Висок е процентот на корупција во државата и приоритетот ни е сега таа работа. Не се остварија драматичните најави дека брзо ќе бидат подобрени процентите на инфлацијата, изјави денеска претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески пред почетокот на конфедерацијата „Бизнис со интегритет”. Азески предупреди дека евентуалното зголемување на инфлацијата може да предизвика катастрофални последици на стопанството. Компаниите, додаде, ...

Преспанскиот договор јасно го регулира користењето на термините за државните институции, но употребата на придавката македонски во однос на идентитетот и народот не може да се забрани – истакна денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одговарајќи на новинарски прашања во однос на вербалната нота врачена до амбасадорот на Бугарија во земјата поради изјавата на новата шефица на бугарската дипломатија Весислава Петрова-Чамова, која го ...

Финалето на Светското фудбалско првенство ќе се игра на 19 јули на „Метлајф“ стадионот во Њујорк и прв пат во 96-годишната мундијалска историја ќе биде збогатено со музички настап. Продуцент на музичката програма е Крис Мартин од „Колдплеј“, чие искуство од сценски настап на полувреме на спортски спектакл датира од 2016 година, кога заедно со Бруно Марс и Бијонсе, настапи на јубилејното 50. издание на Супербол на стадионот „Ливајс“ во Санта ...

Летово ќе биде завршена физибилити студијата, по што ќе следува ревизија. Процесот на планирање мора да заврши перфектно добро. Првичниот рок што го кажав, дека проектот ќе се заврши до 2031 година, останува, ништо не е поместено, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски за брзата пруга на Коридорот 10. Тој рече дека се во тек активности кои се исклучително битни, па дури и најзначајни за целиот проект, но не ...

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР. Во сабота ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m2), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Во недела ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во Скопје, и во следните денови ...

Сообраќајна несреќа се случила во битолското село Добрушево, при што шестгодишно дете е тешко повредено откако управувајќи електричен тротинет се судрило со мотоцикл. Од СВР Битола информираат дека несреќата била пријавена на 13 мај 2026 година околу 12:50 часот. Според првичните информации, во судирот учествувале мотоцикл без регистарски таблички, управуван од 30-годишниот Х.Т. од селото, и електричен тротинет кој го управувало шестгодишното ...

Покрај хартиените свидетелства, на крајот од тековната учебна година, учениците од прво до трето одделение за првпат ќе добијат и дигитални свидетелства како резултат на заложбите на Министерството за образование и наука за дигитализација на образованието. Ова е значаен чекор во процесот на модернизација на образовните услуги во државата и е поддржан од Македонски Телеком. – Оваа учебна година започнуваме со етапно воведување на дигиталните ...

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека државата ќе ја засили борбата против арогантното однесување кај дел од функционерите и најави дека наскоро ќе биде објавен начин преку кој граѓаните ќе можат директно да испраќаат поплаки. – Борбата никогаш не смее да заврши. Наскоро ќе објавам како можете да дојдете и како сите граѓани можат да ми испраќаат информации, преку кој портал, преку кои социјални мрежи, за луѓе кои се однесуваат ...

Со порака за достапност и блискост до граѓаните, претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја отвори Народната канцеларија на претседателот во Скопје на улицата Димитрие Чуповски бр. 7. Таа истакна дека новото катче е создадено за да биде отворено место за сите – младите, возрасните и за пензионерите, каде што ќе се развиваат дијалог, дебата и демократска култура. – Мислев дека е време уште едно место тука во центарот на градот да им ...

Tреба да ги гледаме процесите онакви какви што се и да бидеме реални. Треба да сме свесни дека малите и средни претпријатија на класично отворен, либерален систем, се неконкурентни и тоа треба да го кажеме јавно, директно и отворено. Нема јавна постапка што може да ја добие мало и средно претпријатие од Македонија, ако на неа учествува кој било не светски, не европски, туку регионален учесник, изјави денеска вицепремиерот Александар Николоски ...

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски ја повика опозицијата да има одговорен пристап за реформската агенда, да придонесе во европската иднина и да ја тргне настрана дневната политика. Соопшти дека во следниот период се очекува „историски висока исплата на средства за државата во рамките на Планот за раст“. – Европската интеграција не може да биде успешна без сериозност, без одговорност и без минимум национален консензус околу ...

Многумина кај нас велат дека се „во шок“ од фарсата со т.н. „криминал на векот“, но такви шокови допрва ќе гледаме. Барем според најновите „теории“ за некаква неопходна „политика на флексибилност, тактички компромиси, балансирање и прилагодување“ а отсуство на морал, принципи и вредности, посилните од „реалниот свет“ ќе останат неказниви! Ние и понатаму ќе се шокираме и морализираме, а тие ќе ги трупаат богатствата во ѕидовите на родителските ...

Финското дуо Линда Лампениус и Пит Паркконен ја воодушеви публиката во првата полуфинална вечер од Евровизија, со спектакуларна изведба на песната „Liekinheitin“ со пиротехника и силна сценска енергија, потврдувајќи го својот статус како едни од главните фаворити на Евровизискиот натпревар. Токму ним им припадна и најголемиот аплауз на вечерта. Необичното финско дуо го сочинуваат познатата виолинистка Линда Лампениус и поп-рок пејачот Пит ...

Компанијата dm drogerie markt, во соработка со Здружението на граѓани за промоција и поддршка на здравјето „Матрона“, организира бесплатна едукативна средба на тема „Од бременост до мајчинство: пренатална едукација и грижа за новороденчето“, наменета за идни родители и за сите заинтересирани. Настанот ќе се одржи на 20 мај, во периодот од 17.30 до 19.30 часот, во хотелот „Милениум Палас“ на Широк Сокак 4б во Битола. Местата се ограничени, а ...

Решени ли се еко активистите да ја држат во заложништво македонската економија? Тие велат дека нема да дозволат отворање на ниту еден нов рудник и ги прашаа премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот Сашко Митовски дали гарантирале со нивниот живот, имот или финансии дека рудниците ќе ги запазувале еколошките стандарди. Ставовите ги споделија во емисијата „Директно“ на Телма ТВ, а нивните аргументи за забраната за нови рудници во ...

Со добро планирање, успеавме досега да реализираме 75% од средствата за капитални проекти од буџетот на Министерството за транспорт, што е одличен резултат. Доколку има простор, подготвени сме да потрошиме и дополнителни средства ако буџетот тоа го дозволува, изјави вицепремиерот Александар Николоски. – Многу сум задоволен од реализацијата на буџетот во Министерството за транспорт. Во делот на капиталните расходи сме некаде 75% реализација, ...

Екс-лидерот на СДСМ Зоран Заев го бришеше зборот „македонски“ од институциите, додека уценетиот Венко Филипче е спремен да го доврши бришењето на македонскиот идентитет, обвинува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. СДСМ не само што не се срами кога Македонците се нарекуваат „северномакедонци“, туку и е горда на тоа, се вели во написот. Срамот одамна не е присутен кај СДСМ и затоа бесрамно се обидуваат да избришат сè македонско, односно тоа што Зоран ...

Американскиот актер Доналд Гиб, најпознат по улогата на Фредерик Паловаски „Огре“ во култната филмска серија „Одмаздата на штреберите“, почина на 71-годишна возраст по здравствени компликации. Веста за неговата смрт ја потврди неговиот син Тревис, кој откри дека актерот починал во својот дом во Тексас опкружен со семејството. Гиб остави силен белег во филмската и телевизиската индустрија во текот на 1980-тите и 1990-тите. Публиката најдобро ...

Германија повлече од продажба замрзнато овошје од Србија поради вирусот на хепатитис А, објави веб-страницата на Европскиот систем за брзо предупредување и известување за храна (RASFF). Како што е наведено, станува збор за замрзната мешавина од бобинки. Ризикот по здравјето на потрошувачите е означен како „сериозен“, се вели на веб-страницата на RASFF. Српското Министерството за земјоделство соопшти дека пратката била произведена од ...

Министерот за здравство Азир Алиу денеска информираше дека странската Комисија која ги проверувала сомнителните случаи на непотребно извршени операции или упатувања за операции, утврдила сомнителни наоди кај 9 од вкупно 13 анализирани предмети. На денешната прес-конференција, Алиу соопшти дека кај четири пациенти Комисијата оценила дека третманот бил медицински соодветен, навремен и спроведен согласно стандардите на клиничката пракса. – Од ...

Истрагата за убиецот од Старо Нагоричане, кој се води како прв сериски убиец на жени во Македонија, открила уште четири нови кривични дела – две убиства и два обиди за убиство. Како што соопшти денеска на брифинг обвинителот Љубомир Лапе, се работи за прв случај на сериски убиец со елементи на фемицид, бидејќи сите жртви биле жени и биле нападнати токму поради нивниот пол. Според досега објавените информации од обвинителството и полицијата, ...

Полицијата соопшти дека ги уапсила крадците на велосипед во Аеродром. Полицајците во средата, 13 мај, уапсиле двајца 22-годишници од Сарај по пријавата на А.С. дека во вторникот пред теретана му бил одземен велосипедот. Лицата се идентификувани и приведени веднаш по добиената пријава и се преземени сите активности. Велосипедот е вратен на сопственикот, информира Министерството за внатрешни работи. Претходно снимка од крадците кои сред бел ...

Кејт Мидлтон ја започна својата официјална посета на Италија деновиве, а по пристигнувањето во Реџо Емилија, ја пречекаа илјадници воодушевени граѓани кои чекаа со часови за да ја видат. Ова е и првото официјално самостојно патување на принцезата Кејт во странство откако минатата година ѝ беше дијагностициран рак, а на почетокот на 2025 година објави дека болеста е во ремисија. Затоа нејзиното пристигнување во Италија предизвика уште поголеми ...

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) најостро реагира на Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри и бара тој веднаш да се стопира и да не се проследува до Собранието. Нивната реакција ја пренесуваме во целост: „Донесувањето на ваков закон е ништо друго туку обид за затворање на легалните приредувачи на игри на среќа, монополизација на оваа гранка од страна на власта и поединци кои од тоа имаат голема ...

Утрово во Битола, убиена е жена на возраст од 31 година, убиецот е приведен. Полициски службеници на СВР Битола се на терен, а случајот се истражува. „Денеска полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Р.(33) од Битола. Тој се сомничи дека утрово околу 06.40 часот со нож ја нападнал неговата сопруга А.В.(31) од Битола, со која не живееле заедно, а која од здобиените повреди починала на место. Лекар од Итна медицинска помош ...

Врховниот суд за борба против корупцијата во Украина му изрече превентивна мерка – притвор на поранешниот шеф на претседателската администрација на Володимир Зеленски, Андриј Јермак, со можност да плати кауција од 140 милиони гривни (3,2 милиони долари) – објави „Укринформ“ повикувајќи се на судијата Виктор Ногачевски. Судијата Ногачевски, пренесува ДПА, денеска пресуди дека Јермак треба да остане во притвор како почетен период од 60 дена, со ...

Израелската телевизија KAN, која доби предупредување од Европската радиодифузна унија пред самиот Евровизиски натпревар поради рекламите во кои нејзиниот претставник Ноам Бетан моли за сите десет гласови од еден број, објави на својот Инстаграм профил инсерт од настапот на хрватските претставници „Лелек“ со текст: „Како жена што претерала со тетоважи од кана во Ејлат“, алудирајќи на тетоважите на лицата и рацете на девојките. Обожавателите на ...

Претседателот на САД Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг демонстрираа „сложена динамика на моќ“ за време на нивниот состанок во Пекинг, вклучувајќи долго и силно ракување, кое, според експертите за говор на телото, имаше симболична дипломатска тежина. Експертот за говор на телото, Џуди Џејмс, процени дека ракувањето меѓу двајцата лидери траело околу десет секунди и вклучувало неколку последователни тапкања, што било протолкувано ...

Во пресрет на средбата меѓу Доналд Трамп и Си Џинпинг, камерите го уловија државниот секретар на САД Марко Рубио како зачудено гледа кон раскошниот таван на салата за состаноци во Пекинг. Рубио со прст покажа на таванот додека разговараше со Пит Хегсет. Дел од медиумите се пошегуваа дека Рубио „технички се наоѓа под кинески санкции“. Marco Rubio was very impressed with the ceiling and light fixatures inside the Great Hall of the People. ...

Евровизиската треска продолжува вечерва, 14 мај, за кога е закажано второто полуфинале на Евровизискиот натпревар 2026. По првата вечер од натпреварот, 15 нови земји ќе се борат за последните десет места во големото финале, кое ќе се одржи во сабота, 16 мај, во Виенската „Винер Штадхале“. Второто полуфинале исто така започнува во 21 часот, а покрај земјите натпреварувачки, во ревијалниот дел ќе настапат и директните финалисти Австрија, ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
4.77
42%
1018
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
2.24
51%
1019
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
1.4
38%
1021
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
2.9
58%
1017
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
4.89
41%
1015
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 21ᴼ
0.89
47%
1020
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
5.81
56%
1012
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
4.22
49%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
5.4
39%
1016
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
5.81
94%
1017
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
4.02
38%
1020
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
6.51
62%
1013
Currency

61.635

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.4334

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Алуминиум

3.48

Калај

51.97

Родиум

257205.97

Платина

53756.05

Сребро

2072.63

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Бакар

12.52

Злато

131337.93

Рутениум

48965.59

Паладиум

39545.42

Кобалт

45.39