Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Македонскиот маратонец Дарио Ивановски го освои 46. место на маратонот во рамки на Европското првенство во Бирмингем. Тој маратонската патека ја истрча со време 2:22.39 часа и имаше заостанување од 13.28 минути зад победникот Аманал Петрос од Германија. Ивановски имаше добар почеток на трката и се наоѓаше во средината од групата учесници. Но, некаде меѓу 15-20 километар најверојатно поради криза имаше пад од околу 20 места. Сепак успеа да се ...
Тропската бура „Лала“, која претходно се засили во ураган од прва категорија, ги погоди хавајските острови со максимални ветрови од 110–120 км/ч и до еден метар дожд на повисоките вулкански падини. Невремето предизвика поплави, однесе домови и остави преку 130.000 корисници без електрична енергија, додека властите се справуваат со огромни материјални штети. Во своето вонредно обраќање до јавноста, гувернерот на Хаваи, Џош Грин, го нагласи ...
Безживотни тела на две лица биле пронајдени за време на гаснење на пожарот што избувна на грчкиот остров Саламина и брзо се прошири поради силниот ветер. Девет лица со изгореници се префрлени во болница, додека пак превентивно се евакуирани шест населени места, јави дописничката на МИА од Атина. Во период од 15 минути избувнаа два пожарa на две различни локации, едниот во јужниот, другиот во источниот дел на островот, а безживотните тела биле ...
Долгорочните прогнози на хидролозите и метеоролозите за жал не нудат брзо решение или олеснување на кризата во текот на следните недели. Најавените повремени локални врнежи се очекува да го подигнат нивото на речното корито за едвај 20 сантиметри, по што веднаш ќе уследи нов пад поради сувата почва која брзо ја апсорбира влагата. Со оглед на тоа што притисокот врз речните корита ќе продолжи во текот на целиот месец, Франција и ...
Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, еден од најесктремните десничарски политичари во владејачката коалиција на Бенјамин Нетанјаху, јавно заговара убивање 30 до 40 луѓе во Газа секој ден. Тој тоа го изјави во подкаст-разговор со Ром Браславски, поранешен заробеник во Газа. Двајцата разговараа за опоравувањето на Израел по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година. Бен-Гвир критикуваше и намален интензитет на ...
Во Пакш се преземаат вонредни напори за одржување на работата на двете преостанати турбини кои работат во нуклеарната централа, објави денеска унгарскиот премиер Петер Маѓар на мрежата X. Тој нагласи дека критични денови ќе бидат вторник и среда, бидејќи тогаш се очекува дополнителен пад на нивото на водата во Дунав за 14-15 см. „Моментално сме девет сантиметри од нивото на водата што би барало повторно исклучување на претпоследната турбина“, ...
Центарот за управување со кризи информира за нов пожар над селото Вржале во околината на Скопје. Поради непристапниот терен утре наутро планирана е и воздушна интервенција, а екипи ќе останат на терен во текот на ноќта. – Поради непристапниот терен, кој не овозможува целосна локализација на пожарот со интервенција од земја, за утре наутро е планирана и воздушна интервенција, која ќе се реализира во зависност од временските услови и состојбата ...
Кристијано Роналдо во интервју за магазинот „Вог“ зборуваше за тоа кога планира да се пензионира од фудбалот, што најверојатно ќе се случи на крајот на сезоната која штотуку започна. Роналдо има договор со клубот Ал Наср до 2027 година. – Ова најверојатно ќе биде мојата последна година во фудбалот и сакам да оставам спектакуларно наследство во наредните месеци. Не се плашам за тоа што следи, иднината по фудбалската кариера ми е целосно ...
Поп-иконата Мадона оствари тајна и дискретна приватна посета на познатиот манастир Варлам во Метеори, Грција, каде што остана околу три часа во духовен мир и размислување, додека престојува во земјата по повод нејзиниот роденден. Мадона престојува во Грција, каде што денеска, 16 август, ќе го прослави својот 68. роденден. Додека деталите за прославата се чуваат во строга тајност, пејачката ги посети Метеори, едно од најзначајните историски и ...
Заради зголемување на ефикасноста на полицискиот хеликоптер, кој учествува во гаснењето на пожарот на тешко пристапен терен над селото Драгов Дол, Општина Македонски Брод, наместен е монтажен базен во непосредна близина на пожарната линија и на реката Треска. – Со овој потег овозможивме хеликоптерот наместо да лета до езерото Козјак одалечено 15-ина минути летање од пожарот, денес да полни вода од базенот во непосредна близина со што на секои ...
Групна тепачка се случила во Кочани, во непосредна близина на полициската станица, а во физичката пресметка учествувале шест лица. Приведени се четири лица. За нарушување на јавниот ред и мир во Кочани вчера (15.08.2026) во 19:15 часот приведени се Ж.В.(22), Ј.В.(19) и М.В.(47), сите од Кочани, како и И.А.(46) од село Баница, Струмичко. Лицата биле приведени затоа што по претходна расправија на улицата Тодосија Паунов во Кочани го нарушиле ...
Фотографии на кои се гледаат лица во костими за капење како се качуваат по надворешниот ѕид на кулата на црквата „Св. Никола“ во Маврово предизвикаа реакции на социјалните мрежи. Авторот на објавата тврди дека станува збор за посетители кои пристигнуваат со комбиња и се качуваат директно на објектот на храмот, „облечени несоодветно за црковен и свет простор“, дека станува збор за место кое „претставува свет и духовен простор, а истовремено е ...
Во пожар што избувнал во хотелот „Бруклин“ во приморскиот албански град Валона, повредени се повеќе туристи, при што петмина се пренесени на лекување во Тирана, а еден е во критична состојба. Според Министерството за здравство, тројца од повредените се примени во Универзитетската клиничка болница „Мајка Тереза“. Еден од пациентите е во сериозна состојба, поради високиот процент на изгореници и бара континуирано медицинско следење и нега, ...
Повредено лице со скршеници на двете потколеници попладнево е спасено од непристапен терен над Мало Езеро на Пелистер. Лицето е извлечено и транспортирано до Инфоцентарот на Пелистер каде ќе биде преземено од екипа на Итната медицинска помош Битола и транспортирано до Клиничката болница во Битола за понатамошно лекување. Повикот за помош е примен на Единствениот број за итни повици 112 во 12:04 часот по што се активирани надлежните ...
Експлозивна направа била фрлена кон куќа во Бардовци и предизвикала штета. Како што соопшти полицијата, на 16.08.2026 околу 02:35 часот, К.Б.(70) од Скопје пријавил дека во селото Бардовци, Скопско кон домот бил фрлен предмет кој предизвикал експлозија и направил оштетување на скалите од влезот на куќата. Бил скршен прозорец, оштетено било патничко возило, портата и друго. Експлозивна направа била фрлена кон куќа во Бардовци и предизвикала ...
Иран нуди награда од 30.000 долари за заробување или убиство на американски војник, изјави денеска командантот на иранската армија, генерал-мајор Амир Хатами. Тој рече дека ќе бидат исплатени 30.000 долари за заробување или убиство на секој американски војник, јавија техеранските медиуми. САД ја означија Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), која официјално е дел од вооружените сили на Исламската Република, како терористичка организација. ...
Четири лица се уапсени под сомнение дека предизвикале пожари на подрачјето на Задарската жупанија во Хрватска, соопшти денеска задарската полиција. Како што е наведено во полициското соопштение, лицата биле уапсени откако граѓани пријавиле сомнително возило и однесување. Четворицата се приведени синоќа на поширокото подрачје на Бенковац, а полицијата спроведува криминалистичка истрага за нивната можна поврзаност со предизвикувањето пожари во ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави засилена градежна активност, најавувајќи изградба на шест автопатски делници низ државата во претстојниот период. Рече дека во Македонија денес на повеќе од 1.200 места се гради и оти за Владата тоа е многу значајано затоа што се ангажира домашната оператива, што е сериозен индикатор за подобра економска актовност, а воедно се решаваат и децениски проблеми и им се обезбедува поквалитетен живот на граѓаните. ...
Премиерот Христијан Мицкоски, придружуван од министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и од градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска изврши увид во градежните активности од првата фаза од изградбата на фекална канализација во населеното место Идризово, Општина Гази Баба. Со проектот е предвидена изградба на нова мрежа за фекална канализација во должина од 1.478 метри. Вредноста на договорот ...
Еве, јас инсистирам да се објави извештајот, рече премиерот Христијан Мицкоски по обвинувањата од СДСМ да се објави јавно официјалниот извештај и анализата дека водата во Гостивар е безбедна за пиење. Во врска со кривичните пријави поднесени од опозицисиската партија против министерот за здравство и директорите на Институтот и Центарот за јавно здравје и на Здравствениот и санитарен инспекторат, и повикувањето на премиерот на одговорност за ...
Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата ќе се одржи утре (17 август 2026 година), понеделник, со почеток во 19 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје. Единицата на артилерискиот баталјон на Армијата ќе изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија. Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во рамки на активностите кои се реализираат ...
Инфлацијата во Македонија во јули годинава изнесува 2,3 проценти на годишно ниво, додека цените на мало во маркетите се зголемени за 1,8 проценти, што ја става земјата на второто место со најниска инфлација во регионот, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарски прашања по увид во градежни активности за изградба на фекална канализација во населеното место Идризово во општина Гази Баба, Мицкоски оцени дека ова се ...
Притвор од 30 дена му е определен на осомничениот македонски државјанин за меѓународен шверц на повеќе од 324 килограми марихуана, соопшти Јавното обвинителство. Во периодот од февруари до 14 август 2026 година, осомничениот, заедно со тројца осомничени против кои се води постапка во Република Грција, неовластено заради продажба и пуштање во промет организирале набавка, држење и пренесување наркотична дрога – марихуана, во вкупна нето-маса од ...
Дванаесет лица загинаа, а најмалку 10 се повредени откако полски автобус излета од патот и падна во канал во североисточна Унгарија, соопшти денеска унгарскиот премиер Петер Маѓар на социјалните мрежи. Полскиот автобус излетал од коловозот рано утрово, по што паднал во канал и се превртел, објави унгарската новинска агенција МТИ. Полицијата претпоставува дека возачот заспал зад воланот. Тој е приведен. Тешката сообраќајна несреќа се случи во ...
Украина во текот на ноќта изврши масовен напад со повеќе од 600 беспилотни летала насочени кон Москва, соопшти денеска градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собјанин преку Телеграм, а пренесе ДПА. Собјанин наведе дека руската противвоздушна одбрана уништила 201 украински дрон во Московската област, додека поголемиот дел од беспилотните летала биле пресретнати пред да стигнат до регионот. Ukraine destroyed Russia’s largest Wildberries ...
Дванаесет лица загинаа, а најмалку 10 се повредени откако полски автобус излета од патот и падна во канал во североисточна Унгарија, соопшти денеска унгарскиот премиер Петер Маѓар на социјалните мрежи. Полскиот автобус излетал од коловозот рано утрово, по што паднал во канал и се превртел, објави унгарската новинска агенција МТИ. Полицијата претпоставува дека возачот заспал зад воланот. Тој е приведен. Тешката сообраќајна несреќа се случи во ...
Во драматична акција ноќеска бил ставен под контрола пожарот што избил во Зелениково и опасно се доближил до куќите. Благодарение на брзата интервенција на жителите, доброволните и професионалните пожарникари, како и на градоначалникот на Општина Зелениково, Коста Маневски, огнот бил спречен на неколку метри од последните куќи. Градоначалникот соопшти дека пожарот избил околу 2 часот по полноќ кога добил телефонски повик од жители. Директорот ...
Силен земјотрес ги погоди Гранада и поширокиот дел на Андалузија во ноќта кон саботата, оставајќи зад себе оштетени фасади, урнати делови од ѕидови и корнизи и автомобили затрупани со градежен материјал. И покрај драматичните снимки што се појавија на социјалните мрежи, нема загинати ниту повредени, потврдија регионалните власти. Главниот потрес бил регистриран во 1.04 часот на 15 август, со епицентар кај Алхендин, во метрополитенската област ...
Ренџерската служба на Националниот парк „Пелистер“, во соработка со СВР Битола, спровела повеќечасовна акција за пронаоѓање лица вооружени со огнено оружје, кои навлегле длабоко во територијата на паркот. Се претпоставува дека станува збпр за ловокрадци. Од паркот„ Пелистер“ соопштија дека на 12.08.2026 (среда) некаде после 19 часот, после прибрани информации од различни извори од терен, од страна на ренџерската служба на ЈУНП Пелистер ...
Австралија во ноември ќе почне голема програма за откуп на огнено оружје по нападот на плажата Бонди во Сиднеј, во кој во декември минатата година беа убиени 15 лица, соопшти сојузната влада. Програмата најпрво ќе започне во сојузната држава Нов Јужен Велс на 2 ноември, соопштија австралискиот премиер Ентони Албанезе и премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс. Сопствениците коишто ќе предадат пушки или пиштоли ќе можат да добијат надомест до ...