Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека туристичкиот сектор остварува добри резултати, што е резултат и на владината политика на привлекување туристи од странство. – Владините мерки и владината иницијатива за привлекување на туристи, носи резултати. Имаме голем скок кај доаѓањата на нашите аеродроми. И тоа, впрочем го нотира Светска Банка во „Tourism watch” во последната едиција од овој извештај, објавено во јуни 2026 година. Во него ја ...

Ако Филипче заборавил, граѓаните знаат дека СДСМ е власт во општина Гостивар заедно со Ахмети и Таравари – истакна на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. Тој потесети на предизборните пораки на лидерот на СДСМ, како поддршка на локалните избори за кандидатот Ваблон Лимани. – „Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче во предизборието на повторените ...

Десет лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат Кичево – Охрид, во близина на кичевското село Другово. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата била пријавена на 27 јули 2026 година во 13:35 часот во ОВР Кичево, а во неа учествувале три патнички возила. Станува збор за возило „фолксваген тигуан“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Љ.М.(76) од Прилеп, „фолксваген голф“ со ...

Што дочекаа Албанците? Али Ахмети да блокира Закон за правична застапеност и со тоа да руши еден од темелните принципи на Охридскиот рамковен договор. Зошто? Заради алчност за власт – рече на денешната прес-конференција на ВЛЕН портпаролот Дритон Сулејмани. – Нереформираното раководство на ДУИ, во очај поради тоа што Албанците го испратија во опозиција, сега влече потези директно спротивни на интересите на Албанците. Во Мала Речица скроиле ...

Водата во Гостивар ќе може повторно да се користи за пиење кога ќе има три последователни негативни тестови од испитаните примероци, изјави денеска министерот за здравство Сашо Клековски, кој рече дека според прописите не постои „техничка вода“ и дека тоа е термин што најчесто го користат јавните комунални претпријатија. – Постои класификација на водата од прва до петта категорија. Водата од прва категорија е погодна за лична употреба без ...

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата може да интервенира со намалување на ДДВ на високите цени на горивата, но како што рече, тоа ќе се направи дури по анализата на податоците од намалената акциза за горивата. – Чекаме да се затвори циклусот до 31 јули, односно втората половина од месецот, таков е законот, и дури после да носиме дополнителни мерки – рече Мицкоски. Тој рече дека очекува следната недела да се намалат цените на ...

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека се размислува за трет повик за проекти за општините по денешната посета на општина Илинден, каде изврши увид во градежните активности на нов стадион, инфраструктурните проекти и патнате инфраструктура. – Добро е што се гради. Со овој проект на реалокација од централниот буџет кон општините имаме повеќе од 1.200 проекти коишто се градат и добро е што Македонија е едно големо градилиште. Дел од ...

Министерот за здравство Сашо Клековски информираше дека во Гостивар се регистрирани 109 нови случаи поврзани со епидемијата, а по смирувањето на акутната фаза е воведен засилен надзор за следење на можни заразни заболувања. Клековски посочи дека бројот на новопријавени случаи во последните четири дена се движи меѓу 80 и 125, но дека во овој момент не може да се утврди колкав дел од нив се директно поврзани со епидемијата. – Со денешниот ден ...

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис разговарал со режисерот Кристофер Нолан за да му честита за успехот на филмот „Одисеја“ и да му се заблагодари за придонесот во зголемувањето на меѓународниот интерес за грчката култура. Од кабинетот на премиерот соопштиле дека во телефонскиот разговор Мицотакис изразил задоволство што значителен дел од снимањето на филмот се одвивал токму во Грција. Филмот на Нолан, инспириран од античкиот еп што ...

Непознат сторител ја осквернил статуата на Богородица во Подбрдо и го запалил надворешниот олтар на црквата „Свети Јаков“ во Меѓугорје, еден од најпознатите католички центри за поклонение во светот, јавија медиуми во БиХ. Министерството за внатрешни работи на Херцеговачко-неретвската жупанија објави дека во 4 часот и 30 минути го примило првиот извештај за оштетување на статуата на Богородица, а во пет часот примиле пријава за пожар на ...

Има нешто длабоко човечко во носталгијата. Таа не е само сеќавање, таа е, всушност, засолниште. Тивко, удобно место, во кое минатото секогаш мириса подобро, каде луѓето се поискрени, а животот поедноставен. Токму тука, всушност, почнува и една од најголемите заблуди на нашето време, а тоа е дека порано се живеело подобро. Во разговорите, на социјалните мрежи, па и во јавниот дискурс, често ќе чуете дека денешнава држава е „пропадната“, „без ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во градежните активности на улицата Ленинова, каде што е во тек претпоследната фаза од реконструкцијата. Во моментов се поставува втор слој асфалт на потегот од булеварот Партизански одреди до крстосницата со улицата Илинденска, во должина од 412 метри. Паралелно се асфалтира и кружниот тек на крстосницата со улицата Орце Николов, кој ќе остане како трајно сообраќајно решение. ...

Американската компанија „Џонсон и Џонсон“ (Johnson & Johnson) понуди да исплати отштета од 5,5 милијарди долари на десетици илјада тужителите, кои тврдат дека детската пудра и другите производи со пудра предизвикуваат рак на јајници. Предложената спогодба има за цел да стави крај на долготрајната правна битка. Компанијата со седиште во Њу Џерси ги негира обвинувањата дека нејзините производи со пудра се канцерогени и оттогаш ја промени ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска информираше дека учениците запишани во прва година во средните училишта во главниот град за првпат ќе добијат бесплатни училишни униформи. Според него, целта на мерката е да се намалат социјалните разлики меѓу учениците и да се создаде порамноправна и побезбедна училишна средина. – Социјалните разлики неретко стануваат причина за поделби, дискриминација, па дури и булинг и затоа воведуваме ...

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин денеска објави дека руската престолнина во текот на ноќта била цел на напад со повеќе од 390 украински дронови, а гувернерот на регионот изјави дека во нападите биле оштетени и станбени згради. „Повеќе од 390 дронови се упатија кон Московскиот регион, но повеќето од нив беа неутрализирани многу пред да стигнат до градот“ – напиша Собјанин на апликацијата Телеграм, прецизирајќи дека „81 непријателски ...

Машиновозачите во Британија размислуваат да штрајкуваат поради недостаток на тоалети, а синдикатите предупредуваат дека основните потреби на работниците сè уште не се задоволени. Проблемот не е решен ниту една година откако регулаторот им наложи на операторите да обезбедат повеќе санитарни услови и да ги подобрат условите. Синдикатот на машиновозачи Aslef соопшти дека компаниите не успеале да обезбедат соодветни тоалети или да го скратат ...

Здравко Чолиќ сè уште настапува со полн интензитет, но неговиот потег на неодамнешниот концерт во Требиње предизвика вистинска лавина од коментари на социјалните мрежи. На концертот, пред околу 15 илјади посетители, легендарниот пејач во еден момент отвори шише вода, ја испрска публиката, а потоа со нога го шутна кон насобраните обожаватели. Додека дел од присутните овој потег го сфатија како спонтан дел од атмосферата и забавата, други ...

Американскиот актер Кевин Спејси го прославил својот 67. роденден во Дубровник, на хрватското крајбрежје. Роденденската прослава се одржала во неделата навечер во ресторанот „Прото“, еден од најпознатите ресторани во стариот дел на градот. На вечерата му се придружиле неколку пријатели, меѓу кои и хрватскиот режисер Јаков Седлар, со кого Спејси со години негува пријателски односи. Актерот за прославата избрал ресторан познат по морските ...

Видео објавено во Иран, кое во меѓувреме масовно се споделува на социјалните мрежи, предизвика остри реакции поради содржината во која се прикажуваат хипотетички сценарија за можен напад врз првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп. Снимката, која според достапните информации е поврзана со иранската новинска агенција „Тасним“, содржи наводни анализи за движењето на Меланија Трамп, можни начини на напад, но и директна ...

Силен земјотрес со прелиминарна магнитуда од 7,1 степени денеска ја погоди јапонската префектура Кумамото на југот од земјата, објави Јапонската метеоролошка агенција (JMA). По земјотресот, JMA издаде предупредување за цунами поради можни бранови високи до еден метар. Јапонската влада истовремено активираше предупредувања за вонредни земјотреси за префектурите Кумамото, Нагасаки, Кагошима, Фукуока, Сага, Оита и Мијазаки, сите кои се наоѓаат ...

Руската армија со беспилотни летала нападна два украински товарни брода во Црно Море. Како што соопшти руското Министерство за одбрана, еден од нападнатите товарни бродови превезувал воена опрема во Црно Море, додека другиот брод бил погоден во пристаништето Николаев. Руските вооружени сили утрово продолжија да напаѓаат украински пристаништа и бродови. Товарен брод што превезувал воена опрема беше погоден во северозападниот дел на Црно Море. ...

Експертската и научна јавност е согласна дека проектот за рудник за бакар „Иловица-Штука“ останува неискористена економска можност, особено во период кога Европа бара сѐ повеќе критични минерали за да ја постигне зелената транзиција. Наспроти нападите кон проектот од дел од активисти, инженерите и геолозите велат дека технологиите кои сега ги користи рударската индустрија се современи и го минимизираат влијанието врз животната средина, па на ...

Халкбанк го доближува банкарското работење до своите корисници преку 12 кратки и корисни видеа за брзо и лесно користење банкарски услуги преку мобилен телефон. Станува збор за серија едукативни видеа со актерката Дарја Ризова, во кои се објаснети чекорите за користење на најчестите банкарски услуги преку мобилната апликација на Халкбанк. Банката во изминатиот период постојано работеше на зголемување на бројот на функционалности на ...

Федералната администрација за воздухопловство на САД (FAA) објави дека седиштата во стотици авиони Боинг 737 MAX регистрирани во САД можеби биле неправилно инсталирани и треба да се корегираат. ФАА изјави дека добила извештај дека одредени склопови на седишта за патници не биле правилно поставени на водилките. Ова значи дека седиштата би можеле да се одвојат од водилките во случај на зголемен товар, силна турбуленција или принудно слетување. ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на гостувањето во поткастот „Риштази“ се осврна на обвинувањата кои доаѓаат од страна на опозицијата дека државата е пред банкрот и поради тоа се прават позајмици од М-НАВ, МЕПСО и Лотарија на Македонија. – Имам јас лоша вест за опозицијата. Велеа 2024 дека ќе банкротираме и 2025 и 2026 и им велам дека нема да банкротираме и покрај тоа што ни оставија долгови, незавршени проекти, руиниран систем, ...

Собранието на Црна Гора ги усвои измените и дополнувањата на Законот за здравствено осигурување, со кои на жените со дијагностицирана секундарна дисменореа – болни менструални циклуси проследени со грчеви, гадење и замор – им се овозможува право на два дена платено отсуство месечно. Тоа право, како што пренесуваат црногорските медиуми, се однесува на жени кои имаат болни менструални циклуси предизвикани од органски причини, како што се ...

Во албанскиот парламент се случи несекојдневен инцидент кој многумина на социјалните мрежи го споредуваат со сцени од култната британска комедија „Летечкиот циркус на Монти Пајтон“. На видеоснимка што се прошири на интернет се гледа како опозицискиот пратеник Агрон Шехај зема доверлив документ поврзан со воениот договор меѓу Албанија и Соединетите Американски Држави, по што се обидува да го напушти местото. На снимката се гледа како Шехај ...

На 23 јули 2026 година е испишана нова страница во историјата на авијацијата. Според податоците на популарниот сервис за следење летови „Flightradar24“, тој ден бил поставен апсолутен рекорд со неверојатни 153.359 следени комерцијални летови ширум светот. Овие импресивни бројки, кои покажуваат колку се зголемени обемот и интензитетот на воздушниот сообраќај, првично беа објавени на профилот @US_Stormwatch, а набргу потоа беа потврдени и со ...

Лагите на СДСМ одат на негова штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДСМ, на ДУИ и на Таравари во Гостивар, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. „СДСМ и Венко Филипче со лаги не можат да ја сокријат одговорноста на нивните кадри во Гостивар. Конструкциите, лагите и манипулациите на Венко Филипче и СДСМ за состојбите во Гостивар не можат да ја сокријат вината и неспособноста на нивните кадри во Гостивар. СДСМ и ...

Капитенот на фудбалската репрезентација на Аргентина Лионел Меси прв пат се појави во јавноста по поразот во финалето на Светското фудбалско првенство. Синоќа, Меси беше на трибините на стадионот да го следи мечот на екипата на Леонес кој го води неговото семејство во градот Аројо Сецо, во близина на неговиот роден град Росарио. Во придружба на еден од неговите синови, Меси се обиде да помине незабележано, облечен во темна јакна со качулка и ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
1.03
77%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1029
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
3.01
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
67%
1027
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
64%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.03
67%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
1.35
78%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Сребро

1670.34