Во кафуле во хрватскиот град Крапина утрово се случила пукотница во која учествувале две лица, и притоа е убиен началник на Службата за криминалистичка полиција во ПУ Крапина-Загорје, јавуваат хрватските медиуми. Полициската управа на Крапина-Загорје објави дека маж (52) убил полицаец (52) со огнено оружје, кој не бил на должност во времето на инцидентот. Напаѓачот потоа пукал во себе и е префрлен со хеликоптер во Клиничката болница Дубрава. ...

Денешното општество сѐ повеќе живее во култура каде вниманието станува поважно од вредноста. Наместо знаењето, карактерот, чесноста, достоинството, вредностите и вложениот личен труд да бидат мерило за успех, медиумскиот простор сѐ почесто го освојуваат најгласните, најконтроверзните, најскандалозните и најповршните личности. Денес живееме во време кога вниманието стана повредно дури и од знаењето, карактерот и достоинството. Во свет каде ...

Тоа што Венко Филипче се обидува да го наметне како нормално, односно уставните измени без гаранција, нема да му пројде затоа што народот знае кои се Филипче и СДСМ и дека никогаш не работеле за интересот на Македонија и на македонските граѓани. Македонија заслужува опозиција која се бори за интересите на граѓаните, а не опозиција која коленичи пред странски премиери, затоа народот и трет пат ќе му ја испрати истата порака на СДС, реагира ...

Мајката како симбол на љубовта: Денеска светот го одбележува Денот на мајките Денеска во голем дел од светот се одбележува Денот на мајките – празник посветен на жените кои за многумина се првата љубов, првиот учител и најголемата поддршка во животот. Иако не е државен празник во многу земји, овој ден одамна прерасна во глобална традиција што се слави со подароци, цвеќе, семејни ручеци и мали гестови на внимание. Корените на Денот на мајките ...

Жичницата на Водно, еден од најпрепознатливите симболи на Скопје и омилена рута за туристите и рекреативците, е запрена поради сериозни безбедносни сомнежи. Градските власти тврдат дека системот не бил комплетно сервисиран цели 15 години, а експерти од производителот „Допелмаер“ утврдиле неисправности кои, според градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, можеле да доведат и до откачување на гондола. Предупредувањето звучи драматично, но светските ...

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека според него, украинскиот конфликт се ближи кон крајот и додаде дека ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски само кога ќе се постигне траен мировен договор. – Мислам дека прашањето се ближи кон крај – изјави Путин за војната во Украина. На прашањето дали е подготвен да се вклучи во разговори со лидерите на Европската Унија, Путин им рече на новинарите во Кремљ дека го ...

Крузерот што е во центарот на епидемијата на хантавирус стигна во близина на шпанскиот остров Тенерифе, од каде се очекува да се истоварат 147 патници како дел од внимателно организирана меѓународна операција за нивно враќање во нивните матични земји. Бродот „Хондиус“ ќе се закотви во пристаништето Гранадиља на Канарските Острови, а потоа ќе продолжи кон Холандија. Откако бродот ја напушти Аргентина минатиот месец, три смртни случаи се ...

Синоптичарите за денеска најавија променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне се очекува повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до ...

Семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска го одржаа 42. Марш на ангелите, движејќи се од Паркот на револуцијата до зградата на Основното јавно обвинителство. Застанаа пред објектот на полицијата, барајќи одговорност за полициските службеници кои таа ноќ не интервенирале кога се запалила пиротехниката, како и при евакауцијата на нивните деца од дискотеката. – Што точно правеле службените лица во тие клучни ...

Коалицијата Вреди вечерва на Конгрес во Скопје во присуство на 850 делегати се обедини во еден политички субјект. Копретседателот на партијата Вреди и градоначалник на Чаир Изет Меџити во своето обраќање рече дека има моменти во историјата кога политиката престанува да биде натпревар и се претвора во неопходност. Според него, ова се моменти кога времето бара не само промени, туку и единство. Истакна дека се собрале заедно различни сили, со ...

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Попладне ќе има повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Најстудено ќе биде во Берово, со утринска температура од 5 степени, а најтопло во Гевгелија, со дневна температура до 27 степени Целзиусови. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Температурата ...

Петер Маѓар денеска положи заклетва за премиер на Унгарија, со што се означи крајот на 16-годишното владеење на Виктор Орбан. Маѓар положи заклетва во Парламентот откако неговата централно-десничарска партија Тиса избори убедлива победа на изборите минатиот месец, победувајќи го Фидес на Орбан. Партијата Тиса освои двотретинско мнозинство во Парламентот со 199 места, што ѝ дава можност да ги смени клучните политики воведени за време на ...

Венко Филипче како Коте од Руља, сè стави на тацна на Бугарија и на Румен Радев, догматично ги следи чекорите на Зоран Заев, рече денеска Валентин Манасиевски од ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. – Румен Радев не е нов политичар во Бугарија, туку само нов премиер, за кој сите знаеме какви радикални ставови има околу Македонија и македонскиот јазик, народ, идентитет и историја. Да не заборавиме дека за Румен Радев сонародниците на Гоце Делчев се Бугари. Со ...

Европската Унија мора да биде отворена за разговори со Русија за обезбедување мир во Украина, порача претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Зборувајќи во Брисел на Денот на Европа, Кошта денеска рече дека ЕУ е подготвена да се вклучи во разговори за праведен и траен мир во Украина. – Ќе треба да се водат разговори со Русија за заедничките безбедносни прашања во соодветен момент – рече Кошта. ЕУ нема да дејствува сама, додаде тој. ...

Македонскиот народ застана на вистинската страна – антифашистичката и како природни и докажани Европјани должни сме да го осудиме и да му се спротивставиме на кој било облик на фашизам или слични идеологии, порача претседателката Гордана Сиљановска Давкова по повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. „9 Мај за нас е двоен празник: Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа. Македонскиот народ застана на вистинската страна – ...

Германија оди по многу опасен пат одбивајќи да ја признае одлучувачката улога на Советскиот Сојуз во победата над нацизмот, а ова не е прв пат, изјави денеска Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин. – Не е прв пат. Сегашната генерација германски политичари, кои практично молчат за улогата на СССР во победата над нацизмот, воопшто не ја претставуваат Германија во добро светло – додаде Песков. Тој изрази надеж дека во ...

Образовниот систем активно се трансформира со цел младите да ги стекнуваат потребните компетенции кои ќе бидат клучни за економијата во иднина, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на научната конференција „Креирај дома, продавај глобално“, со која се означи отворањето на Технолошкиот парк – Н99. Говорејќи на панел дискусија посветена на образованието и дигиталната трансформација, таа нагласи дека Министерството за ...

Јавното сообраќајно претпријатие и Градот ја очекуваат понудата за сервисирање и дефектажа на Жичницата Милениумски крст на Водно, рече денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Засега не е познато за колку време ќе се направат поправките и кога повторно би била ставена во функција. – Нема ништо повредно во Скопје и во Македонија од човечкиот живот, а состојбата во која се наоѓаме во моментов се однесува на неодговорното однесување ...

Балансот помеѓу фискалната консолидација, обезбедувањето економски раст и спроведувањето мерки за заштита на стандардот на граѓаните и поддршкaта на економијата се клучни во услови на континуирана и продлабочена геополитичка неизвесност, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. – Светот денес се наоѓа во период на континуирана и продлабочена геополитичка неизвесност, во кој меѓународните случувања сè посилно се прелеваат ...

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека е уверен во победа, додека ја надгледуваше воената парада на Црвениот плоштад по повод поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна. Безбедноста во Москва беше засилена додека Путин и неколку странски лидери присуствуваа на парадата по повод 9 Мај, Денот на победата. Путин ги поздрави руските војници кои се борат во Украина, велејќи дека тие „се соочуваат со агресивна сила ...

Не знаеме како власта ќе го „прослави“ Денот на победата над фашизмот. Најверојатно како и години претходно – со ништо. Нам тој ден изгледа ништо не ни значи. Но видовме како самонаречената опозиција го прослави. Воочи еден од најсветлите датуми во поновата македонска историја, датум којшто апсолутно нè диференцира регионално (од некои соседи) но и пошироко, таа испраќа срамно, вулгарно, денунцијантско, колаборационистичко писмо-честитка до ...

Автобус кој превезува средношколци неколку пати се расипал на враќање од екскурзија, соопшти полицијата. „По претходна пријава во СВР Велес од страна на граѓанин чие малолетно дете било во автобус кој се враќал од екскурзија, дека автобусот неколку пати останувал дефект по пат, на 8.5.2026 година во 22:50 часот, на наплатна станица „Отовица“, на автопатот Велес-Скопје полициски службеници од СВР Велес сопреле автобус „сетра“ со скопски ...

Денеска се навршуваат 11 години од вооружената престрелка во кумановско Диво Насеље, што се случи на 9 и 10 мај 2015 година, во која загинаа 8 припадници на безбедносните сили. Во 28-часовната „мала војна“ животите ги загубија припадниците на безбедносните сили – Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се одликувани со ...

Полицијата во Прилеп поднесе известување против ученик во средно училиште во Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Компјутерски фалсификат, соопшти МВР. „Пријавениот, со лажно претставување дека е наставник по англиски јазик од основно училиште во Виница, креирал профил и стапил во контакт со вработена во Министерство за образование и наука, која му укажала дека разговорите со наставници не треба да се водат на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би можел да премести американски војници од Германија во Полска. – На Полска би ѝ се допаднало тоа. Имаме одлични односи со Полска. Имам одлични односи со претседателот. Многу го ценам, па затоа е можно – им рече Трамп на новинарите кога беше прашан за можноста. Пентагон претходно овој месец потврди дека САД ќе повлечат 5.000 војници од воените бази во Германија, спроведувајќи ја заканата ...

Нема проблем со снабдувањето со керози, имаме резерви за 90 дена, иако законски мора да имаме за 60 дена, вели вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. – Со керозин од кај нас, покрај тоа што се снабдуваат скопскиот и охридскиот аеродром, се снабдува целосно аеродромот во Приштина и делумно аеродромот во Ниш. Успеавме Скопје да го направиме центар на 4 аеродроми што прават снабдување од тука – рече Николоски во гостување ...

Наместо да застане покрај Владата во одбрана на националните интереси, Венко Филипче сака да го надмине Зоран Заев во предавствата, па отворено вели дека уставните измени се прва работа што би ја направил на власт, реагира ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Филипче, кој го одби повикот за обединување за подобра Македонија што денеска го упати премиерот Христијан Мицкоски. „Филипче, по стапките на неговиот ментор Заев, за власт е спремен сè државно да ...

Сè што правиме во овој период е насочено кон тоа државата повторно да ја застанеме на нозе, да ја закрепиме економијата и да создадеме сигурност и перспектива за секој човек, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски на свеченоста по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, што се одржа пред споменикот „Ослободители на Скопје“, во присуство на делегации од институции, политички партии и од амбасади. Нашата борба ...

Европа е нашиот единствен пат и нашата татковина нема друга иднина и шанса за успех освен интеграцијата во Европската Унија, рече премиерот Христијан Мицкоски на свеченоста по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, што се одржа пред споменикот „Ослободители на Скопје“, во присуство на делегации од институции, политички партии и од амбасади. Мицкоски истакна дека на Европа не гледа само како на географија, туку Европа ...

Oд истражувачи реактор во Каракас, Венецуела, се отстранети 13,5 килограми високо збогатен ураниум, објави Министерството за енергетика на САД. Операцијата, според соопштението, е спроведена со соработка меѓу САД, Велика Британија и Венецуела и е опишана како „победа за светот“. Материјалот е префрлен во објектот на Министерството за енергетика на САД во Јужна Каролина. Националната администрација за нуклеарна безбедност на САД соопшти дека ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.85
57%
1019
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
3.58
61%
1020
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.93
60%
1021
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.28
53%
1022
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
3.85
73%
1018
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 20ᴼ
0.45
54%
1020
weather icon

Атина

24ᴼ / 20ᴼ
1.79
46%
1012
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.65
67%
1015
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
4.53
50%
1017
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 14ᴼ
1.34
95%
1018
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
0.89
48%
1020
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
5.76
90%
1014
Currency

61.635

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Бакар

12.52

Сребро

2072.63

Паладиум

39545.42

Кобалт

45.39

Злато

131337.93

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Платина

53756.05

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.48

Калај

51.97