На подрачјето на градот Скопје утрово е спроведен нов авионски третман против комарци, 14-ти по ред во текот на оваа сезона, информира градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Тој најави дека дезинсекцијата ќе продолжи и во наредните денови, а за периодот од 23 до 26 август издал налози и за спроведување терестична дезинсекција на подрачјето на градот. – Продолжуваме со засилено темпо и во наредните денови. Активностите продолжуваат и утре ...

Поројните дождови предизвикаа масивни одрони на кал и карпи во јужниот перуански регион Арекипа, уништувајќи клучни делови од Јужниот крајбрежен автопат и оставајќи стотици возачи на товарни камиони и патници целосно отсечени од светот. Според информациите што ги пренесува новинската агенција Ројтерс, сообраќајот на оваа витална артерија е во прекин веќе со денови, со што се создаде колона од блокирани возила долга речиси 10 километри. ...

Полицијата уапси 62-годишен од Беровско откако со 2,62 промили алкохол во крвта предизвикал сообраќајна незгода во Берово. Според МВР, Љ.М. од Русиново управувал „форд“ и прво удрил во паркиран автомобил, а потоа и во дворна ограда. „При преземање мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,62 промили алкохол во крвта“, информира Министерството за внатрешни работи. Полицијата уапси 62-годишен од Беровско ...

Демократската унија за интеграција со соопштение ја поздрави подготвеноста што ја изрази премиерот Христијан Мицкоски за одржување предвремени парламентарни избори, доколку тоа го побара опозицијата. „Го бараме тоа. Конечно и премиерот разбра дека оваа состојба е неодржлива и дека на државата ѝ е потребен нов политички мандат. Владата го загуби легитимитетот да продолжи со европската изолација, влошувањето на меѓуетничките односи, ...

Пред 17 години, Елизабет Стајн била нутриционистичка советничка со само десетина клиенти и триатлонка која по трките делела здрави мафини. Денес е сопственичка на успешен прехранбен бренд кој се продава во повеќе од 30.000 продавници низ САД, а компанијата „Purely Elizabeth“ наскоро ќе биде преземена од италијанскиот гигант „Ferrero“ за повеќе од 850 милиони долари. Стајн, која денес има 45 години, во 2008 година на еден триатлон во ...

По девет успешни изданија во различни градови низ земјава, „Реплек“ на 23 август во Охрид, со почеток во 19.00 часот, ќе го организира јубилејното десетто издание на РЕсет, платформа посветена на поттикнување здрави животни навики, физичка активност и грижа за добросостојбата. Во зеленилото на Голф клубот Охрид ќе се одржи тренинг на зајдисонце, на кој на афирмираната фитнес инструкторка Елена Бубало ќе ѝ се придружи Емилија Колоска, едно од ...

Министерството за правда на САД оцени дека поранешниот директор на Федералното истражно биро (ФБИ), Џејмс Коми, намерно објавил порака што можела да биде протолкувана како закана кон американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Вашингтон пост“. Според американското Министерство за правда, Коми со објавата соопштена преку социјалните мрежи сакал да го привлече вниманието на јавноста, меѓу другото и за да го зголеми интересот за неговиот ...

Германија официјално ја известила Европската комисија дека ги продолжува привремените контроли на сите свои копнени граници, вклучително и границата со Холандија, за дополнителни шест месеци. Сегашната фаза на контролите требаше да заврши на 15 септември 2026 година, но сега ќе остане во сила до средината на март 2027 година, објавува холандскиот јавен сервис НОС. Контролите се спроведуваат на сите девет германски копнени граници – кон ...

Гостиварскиот основен суд им го продолжи притворот на екс директорката на Комуналец Гостивар Артана Асани и на уште двајца раководители во претпријатието осомничени за загадување на водата за пиење. Од судот за Телма потврдија дека на предлог на обвинителството одлучиле да останат во притвор уште 30 дена. Адвокатот на двајца од осомничените за Телма вели дека ќе поднесе жалба затоа што смета дека нема основ да им биде продолжен притворот ...

Пред 17 години, Елизабет Стајн била нутриционистичка советничка со само десетина клиенти и триатлонка која по трките делела здрави мафини. Денес е сопственичка на успешен прехранбен бренд кој се продава во повеќе од 30.000 продавници низ САД, а компанијата „Purely Elizabeth“ наскоро ќе биде преземена од италијанскиот гигант „Ferrero“ за повеќе од 850 милиони долари. Стајн, која денес има 45 години, во 2008 година на еден триатлон во ...

Лазар Банов, потпретседател на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ, го обвини градоначалникот на Центар Горан Герасимовски дека од џебот на центарци платил 6,6 милиони денари за мобилна апликација за која добил само една понуда на тендер. – Мобилната апликација која Герасимовски ја нарачал, очигледно веќе претходно договорена со добитниците на јавната набавка, центарци ќе ги чини годишно 6,6 милиони денари. Оттука, логично е дека во следните 3 години, ...

Австралиските обвинители бараат Ерин Патерсон никогаш да не излезе од затвор. Таа е осудена доживотно за убиство на тројца роднини со отровни печурки. Обвинителството ја обжали пресудата бидејќи Патерсон може да побара условно ослободување по 33 години. Според обвинителите, таквата можност е несоодветна на тежината на злосторствата. Патерсон во 2023 година ги поканила роднините на ручек во својот дом во Викторија. Им послужила говедско ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави силно засилување на економскиот притисок врз Иран и предупреди дека сериозни последици ќе има и за земјите кои финансиски, трговски или логистички му помагаат на Техеран. Трамп порача дека САД ќе започнат „економска војна и изолација од невидени размери“ против Иран, во момент кога конфликтот трае речиси шест месеци, а обидите за прекин на огнот досега не дадоа траен резултат. Според американскиот ...

Бугарија минатата 2025 година произвела руда во вредност од 2,2 милијарди евра, додека Македонија продолжува да орбитира околу сумата од 250 милиони евра годишно. Според податоците на тамошната Комора, приходите растат иако производството стагнира. Финансиските резултати покажале раст од 8% во споредба со 2024 година, а производството пораснало за само 1%. Ваквите податоци се должат на високите цени на дел од металите на светските берзи, ...

Од наплата на патарини во државава во првите шест месеци од годинава се остварени речиси 1,92 милијарди денари, односно повеќе од 31 милион евра, што е за 21.891.532 денари повеќе во споредба со истиот период минатата година, информираат од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Најфреквентна наплатна станица е Тетово, по која следуваат Петровец, Романовце, Глумово, Миладиновци, Желино, Гостивар, Стоби, Кадрифаково, Преод, Сопот, ...

М.Т. од Прилеп освои Супер милионер џекпот вреден 7.687.144 денари. Најпосакуваната ВЛТ добивка е освоена на видеолотариските терминали кај деловниот соработник „Спорлајф трејд“ на 10.08.2026 година во Прилеп. Среќната игра е „Фламинг хот“. Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија му честита на добитникот. Во периодот од 10.08.2026 до 16.08.2026 година, Видеолотарија Касинос Австрија исплати вкупно 15.848.750 денари кон играчите на ВЛТ ...

Возач на автобус со околу 50 патници се онесвестил зад воланот во Шведска. Автобусот почнал да се движи кон каналот покрај патот, но една од патничките реагирала во последен момент. Марија Хјелте веднаш го презела воланот и го задржала автобусот на коловозот. Потоа ѝ помогнал патникот Ниранџан Нитијанандам и заедно успеале безбедно да го запрат возилото. Никој од околу 50 патници не бил повреден. Ниранџан подоцна раскажал дека ситуацијата ...

Најмалку 12 лица загинаа, а 33 се повредени во Киев во масовен руски напад извршен во текот на ноќта – соопшти градоначалникот на украинската престолнина Виталиј Кличко. Во објава на „Телеграм“, Кличко рече дека спасувачките и итните служби продолжуваат со расчистување на теренот и справување со последиците од нападот во реоните Соломјански, Свјатошински и Дарницки. Поради трагедијата, градоначалникот соопшти дека 21 август е прогласен за Ден ...

Силно невреме зафати повеќе делови од Германија, при што предизвика голема материјална штета, соборени дрвја и оштетени објекти. Една жена загина, а германската метеоролошка служба (DWD) официјално потврди дека торнадо го погодило градот Фирстенвалде/Шпре во покраината Бранденбург. „Настанот во Фирстенвалде несомнено беше торнадо“, информираше германската метеоролошка служба за германската новинска агенција ДПА. Снимки од невремето и ...

Американската администрација на претседателот Доналд Трамп се обидува да го депортира Блерим Скоро, 55-годишен жител на САД, роден во Косово и татко на три деца, кој тврди дека работел во тајност за американските разузнавачки служби и дека по нападите од 11 септември се инфилтрирал во Ал Каеда, објави Си-Би-Ес њуз. Службата за имиграција и царина на САД (ИЦЕ) го уапсила Скоро на 3 август пред канцеларија за имиграција во Њу Џерси, каде што ...

Холандската манекенка Карен Мулдер (57), една од најпознатите и најплатени суперманекенки во 90-тите години, повторно се враќа во центарот на вниманието. Откако пред повеќе од две децении се повлече од јавноста, Мулдер повторно позираше за престижниот магазин „Вог“ – овојпат за германското издание, а најави и враќање на модната писта. View this post on Instagram A post shared by VOGUE Germany (@voguegermany) Мулдер во текот на својата ...

Николина Бачкоња Филиповиќ тврди дека поминала 15 дена во затвор во Шибеник поради објава на Фејсбук. На фотографијата бил нејзиниот 7-годишен син со шајкача и со кренати три прста. Србинката, која живее во Белград, за „Јуроњуз Србија“ ја раскажа својата верзија за случајот. Според објавените информации, Општинскиот суд во Шибеник оценил дека со објавата го нарушила јавниот ред и мир. Но, од достапните информации не е јасно дали била казнета ...

Јужна Кореја проценува дека Северна Кореја поседува меѓу 80 и 120 нуклеарни боеви глави, изјави денеска јужнокорејскиот министер за одбрана Ан Гју-бак. Според Ројтерс, оваа проценка е значително повисока од онаа што неодамна ја изнесе американскиот претседател Доналд Трамп, кој рече дека Пјонгјанг има 57 нуклеарни боеви глави. Ан пред јужнокорејскиот парламент изјави дека генерално се смета оти Северна Кореја располага со околу 80 до 120 ...

Полицијата поднесе кивични пријави против три физички и едно правно лице од Прилеп за кои има основи дека го оштетиле буџетот на Тутунски комбинат Прилеп за над 3,3 милиони денари, односно околу 54.000 евра. Првопријавениот Љ.Б., во 2021/2022 година работел во АД „Тутунски Комбинат“ – Прилеп на работно место координатор на група за обезбедување, а второпријавениот во истиот период бил генерален извршен директор на АД „Тутунски комбинат“. ...

Едвај го дочекавте годишниот одмор, а токму тогаш ве фаќа главоболка, настинка, замор или стомачни тегоби? Иако изгледа како лоша случајност, постои феномен познат како „leisure sickness“, или во слободен превод, „боледување за време на одмор“ кој го опишува токму овој необичен образец. Терминот во 2001 година го вовел холандскиот психолог Ад Вингерхетс, откако со својот тим истражувал зошто кај некои луѓе здравствените тегоби се појавуваат ...

Ситуацијата со снабдувањето со електрична енергија во Европската Унија би можела да биде затегната во наредните недели поради последиците од неодамнешните топлотни бранови, изјави европскиот комесар за енергија, Дан Јоргенсен. Според него, безбедноста на снабдувањето со електрична енергија е стабилна и дека во моментов нема краткорочни ризици за снабдувањето, но предупреди дека се очекува ситуацијата да остане напната во наредните недели. ...

„Венко Филипче уште не е вратен од годишниот одмор, а сè уште од јахтата на Зоран Заев повикува на хистерија, најпрво за водата во Гостивар, потоа за водата во Скопје, а сега и за нилската треска“ – пишува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. „Нели е сосема чудно што ова лето нема пожари како што имаше минатото лето во Вардариште и Дрисла? Единствената крупна разлика е што оваа година нема локални избори, па СДСМ пироманска се претвори во СДСМ ...

Кога власта зборува за економијата, сосема очекувано ги избира показателите што нејзините резултати ги прикажуваат во најповолно светло. Опозицијата, пак, речиси по правило го прави спротивното. Но сериозната анализа не смее да остане заробена меѓу овие две политички потреби. Нејзината задача е да провери што останува од една политички изнесена теза кога бројките ќе се ослободат од реториката и ќе се погледнат и преку други статистички и ...

Бројот на загинати при уривањето на рудникот за злато во Централноафриканската Република порасна на 107. Спасувачите продолжуваат да бараат луѓе под калта и урнатините, но надежта дека ќе најдат преживеани згаснува. – Да се најде некој жив во овој момент би било вистинско чудо – изјави Бертранд Бе Јанге, претставник на Младинскиот совет во Замбоје. Тој вели дека многу млади луѓе секојдневно влегуваат во импровизираните ископи. Со опасната ...

Во ДУИ веќе не се знае кој ја води партијата. Али Ахмети пушта пробни балони за повлекување, Бујар Османи се загрева за лидерската фотелја, а луѓето на Артан Груби испраќаат пораки и ги потсетуваат сите кој до вчера бил главен во партијата. Три приказни и една голема паника – оценува партијата ВЛЕН во соопштение. „Ахмети глуми дека ја држи ситуацијата под контрола, но есапот никако не му излегува. Ако го брани Артан, го зема на свој грб ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42