Маж на возраст од 45 години е уапсен под сомнение дека го усмртил својот 60-годишен сосед, по повеќегодишни несогласувања меѓу нив. Според првичните информации, двајцата подолго време имале нарушени односи, а една од причините за честите расправии било тоа што соседот постојано го прашувал осомничениот зошто сè уште не се оженил, иако има 45 години. Инцидентот се случил во домот на осомничениот, по што полицијата брзо интервенирала и го ...

Повеќе од 40 милиони евра се обезбедени преку оперативниот план за вработување за 2026 година за поддршка на вработувањето, претприемаштвото и развојот на човечкиот капитал. Со планот се очекува да бидат опфатени над 10.000 граѓани. Посебен фокус е ставен на младите. – Со овој план инвестираме директно во луѓето. Обезбедуваме конкретна поддршка за младите што сакаат да почнат сопствен бизнис, за компаниите што отвораат нови работни места, за ...

Девет возачи биле лишени од слобода во текот на изминатите 24 часа во полициски контроли спроведени низ државата, поради безобѕирно управување со моторни возила и грубо прекршување на сообраќајните прописи. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, шестмина од приведените управувале возила без да поседуваат возачка дозвола, двајца седнале зад волан и покрај тоа што имале активна забрана за управување, додека едно лице било ...

Трансплантацијата на органи претставува еден од најхуманите чинови што човек може да ги направи, а секој донор може да биде надеж за повеќе пациенти кои чекаат нова шанса за живот. Токму ова е пораката што ја испрати директорот на Клиниката за неврохирургија, д-р Љуљзим Агаи, во рамки на националната кампања за подигање на свеста за органодарителството. Кампањата се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на ...

Пејачката и актерка Џенифер Лопез неодамна се појави во „Џими Кимел во живо!“ и се осврна на периодот по разводот и сподели дека денес гледа поинаку на врските и на животот како самец. Лопез моментално ја промовира романтичната комедија „Office Romance“, која премиерно ќе се прикаже на Нетфликс на 5 јуни. View this post on Instagram A post shared by Netflix US (@netflix) Многумина се заинтересирани и за тоа што се случува на љубовен план во ...

Пожарникарите интервенираа низ повеќе градови во Србија по силното невреме и поплави. Најтешко било во Врање. Таму екипите со часови испумпувале вода од поплавени објекти и површини. Невремето отави зад себе поплавени улици, паднати дрвја и пожари предизвикани од громови. Во неколку градови громови предизвикале пожари, по што интервенирале противпожарни екипи. Дополнителен проблем создал силниот ветер. Во Бујановац, граѓаните објавуваа снимки ...

Голема полициска акција во австрискиот град Инсбрук открила два нелегални бордели кои работеле под превезот на салони за масажа, а под истрага се најдоа пет лица осомничени за подведување, организирање проституција и експлоатација на жени. Истрагата на тиролската криминалистичка полиција започнала на почетокот на годинава, кога под сомнение се нашле две бугарски државјанки на возраст од 42 и 48 години. Според истражителите, тие управувале со ...

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се стабилни и дека засега нема потреба од мерки. Доколку кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе бидат воведени мерки со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните. – Од 55 најпродавани производи, растот е минимален и изнесува само 0,43%, така што цените се стабилни. Ако забележиме девијантно однесување, како што сме постапиле порано, така ...

СДСМ избриша коментар минути откако ја врати можноста за коментирање на својот официјален профил на Фејсбук. Дека постот на Александар Миланов е избришан се гледа од друго прашање кое сè уште стои на објавата со која СДСМ најави дека по забраната повторно ќе дозволи коментари од граѓаните. ,,Пошто враќате коментари, вратите го и коментарот од Александар Миланов кој што ви пиша името да го вратите и ви собра појќе лајкој него ли гласоој на ...

Владата ја ограничи пловидбата на скутери и чамци во летниот период заради зголемување на безбедноста на капачите и учесниците во пловидбата. Одлуката за ограничување на пловидба на пловни објекти во Охридското, Преспанското и во Дојранското Езеро е донесена на предлог на Министерството за транспорт. Со Одлуката се ограничува пловидба на скутери во период од 1 јули до 31 август 2026 година од 11 часот до 19 часот. Пловидба на чамци се ...

Компанијата Xiaomi ги претстави најновите членови на својата T серија на паметни телефони, која ја сочинуваат моделите Xiaomi 17T и Xiaomi 17T Pro. Комбинирајќи напредна Leica 5x телефото камера, екран што го штити видот и батерија со исклучително голем капацитет, серијата Xiaomi 17T носи flagship искуство за креирање визуелна содржина, спакувано во софистициран дизајн. Воведувајќи за првпат две големини на уреди во Т серијата, оваа линија е ...

Најмалку 20 лица се повредени, од кои тројца потешко, во трамвајска несреќа што се случи во берлинската населба Лихтенберг, соопшти германската противпожарна служба. Според првичните информации, трамвајот најверојатно удрил во јарбол на надземен далновод додека минувал низ кривина во близина на улицата Арнимштрасе. Од силината на ударот бил оштетен десниот дел од возилото, по што последниот вагон излетал од шините. Портпарол на ...

Повеќе од еден милион жители на поширокиот регион на Париз би можеле директно да бидат погодени доколку дојде до големи поплави на реките Сена и Марна, предупредува нова студија на Институтот за регионот на Париз (IPR). Според анализата, околу осум проценти од населението во регионот живее во подрачја кои се изложени на ризик од излевање на реките, а меѓу најзагрозените се и стотици илјади домови. Студијата покажува дека дури 555.000 ...

Државниот ревизор утврдил низа незаконитости во работењето на Институтот за јавно здравје во 2024 година. Посебно неправилности се утврдени во сметката на средствата од Фондот за здравствено осигурување кои, според ревизорите, се провлекуваат со години, без да се преземе нешто за поправање на состојбите. „Изразивме неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност на финансиските трансакции ...

Поранешната амбасадорка на САД и ќерка на претседателот Џон Ф. Кенеди, Керолин Кенеди, ја отвори церемонијата на доделувањето на наградата „JFK Profile in Courage“ во Бостон, сеќавајќи се на животот и делото на нејзината ќерка Татјана Шлосберг. Татјана почина во декември 2025 година по битка со акутна миелоидна леукемија, а Керолин Кенеди во својот говор нагласи дека таа ги отелотворува вредностите врз кои нејзините родители го граделе својот ...

Тригодишно момче е меѓу жртвите на синоќешниот масовен руски напад врз Киев и неколку градови во Украина. Детето загинало во Днепар, каде што била погодена станбена зграда. Видеото од извлекувањето на телото го објави украинската премиерка Јулија Свириденко. „Требаше да го има целиот живот пред себе“ Свириденко сподели потресна порака покрај снимката. „Младата жртва на синоќешниот руски напад врз Днепар беше тригодишно момче. Спасувачите го ...

Билатералниот спор со Бугарија треба да се решава врз база на реципроцитет, а не врз база на потчинување како што сакаат Венко Филипче и СДСМ, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. – Времето кога Македонија водеше потчинета и понижувачка политика предводена од Филипче, неговиот ментор Зоран Заев и СДСМ заврши. Граѓаните во најголема мера даваат недвосмислена поддршка на Македонија кон европскиот ...

Македонската фудбалска репрезентација денеска не успеа да се врати во земјава според планираното, откако чартер авионот со кој патуваше експедицијата беше принуден да се врати на аеродромот во Истанбул поради технички проблем. Авионот на компанијата „Фрибрд ерлајнс“, кој го извршуваше летот FH1949 кон Скопје, полетал во предвидениот термин и се очекувало да слета на Меѓународниот аеродром Скопје околу 13:40 часот. Сепак, само дваесетина ...

Престолонаследникот на Мароко, 22-годишниот Мулеј Ел Хасан, станува централна фигура на дебата за модернизацијата на една од најстарите монархии во светот, откако на социјалните мрежи се појавија вирални видеа кои прикажуваат необично однесување за кралскиот протокол – одбивање на традиционалното бакнување на рака и инсистирање на директен контакт и ракување. Според објавите што масовно се споделуваат на платформи како „X“ и „TikTok“, идниот ...

Словачка ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија и тоа го прави како пријател, партнер и сојузник. Но, во исто време јасно велиме дека проширувањето како процес мора да биде фер, предвидлив и заснован на истите правила коишто важат за сите кандидати, рече словачкиот претседател Петер Пелегрини на денешната прес-конференција по средбата со македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова која е во официјална посета на ...

Престолонаследникот на Мароко, 22-годишниот Мулеј Ел Хасан, станува централна фигура на дебата за модернизацијата на една од најстарите монархии во светот, откако на социјалните мрежи се појавија вирални видеа кои прикажуваат необично однесување за кралскиот протокол – одбивање на традиционалното бакнување на рака и инсистирање на директен контакт и ракување. Според објавите што масовно се споделуваат на платформи како „X“ и „TikTok“, идниот ...

Еден од најпознатите симболи на словачката престолнина беше осветлен во црвено и жолто за посетата на претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова. „Забележавте ли…? Како што е обичај при официјални посети на шефови на држави, и вчера навечер на Братиславскиот замок беше осветлено македонското знаме по повод посетата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова“, објавија од кабинетот на словачкиот претседател. Палатат соопшти ...

Скопјанец пријавил во полиција дека бил измамен за 309.800 денари од лице кое му ветувало посредување при добивање банкарски кредит. Според пријавата, 44-годишниот маж и осомничениот се познавале од претходно, а во изминатите денови во повеќе наврати му предавал пари за наводни трошоци поврзани со одобрување и реализација на кредитот. Откако сфатил дека ветениот кредит нема да биде реализиран, случајот го пријавил во СВР Скопје. Полицијата ...

Полицијата приведе 46-годишен скопјанец откако при обид за легитимирање извадил пиштол и испукал куршум кон полициски службеници на подрачјето на Гази Баба. Инцидентот се случил во раните утрински часови, кога полициски службеници од СВР Скопје се обиделе да го легитимираат мажот. Наместо да постапи по наредбата, тој извадил огнено оружје и испукал еден куршум во нивна насока. По пукањето осомничениот побегнал, но по преземени оперативни ...

Под сводовите на прочуената галерија „Виторио Емануеле Втори“ во Милано со децении се повторува ист ритуал. Илјадници туристи застануваат пред мозаикот на бикот, ја поставуваат петицата на едно сосема одредено место и се вртат трипати во круг. Според легендата, тоа носи среќа и гарантира враќање во градот. Но, деновиве посетителите останаа збунети. По реставрацијата на прочуениот мозаик, на социјалните мрежи се појавија десетици коментари со ...

Ванчо Полазаревски ја доби книжевната награда „Оливера Николова“ за 2026 годин за романот „Чудна случка во гратчето Капи и Штици“. Наградата му беше врачена на Меѓународниот ден на детето, во присуство на деца, автори, книжевници и читатели од сите генерации, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ вчеравечер (1 јуни). Покрај врачувањето на признанието за најдобар необјавен роман за деца и млади, се одржа и промоција на наградениот ...

Пожар избувнал во близина на угостителски објект кај скопското село Батинци, откако засега непознат сторител запалил сува трева во соседен двор. Според пријавата доставена до СВР Скопје, огнот бил подметнат во дворно место на куќа што се граничи со локалот, по што брзо се проширил низ целиот двор и стигнал до оградата на угостителскиот објект. Сопственикот на локалот, 40-годишен жител на Студеничани, случајот го пријавил во полиција, ...

На свечениот настан по повод 18 години од постоењето на магазинот „Убавина и здравје“, посебно внимание привлече приказната на Сашка Кузманова, која ја освои наградата за хуманост за нејзината благородна мисија преку „Инфинити Лајф КС“ од Кавадарци – рачна изработка на перики од природна коса, кои бесплатно им ги подарува на онколошки пациенти и повредени лица. На истиот настан, награда за општествена одговорност доби и компанијата dm ...

Американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт потврди дека напишала оригинална песна за претстојниот филм „Toy story 5“ („Приказна за играчките 5“). Свифт (36), изјави дека „отсекогаш сонувала“ за пишување за анимираниот филм на Дизни и Пиксар, кој го „обожавала“ уште од петгодишна возраст кога излезе првиот филм. Таа откри дека нејзината нова оригинална песна „I Knew It, I Knew You“ ќе биде објавена на 5 јуни и ќе се најде во официјалниот саундтрак ...

Kраток пад на ИТ системот од грчката страна бил дел од причините за големата гужва на граничниот премин Богородица минатиот продолжен и празничен викенд, наведува познатата грчка туристичка страница Nikana, пренесува српски Телеграф. „Вчера, на пример, имаше прекин на системот во еден момент, што предизвика застој. И тоа е нешто што може да се случи во текот на сезоната – не често, но се случува“, наведуваат од страницата коментирајќи го ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
2.12
90%
1018
weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
3.13
91%
1020
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
0.4
78%
1024
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
3.53
90%
1017
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
9.26
90%
1016
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 7ᴼ
0.64
93%
1024
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
0.83
57%
1011
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.25
81%
1015
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
3.67
84%
1016
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
4.47
89%
1012
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 11ᴼ
3.13
77%
1020
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
2.53
92%
1013
Currency

61.635

Currency

53.453

Currency

71.3681

Currency

37.4334

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Бакар

12.52

Алуминиум

3.48

Кобалт

45.39

Паладиум

39545.42

Платина

53756.05

Сребро

2072.63

Иридиум

253540.09

Калај

51.97

Рутениум

48965.59

Злато

131337.93