Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Украина ќе набави 20 нови борбени авиони „Грипен“, додека Шведска следната година ќе донира 16 постари авиони од истиот тип, соопштија украинскиот претседател Володимир Зеленски и шведскиот премиер Улф Кристерсон на заедничка прес-конференција. Двајцата лидери минатата година потпишаа писмо за намери со кое се отвора можност Шведска да ѝ продаде на Украина до 150 борбени авиони „Сааб Грипен Е“, но испораките на поновиот модел се очекуваат за ...
Во само едно деноноќие низ државата биле пријавени седум случаи на семејно насилство, а полицијата привела три лица и со едно лице извршила службен разговор по пријава за напад во семејството. Еден од случаите бил пријавен во Скопје, каде 51-годишна жена во полиција кажала дека била физички нападната од својот партнер во кругот на здравствена установа во Центар. Нападот, според пријавата, се случил ден претходно околу полноќ. Во друг случај ...
Поради верскиот празник Задушница, утре во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај околу гробиштата, а полицијата најави кружно движење и пренасочување на возилата со цел да се избегнат метежи и застои. Од 6 часот наутро, сообраќајот кон градските гробишта „Бутел“ ќе се одвива по изменет режим и во една насока. Возилата ќе се движат по улицата Бутелска, потоа лево по Александар Урдаревски, па повторно лево по Боца Иванова и оттаму кон влезот ...
На денешното рочиште за случајот „Пулс“, Обвинителството продолжи со изведување материјални докази, при што беше презентирана лиценца издадена во 2012 година од Министерството за економија. Одбраната побара во судницата да се прочита делот од лиценцата во кој е наведено за кој објект, за која дејност и за која локација е издадена. Од презентираниот доказ произлезе дека лиценцата не била издадена за објектот каде што се случи трагедијата, туку ...
СДСМ е фатен на дело, потврди дека имаше во план да дозволи промена на пол на малолетни деца, без притоа да имаат дозвола од родителите или од старателите, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „СДСМ повторно е во кавга со свој поранешен градоначалник, кој ги обвини дека за овој проект, тие велат, цитираме: Ова не е вистина, законот за кој зборува Костадинов е од 2023 година и тој закон беше повлечен, нема никаква врска со нашата нова програмска платформа. Со ...
Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 01.06.2026 година (понеделник) и на 02.06.2026 година (вторник), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Градот ги известува пчеларите навреме да ги ...
Во 2025 година биле извршени 249 милиони безготовински платежни трансакции, што претставува годишен раст од 7,1%, при вредност од 9.719 милијарди денари и раст од 36,4% на годишна основа, покажува Извештајот за управувањето и инвестирањето на девизните резерви во првиот квартал од 2026 година што го разгледа Советот на Народна банка. „Растот е поттикнат од сѐ почестото користење на платежните картички и од континуираното зголемување на ...
Во период од околу 20 години бројот на ученици во Македонија се намалил за 28% додека во истиот период бројот на наставници се зголемил за 46%. Како резултат на тоа националниот просек се намалил од 18 ученици на 11,4 ученици по наставник. Во споредба со препорачаниот просек од 15 ученици по наставник, ова довело до вишок на наставен кадар од околу 13 проценти. Оваа информација ја изнесе министерката за образование Весна Јаневска, одговорајќи ...
Има нови моменти, но да не навлегуваме, за да не се наруши случајот и да се остави на судовите да го кажат последниот збор, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во Собранието, одговарајќи на пратеничко прашање за случајот „Мазут“, за кој ОЈО за гонење организиран криминал и корупција ја сопре истрагата поради недостиг на докази. – Одблиску го следиме случајот и сето тоа што е поврзано со тој случај. Нашиот став како Влада јасно беше ...
Аналитичкиот извештај за болничкото лекување 2023–2025 година на Фондот за здравствено осигурување на РСМ (ФЗОРСМ) покажува стабилен раст на бројот на пациенти, зголемени буџети и постепено зајакнување на капацитетите на здравствениот систем, истакнаа на денешната прес-конференција директорот на ФЗОРСМ Сашо Клековски и заменик-директорот Седат Бислими. Според податоците, во 2025 година биле лекувани 194.230 пациенти, што е зголемување од 5,1 ...
Денеска на седница на Владата беше усвоен Предлогот за измена на Законот за царинска тарифа, со кој се врши дополнително намалување на царинските стапки и нивно целосно усогласување со стапките за тие стоки кои се применуваат во Европската Унија, соопшти Министерството за финансии. Според Министерството, овие измени претставуваат продолжение на минатогодишните законски измени кои стапија на сила на 1 јули 2025 година, кога беше извршено ...
Американската амбасада во Киев продолжува со работа, соопшти амбасадата, негирајќи ги извештаите за промени во нејзиното работење по предупредувањата на Русија дека дипломатите и странците треба да го напуштат украинскиот главен град пред нападите да ескалираат. Некои украински медиуми ја цитираа шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, која на маргините на самитот на ЕУ во Кипар рече дека сите странски амбасади во Киев ја ...
„Трудовиот и Пазарниот инспекторат немаат доволно капацитети, но тоа не треба да биде оправдување. Секоја институција во рамки на своите надлежности треба да постапува максимално и да ги казнува оние што не го почитуваат законот, особено кога станува збор за безбедноста и здравјето на работниците“. Вака денеска изјави денеска заменик-министерот за економија, Марјан Ристески, одговорајќи на новинарско прашање зошто се дозволува фирми да ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска од собраниска говорница одговори на барањата на опозоцијата за негова оставка, потенцирајќи дека бројките говорат за работата на Министерството во изминатиот период. – Говорам дека добро е што нема разлика помеѓу СДСМ, Левица и ДУИ и добро е што во ист ден повторно вие барате оставка од мене врз основа на вашата перцепција, а Левица повикува на интерпелација. Кај и да е, во текот на денов ...
До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите. Ова го овозможуваат законските измени кои вчера стапија во сила, а денеска беа промовирани пред претставниците на винариите. Лимитот на поддршката е до еден милион евра во наредните 5 години. – Ова е историски ден за Македонија, бидејќи прв пат откако постои Законот за финансиска поддршка на инвестициите, производителите на вино во рефус или ...
Македонија и во јунскиот извештај за реформската агенда ќе биде фронт-ранер, додека во однос на испораката на правда очекува побрза и поробусна испорака на правда од таа претходно, затоа што и граѓаните не се задоволни од спора правда и затоа дополнителни примања нема да има без јасни резултати – рече премиерот Христијан Мицкоски на собраниската седница за пратенички прашања во четвртокот. – Се разбира дека не само јас и граѓаните, сите ќе се ...
Наталија Водјанова ја потврди веста дека го очекува своето шесто дете во 45-тата година од животот, позирајќи со трудничко стомаче на насловната страница на францускиот Вог, докажувајќи уште еднаш зошто е една од најпознатите жени во модната индустрија со децении. Но, животот на Наталија Водјанова е далеку од бајката што ја живее денес со милијардерското семејство Арно. View this post on Instagram A post shared by Vogue France (@voguefrance) ...
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 мај 2026 изнесува 118,22 евра за мегават час, на МЕМО 106,25 евра за мегават час. Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 28 мај 2026 просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 118,22 евра/mwh, додека на MEMO цената е 106,25 евра/mwh. Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power ...
Европската Унија мора да го промени системот за пристапување на нови членки, за да одговори на потребите на Украина, вели еврокомесарката за проширување, Марта Кос. Во интервју за „Фајненшл тајмс“ таа оцени дека Брисел мора да биде иновативен, но, без оглед на евентуалната реформа на процесот на проширување, ќе нема отстапки за основните принципи и стандарди поврзани со владеењето на правото, судската независност и борбата против корупцијата. ...
Просечната каматна стапка на вкупните депозити на годишна основа бележи намалување од 0,04 п.п., при што во април таа изнесува 2,16%. Во април и просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад и тоа од 0,41 п.п. и изнесува 4,70%, покажува последниот извештај на Народна банка. Податоците покажуваат и месечно намалување на каматата на вкупните депозити на домаќинствата. Таа во во април изнесува 2,10% и е намалена за 0,01 п.п. ...
Новата централна зграда на Стопанска банка е првиот објект во земјата што доби LEED Gold сертификат, една од најпрестижните светски сертификации за одржливост во градежништвото. „Постигнувањето го позиционира овој проект како пример за одржлив развој во нашата земја и ја демонстрира долгорочната посветеност на Банката кон заштитата на животната средина, иновациите и благосостојбата на вработените и клиентите“, велат од Стопанска банка. LEED ...
Пред средбата со францускиот претседател Емануел Макрон во средата во Париз, бугарскиот премиер Румен Радев откри дека прашањето за внесувањето на Бугарите во Уставот на Македонија го поставил уште во 2021 година. – Ми требаше една година да ги убедам европските лидери зошто тоа треба да се случи. Му оддавам признание на претседателот Макрон, кој прв ја согледа оправданоста на оваа идеја и со заеднички напори таа беше вклучена во ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска изврши увид на терен на булеварот Теодосиј Гологанов, во близина на Католичката црква, заедно со деканот на Градежниот факултет, инспекциските служби на Општина Центар и стручни лица, каде се спроведуваат итни мерки за обезбедување и стабилизација на просторот по евидентираното свлечиште на земјиштето во непосредна близина на градежен зафат. Според стручните насоки од Градежниот ...
Францускиот актер Пјер Дени, кој гледачите во дел од светот го запознаа преку хит серијата „Емили во Париз“, почина на 69-годишна возраст по битка со амиотрофична латерална склероза (АЛС), сериозна невродегенеративна болест позната и како Лу Геригова болест. Веста за неговата смрт ја потврдија неговите ќерки во емотивна изјава. – Со длабока тага ја објавуваме смртта на Пјер Дени, која се случи овој понеделник по ненадејна и тешка форма на АЛС ...
Имаме нормална инфлација со оглед на кризата во светски рамки, која не е на алармантно ниво за да се ограничат маржите или цените. Ситуацијата постојано се следи и ако има потреба, Владата ќе ги спроведе сите законски можности и решенија. Нормално е да има мало покачување на цените на одредени производи, но сето тоа е дозволиво доколку е економски оправдано, изјави денеска заменик-министерот за економија, Марјан Ристески. Како што истакна ...
Глобалната побарувачка за бакар постојано расте, а Македонија располага со едно од позначајните наоѓалишта во регионот. Според досегашните анализи, „Иловица-Штука“ содржи околу 410 илјади тони бакар, но проектот и понатаму останува без конечна реализација. Според претходните физибилити анализи, рудникот би произведувал просечно околу 16.000 тони бакар, со проектиран животен век од над 20 години. Ако овие количини се пресметаат според ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска најави дека многу скоро пратениците ќе имаат можност да гласаат за законот за правична застапеност, дека секој има право да го користи својот мајчин јазик, но некој се обидува да создава етнички конфликт каде што го нема и со тоа се остава лош пример. Премиерот нагласи дека државата се гради кога се поддржуваме едни со други. – Многу скоро овде во Парламентот ќе имате можност да го гласате ...
Државните студентски домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје се првите два кои сегашната Влада целосно ќе ги реновира и пушти во употреба на стартот на новата академска година. Работите се одвиваат паралелно и ќе завршат во јули, но потоа ќе следи опремување на собите и сите други простории – информираше министерката за образование и наука Весна Јаневска при денешната посета на студентскиот дом во Автокоманда. – Условите ...
Апелациониот судија Ѓоко Ристов, кому истражителите му најдоа 350.000 евра скриени во ѕид во домот на неговите родители во Неготино, денеска на почетокот на судскиот процес во Кривичниот суд се изјасни како невин за кривичните дела што му се ставаат на товар. – Не се чувствувам виновен ниту за првото, ниту за второто кривично дело со оглед на правната квалификација – изјави Ристов пред судот. Обвинителката Искра Хаџи Василева, пак, тврди дека ...
Давид Санчез, братот на шпанскиот премиер Педро Санчез денеска седнува на обвинителна клупа во Бадахоз. Давид Санчез е обвинет дека добил јавна функција преку политички врски и влијание. Скандалот доаѓа откако сопругата на премиерот беше обвинета за скандал со тендери. Според шпанската телевизија RTVE, судењето на Диего Санчез ќе започне до 4 јуни. Обвинителите тврдат дека работното место за координатор на активностите на окружните музички ...