Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
СВР Куманово поднесе кривични пријави против двајца 52-годишни кумановци поради сомнежи за уништување на заштитено културно наследство, бесправно градење, узурпација на државно земјиште и несовесно работење во службата. Според полицијата, првопријавениот во текот на 2023 година ја урнал куќата на која била поставена спомен-плоча на народниот херој Киро Нацев Фетак. Објектот бил евидентиран како заштитено културно наследство и се наоѓал во ...
Рестораните ширум Европската Унија од 12 август повеќе нема да смеат да им послужуваат на гостите кои консумираат храна во објектот еднократни кесички со сосови како кечап, мајонез или соја сос. Новите правила се дел од европската Регулатива за амбалажа и отпад од амбалажа (ППВР), чија цел е намалување на количеството пластичен отпад. Регулативата стапи во сила во февруари 2025 година, а нејзината примена започнува ова лето во сите ...
Во четврток ќе направиме анализа на сите проекти што се започнати, што се во фаза на реализација или што наскоро треба да започнат, станува збор за бројка меѓу шест и седум милијарди евра, изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за досега завршените стратешки проекти на Владата, но и оние што се во тек, а се во насока на подобрување на економскиот стандард. Мицкоски по отворањето на новиот базен во Карпош ...
Основниот кривичен суд Скопје му изрече условна казна на полицискиот службеник Р. Р., кој беше дел од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, откако го прогласи за виновен за извршено семејно насилство врз сопругата. Како што информираа од Основниот кривичен суд Скопје, откако на последното рочиште обвинетиот признал вина, во вторникот му е изречена условна казна затвор од една година и шест месеци, која нема да се изврши доколку во ...
Министерството за финансии денеска изврши исплата на 327,9 милиони евра (316,3 милиони евра за главница и 11,6 милиони евра за камата) со што во целост е заокружено сервисирањето на обврската по Еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра. Средствата за сервисирање на оваа обврска државата, односно Министерството за финансии, ги обезбеди преку издавање Еврообврзница во текот на јануари 2026 година. Еден дел, ...
Премиерот Христијан Мицкоски, во врска со наодите на Агенцијата за храна и ветеринарство дека кај одредени производители бил утврден значително помал процент на млечни масти од она што било официјално декларирано, нагласи дека најважно е дека не постои ризик за здравјето на граѓаните, но дека вакви случаи ги доведуваат под знак прашање угледот на производителите и довербата на потрошувачите. – Најважното прашање е дали постои ризик по ...
Годишен раст од 7,6% забележа индустриското производство во април, објави Државниот завод за статистика. Според податоците највисок годишен раст има секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ во април забележа раст на производството од 22,6%, „преработувачката индустрија“ од 6,8%, а производството во секторот „рударство и вадење камен“ бележи раст од 4,3%. Во рамки на преработувачката индустрија растот го ...
Во втората половина на јуни ќе седнеме со владините партнери за да разговараме за натамошните чекори во однос на работата на Владата, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за оставката на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи и за реконструкцијата на Владата. – Во втората половина на јуни ќе седнеме со владините партнери и ќе разговараме за понатамошните чекори. Тогаш ќе се добие и појасна слика ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во врска со најавите на СДСМ и нејзиниот лидер Венко Филипче за нов закон за борба против корупцијата, со кој, како што посочуваат, ќе се врати довербата во правосудството, рече дека станува збор за истите луѓе кои кога биле на власт ги направиле измените на Кривичниот законик, со кои се овозможи застарување на дела и избегнување одговорност. – Пред неколку недели, кога првпат ја слушнав оваа иницијатива, ...
Обединетите нации предупредуваат дека нова фаза на природниот климатски феномен Ел Нињо би можела да започне во следните неколку недели, што потенцијално ќе доведе до дополнително зголемување на глобалните температури и засилување на екстремните временски појави низ светот. Според Светската метеоролошка организација (WMO), овој Ел Нињо најверојатно ќе продолжи да се зајакнува во текот на 2026 година, со можност да прерасне во еден од ...
Од Владата до општините за капитални инвестиции се вложени околу половина милијарда евра во овие две години, откако е избрана оваа Влада – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на училишен базен во скопската општина Карпош. Како што соопштуваат од владината прес-служба, за базенот се вложени 76.000 евра (46.700.000 денари), длабок е од 0,80 до 1,20 метри, широк 9, а долг 25 метри. – Ова е уште еден од проектите кои се ...
Годишната инфлација во Бугарија, според прелиминарната „кратка“ проценка, се зголеми во мај од 6,8% во април на 7%, така што сега е на највисоко ниво од август 2023 година, објави денеска Националниот статистички институт (НСИ) на таа земја. Најголем придонес за растот на цените имаше транспортниот сектор, каде што инфлацијата се забрза од претходните 18,5% на 22,1%, поради повисоките цени на горивата и трошоците за енергија поврзани со ...
Град Скопје спроведува засилени активности за уредување и подобрување на јавниот простор низ целата територија на градот, паралелно со тековните инфраструктурни проекти. Во рамки на активностите се работи на обновување на хоризонталната сообраќајна сигнализација и замена на дотраените сообраќајни знаци, со цел зголемување на безбедноста и подобра организација на сообраќајот на градските булевари и улици. Паралелно, долж клучните сообраќајници ...
Kраток пад на ИТ системот од грчката страна бил дел од причините за големата гужва на граничниот премин Богородица минатиот продолжен и празничен викенд, наведува познатата грчка туристичка страница Nikana, пренесува српски Телеграф. „Вчера, на пример, имаше прекин на системот во еден момент, што предизвика застој. И тоа е нешто што може да се случи во текот на сезоната – не често, но се случува“, наведуваат од страницата коментирајќи го ...
Фондацијата „Атанас Близнакоф“, во стратешка соработка со организацијата Македонија2025 и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), со задоволство го најавува отворањето на новиот повик за доделување стипендии за студентска извонредност за академската 2026/2027 година. Овој повик е наменет за сите редовни студенти кои се запишуваат на прв циклус студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Основната мисија на оваа ...
Нормалните луѓе поставуваат нормални прашања. И разговараат, дури полемизираат, преку нормални аргументи и тези. Е да, ама што е нормално денес, особено кај нас, но и кај некои од соседите, а особено во онаа еу (малите букви се…)? И зошто кај нас сите „нормални“ нешта се трансформираат во ненормална политикантска врева кога ни доаѓаат високи еу претставници? Се обидуваат да им покажат солидарност понижувајќи си ја земјата, власта, народот…? ...
Премиерот Христијан Мицкоски, пред денешната средба со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта истакна дека ставот на земјата е непроменлив во поглед на условот за продолжување на преговорите со Европската Унија. – Немам намера како претседател на Влада да поддржам авантура, без притоа да знам дека ќе има извесен крај. Ние покажуваме дека сме компетитивни, дека имаме капацитет, знаеме и сакаме да го изодиме овој процес бргу. Имаме ...
Норвешкото кралско семејство поминува низ еден од најтешките периоди во последните години. Престолонаследничката Мете-Марит долго време се бори со хронична белодробна фиброза, а во последните недели нејзината здравствена состојба дополнително се искомплицира. Според странските медиуми, вклучувајќи го и германскиот „Билд“, 52-годишната принцеза наводно се подготвува за можна трансплантација на бели дробови. Ситуацијата ги натера членовите на ...
Русија изврши масовен воздушен напад врз Украина во текот на ноќта кон вторник. Многу градови, првенствено Киев, беа погодени од ракети и беспилотни летала. Според официјални лица, најмалку десет лица беа убиени, а над 100 се повредени низ целата земја. Украинската престолнина беше најтешко погодена од руските сили, објавува „Киев Индепендент“. Русија минатата недела предупреди дека ќе лансира систематски напади врз Украина како одмазда за ...
Целокупната трговија која транзитира низ Македонија од први јуни се одвива преку Новиот компјутеризиран транзитен систем Фаза 6, со што нашата држава целосно се усогласува со стандардите што се применуваат во Царинската унија на ЕУ, соопштија од Царинската управа. Овој систем, како што наведуваат од Царината, го применуваат 80% од земјите членки на Конвенцијата за заеднички транзит, вклучувајќи ги Германија и Грција. Во следниот период ќе ...
Суво дрво се скрши и сериозно оштети возило во скопската населба Карпош – објави Фејсбук групата „Заедно, за заштита на зеленилото во Карпош“. Во објавата, скопјанката Марија посочува дека дрвото на улицата Волгоградска 4 било обележано со црвена боја и буква „С“ (за сечење) речиси една година, но и покрај тоа не било отстрането. Таа додава дека друго суво дрво во непосредна близина се скршило и паднало врз автомобилот на нејзиниот сосед. ...
Бразил повторно ја запали глобалната фудбалска сцена, овојпат со спектакуларно промотивно видео кое го најавува новото Светско првенство што ќе се игра во САД, Мексико и Канада. Снимката, која за кратко време стана планетарен хит на социјалните мрежи, ја претставува официјалната листа од 26 фудбалери на селекцијата на Бразил, под водство на селекторот Карло Анчелоти, со јасна порака – напад на шестата светска титула. Видеото, изработено во ...
Мерилин Монро е сè уште едно од најпрепознатливите лица во историјата на Холивуд. Речиси шест децении по нејзината смрт, нејзиното име и понатаму предивикува фасцинација, а по повод 100-годишнината од нејзиното раѓање, повторно се зборува за животот на жената која од сиромашно девојче од Лос Анџелес стана најголем секс симбол на 20 век. Филмската кариера на Мерилин Монро траеше само околу 16 години, но таа остави неизбришлив впечаток во ...
Поправките на лансирната рампа во вселенскиот комплекс Кејп Канаверал што беше оштетена минатата седмица при експлозија на ракетата „Њу Глен“ ќе потраат, а не е исклучено работите да се пролонгираат и до 2028 година, изјави директорот на НАСА, Џеред Исакман. Моќната двостепена ракета „Њу Глен“ експлодираше при статички тест на погонските мотори на лансирната рампа. Според извори од индустријата, лансирната рампа во експлозијата била речиси ...
САД ја разгледуваат можноста за распоредување нуклеарно оружје во други европски земји-членки на НАТО, како дел од напорите за зајакнување на безбедносните гаранции за сојузниците во Европа, пишува „Фајненшл тајмс“ (ФТ). Американските претставници покажаа отвореност да разгледаат проширување на постојниот систем за споделување нуклеарно оружје, што моментално вклучува шест европски земји кои се домаќини на авиони способни да носат нуклеарно ...
Вишиот суд во Неготин донесе одлука да ја прекине постапката против Радослав Драгиевиќ, таткото на Дејан Драгиевиќ, кој е еден од главните обвинети за убиството на двегодишната Данка Илиќ. Со оваа одлука, судот оцени дека нема доволно основи за продолжување на кривичната постапка против 75-годишниот Драгиевиќ. Радослав Драгиевиќ беше обвинет за непријавување на кривично дело и сторител, како и за помагање на сторителот по извршувањето на ...
Посетата на претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта треба да се анализира во поширокиот контекст на актуелните односи меѓу Европската Унија и Република Македонија, но и во контекст на состојбите на Западниот Балкан и предизвиците со кои се соочува политиката на проширување на Унијата. Несомнено е дека Кошта и досега, а и денес, останува на ставот дека Македонија треба да ги исполни обврските што произлегуваат од преговарачката рамка ...
Повеќе од еден милион жители на поширокиот регион на Париз би можеле директно да бидат погодени доколку дојде до големи поплави на реките Сена и Марна, предупредува нова студија на Институтот за регионот на Париз (IPR). Според анализата, околу осум проценти од населението во регионот живее во подрачја кои се изложени на ризик од излевање на реките, а меѓу најзагрозените се и стотици илјади домови. Студијата покажува дека дури 555.000 ...
На 12 јуни 2026 година во Истанбул, Република Турција, ќе се одржи значаен бизнис форум посветен на промоцијата на Република Северна Македонија како инвестициска дестинација и продлабочување на економската соработка помеѓу Северна Македонија и Турција. Настанот претставува единствена можност на едно место да се поврзат владините институции и бизнис заедниците од двете држави, создавајќи можности за креирање нови партнерства и економски ...
Вицепремиерот Александар Николоски вели дека се работи на изградба на пругата кон Бугарија, а за тунелот биле добиени позитивни сигнали од Софија. – Проблемот со Бугарија во однос на пругата е решен. Тоа беше чисто технички проблем. Добиваме позитивни сигнали за тунелот, штом колегите од Бугарија се подготвени, ќе работиме и на граничниот тунел – информира вицепремиерот Николоски во поткастот „Риштази“. Тој појаснува и до каде се работите во ...