Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Американската армија соопшти дека ноќеска извела напади врз цели во Иран како одговор на ракетните напади што иранските вооружени сили во вторникот ги извршија врз американски воени единици на Блискиот Исток. Централната команда на вооружените сили на САД на социјалните мрежи објави дека воздушните напади претставуваат „силен одговор на обидот за ирански напад“ од вторникот. Последните напади за светските агенции претставуваат дополнителна ...
Неидентификуван објект рано утринава паднал во близина на селото Тарнава-Колонија во источна Полска, предизвикувајќи силна експлозија, соопштија полските власти. Местото се наоѓа во Лублинското Војводство, на околу 95 километри од украинската граница. По пријавите од жителите за силна детонација, армијата, полицијата и другите надлежни служби го обезбедиле теренот и започнале истрага. Полските вооружени сили засега не соопштуваат за каков ...
Новиот бран воздушни напади на САД врз Иран како одговор на нападите врз американските сили низ Блискиот Исток утрово ги зголемија цените на нафтата. Цената на Брентот се искачи над 93,2 долара за барел продолжувајќи го растот од претходната сесија, а цената на американската сурова нафта WTI скокна на 85,7 долари за барел. Скокот на цената и овој пат е резултат на новите напади на САД врз Иран и ескалацијата на нападите на Хутите врз бодовите ...
На граничниот премин „Богородица“ утрово се чека околу 20 минути за излез од државата поради зголемената фреквенција на возила, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Од АМСМ посочуваат дека на останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, но интензитетот на возила на патните правци ...
Српската пејачка Марија Шерифовиќ летува во Хрватска со мајка ѝ Верица и синот Марио, а дел од авантурите од семејното крстарење сподели со своите следбеници преку новиот влог на Јутјуб. Таа ова лето ги замени концертите и сценските настапи со мирен одмор на едрилица со која пловат долж хрватскиот брег. Но, освен целосно мирно уживање во сонцето, морето и скриените заливи, семејството доживеа и неколку возбудливи моменти. Еден од нив бил кога ...
Во обид да се намали пренаселеноста во затворите италијанскиот парламент денеска усвои закон кој потенцијално им овозможува на илјадници затвореници кои се зависници од дрога или од алкохол да ја издржуваат казната дома, додека поминуваат низ програми за рехабилитација. Италијанските затвори се пополнети со околу 140 отсто од капацитетот, според податоците на групата за правата на затворениците „Антигона“, што е еден од најлошите рекорди на ...
Новиот детаљен урбанистички план за локалитетот Барутана на Водно не го зголемува, туку значително го намалува обемот на градење и воведува јасни правила за заштита на просторот, вели градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Тој ги отфрли наводите за можни ерозии на земјиштето како нестручн. – ДУП-от е дете на Генералниот урбанистички план на Скопје, кој е донесен со параметри што важат и денес. ГУП-от се темели на стручни ...
Вон контрола е големиот пожар што избувна околу 14.30 часот јужно од градот Ретимно на грчкиот остров Крит. Поради силниот ветер огнот брзо се прошири, а при гаснењето загинаа двајца пожарникари. Евакуирани се жителите на осум села, а евакуациите беа спроведени и по морски пат. Туристите забрзано го напуштаат подрачјето. Противпожарните сили беа дополнително засилени и вечерва. Во гаснењето интервенираат 190 пожарникари со 10 пешадиски тима, ...
Шумски пожари денеска избувнаа ширум западна Турција, уништувајќи повеќе домови и принудувајќи на евакуации и затворање патишта, додека пожарникарите се борат со огнените стихии. Властите предупредија на опасноста од ширење пожарите поттикнати од екстремните температури и силните ветрови. Најмалку 7 провинции, вклучувајќи ги и туристичките центри Анталија и Мугла, денеска пријавија активни шумски пожари, додека пожарите во 3 други градови се ...
Вон контрола е големиот пожар што избувна околу 14.30 часот јужно од градот Ретимно на грчкиот остров Крит. Поради силниот ветер огнот брзо се прошири, а при гаснењето загинаа двајца пожарникари. Евакуирани се жителите на осум села, а евакуациите беа спроведени и по морски пат. Туристите забрзано го напуштаат подрачјето. Противпожарните сили беа дополнително засилени и вечерва. Во гаснењето интервенираат 190 пожарникари со 10 пешадиски тима, ...
Дрон удри американски танкер за превоз на гас во египетското медитеранско пристаниште Дамиета, соопшти британската организација за поморска безбедност „Амбри“, повикувајќи се на првичната проценка на инцидентот. Компанијата за пристанишни услуги „Инчкејп“ објави дека два танкери со гас се зафатени од пожар во Дамиета. Дронот го удрил танкерот со име „Енергос Винтер“ предизвикувајќи пожар, кој потоа се проширил на пловилото „Газлог Салем“, ...
Управата за хидрометеоролошки работи издаде жолт метеоаларм за високи температури за целата територија на Македонија во наредните денови. Времето утре ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе изнесува 13 степени, а се очекува во Маврово и во Крива Паланка. Најтопло ќе биде во Велес, каде ќе се искачи до 39 степени Целзиусови. Во Скопје утре ќе биде ...
Во Кичево ќе се гради болница. Заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, градоначалникот на општина Кичево Александар Јованоски и директорката на Општа болница Кичево, Маја Цветановска Трајковска, заедно со делегација на Светска банка, денеска ја посетија болницата во Кичево и разговараа за концептот за изградба на новата болничка установа. Како што соопшти Министерството за здравство, планираната инвестиција е проценета на околу 1,38 ...
Поранешниот директор на Националниот институт за алергија и инфективни болести на САД, Ентони Фаучи, денеска на сослушување во американскиот Сенат повеќепати се повика на правото од Петтиот амандман од Уставот на САД, одбивајќи да одговара на прашањата на републиканските сенатори поврзани со потеклото на ковид-19 и неговото постапување за време на пандемијата со коронавирусот. Тој беше сослушан пред Комитетот за татковинска безбедност и ...
Украина е подготвена да ѝ помогне на Франција во борбата против разорните шумски пожари, објави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски по телефонскиот разговор со францускиот колега Емануел Макрон. Зеленски на социјалните мрежи соопшти дека го информирал Макрон за содржината на своите разговори со американскиот претседател Доналд Трамп и во американскиот Сенат, во врска со тековниот конфликт со Русија. „На пат од Вашингтон, имав ...
Голема трагедија попладнево ги потресе селото Домен, кај Скадар, во северниот дел на Албанија – во пожар во куќа животот го загубија мајка и две мали деца. Според првичните информации од увидот, пожарот избувнал во кујната каде жената готвела и се проширил со голема брзина, поради што жртвите не успеале да излезат од куќата. „Како последица на пожарот животот го загубија 24-годишна жена и нејзините две малолетни деца, на возраст од една и пол ...
Обвинетиот бизнисмен Борче Марковски денеска ја напуштил Македонија, откако вчера Основниот суд во Струга му го врати пасошот. Марковски, сопственик на „Марковски компани“ е првообвинет во предметот со злоупотреби при јавни набавки во РЕК „Битола“, во кој се обвинети уште 7 физички лица и едно правно лице, од кои петмина се директори и раководители на подружници во комбинатот. Тој денеска бил задржан на граничниот премин „Табановце“, но ...
Криминалниот ум криминално размислува, кога ќе останете без аргументи, најлесно е да измислувате приказни и да ги обвинувате другите, но тоа не ја менува вистината, ѝ одговори поранешниот министер за култура Зоран Љутков на пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска. „Госпоѓо Костадиновска-Стојчевска, додека бевте министер, ветувавте проект вреден 150 милиони евра за Скопје 2028. Денес јавноста има право да постави неколку ...
Групацијата Лимак го назначи Санџак Курт за нов генерален директор на Лимак Скопје. Како долгогодишен професионалец и носител на раководни позиции во интернационалната групација Лимак, тој ја презема оваа функција по повеќе од две децении богато искуство во управување со комплексни инфраструктурни, енергетски и градежни проекти, реализирани во Туркије, Албанија, Северна Македонија и Саудиска Арабија, соопшти компанијата. Санџак Курт е ...
Собранието избра Мери Дика Георгиевска за уставен судија, со 64 гласа „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“. Дика Георгиевска е актуелен претседател на Апелацискиот суд Скопје. По изборот, судијката Мери Дика Георгиевска даде свечена заклетва пред пратениците во Собранието, со што и официјално ја презеде функцијата судија на Уставниот суд. Мери Дика Георгиевска е дипломиран правник на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и ...
Младиот лав Уганда ја нападна и ја уби лавицата Тајри во зоолошката градина во Загреб, соопшти ЗОО Загреб. Од Зоолошката градина наведуваат дека на 10 јули Уганда и Тајри биле успешно споени во помошниот простор, а од 21 јули тие престојувале заедно во надворешно живеалиште. „Двојката добро се сложуваше и немаше индикации дека може да се случи таков настан“, соопштија од Зоолошката градина. Откако дознале за нападот, вработените во ...
– И љубовта е дел од традицијата Има вечери кога фолклорот не се памети само по песната, играта и носиите. Се памети и по моментите што засекогаш го менуваат нечиј живот. По настапот на Фолклорниот ансамбл „Битола“, на сцената на 56. издание на „Илинденски денови“ се случи едно од најнеочекуваните и најемотивните изненадувања на фестивалот. Пејачот и игроорец Никола Зацески, пред бројната публика, клекна на колено и ја побара за жена својата ...
Собраниската дебата и процедура за предлог-законот со кој треба да се овозможи реализацијата на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ привремено се става на чекање. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ одлучи да го повлече предложениот текст од дневниот ред за дополнителни консултации, соопшти координаторот Никола Мицевски. Одлуката за повлекување доаѓа непосредно по забелешките упатени од опозициските пратеници за време на ...
Една од најпознатите манекенки на сите времиња деновиве ужива на одмор на шпанскиот остров Ибица, каде што фотографите ја уловија во опуштено летно издание кое повторно ги привлече сите погледи. Облечена во кратки бели шорцеви и лесна летна блуза, Наоми прошета покрај морето, а вниманието особено го привлекоа нејзините затегнати и мускулести нозе. Многумина коментираат дека и денес изгледа речиси исто како во периодот кога беше една од ...
Најмалку 18 лица загинаа во земјотресот со јачина од 7,1 степен според Рихтеровата скала, кој вчера ја погоди Јапонија. Се очекува бројот на жртвите да се зголеми, бидејќи многу лица сè уште се водат како исчезнати по силниот потрес што ја погоди префектурата Кумамото, на јужниот остров Кјушу. Земјотресот достигна интензитет Шиндо 7, највисоко ниво на јапонската скала за сеизмички интензитет, соопштија локалните власти. – Изразувам најдлабоко ...
Домашната инфлација очекувано забрза во вториот квартал, и натаму е на релативно повисоко ниво, при постепено забавување во текот на вториот квартал. Економската активност е отпорна на неизвесното надворешно окружување, а во рамките на банкарскиот сектор и натаму се бележи солиден раст на депозитите и кредитите. Надворешната позиција на земјава е стабилна, а девизните резерви се одржуваат на соодветното ниво за зачувување на стабилноста на ...
Македонски туристи предупредуваат на серија кражби во Грција, откако останале без пет пасоши и други патни документи, кои им биле украдени од автомобил додека биле на плажа и на ручек. Според нивното сведоштво, по враќањето од Сивири застанале на паркингот кај „Sahara Beach Club“, каде планирале да ручаат. Кога се вратиле до возилото, забележале дека автомобилот бил провален, а исчезнала мала чанта во која ги чувале документите. Во кражбата ...
Деветгодишно дете тешко e повредeнo во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во скопски Сарај. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 28 јули околу 14:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од сервисна улица и регионалниот пат Скопје –Тетово се судриле патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 67-годишниот С.С. од селото Арнакија, и електричен тротинет управуван од ...
Францускиот диџеј и музички продуцент Кавински, чие вистинско име е Венсан Белорже, почина на 50-годишна возраст. Неговото безживотно тело било пронајдено во вторникот вечерта во неговиот дом во Париз, потврдило тамошното обвинителство, пренесуваат светските медиуми. Властите веднаш отвориле истрага за да ја утврдат точната причина за смртта. Според првичните информации, на местото не биле пронајдени траги што би укажувале на насилна смрт или ...
Последните изјави на првите луѓе упатени во надворешната политика на Македонија, дека „протоколите не се дел од преговарачката рамка“, внесоа збунка во јавноста. Посебно кај оние што го прочитале македонскиот евроинтегративниот пакет и знаат дека на Вториот протокол се повикува имплицитно во самата рамка, усвоена од Советот на ЕУ на 30 јуни 2022, како на годишни прегледи и мерки за ефективна имплементација според членот 12 (од Договорот меѓу ...