Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Обединетите Арапски Емирати тајно извршиле воени напади врз Иран и со тоа од мета станале директен учесник во конфликтот, тврди „Волстрит журнал“. Весникот, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата, објави дека нападот бил извршен врз рафинерија на иранскиот остров Лаван. Пожар што горел со месеци Нападот се случил на почетокот на април, во периодот кога американскиoт претседател Доналд Трамп зборувал за прекин на огнот по ...
Работна група на Обединетите нации (ОН) предупреди дека светот се соочува со криза од масовно гладување доколку Ормускиот теснец наскоро не се отвори за сообраќај. Според нивните проценки, околу 45 милиони луѓе би можеле да гладуваат поради недостаток на ѓубрива чии патишта во моментов се блокирани. Мореира да Силва, извршен директор на Канцеларијата на ОН за проектни услуги (UNOPS), истакна дека една третина од светските залихи на ѓубрива, ...
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, повика на создавање нов сојуз на демократски нации способни да им се спротивстават на САД доколку е потребно, наведувајќи дека претседателот Доналд Трамп се чини дека ја повлекува земјата од нејзината традиционална глобална лидерска улога, јави ДПА. – Уште од детството, им се восхитувам на САД и ги сметам за природен лидер на слободниот свет. Но, се чини дека претседателот Трамп се ...
Шпанскиот активист Саиф Абукешек кој 10 дена беша во притвор најави правна битка против Израел. Абукешек заврши зад решетки по акцијата на израелската морнарица против Меѓународната флотила. – Моите адвокати проучуваат сè што се случи бидејќи Израел прекрши бројни закони – изјави Абукешек најавувајќи ја тужбата. „Киднапирање“ Шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Луис Албарес порача дека нема докази за обвиненијата што Израел ги изнел ...
Според најновите проценки на Светската здравствена организација, опасноста од хантавирус за европската јавност е ниска, изјави денеска портпаролот на Европската комисија. Тој додаде дека Комисијата работи на усогласување на европскиот одговор заснован врз научни сознанија. Портпаролот посочи дека вчера биле реализирани четири летови преку Европскиот механизам за цивилна заштита, поврзани со епидемијата на бродот „Хондиус“. – Подготвени сме ...
Од 12 до 16 мај, очите на музичката индустрија ќе бидат насочени кон еден од најважните културни центри во Европа благодарение на јубилејното, 70-то издание на Евровизискиот натпревар, на кое ќе учествуваат претставници од 35 земји – најмалку откако беа воведени полуфиналињата во 2004 година. Првото полуфинале ќе се одржи денес, 12 мај и на дело ќе ја видиме примената на новите правила, воведени по големите критики од фановите на Евровизија и ...
Црногорска државјанка од крузерот „Хондиус“ е ставена во карантин во Холандија по ширењето на смртоносниот хантавирус на бродот. Станува збор за членка на екипажот која во неделата пристигнала од Шпанија со организиран превоз. Црногорското Министерство за надворешни работи соопшти дека жената моментално се наоѓа во хотел во Ајндховен. Таа е тестирана и не смее да го напушти сместувањето додека не завршат здравствените мерки. Министерството ...
САД одржуваат редовни преговори со Данска за проширување на своето воено присуство на Гренланд, при што разговорите напредувале во изминатите месеци, изјавија добро упатени извори. Вашингтон сакал да отвори три нови бази на југот на полуавтономната данска територија, додека се обидува да ја реши дипломатската криза предизвикана од заканите на Доналд Трамп дека ќе го преземе Гренланд. Трамп во јануари рече дека САД би требало да го поседуваат ...
Претседателот на иранскиот Парламент Мохамад Багер Калибаф изјави дека вооружените сили на Иран се подготвени да обезбедат разорен, заслужен одговор на секоја агресија, предупредувајќи ги непријателите дека погрешните стратегии ќе им донесат само катастрофални резултати. „Нашите вооружени сили се подготвени да обезбедат заслужен одговор на секоја агресија. Погрешната стратегија и погрешните одлуки секогаш ќе доведат до катастрофални ...
Владата на САД воведе санкции против 3 лица и 9 компании, вклучувајќи 4 со седиште во Хонг Конг и 4 во Обединетите Арапски Емирати, за помагање на Иран да извезува нафта во Кина. Истовремено, американскиот Стејт департмент понуди награда до 15 милиони долари за информации што би довеле до нарушување на финансиските механизми на ИРГК, која Вашингтон ја смета за терористичка организација, и нејзините ограноци. Министерството за финансии на САД ...
За Вреди, демократијата започнува таму каде што граѓанинот го живее своето секојдневие, во општината, во маалото, во училиштето, на улицата што ја користи и во услугите што ги добива. Токму затоа децентрализацијата има централно место во програмата на Вреди, се вели во соопштение на партијата. „Вреди ѝ дава ново значење на децентрализацијата. За нас, тоа подразбира одлучувачка автономија за општините, фискална децентрализација, поголем ...
Украинските антикорупциски власти открија наводна шема за перење пари во која е вклучен поранешниот шеф на претседателскиот кабинет, Андриј Јермак, јави ДПА. Националното биро за борба против корупција на Украина (NABU) и Специјализираното обвинителство за борба против корупција (SAP) вчера соопштија дека организирана група наводно испрала еквивалент на речиси девет милиони евра (10,6 милиони долари) во врска со луксузен градежен проект во ...
Територијата на Македонија денеска ќе биде под влијание на циклонска активност која од Џенова ќе пристигне над Македонија и ќе услови денес да биде многу поветровито, односно ќе дува засилен до силен ветер од западен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 75 километри на час, пишува македонскиот метеопрогнозер Славчо Попоски на својот портал Метеоаларм. Во попладневните часови локално ќе се развиваат конвективни облачни ...
Иако физички се далеку од тука, нашинците во дијаспората и натаму се врзани за татковината, рече претседателката Гордана Сиљановска Давкова на приемот во пресрет на дводневниот традиционален самит на Македонија 2025 и ги врачи признанијата за придонес на припадниците на дијаспората. Признанието во соработка со Македонија 2025 се доделува на истакнати личности од дијаспората за нивниот придонес во зачувување и афирмирање на македонските ...
СДСМ го блокира процесот на изборни реформи, обвини пратеникот од Левица, Борислав Крмов, критикувајќи ја партијата поради отсуството од работната група за измени на Изборниот законик. Крмов посочи дека работната група продолжила со работа и без присуството на СДСМ, а во фокусот ги стави предлозите за една изборна единица и препораките на ОБСЕ/ОДИХР. „Ајде баш да видиме дали СДСМ ќе ги блокира предлозите од ОБСЕ/ОДИХР и една изборна единица. ...
Украина повеќе од три години се соочува со неиспровоцирана и неоправдана агресија од страна на Руската Федерација, што претставува очигледно кршење на Повелбата на Обединетите нации и на меѓународното право, рече министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски во своето обраќање на состанокот на високо ниво на Меѓународната коалиција за враќање на украинските деца, кој се одржа на маргините на Советот за надворешни ...
Ќе се извинувате и ќе ве ослободам, се закани денеска претседателот на СДСМ Венко Филипче на новинар од телевизијата Алфа, кој го праша како се повикува на европските вредности, а цело време етикетира медиуми. – Не етикетирам медиуми, етикетирам пропаганда, црна Гебелсова пропаганда, на која после освојувањето на власта ќе ѝ дојде крај. Исто како што му дојде крајот на изворот на таа пропаганда, оти ова овде е само крак на Орбановата ...
Прекинот на огнот меѓу Иран и САД е загрозен, откако денеска американскиот претседател Доналд Трамп го осуди „глупавиот предлог“ од Техеран. Трамп го нарече иранскиот предлог „парче ѓубре“ и предупреди дека прекинот на борбите е на „апарати за дишење“. – Тоа е како кога ќе влезе лекар и ќе каже: „Господине, вашиот близок има еден процент шанси за преживување“ – рече Трамп за време на настан во Овалната соба. Сепак, изјави и дека сè уште ...
Жолто предупредување за невреме со силен ветер издаде Управата за хидрометеоролошки работи. „Утре во попладневните часови времето ќе биде нестабилно, наместа со пороен дожд и со грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења и силен ветер од западен правец, со брзина над 60 километри на час, а повремено ќе дува со брзина над 80 километри на час и со услови за појава на ...
Не сум имал билатерална средба со министерката за надворешни работи Весислава Петрова Чамова, објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Тој реагира на изјавата на Петрова Чамова која рече дека денеска имала „добра прва средба“ со него. „Во врска на изјавата на мојата нова бугарска колешка, Весислава Петрова Чамова, би сакал да појаснам дека денеска немавме официјална билатерална средба. Имавме кратка размена ...
Судењето на родителите на малолетниот убиец Коста Кецмановиќ денеска се одвило во напната атмосфера, пишуваат српските медиуми. Владимир Кецмановиќ, татко на 13-годишниот убиец кој на 3 мај 2023 година уби 9 врсници и член на обезбедувањето во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград предизвика бура на судењето откако го обвинил главниот јавен обвинител на Вишото обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, дека го држи во притвор ...
Кол Томас Ален, обвинет дека вооружен упадна во хотелот во кој се одржуваше вечера организирана од Белата куќа, се изјаснил за невин по обвиненијата дека се обидел да го убие претседателот на САД, Доналд Трамп. Ален е донесен пред суд со лисици на рацете и во портокалова затворска униформа. На рочиштето за изнесување на обвинението не зборувал, а еден од неговите адвокати во негово име го изнел исказот за вината. Адвокатите на обвинетиот ...
Најмалку две лица се убиени, а три се ранети денеска во пукање во францускиот град Ница. Пукањето се случи во западната населба Мулен, два дена по престрелката во истиот дел од градот во која немаше повредени. Според извештаите, две лица отвориле оган на централниот плоштад на населбата од моторно возило во движење, по што возилото избегало од местото на настанот. Градоначалникот на Ница, Ерик Сиоти, го осуди нападот. Најмалку две лица се ...
Центар за лица со церебрална парализа и Центар за поддршка на лицата со дијабетес се отворени денеска во Кисела Вода. Ќе обезбедат сервиси за поддршка, советување, организирање едукативни работилници, креативен развој, социјална вклученост и за унапредување на квалитетот на животот на овие групи граѓани. На отворањето на центрите присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменковска ...
Постигнат е договор за измена на 10 члена од Изборниот законик, согласно препораките на ОБСЕ и на ОДИХР, на денешниот состанок на работната група за изборното законодавство во Министерството за правда. На состанокот присуствувале претставници на сите парламентарни политички партии, освен на СДСМ. Антонио Милошоски, потпретседател на Собранието и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, кој ја претставува партијата во работната група, оцени дека состанокот бил ...
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска почна судскиот процес против 13 полициски службеници обвинети во предметот поврзан со пожарот во кабарето „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а 222 беа повредени. На денешното рочиште обвинетите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни, а Обвинителството оцени дека полициските службеници со пропусти во постапувањето придонеле за настанување на трагичните последици. ...
Љупчо Палевски Палчо, неправосилно осуден на доживотен затвор за убиството на Панче Жежовски (74) и на Вања Ѓорчевска (14) денеска во жалбената расправа пред Апелацискиот суд пред судечкиот совет рече дека првостепената пресуда содржи сериозни пропусти во оценувањето клучни докази, како и во логиката на настаните, пренесе МИА. Според него, Кривичниот суд не дал анализа за дел од материјалните докази поврзани со подготовките за кривичното ...
Во современиот безбедносен свет, заканите кон државата повеќе не доаѓаат исклучиво преку тенкови, ракети или класични воени операции. Најопасните закани денес често се развиваат тивко, внатре во самите институции, главно преку корупција, клиентелизам, нефункционалност и системско слабеење на државниот капацитет. Во Македонија, овие појави најчесто се третираат како политички, административен или економски проблем. Но тоа е опасно потценување ...
Ана Дангова Хуг е предложена како нов кандидат за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) од Македонија. Комисијата за избор на кандидат за судија во ЕСЧП денеска ја одржа шестата седница, по добиеното мислење од Советодавниот панел во однос на спроведувањето на националната постапка за избор. Членовите на Комисијата изразиле задоволство што Експертскиот панел нема забелешки за постапувањето на Комисијата и за целата национална ...
Ник Пасквал, актер и продуцент најпознат по својата улога во „Како ја запознав вашата мајка“ и филмовите Poor Paul (2023) и Abundant Sunshine (2009), е прогласен за виновен за обвинет за провала во домот на холивудската шминкерка Али Шехорн во Лос Анџелес околу 4:30 часот наутро на 24 мај минатата година. Пасквал ѝ нанел сериозни телесни повреди со нож. Побегнал од местото на настанот, но бил фатен и приведен на граничниот премин меѓу САД и ...