Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Португалскиот тренер Жозе Мурињо стапил во контакт со челниците на Бенфика за да ги увери дека не стои зад видеото во кое е прикажан во дрес на Реал Мадрид. Португалските медиуми објавија дека искусниот тренер смета оти снимката е изработена со помош на вештачка интелигенција. Контроверзната снимка пре дизвика бура откако беше објавено на веб-страницата на Флорентино Перез, претседателот на „тимот од Сантијаго Бернабеу“. Видеото се појави на ...
Како компанија која континуирано вложува во заедницата и поддржува иницијативи од јавен интерес, Адмирал беше поддржувач на 6. меѓународна акција за чистење на дното на Охридското Езеро, организирана од Нуркачкиот центар Амфора од Охрид. Акцијата обедини нуркачи, волонтери и љубители на природата од земјата и од регионот со заедничка мисија – отстранување на цврстиот отпад од дното на езерото и придонес кон зачувување на еден од највредните ...
Венко Филипче не ги брани македонските позиции и македонските интереси, туку упорно ја застапува агендата која целосно им одговара на официјална Софија и на бугарските интереси, се наведува во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. „И покрај тоа што Македонија се соочува со постојани негирања на својот национален идентитет, јазик и историја, Филипче секојдневно настапува како портпарол на политиките на Бугарија кои бараат нови отстапки од македонска ...
Пејачката и актерка Џенифер Лопез е во центарот на вниманието на јавноста овие денови поради филмот „Office Romance“ во кој ја игра главната улога. Покрај неа во филмот глуми Брет Голдштајн и двајцата го промовираат заедничкиот проект појавувајќи се на премиери низ САД. Но, на премиерата на филмот во Њујорк, малкумина забележаа нешто друго освен модната комбинација на Џенифер. Лопез блесна на црвениот тепих во можеби најсмелиот фустан во ...
Градежништвото останува еден од најсилните двигатели на домашната економија, што јасно го потврдуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика за првиот квартал од 2026 година. Според државната статистика, градежниот сектор во првото тромесечје од оваа година бележи раст од 7,2% во споредба со истиот период минатата година, соопшти Министерството за транспорт и врски. -Овие бројки претставуваат силен показател за континуираната ...
Посетата на претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта претставува значајна потврда дека Република Македонија успешно ја спроведува реформската агенда и испорачува конкретни резултати во процесот на европска интеграција – оценува Движењето ЗНАМ за Наша Македонија во соопштение. ЗНАМ ја поздравува пораката што произлегува од оваа посета, дека реформите се препознаени, а напредокот на државата е видлив и признаен од европските институции. ...
Библиотеката „Гоце Делчев“ од Гевгелија денеска организира музичко-поетска дружба со браќата Георги и Миле Барбаровски, автори на песни со длабока трага во македонската музика, а инспирирани од народниот дух и традиција. Настанот ќе се одржи во хотелот „Аполонија“ во Гевгелија од 19 часот. Браќата Барбаровски во улогите на текстописец и композитор се препознатливи по песните „Заветна“, „Ако згрешам нека изгорам“ и „Гоцевата порака“ во изведба ...
„Украина сега е толку успешна што Путин можеше да организира парада на 9 мај само затоа што му дозволивте да трае 2 часа“. Вака изјави генералниот секретар на НАТО Марк Руте во Киев обраќајќи му се на претседателот на Украина Володимир Зеленски. Шегата дојде по серијата украински удари длабоко на руска територија. Украинските сили за беспилотни системи и Службата за безбедност на Украина соопштија дека во ноќта меѓу 2 и 3 јуни ја погодиле ...
Стапката на сиромаштија во Германија се искачи на рекордно високо ниво од 16,1% во 2025 година, оставајќи околу 13,3 милиони луѓе во ризик од сиромаштија, наведува во својот извештај Паритетната алијанса за социјална помош. Според извештајот, 70% од засегнатите имаат германско државјанство, а 30% немаат германско државјанство. -Во исто време, јазот меѓу регионите и демографските групи расте. Додека сиромаштијата се зголемува генерално, таа ...
Дуа Липа и Калум Тарнер ќе се венчаат оваа недела на Сицилија, Италија. Тоа ќе биде нивна втора свадба, по граѓанската церемонија во Лондон, а прославата ќе трае вкупно три дена, како Ивкова слава. Два градски плоштади наводно ќе бидат целосно затворени за раскошната свадба – Плоштадот Санта Ана и Плоштадот Кроче деи Веспри во Палермо. Полицијата и обезбедувањето се подготвуваат да постават „челичен прстен“ околу плоштадите од четврток до ...
Грција испрати официјален дипломатски протест до Украина откако во близина на популарниот остров Лефкада беше пронајдено пловило без екипаж натоварено со експлозив, за кој Атина верува дека е поврзан со украинските сили, објавува „Европска правда“, повикувајќи се на грчкиот весник „Катимерини“. Портпаролката на грчкото Министерство за надворешни работи, Лана Зочиу, потврди дека случајот е подигнат на ниво на Европската Унија. Грчкиот министер ...
Независната студија изработена од консултантската куќа „Ernst & Yong“ покажува дека со придонес од 1,4% во бруто националниот производ, ТИТАН Усје има значајна улога во развојот на националната економија. Вкупното влијание на компанијата во економските активности, преку деловни активности, плати и даноци, минатата година изнесувале повеќе од 10,3 милијарди денари. Директните фискални приходи во државниот буџет изнесувале 515 милиони ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави засилени контроли и нови мерки за подобрување на безбедноста во сообраќајот, откако статистиката за изминатиот месец покажала загрижувачки број жртви на македонските патишта. Гостувајќи во емисијата „Топ Тема“ на Телма ТВ, Тошковски истакна дека од вкупно 12 лица кои загинале во сообраќајни несреќи во текот на минатиот месец, дури пет биле мотоциклисти. – За тројца од загинатите сум ...
Неколку лица беа ранети кога беспилотно летало погоди возило во јужен Либан. Нападот се случи само кратко време по договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Либан. Примирјето доаѓа по серија разговори во Вашингтон. Прашањата меѓу земјите остануваат отворени по нападот. Либанската национална новинска агенција објави дека цел на нападот било возило кое се движело во јужниот дел од земјата. Во заедничкото соопштение издадено од американскиот ...
Цените на нафтата на берзите утрово паднаа за околу 1% по три последователни сесии на добивка, бидејќи инвеститорите ги оценија како неповолни ескалирачките тензии меѓу САД и Иран, кои продолжуваат да ги намалуваат изгледите за мировен договор и нормализација на енергетските текови на Блискиот Исток. Фјучерсите на суровата нафта Брент паднаа под 97 долари за барел, додека пак цената на суровата нафта WTI падна на 95 долари. Промените се ...
Госпоѓа Бенч е една од најпознатите ѕвезди на Тик-Ток кога станува збор за фиџет играчки. Таа има повеќе од шест милиони следбеници, а популарноста ја стекна благодарение на трендот што го освои светот. Додека повеќето инфлуенсери ја градат својата популарност со видеа за танцување, мода или совети за живот, Американката позната како госпоѓа Бенч пронајде сосема поинаков пат кон милиони следбеници. Таа има повеќе од шест милиони следбеници ...
Иран вчера тврдеше дека нема „никаков конкретен напредок“ во преговорите со Соединетите Држави за завршување на војната на Блискиот Исток, додека нападите повторно се интензивираат во областа на Персискиот Залив. – Разменети се пораки за потребата од прекин на агресијата врз Бејрут, но во преговарачкиот процес не е остварен никаков конкретен напредок – изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, мислејќи притоа на израелските ...
Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун повика на дополнително зајакнување на нуклеарниот арсенал на земјата, вклучително и на, како што навел, „експоненцијално“ зголемување на производството на нуклеарен материјал за оружје, објавија државните медиуми во Пјонгјанг. Според државната новинска агенција КЦНА, Ким за време на посетата на нов производствен капацитет изјавил дека во последните пет години капацитетот на земјата за производство на ...
Територијата на Македонија се наоѓа под влијание на циклонска активност која од Џеновскиот залив се преместува над нашата територија и условува да имаме многу нестабилно време со чести врнежи, грмежи, засилен ветер и локална појава на невреме. Целата територија на Македонија се наоѓа во жолта и во портокалова предупредувачка фаза поради обилните врнежи од дожд и локалната појава на невреме. Повеќе за временската прогноза на Славчо Поповски на ...
Унгарија го укина своето двегодишно вето врз кандидатурата на Украина за членство во Европската Унија, дозволувајќи му на процесот да влезе во следната фаза од преговорите и завршувајќи ја политичката сага што ги доведе односите меѓу Будимпешта и Киев на најниско ниво досега. Посакуваниот пробив се случи ненадејно вечерва за време на состанокот на амбасадорите во Брисел, потврдија неколку дипломати за „Евроњуз“. Унгарскиот претставник ...
Граѓаните на Црна Гора вечерва не можат да ја преминат границата со Србија, поради репресивни мерки што ги усвои власта во Белград, по протерувањето на повеќе од 80 српски државјани од аеродромот Тиват поради закани по националната безбедност, изјавија за подгорички Вијести неколку извори од безбедносниот сектор. Според истите извори, од 19:30 часот, ниту еден црногорски државјанин не преминал во соседната земја на граничните премини Гостун, ...
Безбедносната и информативна агенција (БИА) издаде официјално соопштение со кое го советува претседателот на Србија, Александар Вучиќ, да не оди во Црна Гора. „Од причини од највисоко значење за задачите што ѝ се доверени на Безбедносно-информативната агенција, соопштуваме дека е потребно да објавиме дека поради непријателските дејствија на странските служби и криминалните кланови во Црна Гора, Безбедносно-информативната агенција официјално ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека ниту Русија ниту Украина не се подготвени да направат отстапки во преговорите за прекин на војната, пред сè руската страна, и нагласи дека тоа е потребно за да се постигне мир. – Подготвени сме да продолжиме со каква било улога што е потребна во контекст на постигнување мир, бидејќи сметаме дека војната во Украина нема воено решение – рече Рубио во текот на вториот ден од ...
Бројот на жртви како последица на непочитување на сообраќајни правила во првите 5 месеци годинава е намален со примената на системот „Безбеден град“, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Резултатите за првите 5 месеци годинава се 17 човечки животи повеќе, отколку една година претходно, рече тој. Тој направи споредба првите 5 месеци од 2026 година, со првите пет месеци во 2025 година, иако „Безбеден град“ со казни почна да се ...
Поранешниот директор на Царинската управа Стефан Богоев и тројца други осомничени за злоупотреби одат во 30-дневен притвор. „Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка против 4 лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или ...
Приведен е тетовец кој под дејство на алкохол и со пиштол денеска се обидел да изврши разбојништво во угостителски објект. Од СВР Тетово информираат дека денеска во 16 часот на улица Илинденска во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода Х.Д.(22) од Тетово. При преглед кај него бил пронајден и одземен еден гасен пиштол, а по извршено алкотестирање било утврдено дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,35 промили ...
Не смееме да дозволиме и никогаш нема да дозволам, барем додека сум на оваа позиција, предмет со такви страшни докази во насока на докажување на одредено кривично дело од кое ќе му се згади на македонскиот народ така да се затвори, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, за случајот „Мазут“. Тошковски порача дека „секој треба да си ја сработи работата која му е дадена согласно закон. Не мислам дека „Мазут“ е предмет што е ...
Управата за хидрометеоролошки работи предупреди за нестабилно време во текот на утрешниот ден, со пороен дожд, грмежи и со локално невреме. „Под влијание на циклонска активнос утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, во количина над 20 литри на квадратен метар, ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска во Брисел учествува на седницата на Заедничкиот консултативен комитет при Европскиот комитет на регионите, форум посветен на соработката меѓу локалните власти од земјите членки на Европската Унија и кандидатите за членство. На настанот присуствуваат претставници на локалната и регионалната власт од земјите на ЕУ, како и од државите кандидати за членство. Според него, седницата е можност за ...
На предлог на ВМРО-ДПМНЕ беше изгласана резолуција за црвени линии дека Република Македонија како држава нема да преговара за идентитетот, јазикот, културата и за историјата, која што само за некој месец СДСМ ја прегази со оној договор за добрососедство со Бугарија, рече Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Во врска со барањето за внесување на Бугарите во Уставот нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ има јасен став за тоа прашање, односно, како ...