Пет лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во напад со украински дрон врз плажа во руското црноморско летувалиште Архипо-Осиповка, во близина на Геленџик. Според руските власти, дронот бил пресретнат од противвоздушната одбрана, но неговите остатоци паднале врз капачите, предизвикувајќи смртоносни последици и паника меѓу туристите. Во нападот се повредени и повеќе лица, а на местото веднаш пристигнале екипи на итната медицинска помош и ...

Снимката на Дуа Липа како во пет часот наутро во Приштина јаде плескавица брзо се прошири на социјалните мрежи. Популарната пејачка по ноќното излегување се почестила со омилен балкански специјалитет, а друштво ѝ правела сестра ѝ Рина. Додека ја јадела плескавицата, Дуа во шега рече: „Кој го шиша тостот со авокадо“. Во еден момент сестра ѝ ѝ зема залак, а потоа двете го покажале екранот од мобилниот телефон на кој пишувало 4:30 часот. – Време ...

Огромна колона возила утринава го блокира сообраќајот на регионалниот пат кон граничниот премин „Дојран“, а застојот кај Стар Дојран трае веќе четири часа. Колоната се протега сè до црквата „Св. Илија“ на влезот во Стар Дојран, а од Граничниот премин „Дојран“ информираат дека причината за метежот е огромниот број возила на грчка страна, каде што надлежните служби веќе немаат капацитет да ги примат сите патници. – Застојот е на грчка страна. ...

Годинешните илинденски обраќања на претседателката на Републиката, на претседателот на Владата и на потпретседателот на Собранието, и покрај различниот тон и политичкиот пристап, содржеа една охрабрувачка порака: во македонското општество сè уште постои простор за согласност околу најважните државни и национални прашања. Сите говорници зборуваа за потребата да ја чуваме државата, да го браниме националното достоинство, да ги задржиме младите ...

Нема нови лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска во земјава, а последните суспектни случаи се негативни, информира Министерството за здравство. Од Министерството посочуваат дека до Институтот за јавно здравје не се пристигнати нови потврдени случаи, додека примероците од последните лица кај кои постоело сомнение за инфекција биле негативни на PCR-тестирањето. „Во однос на западнонилската треска, до Институтот за јавно здравје ...

Епидемиолошката состојба во Гостивар останува стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции, информира Министерството за здравство. Според податоците од Министерството, во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 84 први прегледи, што претставува зголемување за 27 случаи во однос на претходниот ден, кога биле евидентирани 57 прегледи. И покрај дневниот пораст, од Министерството посочуваат дека бројот на прегледи е ...

Косовски државјанин е лишен од слобода откако полицијата го затекнала како управува автомобил со брзина од 220 километри на час на автопатот А1. Како што информира Министерството за внатрешни работи, денеска (3 август 2026 година) во 08:41 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го привеле Ш.З. (36) на паркингот „Милетково“. При извршена сообраќајна контрола било утврдено дека тој управувал патничко возило „мерцедес“ со ...

Еден од најпознатите и најенергичните диџеи во светот, Стив Аоки, приреди вистински спектакл на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, каде настапи во рамки на прославата по повод 35 години независност на Македонија и чествувањето на Илинден. Пред бројната публика, светски познатиот диџеј во еден момент го развиори македонското знаме, испраќајќи порака со која го поздрави празникот и предизвика огромни овации кај присутните. View this post ...

Македонските туристи кои често патуваат во Грција треба да бидат внимателни не само со ограничувањата за максимална брзина, туку и со правилата за минимална брзина. Во соседната земја казна може да добијат и возачи кои се движат премногу бавно и со тоа го попречуваат сообраќајот. Според грчките сообраќајни правила, возачите не смеат да создаваат пречки за нормалното одвивање на сообраќајот. За прекршување на ова правило е предвидена глоба од ...

Несекојдневен инцидент го одбележа натпреварот меѓу младинските екипи на Фламенго и Сеара во Купот на Бразил до 15 години, откако голем папагал накратко го прекина мечот напаѓајќи еден од фудбалерите. Бизарната сцена се случи во 17 минута од натпреварот на стадионот „Гранжа Комари“ во Терезополис. Додека Фламенго организираше напад, голема ара – вид тропски папагал – почнала да кружи над теренот, а потоа ненадејно се нафрлила кон дефанзивецот ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски открива дека се водат разговори „под радарот“ за деблокирање на европскиот пат на Македонија, но нагласува дека Владата нема да прифати решение по секоја цена, особено кога станува збор за прашањата поврзани со идентитетот, јазикот, историјата и културата. Во интервју за МИА, Муцунски вели дека постојат дипломатски разговори за надминување на блокадата на евроинтегративниот ...

Екстремните топлотни бранови што ја зафатија Европа ова лето сè повеќе ги менуваат туристичките навики, па голем број туристи наместо традиционалните медитерански дестинации избираат одмор во посвежите северни земји. Трендот, познат како „кулкејшн“ (coolcation), отвора прашање дали станува збор за привремена појава или за почеток на долгорочна промена во европскиот туризам, пишува Еуроњуз. Додека температурите во јужна Европа редовно ...

Зголемена фреквенција на возила е забележана на неколку гранични премини, каде што возачите утринава чекаат околу еден час, додека на државните патишта низ земјава сообраќајот се одвива непречено по суви коловози, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Според АМСМ, интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а условите за возење се поволни. Поради зголемен број патници и возила, на граничниот ...

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ порача дека нема да дозволи „омразата и песимизмот да станат национална идеологија“, обвинувајќи ја опозицијата дека наместо со идеи и програми, се обидува да создава дефетизам и политичка нестабилност. Во партиското соопштение се наведува дека секоја генерација има своја историска задача, а денешната, според ВМРО-ДПМНЕ, е да изгради економски силна, праведна и просперитетна Македонија во која младите ќе имаат причина ...

Во текот на изминатото деноноќие низ државата биле регистрирани вкупно 30 пожари на отворен простор, а според последните информации на Центарот за управување со кризи (ЦУК), во моментов нема активни пожари. Од ЦУК информираат дека 29 пожари се целосно изгаснати, додека еден пожар е ставен под контрола. Станува збор за пожарот меѓу селата Слатина и Грешница во општина Македонски Брод, каде што гори нискостеблеста шума и ниска вегетација. „Во ...

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека проблемот со неисправната вода за пиење во Гостивар не е нов, туку, како што наведуваат од партијата, претставува резултат на „децениска негрижа“ на претходните власти предводени од СДСМ, ДУИ и Арбен Таравари. Во партиското соопштение се посочува дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, не треба да ја користи актуелната состојба за политички напади, туку да одговори зошто, како поранешен министер за ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави нов круг разговори со ирански претставници, откако привремено се откажа од нови воени напади врз Иран. Преговорите, според неговата најава, треба да се одржат денеска. Трамп ова го изјави пред новинарите во претседателскиот авион „Air Force One“, додека патуваше од Њу Џерси кон Вашингтон. Тој не откри каде ќе се одржат разговорите, колку ќе траат, ниту кои претставници ќе учествуваат во нив, ...

Мароканската влада ги обвини дезинформациите на социјалните мрежи и мрежите за трговија со луѓе дека стојат зад масовниот бран мигранти кои последните денови влегоа во шпанската ексклава Сеута. Според мароканското Министерство за внатрешни работи, лажни информации објавувани на социјалните мрежи, активностите на криумчарските групи и погрешното толкување на одлука на шпански суд ги навеле мигрантите да поверуваат дека можат да влезат во ...

Сончево и многу топло време со температури до 39 степени се очекува денеска низ Македонија. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, додека во источните предели ветерот ќе биде од северозападен правец. Утринските температури ќе се движат од 9 до 19 степени, а дневните ќе достигнат од 33 до 39 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево, топло и ветровито време. Минималната температура ќе изнесува околу 18 ...

Необичен и мистериозен настан ги шокираше капачите откако морето исфрли на брегот 700.000 евра спакувани во пластични кеси. Еврата биле спакувани во пластични кеси, ставени во кеса од „Лидл“ и уште една кеса за пазарување со кечап од домати од малтешкиот бренд „Three Hills“. Инцидентот се случил на 28 јули. На глисерот, долг околу 5,5 метри, му снемало гориво недалеку од брегот на Казуца, западно од Марина ди Рагуза. Во него се наоѓале тројца ...

Земјотрес со јачина од 2,5 степени по Рихтер вечерва е почувствуван во Скопје. . Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 21 часот и 54 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентрално подрачје Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, Ml2.5. Земјотресот е почувствуван од жителите на градот Скопје и околината, со интензитет од III-IV ...

Српскиот премиерот проф. д-р Ѓуро Мацут ги повика српските граѓани да штедат струја во наредните 10 дена поради нискиот водостој во земјата. Тој најави дека утре ќе се одржи вонредна седница на Штабот за вонредни ситуации поради високите температури во Србија и ситуацијата со водостојот во земјата. – Темата е водостојот, односно високите температури. Поради тоа и водостојот е низок, но покрај тоа загрозено е, всушност, и производството на ...

Нивото на реката Рајна кај Келн го достигна историскиот минимум од 67 сантиметри, а слична е ситуацијата и на другите мерни локации, соопшти денеска германската Управа за водни патишта и бродарство. Низводно, во Дуизбург-Рурорт, водостојот на Рајна за првпат падна на своето рекордно ниско ниво од 153 сантиметри, накратко дури и малку под тоа, но нивото на водата повторно почна да расте, пренесува неделникот „Шпигл“. Спротивно на ...

Во самоубиствен напад пред полициска станица во северозападен Пакистан загинаа најмалку 14 луѓе, од кои пет полицајци и осум цивили, како и бомбашот-самоубиец. Инцидентот се случил на подрачјето Кабал, во покраината Хајбер Пахтунхва, при што се повредени над 20 луѓе. Насилството на бунтовниците во пограничните области на Пакистан нагло се зголеми изминатите месеци, а армијата и полицијата се главни цели на нападите. Пакистанската влада за ...

Повеќе воени и цивилни разузнавачки неименувании извори тврдат дека владата на Шпанија со денови била предупредувана на ризик од масовно доаѓање на мигранти во северноафриканската енклава Сеута, објави „Евроњуз“. Разузнавачките служби алармирале дека кралот на Мароко, Мухамед VI, по повод Денот на тронот би можел да биде „великодушен“. Веднаш потоа пристигнале извештаи дека луѓе со автобуси се превезуваат до границата, а мигранти пливаат од ...

Почина д-р Никола Стојановски – првиот претседавач на повеќепартиското Собрание и еден од последните живи првоборци од НОБ, долгодишен претседател и почесен претседател на на Сојузот на борците на Македонија. Со смртта на д-р Никола Стојановски, Македонија изгуби сведок на речиси цел еден век од својата современа историја – лекар, антифашист, пратеник и јавен деец, чиј живот беше нераскинливо поврзан со најзначајните настани во државата, од ...

Организаторите на унгарскиот психоделичен фестивал Озора, еден од најголемите транс настани во Европа, денеска одлучија предвреме да го прекинат фестивалот поради смрт на двајца посетители. Американец вчера паднал од една од декоративните конструкции околу главната бина. Властите и организаторот претпоставуваат дека 45-годишниот маж се самоубил. Вчера почина и 39-годишна Унгарка, „најверојатно поради интензивната горештина“. Со оглед на овие ...

Бројот на жртви од експлозијата во ресторанот „Балзи Роси“ на Кудринскиот плоштад во Москва порасна на пет, додека повеќе од шест лица се во тешка состојба, пренесе рускиот сервис на Радио Слободна Европа. Според руските медиуми, две лица починале во болница. Рускиот Национален антитерористички комитет (НАК) претходно пријави три смртни случаи – жена која, според зборовите на истражителите, донела експлозивна направа од домашно производство, ...

Двајца загинати е билансот на несреќата што се случи кога два противпожарни хеликоптера „Бел“ се судрија во воздух, за време на гаснење на големиот шумски пожар кај Псата, западно од Атина. Во несреќата животите ги загубија романски пилот и грчки навигатор, додека останатите двајца членови на екипажите се спасени. Пилотите на двата хеликоптера биле Романци, а навигаторите Грци. Според првичните информации, леталата се судриле при ниско ...

Силен дожд и невреме се заканија да го прекинат концертот на Хари Стајлс во Мексико Сити. Но, британската поп-ѕвезда не дозволи временските услови да го прекинат шоуто. За време на настапот, сцената стана лизгава, а Стајлс во еден момент изгуби рамнотежа и падна, но веднаш стана и продолжи да пее, освојувајќи громогласен аплауз од илјадниците обожаватели. Настанот се случи на 1 август, кога мексиканската престолнина беше зафатена од силен ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
0.51
65%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.06
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
65%
1028
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
69%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.09
62%
1032
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
90%
1029
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32