Албанскиот премиер Еди Рама учествуваше на Самитот ЕУ-Западен Балкан кој се одржа во Тиват, Црна Гора. Во своите официјални изјави Рама истакна дека земјите од Западен Балкан не треба да останат во „чекалната“ на Европската Унија, нагласувајќи ја потребата од поинтензивна политичка динамика за забрзување на европската интеграција. На маргините на самитот, премиерот изјави дека верува дека пораките од регионот конечно се слушнати и дека е ...

Реконструкцијата на култната Универзална сала во Скопје конечно се одвива со посакуваната динамика, а граѓаните може да очекуваат нејзино отворање на почетокот на 2028 година, изјави министерот за култура и туризам Зоран Љутков во гостување на 4ТВ. – Пожарот и долгиот застој наложија ревизија на целиот проект, со што се увидени одредени недостатоци кои сега се коригираат за да се добие модерен и безбеден објект – рече министерот. Според него, ...

Со цел да се заштити и унапреди употребата на македонскиот литературен јазик, започнува имплементацијата на законското решение кое наложува формирање на Инспекторат за употреба на македонскиот јазик. Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, во своето гостување во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ појасни дека процесот бара серија системски чекори за ова тело конечно да профункционира. – Новото законско решение предвидува буквално секоја ...

Тројца луѓе загинаа, а најмалку 13 се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи на булевар во софиската населба Челопечене, откако автомобил кој, според истрагата, учествувал во нелегална улична трка, со брзина поголема од 150 километри на час, удрил во автобус на градската линија 119 и го превртел на страна. Според бугарското обвинителство, двајцата возачи кои се осомничени дека се тркале по сообраќајницата се сметаат за директно ...

Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека синоќа нападнала американски воени бази на Блиски Исток како одговор на американските напади врз островите Сирик и Кешм. Во соопштението на ИРГЦ се наведува дека се нападнати „непријателските бази во регионот со помош на ракети“. Ракетирани се американски бази во Кувајт и вo Бахреин, а исто така е стрелано врз четири танкери кои се обиделе да поминат низ Ормуската Теснина. Нападот бил извршен ...

Седуммесечно бебе загина, а неговите родители се повредени откако израелската армија во петокот вечерта отворила оган врз нивното возило на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство. Израелските војници отвориле оган јужно од градот Хеброн, тврдејќи дека возилото со зголемена брзина се движело кон нив. Семејството патувало од Витлеем до Хеброн. Израелската армија соопшти дека започнала истрага за инцидентот. ...

Достоинствена и емотивна вечер сведочеше синоќа публиката во гледалиштето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп и целата македонска нација преку директниот пренос на МТВ1, на свеченото отворање на 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Вечерва беше во знакот на паметењето и колку е тоа важно за секоја култура. Во таа чест беше и проекцијата на документарецот посветен на 60 години фестивал, во кој театарски ...

Долго време во општеството е отворено прашањето што треба државата да стори за да се намали бројот на обложувалници, автомат-клубови и казина. Од една страна државната каса на годишно ниво инкасира повеќе од 350 милиони евра, но од друга страна различните политички структури кои владеат во последните десетина години, се под притисок на критичката јавност која бара целосно затворање на игрите на среќа и „продавниците“ за брзи кредити. ...

Судбината на проектот „Иловица-Штука“ предолго останува заглавена во статус кво состојба, додека Македонија губи време, инвестиции и можности за економски развој. Ние, локалните жители обединети во Граѓанската иницијатива „И Здравје и Работа“ сметаме дека е време институциите конечно да го завршат процесот и да донесат одлуки врз основа на законите, науката и стручните анализи. Доколку проектот „Иловица-Штука“ ги исполнува законските услови, ...

Жителка на Велес јавно им се заблагодари на двајца полициски службеници од СВР Велес кои, како што наведува, несебично ѝ помогнале при гаснење пожар во нејзиниот автомобил. Во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук Марија Новкова посочува дека благодарение на нивната брза реакција, смиреност и професионалност, била избегната поголема штета. „Сакам да изразам јавна благодарност до двајца полициски службеници од СВР Велес, кои несебично ми ...

Санкт Петербург утрово бил цел на масовен напад со беспилотни летала, соопшти гувернерот на градот Александар Беглов. Во исто време во три одделни руски напади врз јужната украинска област Херсон загинаа пет луѓе. „Утрово, на 6 јуни, Санкт Петербург беше изложен на напад од големи размери со беспилотни воени летала. Системите за противвоздушна одбрана се активни“, напиша Беглов на платформата Макс, пренесува РИА Новости. Тој ги повика ...

На СДСМ му пречи сѐ што е во корист на државата. Не сакаат Македонија да напредува и да успее, затоа и им пречи дипломатскиот успех на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кој во Скопје го потврди и претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта – се вели во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. „Минатата недела од Македонија, Кошта испрати јасна порака дека државата има опиплив напредок во делот на исполнување на Реформската агенда, а дополнително тоа се ...

Украина официјално ѝ се извини на Грција поради украински поморски дрон кој минатиот месец беше пронајден во близина на островот Лефкада, оценувајќи дека инцидентот е последица на околностите создадени од руската инвазија врз Украина. Во објава на социјалните мрежи, портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Хеорхиј Тихиј, изрази жалење за инцидентот и нагласи дека Киев високо го цени пријателството со Грција и поддршката ...

Повеќе од 14.500 матуранти се пријавени за полагање на матурата и денеска ќе го имаат првиот екстерен испит, кој е изборен за кандидатите. Задолжителниот екстерен испит (мајчин јазик и литература) матурантите ќе го полагаат на 11 односно на 12 јуни. Во согласност со измените на Законот за средното образование, оваа година првпат се полагаат три типа матурски испит според видот на образование – државна матура, државна стручна матура и државна ...

о следната седмица во Македонија ќе продолжат пријатните летни температури на воздухот, без најави за нов топол бран од Африка. Температурите наутро ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 18 степени, а преку денот ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени, пишува метопрогнозерот Славчо Поповски на неговиот портал Метеоаларм. Врнежите ќе бидат под просекот за овој период од годината, но поради повремено спуштање на атмосферски фронтови ...

Турската воена морнарица одржува голема воена вежба во Црното Море, Мраморното Море, Егејското Море и на Медитеранот. Маневрите почнаа вчера и ќе траат до 14 јуни. Во воената вежба „Морски волк 2/2026“ учествуваат 125 бродови, 18.000 војници, дронови, хеликоптери и противбродски вооружени системи. Началникот на оперативното одделение на турската морнарица, контраадмирал Алпер Догуканли истакна дека цел на вежбата е да се проценат ...

Во судот за прекршоци во Подгорица денеска се случи инцидент и речиси физички конфликт меѓу поранешниот премиер Дритан Абазовиќ и бизнисменот Ранко Убовиќ, кој тргнал да го дри со глава го удри со глава, а Абазовиќ го оттрнал. Според весникот Вијести настанала мешаница, а полицајците спречиле физичка пресметка. Полицаецот задолжен за обезбедувањето во судот го турнал Убовиќ, а потоа го предупредил за несоодветно однесување. Според првите ...

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево одржа состанок со претставници на стопанските комори и на градежните компании за можноста да учествуваат во реализацијата на капитални проекти. „По интензивната агенда во Тиват утрово и можноста за средби со лидерите на ЕУ, директно на средба со стопански комори каде разговараме со градежните компании и нивниот интерес за учество во реализација на капиталните проекти во државата“, објави премиерот ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади ја информира јавноста дека во тек е имплементација на ново софтверско решение со кое се врши модернизација и унапредување на процесите за обработка и исплата на правата од социјална и детска заштита во центрите за социјална работа. „Станува збор за значајна реформа чија цел е зголемување на ефикасноста, сигурноста и квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните. Во процесот на ...

Во пустината Сахара, на територијата на Нигер, починаа 49 луѓе од жед, соопштија локалните власти. Сите починати се државјани на Нигер. Трагедијата се случила откако им се расипал камионот со кој патувале, во оддалечен дел од пустината. Групата се враќала од Мали по муслимански верски празник. Камионот се расипал на повеќе од 80 километри западно од пограничното место Асамака, во област каде речиси нема населени места, вода или комуникации. ...

Преговорите помеѓу Иран и САД се во застој, а може да ги откочи американскиот претседател Доналд Трамп, рече воениот советник на иранскиот ајатолах, Мохсен Резаи. – Топката е во дворот на Трамп – истакна Резаи интервју за Си-Eн-Eн. Тој посочи дека евентуален мировен договор помеѓу Техеран и Вашингтон зависи од тоа дали САД ќе ги ослободат 24-те милијарди долари замрзнат ирански имот. Иран бара ослободување на 12 милијарди долари замрзнати ...

На 12 јуни 2026 година во Истанбул, Република Турција, ќе се одржи значаен бизнис форум посветен на промоцијата на Северна Македонија како инвестициска дестинација и продлабочување на економската соработка помеѓу Македонија и Турција. Настанот претставува единствена можност на едно место да се поврзат владините институции и бизнис заедниците од двете држави, создавајќи можности за креирање на нови партнерства и економски иницијативи. На ...

Лекарската комора денеска одбележа 34 години од формирањето, а на свеченоста беше отворено и историско катче на медицината, лоцирано во просториите на Комората. Просторот е замислен како чувар на меморијата за развојот на македонското здравство. Преку документи, фотографии и предмети се сведочи за патот, предизвиците и успесите на медицинската професија во Македонија. Раководството на Комората ја потенцираше клучната улога на институцијата ...

Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Најстудено ќе биде во Берово, со утринска температура до 9 степени. а најтопло во Гевгелија, со температура до 33 степени Целзиусови. Фото: УХМР Во Скопје ќе биде променливо ...

Окружниот суд во Хаг денеска осуди 49-годишна холандска државјанка на 7 години затвор затоа што му дозволила на својот 14-годишен син да се приклучи на терористичката организација Исламска држава. Судот ја прогласи Ајада К. за виновна за воено злосторство, односно за помагање и за поттикнување регрутaција или користење деца во вооружени дејствија. Таа беше прогласена за виновна и за помагање на терористичка организација, како и за загрозување ...

Претседателот на Русија Владимир Путин го одби предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за директни преговори меѓу нив за завршување на војната. Зеленски вчера во отворено писмо побара да се сретнат во неутрална земја за да стават крај на војната. Путин истакна дека таква средба „нема цел“. Тој на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург истакна дека Зеленски вчера му испратил „грубо писмо“, особено по нападот врз ...

Протетсите поради проектот „Зврнец“ не се еколошко прашање, туку се работи за хибридна војна, рече албанскиот премиер Еди Рама по самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, одговарајќи на новинарско прашање. – Зад протестите стојат Иранците, кои беа вклучени и во други напади – рече тој. Додаде дека во моментов нема што да се дискутира во врска со ова прашање, бидејќи нема одобрен проект, а прикажаните видеа се лажни. – Проектот во Зврнец не е оној ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска по самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват изјави дека Европската Унија планира да почне постепен процес за вклучување на земјите од регионот во Унијата, што испраќа сигнал дека тие се посакувани како полноправни членки. – Јасната порака од денеска е, и ќе остане: Ве сакаме. И сакаме државите од овој регион наскоро да станат членки на Европската Унија – рече Мерц на прес-конференција. Тој истакна дека ...

На астронаутите од Меѓународната вселенска станица денеска им беше наредено да се засолнат во своите летала и да се подготват за евентуална евакуација додека рускиот екипаж се обидува да го санира истекувањето на возухот од орбиталната лабораторија, објави американската вселенска агенција НАСА. По кратко време на астронаутите им беше дозволено да излезат од засолништето. Истекувањето на воздухот во изминатите месеци беше релативно мало, но се ...

Петмина азербејџански државјани загинаа, а тројца се повредени во напад врз 2 товарни брода во Азовското Море, соопшти Министерството за надворешни работи на Азербејџан. Одговарајќи на прашање за пловните објекти погодени во Таганрошкиот Залив, Министерството наведе дека екипажите биле составени од вкупно 25 азербејџански државјани, но дека бродовите не биле во сопственост на Азербејџан. Претходно денеска Украина соопшти дека нејзини ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.45
89%
1016
weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
3.13
91%
1020
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
1.12
79%
1022
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
2.36
88%
1015
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
6.11
90%
1015
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
0.22
89%
1023
weather icon

Атина

26ᴼ / 22ᴼ
1.34
52%
1012
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.83
83%
1015
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
2.18
86%
1016
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 20ᴼ
4.47
81%
1011
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
3.58
72%
1020
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
3.09
88%
1012
Currency

61.635

Currency

53.453

Currency

71.3681

Currency

37.4334

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Злато

131337.93

Калај

51.97

Бакар

12.52

Сребро

2072.63

Иридиум

253540.09

Платина

53756.05

Паладиум

39545.42

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.48

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97