Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
ФЕРОИНВЕСТ продолжува со поставување батериски системи на фотонапонски електрани, помагајќи им на електраните да го издржат прекумерното производство на електрична енергија преку ден, и да ги заштити од ниски цени и од исклучување, а електро-енергетскиот систем да го заштити од преоптовареност. Тоа се постигнува така што батерискиот систем овозможува произведената електрична енергија да се складира во моментот на нејзиното производство, а ...
Две жени загинаа во поплави и одрон во северозападниот дел на Шпанија, додека две бебиња се повредени, соопштија спасувачките служби во автономната област Кастилја и Леон. Жртвите се две жени на возраст од околу 60 и 80 години, соопштија локалните власти. ⚠️⛈️ Al menos dos muertos, varios heridos y desaparecidos por una riada en Manzanedo de Valdueza, Comarca del #ElBierzo ( #León), debido a las fuertes #tormentas. #FMA @eldiarioes ...
Германската амбасада во Скопје се најде среде политичка пресметка во Берлин поради 2.000 евра дадени за претставата „Ангели во Америка“ на Тони Кушнер, изведена минатата година во Македонскиот народен театар. Партијата Алтернатива за Германија (АФД) случајот го вклучи во поширока парламентарна офанзива против трошењето германски буџетски пари за ЛГБТ, родови и слични проекти во странство. Во германската јавност приказната доби дополнителна ...
Новак Ѓоковиќ доживеа непријатно враќање на теренот по паузата по Вимблдон. Српскиот тенисер беше елиминиран во првиот меч кој беше дел од второто коло на мастерсот во Синсинати, откако Аргентинецот Тијаго Агустин Тиранте го совлада со 2:6, 6:4, 6:4. Поради замор во еден момент падна на колена, потоа повраќаше, и извика – нозете ми откажуваат. Резултатот остана во втор план поради здравствените проблеми на 39-годишниот Ѓоковиќ, кој тешко ги ...
Автомотосојузот на Македонија соопшти дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце времето на чекање за излез од држата е околу 30 минути, а на Богородица времето на чекање е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...
Ракометарите на Охрид го одбранија трофејот на ракометниот турнир Струга 2026 откако вечерва во финалето го совладаа Вардар со 31:30. Ова за охриѓани е втор трофеј во историјата на ова натпреварување кое годинава го имаше 54.то издание. Во финалето Охрид во финишот на првиот дел направи пресврт и на полувреме имаше предност од 15:13. Во второто полувреме Вардар беше во мала негатива и не успеа да направи пресврт и охриѓани заслужено победија. ...
Полскиот премиер Доналд Туск денеска во Гдиња, на парадата на воената морнарица – порача дека Полска не сака нови битки и сака да избегне војна, но нагласи дека тоа може да го направи само оној што е силен, подготвен, вистински независен и суверен. – Нашата армија, нашите вооружени сили, наскоро ќе бидат најголеми во Европа. Веќе денес можеме да кажеме дека создаваме сила што ќе одлучува за судбината на регионот, бидејќи е современа, бројна и ...
Во Македонија продолжува периодот на претежно сончево и топло време. Во текот на денот ќе има мала до умерена локална облачност, а ветерот ќе биде слаб до умерен и од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 7 степени во Берово до 18 степени во Гевгелија, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 28 степени во Маврово до 35 степени во Гевгелија. Во Скопје се очекува сончево време со слаб ветер од променлив правец. ...
Неверојатна сцена е забележана во Египет откако во јавноста се појави видео од физичка пресметка меѓу двете сопруги на селекторот на египетската фудбалска репрезентација, Хосам Хасан. Според информациите што ги објавуваат египетските медиуми, ситуацијата брзо ескалирала, по што морала да интервенира полицијата за да спречи поголем инцидент. Двете жени, според досегашните информации, биле приведени по тепачката. На местото бил и самиот Хосам ...
Доволна е искра за вистинска катастрофа, предупреди денеска во видео порака од опжарен терен, каде се гледа само пепел и прашина, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, повикувајќи на поголема внимателност. Ангелов, претходно денеска информираше дека активни се шест пожари низ државата, но предупреди дека состојбата е се уште алармантна, ако се земе предвид дека во текот на вчерашниот ден имало 27 пожари на ...
Русија побара од Вашингтон и Анкара да објаснат дали постојат планови за префрлање на „значителен арсенал“ американско оружје и муниција од Турција во Украина, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека евентуалниот таков трансфер би предизвикал „сериозна штета на нашите билатерални односи со Вашингтон и Турција“. Претходно овој месец украинскиот ...
Баерн Минхен славеше со 3:1 против Лајпциг, но победата остана во сенка на моментот што ги загрижи сите на стадионот – Џамал Мусиала колабираше на теренот во завршницата од натпреварот. Фудбалерот на Баерн во еден момент падна на теренот и веднаш му беше укажана медицинска помош. По интервенцијата на лекарскиот тим, Мусиала не можеше да го продолжи натпреварот и беше заменет. Инцидентот предизвика загриженост меѓу соиграчите, противничките ...
Драматични снимки од пожарот се шират на социјалните мрежи. На една од објавените видеоснимки се гледа како огнот во еден момент се приближува до населеното подрачје, додека густ чад се шири над Сутоморе. Според снимката објавена на Инстаграм-профилот „192_rs“, пожарот стигнал многу блиску до куќите. „Голем пожар во Сутоморе, огнот стигна до куќите“, стои во описот на објавата. View this post on Instagram A post shared by 192.RS (@192_rs) ...
Хрватското Министерство за туризам и спорт и Хрватската туристичка заедница потврдија дека Драгана Антешевиќ (34) од Котор Варош, Босна и Херцеговина, е жртвата на катастрофалниот пожар што го зафати подрачјето на Омиш. Тие изразија сочувство до семејството на Драгана, која во Хрватска работела како сезонски работник. Нејзиното тело било пронајдено вчера наутро на пожариштето, откако Драгана со часови се водеше како исчезната. „Изразуваме ...
Французин и неговите два сина, на возраст од 12 и 9 години, биле спасени откако цела ноќ поминале на отворено море кај островот Ко Самуи во Тајланд. Французин и неговите два сина биле спасени во петокот, 14 август 2026 година, од морето кај островот Ко Самуи во Тајланд, откако цела ноќ поминале на отворено море со расипан џет-ски. Брахим Терки (50) и неговите синови, на возраст од 12 и 9 години, биле пронајдени исцрпени, но за среќа сите ...
Пет лица се повредени во пукање што рано утрово се случило на Државниот универзитет на Вирџинија во САД, при што едно лице е во критична состојба, соопштија универзитетот и полицијата. Пукањето се случило околу 1:28 часот по локално време, во близина на студентскиот станбен комплекс „Quad Annexes“, пренесува NBC News. Mass shooting at Virginia State University leaves several wounded, puts campus on lockdown pic.twitter.com/i8tkLPgoTh — ...
Трите „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување денеска дејствуваат врз пожарот што избувна на планината Жеден, на подрачјето на Општина Јажинце, информираше директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Ангелов во видеоизјава од местото на пожарот посочи дека огнот зафатил исклучително стрмен терен со густи грмушки, поради што движењето и пристапот на пожарникарите се сериозно отежнати. – Од тие причини пожарникарите не можат да ...
Земјотресот со локална магнитуда од 2,5 степени бил регистриран во 16:10 часот, на околу 47 километри југозападно од Скопје. Земјотрес со локална магнитуда од 2,5 степени според Рихтер денеска попладне го потресе епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Потресот бил регистриран во 16:10 часот, а епицентарот се наоѓал на околу 47 километри југозападно од Скопје. ...
Германски државјанин бил лишен од слобода откако со својот автомобил бил фатен како вози со 203 километри на час на автопатот А1 „Пријателство“ кај Гевгелија, соопшти Министерството за внатрешни работи. М.Ф. (46) од Германија бил запрен денеска во 8 часот, на автопатот кај селото Милетково. Полицајците од СВР Струмица – ОВР Гевгелија ја измериле брзината со радар при контрола на сообраќајот. Тој управувал автомобил „БМВ“ со германски ...
Мароканските безбедносни сили денеска спречија неколку стотици мигранти да се обидат нелегално да ја преминат границата кон шпанската енклава Сеута, јавија шпанските медиуми. Според марокански безбедносни извори, мигрантите се собрале во планинска област во близина на пограничниот град Кастиљехос, југозападно од Сеута. Безбедносните сили интервенирале и ги растерале од подрачјето. Благодарение на интервенцијата, ситуацијата на границата меѓу ...
Бројот на загинатите во силниот земјотрес што денеска ја погоди источна Индонезија се зголеми на 38 лица, потврди за новинарите Сухарјанто, директор на индонезиската Национална агенција за управување со катастрофи (БНПБ). Спасувачките екипи ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани во подрачјето во близина на островот Флорес, каде што земјотресот со магнитуда од 7,7 степени предизвика сериозни разурнувања и принуди илјадници жители ...
Дванаесет возачи биле лишени од слобода во изминатото деноноќие низ државата поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од МВР информираат дека седум од приведените возачи управувале без возачка дозвола, а меѓу нив имало и еден малолетник. Уште еден возач бил фатен под дејство на алкохол, додека дополнително биле лишени од слобода уште тројца возачи кои управувале ...
Руските сили зазедоа 19 населени места во Днепропетровската и Запорошката област во југоисточна Украина во текот на летната офанзива – соопшти денеска руското Министерство за одбрана. Министерството се повика на извештајот на Пјотр Болгарев, командант на источната група руски сили, но не ги именуваше сите заземени населени места. Одделно, руската армија соопшти дека неодамна ја презела контролата врз местото Рибалское во Запорошката област. ...
Полицијата пронашла 14.440 евра во различни апоени во возило управувано од 35-годишен жител на радовишкото село Бучим, кој претходно имал забрана за напуштање на домот поради сомнение за кривично дело поврзано со дрога. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода М.В. (35) завчера, на магистралниот пат Радовиш–Штип, кај крстосницата за село Бучим. Полицајците го ...
По повеќедецениско чекање, почна асфалтирањето на булеварот Борис Трајковски во Скопје, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. На трасата се поставува првиот слој асфалт, а според најавата на Ѓорѓиевски, по завршувањето на едната страна сообраќајот ќе биде пренасочен, по што ќе започне реконструкцијата и на другата страна. Градоначалникот вели дека довршувањето на булеварот со години било само ветување, додека повеќе од 100.000 граѓани кои ...
Активни се шест пожари низ државата во моментов, а три се под контрола, соопшти Центарот за управување со кризи, информирајќи за денешните регистрирани пожари на отворен простор до 13 часот. Од активните, мешана шума гори во општина Студеничани, во регионот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер. Ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки горат во општина Македонски Брод, место викано „Видуш“, кај селата Драгов Дол и Локвица. Ниска ...
Пиењето вода од градска чешма во Гостивар пред камери, не било успех туку срам, порача здружението на Венко Филипче. Венко и оние коишто ги праќа денес пред камери, ги потсетувам што е здравствен скандал претворен во театар, вели Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ. – Потсетувам дека Венко јавно ЛАЖЕШЕ, си играше театар и како министер ЗЛОУПОТРЕБИ бебе, притоа внука, за ЛАЖНО да се сними дека ја вакцинира! Фатен дека на иглата на вакцината има ...
Министерката за образование Весна Јаневска порача дека Кисела Вода е една од општините со зголемен број првачиња, додека премиерот Христијан Мицкоски најави продолжување на инвестициите во образовната инфраструктура Кисела Вода е општина во која се зголемува бројот на првачиња, што е особено позитивен знак, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска при отворањето на новата спортска сала во подрачното училиште во населбата ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави три инвестиции во Македонија, за кои договорите би требало да бидат потпишани оваа есен. Мицкоски рече дека преговорите со инвеститорите се во завршна фаза и дека договорите се очекува да бидат разгледани и одобрени на некоја од следните седници на Владата. – Во Брисел имав три средби со инвеститори кои во Македонија се во завршна фаза на постигнување договор. Едниот е од Германија, едниот од САД, а ...
Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 50-годишен маж, осомничен дека при семејно насилство сериозно им се заканувал на сопругата и ќерката, а притоа ги прекршил и претходно изречените мерки за заштита од семејно насилство. Според Обвинителството, инцидентот се случил на 14 август, кога во домот на семејството дошле лица кои барале од осомничениот да им ги врати 200-те евра што му ги дале за наводно лекување и дијализа на ...