Зголемен е интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини, информираат попладнево од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Од АМСМ посочуваат дека засега нема подолги задржувања на граничните премини од македонска страна, ниту при влез ниту при излез од државата. „На патните правци надвор од градските средини е забележан зголемен интензитет на сообраќај. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања ...

Советот на Општина Пехчево денеска едногласно ја отфрли иницијативата поднесена од приватен инвеститор да се почне постапка за изработка на урбанистичко-планска документација за изградба на градби за чување и складирање на дигитални податоци, односно дата-центар, на парцели во Панчарево. Точката беше предложена како втора на дневниот ред, но уште на почетокот на седницата координаторот на советничката група на СДСМ, Николчо Јовчев, побара да ...

Поранешната заменичка на шефот на Канцеларијата на украинскиот претседател, Ирина Мудра, е уапсена во рамки на голема антикорупциска истрага во Украина. Вишиот антикорупциски суд ѝ одредил притвор од 60 дена, со можност да биде пуштена со кауција од 20 милиони украински гривни, односно околу 383.700 евра. Мудра пред судот била прашана дали има доволно пари да ја плати кауцијата. Таа одговорила дека делумно располага со сопствени средства, но ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против В.Р., управител и сопственик на правно лице, како и против правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Даночно затајување“ од член 279 и „Оштетување или повластување на доверители“ од член 257 од Кривичниот законик. Пријавениот В.Р., во периодот од 2019 до 2020 година, иако бил свесен дека правното лице е ...

Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ не сакал да зборува за пензионирањето во новиот документарец „Волкот во зима“. Режисерот Џејсон Хир морал да го убедува дека прашањето за пензионирањето не е навреда, туку комплимент. Документарецот беше објавен на 20 август на стриминг-платформата „Амазон прајм видео“. Ѓоковиќ во него зборува за кариерата, растењето во Југославија и депортацијата од Австралија во 2022 година. Но, разговорот за пензионирањето ...

Румер Вилис, најстарата ќерка на Брус Вилис и Деми Мур, направила генетско тестирање откако нејзиниот татко беше дијагностициран со фронтотемпорална деменција. 38-годишната актерка за „People“ открила дека резултатот од тестот покажал дека има APOE 3/4, односно една копија од варијантата APOE4, која е поврзана со зголемен ризик од развој на Алцхајмерова болест. – Прилично е просечно, но тоа значи дека постои одреден ризик, но не е нешто ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓеоргиевски, преку објава на Фејсбук информираше за новите спортски терени наменети за средношколците. Тој истакна дека создавањето современи и безбедни услови за спорт е важна инвестиција во младите. „Посебна гордост е кога визијата што ја имаме за младите добива вистинска форма и станува реалност“, напиша Ѓорѓиевски. Градоначалнкот посочи дека новите терени се изведени со висококвалитетни и издржливи ...

Јас можам за прв пат да се сложам со претседателот на СДСМ, Венко Филипче дека не сме исти, рече денека премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата на Филипче дека не се исти. – Јас никогаш не би сакал да бидам ист со куклата на луѓето кои ја уништија и ја ограбија Македонија. Ниту во најлошиот сон не би сакал тоа да бидам. Така што еве за прв пат можам да се сложам дека не сме исти и точно ...

Душкo Локин и на 83 години не се откажува од музиката. Хрватската пејачка легенда сними нова песна „Frizura“, во дует со Даруш Деспот, кој ги потпишува музиката и текстот. Песната е инспирирана од препознатливиот изглед на Локин, а видеоспотот е полн со хумор и ситуации во кои фризурата на пејачот е главната ѕвезда. – Сите девојки ме бркаат поради мојата фризура – пее Локин во песната, во која на шеговит начин се раскажува како жените наводно ...

Неверојатна снимка од војната во Украина се шири на социјалните мрежи: украински борбен авион МиГ-29 му се приближува на руски дрон Шахед на екстремно мала оддалеченост, по што беспилотното летало ја губи стабилноста и паѓа без да биде погодено со ракета или топовски оган. Маневарот на социјалните мрежи е наречен „бакнеж на смртта“. Снимката првично се појавила на украински канали на Телеграм, а потоа брзо се проширила на други платформи. На ...

Ќе остане ли Македонија нем набљудувач во светската трка по критични минерали? Експертите повикуваат државата да фати чекор со светските случувања. Кај нас функционираат четири рудници за метални суровини, а од нив само еден ископува критичен и стратешки минерал. Тоа е „Бучим-Боров дол“ кој експлоатира бакарна руда. Државата не може да се пофали ниту со активни инвестиции за ископ на критични минерали. Постои само една, а тоа е проектот за ...

Дваесетгодишник од Студеничани се обидел со „фолксваген голф“ да избега од полицијата, но бегството завршило со удар во бетонски ѕид и во полициско возило, информира МВР. Во понеделникот, 24 август, Б.А. не застанал на знак даден од полициски службеници и продолжил да вози. Набргу потоа со „голфот“ удрил во бетонски ѕид. Потоа тргнал наназад и удрил во службена „шкода јети“ на Министерството за внатрешни работи. Полициски службеници од ...

Комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос го презентираше предлогот на Европската комисија за сеопфатна реформа на процесот на пристапување. Планот предвидува постепена интеграција, построги проверки на земјите-кандидатки и нова методологија за фазата што Кос ја опиша како нов Хелсиншки момент за Унијата, пишува Еуроњус. – Светот се промени, а проширувањето мора да се промени со него – рече комесарката Кос на Конференцијата на амбасадори ...

Сите државни ресурси се ангажирани на терен за заштитата на планината Китка, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). На терен се ангажирани 3 авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и екипите на Национални шуми. – Од утринските часови продолжуваме со интензивни активности за ставање под контрола на пожарите во селата во областа Каршијак. Наш приоритет е заштитата на ...

Еден од најопасните израелски криминалци, 40-годишниот Јанис Јушваев, е убиен пред бензинска пумпа во близина на Цезареја. Ликвидацијата ја снимиле надзорни камери. Снимката покажува како напаѓачот се качува по скалите и го одминува Јушваев. Потоа се враќа, му приоѓа одзади и го застрелува во задниот дел од главата. Јушваев паѓа на земја, а напаѓачот бега пеш. Полицијата го опишала убиениот како водач на криминална организација поврзана со ...

Голем пожар во атарот на прилепското село Дуње целосно уништил викендичка, пчеларска опрема и околу 120 дрвени пчеларски сандаци, од кои 50 биле полни со пчелни семејства. Пожарот бил активен во месноста Голем Рид, каде што огнот ја зафатил викендичката и објектите околу неа. Според пријавеното во полицијата, целосно изгорела викенд-куќата сопственост на сопругата на М.Ч. од Прилеп. Во пожарот била уништена и разновидна опрема што се ...

Тејлор Свифт отворено проговори за притисокот што доаѓа со светската слава и откри како се справува со моментите кога сè околу неа станува „преголемо за да се контролира“. Во новото интервју за „The Icon Sessions“, разговор што го водеше извршниот директор на Recording Academy, Харви Мејсон Џуниор, 36-годишната пејачка зборуваше за начинот на кој со текот на годините научила да се справува со јавноста, критиките и огромното внимание. Како ...

Британските власти побараа од Тик-ток и од останатите социјални платформи да преземат конкретни мерки против видеата што промовираат или поттикнуваат опасно возење, по тешката сообраќајна несреќа во североисточна Англија во која животот го загубија 7 лица. Британскиот министер за одбрана Лук Полард порача дека платформите мора сами да преземат одговорност и да спречат ваквата содржина да се шири преку нивните алгоритми. Во спротивно, владата ...

Македонија сака да биде дел од Европската Унија и на тој пат направивме многу отстапки, кои, според бирократите од Брисел и од целиот свет, требаше да бидат последното нешто што го направивме, но, за жал, тие нè предадоа и нè излажаа, истакна премиерот Христијан Мицкоски во интервју за „Брајтбарт њуз“ (Breitbart News). Мицкоски членството во ЕУ го опиша како втора клучна цел по стратешкото партнерство со САД. – Да се биде дел од ЕУ е добро од ...

Рафинеријата „Афипски“ во јужниот руски регион Краснодар се запали по напад со беспилотни летала, јавува „Ју Ес њуз“, повикувајќи се на Ројтерс. Регионалниот гувернер Венијамин Кондратиев на Телеграм соопшти дека две лица загинале, додека двајца се повредени. Жртвите не биле во самата рафинерија. Според Кондратиев, остатоци од беспилотни летала паднале врз железничката станица „Афипски“. Снимки објавени од локални жители наводно покажуваат ...

Кортни Кардашијан сподели фотографии од големиот семеен одмор со сопругот Тревис Баркер и сите нивни деца од претходните врски и нивното најмало, заедничко дете Роки. На серијата фотографии и видеа има сè – од возење со чамец и уживање во вода до планинарење, качување по карпи и поминување време во природа. Кортни објавата ја опиша со едноставно: „big family vacation girl“. View this post on Instagram A post shared by Kourtney Kardashian ...

Француските власти прогласиле портокалово ниво на предупредување поради силното невреме во делови од југозападниот дел на земјата. На повеќе места имало прекини на електричната енергија, проблеми во сообраќајот и оштетувања на инфраструктурата. Најтешко било погодено селото Помас, со околу 1.000 жители. Торнадото оштетило околу 300 куќи, а на терен биле испратени повеќе од 120 припадници на итните служби. 🌪️ Autres images très ...

Најсилната криптовалута bиткоинот утрово ја надмина границата од 80.000 долари продолжувајќи го силниот раст поттикнат од враќањето на средства во берзанските (ЕТФ) фондови и зголемената склоност на инвеститорите кон поризични средства. Водечката криптовалута последен пат порасна за повеќе од 2% 80.501 долари. Најновиот раст е продолжение на силниот раст што започна минатата недела, кога биткоинот порасна за повеќе од 20% за три дена, што е ...

Дуа Липа го прослави 31. роденден, првиот откако се омажи за актерот Калум Тарнер. Пејачката на Инстаграм објави фотографии од роденденскиот викенд, на кои се гледа како ужива со сопругот во природа, игра кошарка и го слави својот посебен ден со барем три различни торти. – Подготвена сум за уште една година околу сонцето. Станува сè подобро и подобро – напиша таа. View this post on Instagram A post shared by DUA LIPA (@dualipa) Пред ...

По вчерашното одржување на првото судско рочиште против Артан Груби, сè повеќе се отвораат сериозни прашања за тоа што се случувало зад сцената и за обидите овој процес да се затвори преку спогодба со Обвинителството, соопшти ВЛЕН. „Наводно, Артан Груби бил убедуван да склучи спогодба со Обвинителството. Да прифати вина, да добие далеку полесна санкција, но и со тоа да стави крај на сите амбиции да го предводи ДУИ. Според нашите извори, Али ...

Македонија силно ги поддржува американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација и сака стратешкиот дијалог со Вашингтон да се претвори во конкретни резултати во безбедноста, енергетиката, инфраструктурата, трговијата и инвестициите, изјави премиерот Христијан Мицкоски во ексклузивно интервју за „Брајтбарт њуз“ (Breitbart News). Мицкоски нагласува дека поддршката за Трамп од страна на македонската влада започнала уште пред тој ...

Властите во Србија вчера уапсиле 43-годишен државјанин на Македонија кој е осомничен дека им понудил мито на полицајци за да не му напишат казна за брзо возење, објавија српските медиуми. Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија, Управата за криминалистичка полиција и Службата за борба против корупцијата, по налог на Посебното одделение за сузбивање корупција при Вишото јавно обвинителство во Краљево, го уапсиле ...

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху тврди дека Иран се обидел да убие еден од неговите два сина. Тој не откри за кој син станува збор, ниту детали за наводниот обид. – Се случи нешто неверојатно. Иран го таргетираше еден од моите синови. Иран се обиде да убие еден од моите синови – рече Нетанјаху во телефонско интервју за израелскиот Канал 14. Изјавата ја даде додека зборуваше за безбедноста на Гади Ајзенкот, поранешниот началник на ...

Европа добива уште една нискобуџетна авиокомпанија која ќе има седиште на шпанскиот аеродром Сантијаго де Компостела. Станува збор за „Флај2Галиција“ (Fly2Galicia) која започнува со летови од 1 декември до осум дестинации во Шпанија и остатокот од Европа, вклучувајќи ги Минхен, Милано, Брисел, Прага и Венеција. Промотивните цени веќе се објавени и почнуваат од 19 евра, а најевтината тарифа вклучува два рачни багажа. Освен шпанските градови ...

Претседателот на САД Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп биле снимени во навидум напнат разговор за време на трката „Фридом 250 Гран при“. Снимката се појавила во време на зголемен медиумски интерес за односот на Трамп со неговата 35-годишна асистентка Натали Харп. Првата дама разговарала со сопругот со видливо незадоволен израз. Во еден момент го погледнала, ја фрлила косата наназад и ја свртела главата. Читачката на усни Никола ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07