Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во Киев се сретнал со рускиот олигарх Роман Абрамович, кој му предложил да ја пренесе неговата порака за мировни преговори до Кремљ. Притоа, шефот на државата нагласил дека неговата влада нема да се откаже од Донбас. Зеленски ова го изјави синоќа во Лондон за британската телевизија „Скај Њуз“. Ова е прва потврда дека рускиот милијардер патувал во украинската престолнина и дека до одреден ...
Питер Филипс, син на принцезата Ана и внук на кралот Чарлс, ѝ го кажа судбоносното „Да“ на Хариет Сперлинг овој викенд на интимна церемонија одржана во црквата „All Saints“ во Глостершир. Свадбата се случи помалку од една година откако двојката ја објави својата свршувачка. Питер и Хариет јавно ја потврдија својата врска во 2024 година, а според британските медиуми, тие се запознале на спортски настан на кој присуствувале нивните ќерки од ...
До четврток 11 jуни 2026 во Македонија времето ќе ни се задржи топло со летни температури на воздухот кои ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени. Во Скопје температурата ќе се искачува до околу 32 степени, вели во најновата прогноза Славчо Поповски. Во претпладневните часови ќе биде претежно стабилно времето и сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Меѓутоа, од пладневните часови локално ќе се развиваат конвективни ...
Македонија веќе подолго време стои на прагот на Европската Унија и народот со нетрпение очекува да почувствува барем дел од толку ветуваните бенифити од нејзината интеграција во Унијата. Економско-правните реформи, исполнувањето на стандардите на Унијата и долгиот процес на ускладување и приближување создаваат привид во јавноста дека под интеграцијата основно се подразбира бирократско-административен процес, чие успешно завршување ќе биде ...
Израелските одбранбени сили соопштија дека сирените се огласиле во северен Израел откако биле лансирани четири ракети од Иран, додека системите за воздушна одбрана биле активирани за да ја пресретнат заканата. Ова е прв ирански напад по кревкото примирје што стапи на сила на почетокот на април, што дополнително ќе ги искомплицира дипломатските напори за постигнување траен договор за завршување на војната. ИДФ исто така изјави дека, по ...
Времето во понеделник претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, додека од пладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Според прогнозата, поради зголемената нестабилност во атмосферата, на одделни места ќе има услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до ...
Јавното обвинителство отвори истрага против двајца браќа од Скопје, на возраст од 43 и 44 години, осомничени дека се обиделе да убијат едно лице кај селото Шишево, при што во опасност биле доведени и уште две лица. Според истрагата, инцидентот се случил на 6 јуни во близина на авто-плац во Шишево, а неговата позадина била расправија што започнала по мал сообраќаен инцидент. При разминување на патот, возилата на братот на оштетениот и на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за Ен-би-си дека е отворен за испраќање американски сили кои би ги презеле иранските нуклеарни залихи, но дека се надева оти тоа ќе се направи како дел од договор со Техеран. Прашањето за иранската нуклеарна програма и залихите на високо збогатен ураниум, кои Трамп ги нарече „нуклеарна прашина“, се наоѓа во фокусот на актуелните тензии. Тој рече дека, доколку се постигне договор, двете страни ...
Германецот Александар Зверев конечно ја освои својата прва Грен слем титула, откако триумфираше во финалето на Ролан Гарос надигрувајќи го Италијанецот Флавио Коболи со 3-2 во сетови (6-1, 4-6, 6-4, 6-7/5 и 6-1). Зверев започна со доминантен прв сет, но Коболи покажа зошто е финалист и возврати во вториот, но потклекна во третиот сет, иако имаше шанса за нов брејк, со кој можеше да внесе поголема неизвесност. Во четвртиот сет видовме ...
Гласачките места во Косово се затворени по одржувањето на вонредните парламентарни избори, а според излезните анкети најмногу гласови освоило движењето „Самоопределување“ на премиерот Албин Курти. Според објавените првични резултати од анкетите по затворањето на избирачките места, „Самоопределување“ освои околу 42,3 проценти од гласовите, Демократската партија на Косово (ПДК) околу 21,6 проценти, а Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) околу ...
Иранскиот пратеник Ебрахим Резаи најави „цврст и болен“ одговор по денешните израелски напади врз јужните предградија на Бејрут. „Ќе одговориме цврсто и болно на агресијата на ционистичкиот режим кај Бејрут. Овие бесни кучиња мора да ги дисциплинираме и да ги ставиме на нивното место“ – објави Резаи на социјалните мрежи. Тој е портпарол на Комитетот за национална безбедност и надворешна политика на иранскиот парламент. Либанската новинска ...
Европа треба да преземе иницијатива и да отвори директни разговори со Москва за завршување на војната во Украина, изјави финскиот претседател Александар Стуб. Во интервју за швајцарскиот весник Ное зурхер цајтунг (Neue Zürcher Zeitung), Стуб нагласи дека е неопходна поактивна европска улога во дипломатските напори и дека разговорите со Кремљ не треба да бидат исклучени. – Верувам дека треба да разговараме со Путин – изјави Стуб. Тој предложи ...
Европа треба да преземе иницијатива и да отвори директни разговори со Москва за завршување на војната во Украина, изјави финскиот претседател Александар Стуб. Во интервју за швајцарскиот весник Ное зурхер цајтунг (Neue Zürcher Zeitung), Стуб нагласи дека е неопходна поактивна европска улога во дипломатските напори и дека разговорите со Кремљ не треба да бидат исклучени. – Верувам дека треба да разговараме со Путин – изјави Стуб. Тој предложи ...
Претседателот на САД Доналд Трамп го прекина интервјуто за емисијата „Мит д прес“ на водителката Кристен Велкер на телевизијата Ен-би-си. Трамп го напушти студиото на Ен-би-си по жестоката размена на мислења со Велкер за наводно наместени избори во 2020 година и наводни неправилности при броењето на гласовите во Калифорнија. Трамп тврдеше дека изборите во 2020 година биле наместени, а Велкер истакна дека за тоа нема докази. – Изборите беа ...
Четири лица загинаа, а едно е повредено во тешка сообраќајна несреќа што се случи во неделата околу 12:25 часот на северната обиколница околу Вировитица, објавија хрватските медиуми. Според досегашните информации, до судирот на двете возила дошло на државниот пат DC 538. Порталот ICV јавува дека на местото на несреќата бил повикан хеликоптер, но лицето што било пренесувано, поради тежината на повредите, не преживеало. Повреденото лице е ...
Зголемениот број руски државјани кои, со стекнување српско државјанство добиваат можност за безвизен влез во Европската Унија, претставува потенцијален безбедносен ризик за Унијата, смета Европската комисија. Во најнов документ на Европската комисија, што го објавува Радио Слободна Европа, во кој се оценува напредокот на Србија во поглавјата 23 и 24, кои се однесуваат на владеењето на правото, оваа институција наведува дека бројот на ...
Алармантните извештаи што доаѓаат од Куба ја кренаа светската заедница на нозе. Владата во Хавана официјално го повика народот да се мобилизира и итно да ја брани земјата, а според извештаите на венецуелските медиуми, властите веќе почнаа да им делат оружје на граѓаните со цел да се подготват за непосредна воена инвазија. Баукот од американска воена интервенција надвиснува над Куба со месеци, а итно активирање на плановите за вонредни ...
Во мај 2026 година, украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз околу 250 квадратни километри, додека руските сили зедоа приближно 130, оставајќи го остатокот од 120 квадратни километри во корист на Украина. Според украинскиот медиум „Милитарњи“, кој се повикува на свои извори во Одбранбените сили на Украина, руските трупи окупирале околу 130 квадратни километри територија во текот на мај. Еден месец претходно, таа површина била ...
Албанскиот премиер Еди Рама во својот подкаст „Фласим“ (Зборуваме), остро ги критикуваше демонстрантите кои веќе седум дена протестираат против проектот во Зврнец, порачувајќи им дека нема отстапки околу реализацијата на истиот, бидејќи станува збор за инвестиција од стратешко значење за Албанија. Во повеќе албански градови со недели се протестира против проектот за изградба на луксузен ресорт во крајбрежната област кај Зврнец, инвестиција на ...
Она што ДУИ не го направи за 25 години, Вреди го прави за 25 месеци, вели партијата Вреди во соопштение. „Проблемите на ДУИ не се проблеми на Албанците. ДУИ има проблем со политичко преживување, додека Албанците имаат потреба од унапредување на Охридскиот договор и заштита на правичната и соодветна застапеност. Цели 25 години ДУИ ја имаше власта, но не и волјата. Ги имаше институциите, министерствата и механизмите во свои раце, но еден од ...
Иранската фудбалска федерација (ИФФ) ги критикуваше САД откако им одби визи на некои членови на националниот тим пред Светското првенство. Иранците сметаат дека САД создале дискриминаторски услови за нивниот национален тим. „Земјата домаќин, преку своето дискриминаторско и насочено однесување против иранскиот национален тим, создаде дискриминаторска и нееднаква средина, што претставува политичко мешање во спортот на најлош можен начин“, се ...
Фудбалерите на Босна и Херцеговина го одиграа последниот пријателски и подготвителен натпревар во Сент Луис пред почетокот на Светското првенство следната недела. Тие одиграа 1:1 со Панама и потврдија дека ова може да биде едно од поинтересните натпреварувања во последно време. А она што изненади многумина беше фактот дека навивачите на Босна и Херцеговина успеаја да донесат неверојатен реквизит со себе во Америка. Станува збор за огромно ...
Во Скопје вчера на три локации се пронајдени починати три повозрасни лица, соопшти полицијата. Како што соопшти полицијата, вчера било пријавено дека во својот дом во Центар бил пронајден починат Б.О.(69). Истиот ден во хотелска соба на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат С.Е.(63) од Р.Турција со престој во државата, а во село Кучково, под патничко возило „опел” со скопски регистарски ознаки бил пронајден починат Ц.Р.(67) од ...
Жалбата на 30-дневниот притвор за поранешниот директор на Царинската управа Стефан Богоев во петокот е доставена до обвинителството и јавниот обвинител кое сè уште нема дадено мислење, информираат денеска од Основниот кривичен суд Скопје. -По комплетирање на списите, судија на претходна постапка, предметот ќе го достави до кривичниот совет на одлучување – посочуваат од Кривичен. Богоев во средата попладне беше спроведен во Основниот кривичен ...
Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид денеска ги пречека првите 239 патници од Вроцлав, Полска, кои пристигнаа со новата авиолинија на авиокомпанијата Wizz Air. Со ова официјално започна сообраќањето на новата редовна линија меѓу Охрид и еден од најатрактивните полски градови. По повод првиот лет, ТАВ Македонија организираше свечен пречек за патниците, кои беа послужени со традиционално охридско ѓомлезе од хостеси облечени во македонски ...
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, заедно со генералниот директор на „ТАВ Македонија“ денеска извршија увид во градежните работи за реконструкцијата на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Со проектот е предвидено да бидат обезбедени дополнителни 4.500 метри квадратни функционален простор, за поудобно, поефикасно и попријатно искуство за патниците, како и подобри услови за работа на персоналот, ...
Поради растечката закана од конфликт со САД, кубанската војска дистрибуира оружје на цивилите. Покрај тоа, американските и кубанските генерали одржаа таен состанок во базата Гвантанамо. „Поради распоредувањето на американските воени сили во близина на островот, владата во Хавана започна со дистрибуција на оружје на граѓаните, официјално повикувајќи ги да се подготват за непосредна инвазија“, според извештајот објавен од венецуелскиот весник ...
Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) потсетува дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата на патарини, почнувајќи од 15 јуни годинава лентите означени за MTAG ќе бидат наменети исклучиво за корисници на електорнски тагови. Со наведената измена, вршењето на наплата со MCard на овие ленти се укинува, а корисниците кои користат MCard ќе ја реализираат наплатата на останатите достапни ленти на ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на 32. Конгрес на партијата порача дека Македонија се наоѓа пред историска можност за забрзување на европската интеграција, оценувајќи дека актуелната власт нема јасен план за напредок кон Европската Унија и ја обвини за економски застој, слабеење на институциите и зголемена политичка контрола врз правосудството и медиумите. Тој повика на обединување на прогресивните сили против национализмот, популизмот, ...
Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на градот кој возел без возачка, во алкохолизирана состојба и ги нападнал полицајците. -Кривична против е поднесена против А.Љ.(29) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „безобѕирно управување моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење на работи од областа на безбедноста- информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот ...