Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски, на новинарско прашање за причините за блокадата на акцискиот план за малцинства од страна на Бугарија, денеска изјави дека претпоставува оти „тоа е политика што трае со децении“, а претходните политички елити тоа не го препознале и направиле големи проблеми, кои Владата сега ги решава еден по еден. – Не знам. Тоа прашање ќе треба ним да им го поставите затоа што, претпоставувам, таа политика трае со децении. Не е ...
Центарот на Скопје во саботата беше обоен во боите на радоста, насмевките и позитивната енергија на илјадници луѓе кои заедно испратија моќна порака за здрав живот и грижа за животната средина. Јубилејното десетто издание на настанот „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка донесе рекордни 10.000 пријавени учесници и уште еднаш потврди дека станува збор за еден од нашите најомилени и најмасовни настани во земјата. ...
Нова фабрика за производство на вафли од брендот „Винчини“, инвестиција од 8,5 милиони евра пушти во употреба денеска компанијата „Макпрогрес“, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски. Генералниот директор на „Винчини“ Глигор Цветанов информираше дека инвестицијата од 8,5 милиони евра е од сопствени средства и кредити од комерцијалните банки вклучително и дел кредити од унгарската линија која ја обезбеди Владата. – Покрај првичните 40 ...
Сите девет држави што поседуваат нуклеарно оружје ги модернизирале и ги прошириле своите арсенали во услови на растечки глобални тензии, се наведува во извештајот на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ), објавен денеска. Истражувањето покажува широк тренд на нуклеарно вооружување кај сите девет нуклеарни сили. – Сè повеќе докази укажуваат на тоа дека државите со нуклеарно оружје ги ставаат настрана, па дури и се ...
Американскиот претседател Доналд Трамп упати јавен повик до Израел и Иран веднаш да ги прекинат меѓусебните напади, по најновата ескалација на тензиите на Блискиот Исток. Во објава на својата социјална мрежа „Трут соушал“, Трамп порача дека двете земји мора без одложување да престанат со размената на оган. „Иран и Израел мора веднаш да престанат да пукаат“, напиша Трамп во кратката порака објавена на неговиот профил. Неговата реакција доаѓа ...
Од полноќ возачите ќе плаќаат пониски цени за бензините, додека дизелот и екстра-лесното масло за домаќинство ќе поскапат, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Според новата одлука, малопродажната цена на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се намалува за 2 денари по литар. Со тоа, литар „евросупер БС-95“ ќе се продава за 86 денари, додека цената на „евросупер БС-98“ ќе изнесува 88 денари. Истовремено, ...
Координативно тело, кое ќе го предводи првиот вицепремиер ќе се грижи за спроведување на законот за правична застапеност. Пред ова тело извештаи ќе поднесуваат сите институции, најави Албрим Хоџа од Вреди. – Правичната и соодветна застапеност конечно станува закон. За првпат во историјата, ова право нема да остане само запишан принцип или политичко ветување, туку станува гарантирано, заштитено и задолжително за институциите. Досега многу ...
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во мај 2026 година во однос на мај 2025 година, бележи зголемување од 4,8 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5,6%, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Најголемо зголемување на трошоците на живот на годишна основа има кај транспортот од 11,1%. Кај цените највисок годишен раст од 6,7% има кај земјодлеските производи и непрехранбените прозиводи од 6,4% Според ...
Според сигурни извори на весникот „Журнал“ (Journal) компанијата на Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, планира целосно да се повлече од својата инвестиција на островот Сазан. „Извори блиски до проектот потврдија дека е донесена одлука за повлекување и дека средствата ќе бидат пренасочени кон друга луксузна туристичка дестинација, грчкиот остров Миконос. Грчките власти понудиле посебни услови и привлечни стимулации за ...
Помина една година од смртта на еден од најпочитуваните хрватски џез музичари, Матија Дедиќ, а неговата ќерка Лу Дедиќ (24) ја одбележаа тажната годишнина со трогателна објава на социјалните мрежи. – Незамисливо е што повеќе не си тука, што никогаш повеќе нема да те видам, но ќе останам силна затоа што ти најмногу ѝ се восхитуваше на мојата сила. Секогаш велеше дека јас сум силна лавица, а ти си емотивна риба. Ова беа некои од нашите омилени ...
Најмалку 32 лица загинаа во силен земјотрес со магнитуда од 7,8 степени што го погоди јужниот дел на Филипините утрово, а спасувачките операции се во тек откако се урнаа неколку згради. Епицентарот на земјотресот беше југозападно од Масим во покраината Сарангани на јужниот остров Минданао, објави Институтот за вулканологија и сеизмологија (Phivolcs). Земјотресот беше силно почувствуван и во градот Генерал Сантос, дом на околу 70.000 жители. ...
Познатата плажа Ла Пелоса на италијанскиот остров Сардинија воведе нови правила за посетителите, вклучувајќи забрана за употреба на пешкири. Целта е да се заштити уникатниот екосистем, а за прекршување на прописите се предвидени казни до 5.000 евра. Една од најзначајните промени се однесува на сончањето. Туристите повеќе не смеат да лежат директно на традиционалните пешкири. Наместо тоа, тие можат да користат само специјални сламени или ...
Борбени авиони на НАТО соборија беспилотно летало откако навлезе во воздушниот простор на Летонија, соопшти денеска летонската армија. Според воените власти, станува збор за странско летало кое завршило во летонскиот воздушен простор како последица на „руско електромагнетно војување“. Во првичните информации не се наведени дополнителни детали за потеклото или за типот на леталото. Претходно, жителите на неколку источни региони беа ...
Легендата на народната музика, Лепа Лукиќ, доживеала непријатна несреќа кога паднала и си ја повредила ногата додека пазарувала во продавница. Сведоците на инцидентот веднаш реагирале и пејачката била однесена во Ургентниот центар. По детален преглед и дијагноза, дежурните лекари утврдиле дека Лепа се здобила со повреди на коленото и глуждот. За среќа, повредите не биле сериозни и немало скршеници кои би барале операција или болничко ...
Новите нарачки на германската автомобилската индустрија во април се намалени за 5,3% во споредба со претходниот месец, покажуваат податоците на германскиот Федерален завод за статистика (Дестатис). Ова, според Дестатис, има најголемо негативно влијание врз вкупниот пад на фабричките нарачки кои според прелиминарните податоци се намалија за 3,8% во април. „Ова е пресврт во споредба со март, кога нарачките се зголемија за ревидирани 4,5%“, се ...
Граѓани реагираат револтирано на социјалните мрежи дека извесна жена нелегално наплаќа влез за посета на локалитетот „Куклица“ во Кратовско, еден од најпознатите природни феномени во Македонија прогласен за Споменик на културата. Марио Станојковски јавно побара институциите да ги проверат наводите за наплата на влез и ограничувањето на пристапот до локалитетот. „Куклите кај Кратово се природно богатство кое им припаѓа на сите нас. Јавен ...
79-тото телевизиско доделување на наградите „Тони“ започна со доделувањето на две големи награди во првите 30 минути – и пред гледачите да трепнат, и Џон Литгоу и Лори Меткалф ја освоија третата награда „Тони“ во своите кариери. Литгоу ја освои наградата за најдобра изведба од актер во главна улога во претставата „Џинот“, за неговото толкување на контроверзниот, сакан британски автор Роалд Дал. Победата на Литгоу, беше далеку од сигурна. Тој ...
Европската комисија ја предупреди Албанија дека проектот поврзан со зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер на јужниот брег на земјата би можел да ја стави Албанија во судир со еколошките правила на ЕУ, загрозувајќи ја нејзината способност да го затвори зеленото Поглавје 27 во нејзините пристапни преговори. Во меѓувреме, албанските граѓани со масовни протести се спротивставуваат на изградбата на луксузно одморалиште кај местото Зврнец, тврдејќи ...
79-тото телевизиско доделување на наградите „Тони“ започна со доделувањето на две големи награди во првите 30 минути – и пред гледачите да трепнат, и Џон Литгоу и Лори Меткалф ја освоија третата награда „Тони“ во своите кариери. Литгоу ја освои наградата за најдобра изведба од актер во главна улога во претставата „Џинот“, за неговото толкување на контроверзниот, сакан британски автор Роалд Дал. Победата на Литгоу, беше далеку од сигурна. Тој ...
Растот на светската економија и на глобалната трговија се очекува значително да забави оваа година поради нарушувањата во Ормускиот теснец, кои во изминатите речиси 100 дена влијаат врз снабдувањето со нафта, природен гас и ѓубрива по почетокот на американско-израелскиот конфликт со Иран на 28 февруари, пишува Анадолија. Воениот конфликт на Блискиот Исток предизвика сериозни предизвици за светската економија, покрај големите човечки загуби. ...
Рано наутро во понеделникот на 60-годишна возраст почина Арсим Зеколи, македонски политички аналитичар и колумнист. Тажната вест ја објави неговиот брат, д-р Шефкет Зеколи, преку јавно соопштение на социјалните мрежи, информирајќи го семејството, пријателите и најблиските за загубата на нивниот близок. „Со длабока болка и голема тага, ве известуваме дека денеска, на 8 јуни 2026 година, во раните утрински часови, ненадејно почина нашиот брат, ...
Дуа Липа и Калум Тарнер се вратија пред олтарот за втора, многу поекстравагантна свадбена прослава во Палермо, Сицилија. По приватниот граѓански брак што го склопија во Лондон минатата недела, двојката организираше раскошен повеќедневен настан во Палермо, пишува Vanity Fair. Прославата наводно чинела 1,73 милиони долари и се одвивала низ историски вили, палати и луксузни хотели со внимателно избрана листа на ВИП гости. Според медиумот, ...
Израел и Иран повторно разменија директни воени напади, што претставува најсериозна ескалација на конфликтот помеѓу двете земји по воспоставувањето на априлското примирје. Израелската војска објави дека нејзините воздухопловни сили нападнале неколку цели во петрохемиски комплекс во Иран, лоциран во градот Махшахр, во југозападниот дел на земјата. Претходно, Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека вршат напади врз воени цели во ...
Канада интензивно ископува критични минерали и ги снабдува партнерските држави со рудите неопходни во најзначајните индустрии. Од друга страна, кај нас нов рудник се нема отворено со децении, а притоа и инвестициите во оваа гранка се во застој. Зад една од нив стои токму канадската компанија „Еуромакс Ресоурцес“, чиј проект за рудник за критичниот минерал бакар во Иловица сѐ уште не е реализиран. Додека канадските власти сметаат дека со ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски почнал да го користи молдавскиот воздушен простор за летови кон Европа, избегнувајќи ја Полска поради затегнатите односи со Варшава во последно време, објавуваат украинските портали. Според наводите, Зеленски претходно најчесто за меѓународни патувања го користел полскиот аеродром Жешов–Јасионка, кој од почетокот на конфликтот во Украина има важна логистичка улога за Киев и западните сојузници. ...
Цената на нафтата се приближува кон границата од 100 долари за барел по обновените напади на Блискиот Исток. Фјучерсите за суровата нафта Брент скокнаа за повеќе од 4% на над 97 долари за барел утрово, а фјучерсите на суровата нафта WTI скокнаа за повеќе од 4% на над 94 долари за барел, откако Иран и Израел разменија ракетни напади, заканувајќи се да ги попречат напорите на претседателот на САД Доналд Трамп да обезбеди нов 60-дневен прекин на ...
Бред Пит и неговата 29 години помлада девојка Инес де Рамон беа фотографирани на French Open кадешто ги следеа тениските натпревари на Ролан Гарос, а потоа вечерта ја поминаа вечерајќи во познатиот ресторан Le Voltaire. Тие беа придружувани од режисерот Дејвид Финчер и Фли од Red Hot Chili Peppers, а доаѓањето на двојката го разбуди интересот на фотографите и собраните обожаватели. Пит избра комбинација во розови тонови, поточно, розева ...
Најмалку 15 лица загинаа во силен земјотрес со магнитуда од 7,8 степени што го погоди јужниот дел на Филипините утрово, а спасувачките операции се во тек откако се урнаа неколку згради. Епицентарот на земјотресот беше југозападно од Масим во покраината Сарангани на јужниот остров Минданао, објави Институтот за вулканологија и сеизмологија (Phivolcs). Земјотресот беше силно почувствуван и во градот Генерал Сантос, дом на околу 70.000 жители. ...
Шест лица се повредени во напад со ладно оружје на железничката станица „Пен“ во Њујорк, соопштија денеска локалните власти. Градската противпожарна служба потврди дека вчера вечерта околу 19 часот добила дојава, дека непознато лице нападнало повеќе лица на главната меѓуградска железничка станица во центарот на градот. „Едно лице се здобило со тешки повреди, додека останатите се со лесни до умерени повреди. Петмина повредени се пренесени во ...
Џенифер Лопез предизвика бројни реакции на социјалните мрежи откако во саботата објави видео без шминка, во кое промовираше нов производ од нејзината козметичка линија JLo Beauty. 56-годишната актерка, пејачка и претприемачка се сними себеси во бањата додека го претставуваше новиот производ, а воедно и ја најавуваше редизајнираната веб-страница на нејзиниот бренд. Видеото брзо собра бројни комплименти од следбениците. „Кожата сјае, косата ...