Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Авион на египетската авиокомпанија Ер Каиро денеска принудно слета на Аеродром Никола Тесла поради технички проблем за време на летот од Хургада кон Минхен. Според информациите на српската агенција Танјуг, авионот слетал во 14:35 часот откако била регистрирана индикација за чад во пилотската кабина. По слетувањето, патниците мирно и безбедно го напуштиле авионот, а засега нема информации за повредени лица. Од аеродромот наведуваат дека ...
Полицијата трага по две малолетни лица кои во петокот вечерта се обиделе да предизвикаат пожар во Парк шумата Гази Баба. Случајот во полиција го пријавил граѓанин, кој со помош на уште неколку лица успеал да го изгасне опожарениот дел од летниковецот. „Денеска (15.05.2026) во 19:47 часот во СВР Скопје А.В. пријавил дека во парк шума Гази Баба од страна на две малолетни лица бил опожарен дел од летниковец. Пожарот е локализиран од страна на ...
Изминатата година родени се 15.500 новороденчиња, што значи дека државава бележи значителен пад во природниот прираст, покажуваат најновите демографски податоци од 2025 година – истакна денеска проф. д-р Елена Џикова од Клиниката за гинекологија и акушерство и член на Управниот одбор на Македонската асоцијација на гинеколозите и опстетричарите – МАГО на одбележувањето на Неделата на женското здравје 2026. Таа посочи дека ако се навратиме една ...
Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Кина на 19 и 20 мај на покана на кинескиот претседател Си Џинпинг, соопшти денеска прес-службата на Кремљ. За време на посетата, Путин и Си ќе разговараат за билатералните односи меѓу Москва и Пекинг, како и за меѓународни прашања, а планирано е и потпишување на заедничка изјава и неколку договори, објави РИА Новости. Како што е наведено, двајцата лидери ќе присуствуваат и на церемонијата на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговата претстојна одлука за понатамошната продажба на оружје на Тајван е ефикасно средство за притисок врз Пекинг, јавува ДПА. Трамп рече дека засега го остава договорот за продажба на оружје, вреден 14 милијарди долари, да лебди во воздух, иако тој е веќе одобрен од американскиот Конгрес, пренесе германската агенција. „Зависи од Кина“, изјави Трамп за радиодифузерот „Фокс Њуз“. ...
Во текот на денешниот ден, сабота 16 мај, територијата на Македонија ќе се наоѓа под влијание на циклонска активност со центар над Џенова, Италија. Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со поројни врнежи од дожд, појава на грмежи и со засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер и електрични ...
Во српското село Грабовница, Куршумлија, машина за балирање сено му ја отсекла раката на 21-годишниот Д. Џ. од тоа село. Во тој момент, младиот човек бил сам на полето. Во Клиничкиот центар во Ниш лекарите вечерва се обидуваат да му ја сошијат отсечената рака. Сè се случило попладнево околу 17 часот. Кога машината му ја пресекла раката, тој успеал да стигне до неа и да ја земе, го завиткал крвавото рамо со крпа и отрчал до неговата куќа, која ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика Москва да биде казната, положувајќи рози пред урнатините на станбен блок во Киев, каде што во руски ракетни напади загинаа 24 луѓе, вклучувајќи и 3 деца. „Службите за итни случаи го завршија пребарувањето на урнатините на зградата, кое траеше повеќе од еден ден“, напиша Зеленски на социјалните мрежи. Крстосувачка ракета ја погоди деветкатната зграда за време на најмасовниот руски напад од ...
Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе престојува во САД во државна посета наесен годинава по покана на неговиот американски колега Доналд Трамп, соопшти денеска министерот за надворешни работи на Кина, Ван Ји. Како што пренесе агенцијата Синхуа, Трамп го покани кинескиот претседател во посета на Белата куќа на 24 септември. Поканата беше упатена за време на банкетот што Џинпинг го организираше во чест на Трамп во Пекинг. Кинескиот претседател ...
Со силно темпо се одвиваат градежните работи од финалната фаза за поврзување на улицата Љубљанска во Карпош со улицата Скупи преку новиот мост на Вардар, информира градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Проектот кој со години беше во застој, конечно влегува во завршница. Наскоро, овој важен мост на реката Вардар ќе биде ставен во функција и ќе овозможи подобро, побрзо и побезбедно движење за скопјани“, објави Ѓорѓиевски на Фејсбук. ...
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи ги обвини Соединетите Американски Држави дека водат недоследна и непредвидлива надворешна политика. На прес-конференција во Њу Делхи, Арагчи изјави дека американската влада испраќа мешани сигнали. – Пораките што ги добиваме од американската страна варираат од ден на ден. Понекогаш дури добиваме неколку различни пораки во еден ист ден – рече Арагчи. Како пример, тој ги наведе изјавите на ...
Со години Комисијата за односи меѓу заедниците беше ставена на маргините, беше ослабена од политиките на ДУИ, соопшти Вреди. Нејзината улога беше ослабена, додава партијата, ја изгуби реалната тежина во процесите на одлучување, иако произлегува од Охридскиот рамковен договор. „Од денеска тоа се менува. На чело на комисијата е избран пратеникот на Вреди, Аднан Азизи. Тој ќе предводи нова фаза. Фаза на целосна функционалност и јасна ...
Соседната држава на ДР Конго, Уганда, денеска потврди дека на територијата на земјата има жариште на смртоносниот вирус ебола, соопшти Министерството за здравство на африканската земја. Надлежното министерство прецизираше дека станува збор за сојот бундибугјо. Еден пациент починал од ебола на одделение за интензивна нега вчера, откако развил хеморагични симптоми. Министерството за здравство на Уганда појасни дека заразата е пренесена од ДР ...
Министерството за спорт продолжува со инвестициите во спортската инфраструктура – по тригодишен застој продолжува изградбата на базенот во СтрумицаОва е уште една потврда за нашата решеност да ги завршиме сите проекти почнати од претходната влада пред многу години и да го подобриме квалитетот на живот на сите оние кои сакаат да се занимаваат со спорт и со рекреација, вели министерот за спорт Борко Ристовски., почнат и оставен недовршен од ...
Поранешниот англиски фудбалер Дејвид Бекам стана првиот британски спортски милијардер, објави денеска „Сандеј Тајмс“ во најновата листа со најбогати луѓе во Велика Британија за 2026 година. Заедничкото богатство на Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија Бекам се проценува на 1,185 милијарда фунти. Поранешниот капитен на англиската фудбалска репрезентација денес е косопственик на Интер Мајами, кој се смета за највредна франшиза во ...
Управата за хидрометеоролошки работи издаде портокалов метеоаларм за источна и за западна Македонија и жолт аларм за централна Македонија за силен дожд и силен ветер. Времето утре ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со пообилен пороен дожд во количини над 20 литри на квадрат, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува засилен до силен ...
Кина ќе купи 200 авиони „Боинг“, при што нарачката би можела да достигне до 750, изјави денеска претседателот на САД, Доналд Трамп. Трамп додаде дека авионите ќе бидат опремени со мотори на „Џенерал електрик“. Доколку бидат финализирани, нарачките ќе ја означат првата голема зделка на „Боинг“ во Кина по речиси една деценија. во услови на трговски тензии меѓу Пекинг и Вашингтон, американскиот производител на авиони во последниве години во ...
Фондот за здравство бара решение за техничките проблеми при исплатата на породилното отсуство, дел од проблемите се од помалите фирми кои не прават разлика помеѓу пријавувањето на патолошка бременост или породилното отсуство, вели директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. – Бараме техничко решение како тоа да се надмине, меѓутоа за разлика од другите исплати, овие се фреквентно променливи и некогаш процесите не се ...
Извештајот од странската експертска комисија, која изврши независен стручен увид на 13 случаи и потврди 9 случаи поврзани со сомнежи за непотребни кардиохируршки интервенции, содржи лични и медицински податоци на пациентите, како и детална медицинска документација, дијагностички наоди, податоци за третманот и клиничкиот тек на случаите. Во согласност со член 25 став 1 од Законот за заштита на правата на пациентите, личните и медицинските ...
Полицијата ќе ги засили контролите во градските средини, со посебен фокус на возачите на мотори кои не ги почитуваат сообраќајните правила и претставуваат ризик за безбедноста во сообраќајот, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тошковски рече дека има разлика меѓу вистински моторџии и оние кои глумат моторџии. – Тие кои се вистински моторџии во град не ги прекршуваат сообраќајните правила. Тие се посветени за почитување на ...
Реформите во правосудството мора да бидат суштински, добро анализирани и креирани преку широк и инклузивен дијалог, рече министерот за правда, Игор Филков на стручната расправа посветена на измените и дополнувањата на Законот за судовите. Во своето обраќање министерот нагласи дека измените на Законот за судовите се дел од поширок реформски процес, чија цел е создавање побрз, поефикасен и подостапен судски систем, што ќе обезбеди поголема ...
Повеќе од јасно е дека раководството на СДСМ води политика што создава сомнеж во јавноста дали воопшто партијата ги застапува македонските национални интереси или работи во полза на туѓи агенди и наративи – изјави на прес-конференција портпаролот на ЗНАМ Никола Мемов. – СДСМ со години наназад води политика на национални отстапки, релативизирање на македонскиот идентитет и поткопување на државните позиции. Се започна од интервјуто на Зоран ...
Ѕвездата на „Еуфорија“ неодамна откри дека ставила толку многу филери во усните што дури и не ѝ треба крем за ублажување на болката пред процедурата. Актерката уште во 2022 година изјави дека ги корегирала усните „околу 15 пати“, пишува „Пипл“. Во нова епизода од серијалот „Beauty Secrets“ на „Вог“, 28-годишната актерка отворено зборува за своето искуство со филери на усните. – Очигледно е дека ставам филери во усните. Ги ставив толку многу ...
Миро Кацаров времено ќе ја извршува должноста директор на Универзална сала додека следната недела ќе се распише нов оглас на кој заинтересираните кандидати ќе можат да аплицираат. Вака информираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски за Курир. – Јас не велам дека секогаш правиме совршени кадрови потези, сите досега се покажале дека се исправни во Град Скопје, затоа и состојбата е таква каква што е, но овде станува збор за културна институција, ...
Во изминатите четири месеци даночните инспектори извршиле вкупно 960 теренски контроли за фискализација при што кај повеќе од 40% од контролираните субјекти се утврдени неправилности во примената на Законот за регистрирање на готовински плаќања (ЗРГП). 30% отпаѓаат на неиздавање фискални сметки, издавање непропишани сметки и непоседување фискална каса. Со контролите биле опфатени 434 угостителски објекти, 318 трговски објекти, 201 услужен ...
Жена од велешко останала без околу 4.000 евра, откако измамници ја убедиле дека нејзината ќерка лежи во болница и итно треба да биде оперирана. Случајот вчера бил пријавен во СВР Велес. Според полицискиот билтен, 58-годишната жена добила телефонски повик од лице кое се претставило како лекар во Општата болница во Велес. Измамникот ѝ кажал дека нејзината ќерка има скршеница и дека за оперативен зафат треба да плати пари. Според пријавата, ѝ ...
Во Кичево ќе се гради претоварна станица по сите светски стандарди, а не депонија, појасни денеска градоначалникот Александар Јовановски. Одговарајќи на новинарски прашања по извршениот увид на неколку капитални проекти заедно со премиерот Христијан Мицкоски, нагласи дека многу е важно граѓаните да знаат оти претоварната станица ќе биде хортикултурно уредена, заградена, асфалтирана, ќе нема отпадни води и загадување на почвата, ниту ѓубре. – ...
Венко Филипче изјави: „Не сме чуле никаде од Бугарија дека го негира нашиот идентитет.” Тоа би било помалку зачудувачко кога бугарските позиции навистина би биле нејасни, имплицитни или дипломатски прикриени. Но, тие со години се експлицитно формулирани во официјални државни документи, парламентарни декларации и позиции формално доставени до Европската Унија. Не станува збор за изјави кои треба да се толкуваат, да се бараат меѓу редови или да ...
Жена на 48 години од Скопје се здобила со тешка телесна повреда откако паднала во шахта без капак на подрачјето на Центар. Случајот бил пријавен вчера вечер во СВР Скопје. Според информациите од полицијата, М.Х.(48) пријавила дека несреќата се случила на 9 мај околу 18:30 часот. Таа паднала во отворена шахта и се повредила. Од СВР Скопје соопштија дека по пријавата била испратена увидна екипа. Засега нема информации колку долго шахтата била ...
Мртво новороденче било донесено рано утринава во Клиничката болница во Штип, соопшти полицијата. Според информациите од СВР Штип, бебето го родила 35-годишна жена од селото Конче, радовишко. Лекар во болницата констатирал смрт на новороденчето, додека мајката била задржана на Одделението за гинекологија. Полициски службеници излегле на местото и разговарале со сопругот на жената, К.У.(33). Според неговата изјава, околу 02:00 часот таа добила ...