Сончево и топло време ќе преовладува денеска во Македонија. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, слично време со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 38 степени. Топлото време ќе продолжи и до крајот на следната недела кога дневните температури се ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката испрати честитка до граѓаните. „За мене, 2 Август, Илинден, е најсветиот македонски ден, денот на којшто во 1903 година, македонската републиканска идеја се отелотвори во Крушевската Република и денот кога во 1944 година, на АСНОМ, по вековна борба, се реализира правото на македонскиот народ на национална држава, во којашто се гарантираат правата на ...

Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, во Илинденското послание порача дека трите Илиндена претставуваат сведоштво за историскиот континуитет на Македонија и симбол на стремежот на македонскиот народ кон слобода и државност. Тој оцени дека слободата не е трајно стекнато право, туку вредност што мора постојано да се брани и зачувува. Во пораката се наведува дека Илинден од 1903 година го означил востанието за слобода, АСНОМ од 1944 ...

Македонија денеска ги одбележува двата Илиндена – 123 години од Илинденското востание и Крушевската Република и 82 години од Првото заседание на АСНОМ, два најзначајни настани за македонската државност. Централниот настан традиционално ќе се одржи во Крушево, каде ќе се обрати потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски. Одбележувањето ќе почне со положување цвеќе на гробот на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев и ...

Потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски денеска, во рамки на манифестацијата „10 дена Крушевска Република 2026“ ја пречека коњаницата пред столбот на Крушевската Република. По пристигнувањето на коњаницата и формирањето на свечената поворка, собраниската делегација, предводена од потпретседателот Милошоски, се упати кон Гумење, каде што положи свежо цвеќе и им оддаде почит на истакнатите борци и дејци од македонската историја, ...

Ричард Гренел, специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за специјални мисии, на Инстаграм објави видео снимено од повисоките катови на зграда од која панорамски се гледа голем дел од Скопје, објави „360 степени“. Во објавата кратко пишува – Скопје, Македонија, е убав град. Па, може да се претпостави дека тој е или бил во посета на македонската престолнина. Од Владата за „360 степени“ велат дека Гренел пред два дена, на 29 ...

Шест лица се приведени, а едно е повикано на службен разговор во врска со пукање на семејна веселба во гостиварското село Добридол, за кое беше објавено видео на социјалните мрежи – информираа вечерва од Министерството за внатрешни работи по спроведени претреси на повеќе локации. За време на претресите, сите спроведени во село Добридол, одземени се оружје и муниција. МВР соопшти дека извршила претрес кај сите кои се нашле на снимката. „Во ...

Сервисот на третиот „ер трактор“, што беше оштетен во невремето во Скопје, успешно е завршен, објави денеска Дирекцијата за заштита и спасување. Во текот на денот е извршен е пробен лет, при што е утврдено дека авионот е функционален. „Ер тракторот“ се враќа во употреба во борба против пожарите, нагласија од ДЗС. Сервисот на третиот „ер трактор“, што беше оштетен во невремето во Скопје, успешно е завршен, објави денеска Дирекцијата за ...

Видео со млади лица кои пукаат од огнено оружје качени на автомобил со гостиварски таблички објавено на социјалните мрежи предизвика бурна реакција во јавноста. Министерството за внатрешни работи соопшти дека нема поднесена пријава за неовластено пукање со огнено оружје при семејни веселби во Гостивар, но дека полицијата веќе презема мерки по допрен глас. Не се знае кога е направена снимката, но за граѓаните е неприфатлива и загрижувачка. ...

Актуелниот светски шампион во рели, Себастијан Ожие, доживеа сериозна несреќа на Финското рели. Французинот излета од патеката со голема брзина, се преврте неколку пати и се удри во дрво, а по сето тоа, тој и неговиот заменик-совозач Жулиен Инграсија беа однесени со хеликоптер во болница на медицински прегледи. Несреќата се случи во претпоследната етапа денеска, кога Себастијан Ожие ја држеше водечката позиција. Неговата Тојота заврши надвор ...

Сервисот на третиот „ер трактор“, што беше оштетен во невремето во Скопје, успешно е завршен, објави денеска Дирекцијата за заштита и спасување. Во текот на денот е извршен е пробен лет, при што е утврдено дека авионот е функционален. „Ер тракторот“ се враќа во употреба во борба против пожарите, нагласија од ДЗС. Сервисот на третиот „ер трактор“, што беше оштетен во невремето во Скопје, успешно е завршен, објави денеска Дирекцијата за ...

Пистата на аеродромот во Сплит е повторно отворена по инцидентот што се случи попладнето за време на слетувањето на авионот на Иберија од Мадрид. Станува збор за Ербас А320 на кој додека слетувал во Сплит му пукнала гума, поради што авионот останал запрен на пистата неколку часа. Во авионот имало 172 патници и шест члена на екипажот. Нема повредени. – Сите патници се безбедно симнати и испратени на патничкиот терминал за да го земат багажот и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со нови воени напади врз Иран, велејќи дека САД ќе продолжат со нападите сè додека Техеран не се согласи на она што тој го нарече значајни преговори. Во исто време, Вашингтон го засилува притисокот за повторно отворање на Ормускиот Проток, додека тензиите растат низ Блискиот Исток. Зборувајќи со новинарите за време на состанокот со членовите на неговата администрација во претседателскиот ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека процесот за нормализирање на водоснабдувањето во Гостивар е при крај и дека очекува уште денеска граѓаните да добијат вода безбедна и за пиење. Според него, во моментов се спроведува процес на хиперхлорирање што го изведуваат експерти од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, а секојдневно се земаат мостри и се прават анализи. -Веќе можам да кажам дека одиме кон ситуација кога можеби за првпат во ...

Вкупно седум пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 13 часот. Од нив четири се сè уште активни, а три се целосно изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во Општина Македонски Брод, каде што гори дабова шума помеѓу селата Слатина и Грешница, како и во Општина Струга, каде што огнот зафатил борова шума меѓу селата Делогожда и Татеши. Сува трева и ниска вегетација горат во Општина Сарај ...

Завршена е изградбата на новата водоводна и канализациона мрежа на улицата Фаик Коница (поранешна Дижонска 15) во Општина Чаир, проект реализиран со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање во вредност од 6,9 милиони денари. На теренскиот увид по повод завршувањето на проектот присуствуваа министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа и претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамет ...

Тринаесет години откако беше украдена, „опел корса“ на пензионерот Имре Пастор беше пронајдена на дното на Дунав во близина на унгарскиот град Соб. Автомобилот беше извлечен од пожарникари поради екстремно ниското ниво на водата, а се претпоставува дека крадците го турнале во реката по кражбата за да ги покријат трагите и да се ослободат од возилото откако одзеле вредни нови делови од него. Поради рекордно ниското ниво на водата на Дунав, во ...

Триесетдневен притвор му е одреден на 50-годишен маж од село во близина на Македонски Брод, осомничен дека во повеќепати силувал 20-годишна девојка од истото село, која е лице со здравствени проблеми. Како што соопшти МВР, осомничениот М.В. бил уапсен вчера, по што судија на предходна постапка му одредил притвор. Триесетдневен притвор му е одреден на 50-годишен маж од село во близина на Македонски Брод, осомничен дека во повеќепати силувал ...

Преку граничните премини „Дојран” и „Богородица” во изминатите 24 часа од земјава излегле речиси 15.ооо лица, а влегле 14.205 патници. Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во изминатите 24 часа преку граничниот премин „Богородица“ излегле 11.905 лица, додека приближно ист број патници влегле во државата. На преминот „Дојран“ излегле околу 3.000 лица, а влегле околу 2.300. – На граничниот премин „Богородица” од вчера од 12 ...

На 72- годишна возраст во Скопје почина Исмаил Бојда (Боја), долгогодишен претседател и почесен претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија. „Со голема тага информираме дека почина нашиот почесен претседател Исмаил Бојда. Изгубивме голем човек, патриот, другар и пријател. Целиот свој живот го посвети на заложбите за правата на Македонците кои припаѓаат на исламската религија и во тој контекст неговите дела ќе останат како ...

Бизнисменот Борче Марковски, кој е обвинет за злоупотреба на тендери во РЕК, се врати во Македонија, изјави неговиот адвокат Марјан Николоски за ТВ 24 Тој вели дека непотребно се кренала паника зошто судот му го вратил пасошот. – Тој е веќе во Битола со своето семејство, ги заврши обврските во Србија. Ги заврши работите во Србија за кои што и го баравме пасошот. Чекаме да почне судењето за да ги расчистиме работите, ние не бегаме од судење – ...

Две Србинки и жител на охридското село Калишта вчера прво добро се напиле, па се скарале и меѓусебно си размениле тупаници. Полицијата ги приведе и им подготвува пријави. Според соопштението на МВР приведени се Н.Ш.(42) од струшкото село Калишта, Ј.Ц.(45) од Лесковац, Република Србија и Н.Б.(30) од Крушевац, Република Србија. Полицијата реагирала откако им дошла пријава дека пред угостителски објект тројцата кои биле пијани се карале и се ...

Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар вчера доживеа сообраќајна несреќа враќајќи се од одмор во Хрватска. Таа се здоби со полесни повреди, а откако беше задржана под надзор во болница како превентивна мерка, во саботата беше пуштена на домашна нега. Несреќата се случила во тунелот Кастелец додека претседателката патувала на официјален настан во Коменд. Таму требало да учествува како почесен спонзор на почетокот на тридневен ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Дебар му ги предаде клучевите од социјалниот стан на едно семејство, со што симболично ја пушти во употреба новата социјална зграда. Со пуштањето во употреба на новиот станбен објект во Дебар, 47 семејства и поединци од ранливите категории добија сопствен дом. -За мене претставува посебна чест и задоволство што сум денеска тука во Дебар и имам можност, ете, симболично, преку доделувањето на клучевите на ...

Министерството за здравство денеска соопшти дека внимателно го следи случајот со 19-годишната пациентка која по царски рез направен во Клиничката болница во Штип останала парализирана. – Со цел целосно, објективно и стручно утврдување на сите околности поврзани со лекувањето на пациентката, Министерството издаде налог до Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор. По добивањето на инспекцискиот наод и ...

Екипите на јавните претпријатија на Град Скопје го расчистија првиот дел од Градскиот парк од последиците на силното невреме што пред неколку дена го зафати Скопје. Засадени се нови садници, санирана е оштетената урбана опрема, а просторот повторно е достапен за посетителите. Интензивно се работи и во вториот дел од Градскиот парк каде што се отстрануваат последиците од невремето, се санираат штетите, се отстрануваат старите и оштетени дрвја ...

Денеска нема нови потврдени случаи на западнонилска треска, но има тројца пациенти кај кои има сомнежи за заразување со болеста информира Министерството за здравство. Во однос на епидемијата во Гостивар, оттаму наведуваат дека состојбата е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции. – На Клиниката за инфективни болести се примени тројца пациенти кај кои постои сомнение за заболувањето и за кои се очекуваат ...

Имаме намалување и на државниот и на јавниот долг во вториот квартал и сега сме, би рекол, посебно за државниот долг, на ниво коешто, е најниско од после короната. Имаме намалување за нешто повеќе од 40-тина милиони евра кај државниот и нешто повеќе од 20-тина милиони евра кај јавниот долг во вториот квартал од годината и имаме зголемување на индустриското производство во јуни месец од 6,5% или, ако се земе вториот квартал, е 4%, изјави ...

Нешто чудно се случува во eвропската економија во вториот квартал од 2026 година. Додека трите најголеми економии на Европската Унија – Германија, Франција и Италија – едвај забележаа раст од 0,2 проценти, апсолутен шампион е Ирска со импресивни 3,9%. Веднаш зад неа следуваат Литванија со 1,9 и Шведска со 1,7 проценти, покажуваат најновите податоци на Евростат, обработени од Еуроњуз. Највпечатлив е резултатот на Ирска. Земјата повторно ...

Најновата верзија на GM955, професионално возило за машинско чистење произведено во фабриката на ГРИН МАШИНС на БРАКО во Велес, заминува за Минхен, Германија, каде што следната недела ќе продолжи процесот на тестирање и хомологација директно во TÜV SÜD. Моделот GM 955 добива повеќе значајни технички унапредувања – нов Perkins мотор, редизајнирана кабина со подобрена ергономија и нови LED светла, нов систем за контрола на возилото развиен во ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 1ᴼ
0.51
74%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.01
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.58
65%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
65%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.13
65%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32