низ целиот Западен Балкан, истакнаа на денешната заедничка прес-конференција министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со генералниот секретар на Советот на Европа Ален Берсе, кој е во прва официјална посета на земјава. – Во текот на овие три децении, како полноправна членка на Организацијата, созревавме како ...
Очекуваме во месеците кои што следат нови убави вести за македонските граѓани со нови лекови кои ќе бидат вклучени на позитивната листа – изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање што да очекуваат граѓаните дали ќе има ново проширување на позитивна листа на лекови. – Тоа што ние го правиме во здравствениот сектори е нешто кое што не се случувало со години, па и со децении би рекол, вклучително и проширувањето на ...
Детски роман од 1893 година од американскиот писател Ингерсол Локвуд повторно ја разгоре теоријата на заговор дека синот на Доналд Трамп, Барон Трамп е патник низ времето… Книгата „Чудесното подземно патување на Барон Трамп“ го следи богатото момче по име Барон Трамп, кое живее во замокот Трамп и тргнува на патување во Русија со придружник по име Дон. Овие имиња и мотиви беа предмет на шпекулации на социјалните мрежи во последниве години, а ...
Иран повторно ја заостри реториката и ја покажа својата воена сила, откако се појавија снимки на кои се гледа лансирање на балистички проектили од отворена и незаштитена локација. Според иранската Револуционерна гарда, операцијата поминала без инциденти, и покрај зголемените тензии и стравувањата од можен одговор од противничките сили. Мохсен Резаи, поранешен командант на Корпусот, а денес член на иранскиот Совет за разумност, порача дека ...
Руските даночни приходи од екстракција на природни ресурси се зголемија повеќе од двојно во април, делумно поради порастот на цените на енергијата на светските пазари предизвикан од конфликтот на Блискиот Исток, објави руското Министерство за финансии. Минатиот месец, даноците за екстракција на природни ресурси донесоа 917 милијарди рубли (12,2 милијарди американски долари) во руската државна каса, покажаа официјалните податоци. Во март овие ...
Седум оперски претстави од Пучини и од Верди, од кои две првпат во една вечер, како и еден балет, се на програмата на годинашниот 54. фестивал „Мајски оперски вечери“, кој традиционално се одржува од 9 до 31 мај во Националната опера и балет. Фестивалот ќе почне в сабота со две оперски претстави од Џакомо Пучини – премиерите на „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“, откако фестивалскиот оган ќе го запали нашата сопранистка со меѓународна кариера ...
Силата на една држава се гледа преку силата на нејзините институции. Кога институциите функционираат, граѓаните имаат чувство на сигурност, доверба и ред. Токму затоа улогата на македонската полиција денес е исклучително значајна, особено во време на комплексни безбедносни предизвици и нови закани кои не познаваат граници. Во изминатиот период покажавме дека државата има капацитет одлучно да се справи со криминалот и корупцијата. Ова денеска ...
Откако Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), во одговор на прашањата на Плусинфо, потврди дека не ги исполнила обврските од договорот со јавниот сервис МРТВ тежок 180.000 евра за една сезона, молкот на институциите за овој скандал продолжува и денеска. Молчат МРТВ и Здружението на новинарите на Македонија, а Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) се огласи за ненадлежна за контрола на вакви договори. Како што веќе ...
Втор медицински авион за репатријација, кој превезуваше патник заразен со хантавирус од крузерот „Хондиус“ (Hondius), денеска слета во Амстердам по итна евакуација од бродот во близина на брегот на Зеленортските Острови (Кабо Верде). Медицинскиот авион утрово слета на аеродромот „Схипхол“, додека двајца претходно евакуирани патници пристигнаа во Амстердам уште синоќа. Во меѓувреме, холандското Министерство за здравство соопшти дека ...
Работиме на спроведување на одлуките на Европскиот суд за човекови права донесени против Бугарија, изјави денеска генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. – Не е само важна улогата во донесувањето на одлуките на Судот за човекови права, туку и во нивно спроведување. Во случајот што го ...
Неопходна е поопсежна анализа на законите поради несовпаѓањето на висината на казните со тежината на последиците во случаите со смртен исход, истакна денеска јавната обвинителка Адела Бојчевиќ, по изрекувањето на првата неправосилна пресуда за Стојанче Јовановски во траење од 12 години затвор за три кривични дела поврзани со континуирано семејно насилство кое резултираше со трагична смрт на неговата сопруга и нивната малолетна ќерка. ...
Азукар Морено ја одбележа европската музичка сцена со темпераментна мешавина од фламенко и поп, а нивниот легендарен настап на Евровизискиот натпревар во 1990 година во Загреб, прекинат од технички проблеми, а потоа повторен пред милиони гледачи, останува еден од најпознатите моменти во историјата на натпреварот. Кога станува збор за најпрепознатливите шпански музички дуети, името Азукар Морено е неизбежно поглавје во европската поп-култура. ...
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, оцени дека евентуалното приближување на Германија до поседување нуклеарно оружје би претставувало „несомнен casus belli“ (повод за војна) и причина за преземање најшироки мерки на руски одговор во рамките на доктрината за нуклеарно одвраќање. Во текст објавен за РТ, Медведев наведе дека таквиот развој на настаните би предизвикал сериозна загриженост не само во Москва, ...
Загреб е првиот град во Европа што нуди роботакси-услуги, објави хрватската компанија „Верне“, којашто веќе еден месец ја спроведува револуционерната технологија на градските улици. Во соработка со светски реномираната такси-компанија „Убер“ и со системот за самоуправувачко возење на кинеската компанија „Пони.аи“, „Верне“ управува со 10 автоматизирани автомобили за одреден број корисници во градот од 8 април. Услугата засега ја користат околу ...
Демографските промени се реалност што бара одговорност, визија и системски политики, порача премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на Регионалната министерска конференција „Предводење на промените: Патеки кон демографска отпорност согласно потребите на луѓето“, што се одржува во Скопје во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади и УНФПА, под покровителство на Владата. – Ова не е само уште една ...
Основниот кривичен суд – Скопје го прогласи за виновен обвинетиот Стојанче Јовановски и му изрече максимална казна затвор во траење од 12 години за трите кривични дела поврзани со континуирано семејно насилство кое резултираше со трагична смрт на неговата сопруга и нивната малолетна ќерка. Судот го осуди Јовановски за три кривични дела, односно пет години затвор за „телесна повреда“, три години за „загрозување на сигурноста“ и пет години ...
Речиси 270 лица осомничени за трговија со недозволени медицински средства се уапсени, а 66 криминални групи се разбиени во полициска операција спроведена во 90 земји, соопшти денеска Интерпол. Организацијата изрази особена загриженост поради злоупотребата на антипаразитски производи, односно нивната употреба надвор од пропишаниот или законски медицински контекст. Операцијата „Пангеа XVIII“ (Pangea XVIII), спроведена во март на сите ...