Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
По усвојувањето на новиот Закон за игри на среќа, продолжуваме со неговата имплементација и дорегулација преку донесување на еден од потребните правилници – Правилник за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа – акт со кој детално се пропишува потребната документација за потврдување на репутацијата на правните и физичките лица кои поднесуваат барање за лиценца за казино, обложувалница, ...
Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои девет се активни, два се под контрола, а 16 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Студеничани – кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, во Општина Македонски Брод – кај месноста Видуш и селата Драгов Дол и Локвица, во Општина Кичево – село Тајмиште и месноста Дарда, во Општина Липково – кај селото ...
ВМРО-ДПМНЕ излезе со статистички бројки по тврдењето на СДСM и нејзиниот лидер Венко Флипче дека платите повеќе растеле додека била на власт оваа партија. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека не се потребни празни зборови и политички пароли и дека бројките зборуваат сами за себе. -Во месец јуни 2017 година просечната плата изнесувала 22.808 денари, а во мај 2024 година просечната достигнала 41.252 денари. Тоа е зголемување од 18.444 денари за 84 месеци, ...
Сите 16 пријавени пливачи точно во 11 часот влегоа во водите на Охридското Езеро кај Свети Наум, на стартот на 39-тиот меѓународен Охридски пливачки маратон. Единаесетте пливачи и петте пливачки ќе треба да ги испливаат 25-те километри колку што е долга патеката „Климе Савин“, од Свети Наум низ девет контролни точки до целта кај Градското пристаниште во Охрид. Моменталните временските услови засега идеални за добра трка, водата на езерото е ...
Јавната дебата за иднината на рударството во Македонија мора да се води со факти, стручни аргументи и почитување на различните ставови, а не преку ширење страв, непроверени тврдења и лични дисквалификации, порача иницијативата „И здравје и работа“. Од иницијативата посочуваат дека заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните не смеат да се спротивставуваат на економскиот развој. Напротив, современото и одговорно рударство ...
Полицијата синоќа во Скопје казнила 262 возачи. Од нив за 102 управувале мопеди и мотоцикли. Исто така, како што информираат од МВР, привремено е одземен еден мотоцикл поради измината важност на регистрација повеќе од шест месеци, а 6 лица се лишени од слобода по член 297 а од Кривичниот законик. -Во текот на изминатата вечер во периодот од 18.00 до 01.00 часот Одделението за безбедност на патниот сообраќај и полициските станици од општа ...
Две лица загинаа во падот на ултралесен авион кој исчезна од радарот над Велебит вчера попладне. Остатоците од авионот и телата на жртвите беа пронајдени синоќа околу 22 часот во тешко пристапното подрачје на Националниот парк Пакленица. Речиси 35 припадници на Хрватската планинска спасувачка служба учествуваа во големата операција за пребарување. – Нашите спасувачи преку радио околу 22 часот известија дека стигнале до локацијата и пронашле ...
Поради високите температури денеска е воведено превентивно ограничување на брзината во железничкиот сообраќај, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи – Град Скопје. Сообраќајот на пругите се одвива редовно, но во периодот од 11 до 17 часот брзината на движење на возовите е сведена на најмногу 50 километри на час за да се спречат деформации и инциденти поради проширување на шините на високите температури.. Возењето со приспособена ...
Тунелот Каланово, Катлановско Блаце и дел од Петровец ќе останат без струја во периодот од 7.55 до 14.55 часот, информираа од ЕВН. Во истиот период од струја ќе бидат исклучени и селата Огњанци, Чојлија, Бадар, Кожле, како и водоводот Кожле и фазанеријата Тотинци. Во во периодот од 9.00 до 11.00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од село Јурумлери. Тунелот Каланово, Катлановско Блаце и дел од Петровец ќе останат без струја во ...
Соединетите Американски Држави и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, со кој би се укинале царините од 50% што Вашингтон ги воведува за некои канадски производи. – Одлучив да ги прекинам преговорите. Она што го постигнавме не е доволно за да ги исполниме нашите цели во интерес на канадскиот народ. Промените во последен момент на условите предложени од САД беа неправедни, неповолни за нас и го доведоа во прашање кредибилитетот на ...
Од 40 минути до еден час де чека утрово на граничниот премин Табановце за влез и излез. На преминот Богородица пак за излез од земјава се чека до еден час, информира АМСМ. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ инфoрмира дека утрово сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Од 40 ...
Извршниот директор на Фолксваген, Оливер Блуме, изјави дека ситуацијата во најголемиот европски производител на автомобили е критична и тензична, по најавите дека се неопходни мерки за намалување на трошоците и редуцирање на работната сила. – Ситуацијата е повеќе од критична – изјави Блуме во интервју објавено на интранет страницата на германската компанија. Според него, неопходни се итни мерки, иако оперативниот приход на компанијата од 3,8% ...
Поранешниот украински министер за одбрана Михајло Федоров ќе отпатува во САД за да собере пари за нови проекти во областа на одбранбените технологии, откако беше разрешен од функцијата, објави Ројтерс, повикувајќи се на извор близок до поранешниот министер. Како пионер во примената на беспилотните летала и приврзаник на новите воени технологии Федоров веќе има воспоставено блиски односи со водечки американски компании како „СпејсИкс“ и ...
Венко Филипче се врати од одмор на милионската јахта во Паљури со неговиот ментор, Зоран Заев и во Скопје, како по договор, неговиот, на Заев и на Али Ахмети аргат – Ислам Абази го затвори предметот за 19 модуларни болници набавени за време на ковид кризата, од кои во тетовската избувна пожар што за две минути ја проголта цела со 14 македонски граѓани, соопшти вечерва ВМРО-ДПМНЕ, реагирајќи на ставовите што ги искажа Филипче. „Но, Филипче да ...
Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи. И за утре, исто како и за денеска, УХМР издаде портокалов метеоаларм за целата територија на Македонија за голема опасност од топло време. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ...
Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го нарече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „антисемитски диктатор“. „Ердоган е антисемитски диктатор кој ги масакрира Курдите, кој изрази поддршка за масакрот на терористичката организација Хамас и кој го угнетува сопствениот народ“, соопшти канцеларијата на Нетанјаху. Во соопштението се наведува и дека Израел ќе дејствува против „обидите на Турција да го дестабилизира регионот“. ...
Француските здравствени власти објавија дека повеќе од 40.000 неисправни кондоми се продадени преку интернет во последните месеци и ги повикаа сите што ги користеле производите да се тестираат за сексуално преносливи инфекции, пишува Политико. Француската агенција за заштита на потрошувачите и Генералниот директорат за здравство предупредија дека ваквите производи би можеле да претставуваат сериозен ризик за здравјето и безбедноста на ...
Ема Модриќ, 13-годишната ќерка на хрватскиот фудбалски репрезентативец Лука Модриќ, е нов играч на Реал Мадрид. Како што пишува шпанскиот „Мундо Депортиво“, младата фудбалерка се приклучи на кадетскиот тим на Реал, со кој веќе ги започна подготовките за новата сезона. Ема пристигна во Мадрид од Милан, чии помлади категории ги претставуваше, откако нејзиното семејство се пресели во Италија минатата година, поради заминувањето на Лука од Реал ...
Дисциплинската комисија на ФИФА ги изрече казните за репрезентацијата на Аргентина по инцидентите по финалето на Светското фудбалско првенство и поразот од Шпанија со 0:1. Аргентинската репрезентација и нејзините фудбалери добија високи казни. Најголема казна доби Леандро Паредес, кој доби суспензија од 10 натпревари, а неговиот соиграч Нахуел Молина доби забрана за настап на 7 натпревари. Тиаго Алмада е казнет со еден натпревар, а помошниот ...
Општата болница во Кавадарци го опремува ЕМГ – кабинетот, со цел да овозможи уште една современа дијагностичка услуга за пациентите, соопшти јавната здравствена установа. – ЕМГ (електромиографија) е дијагностичка метода со која се испитува функцијата на периферните нерви и мускули и има значајна улога во дијагностицирањето на различни невролошки состојби – појаснија од кавадаречката болница. Кабинетот се очекува да почне со работа по 1 ...
Вториот долгометражен филм на режисерката Дина Дума, „Скејтбордингот не е за девојчиња“, ја имаше својата европска премиера во официјалната натпреварувачка програма на Сараевскиот филмски фестивал и е во конкуренција за престижната награда „Срцето на Сараево“ за најдобар игран филм, во конкуренција од вкупно 9 остварувања. „Скејтбордингот не е за девојчиња“ ја следи единаесетгодишната Адела, која се обидува да ја заштити својата постара ...
Време да се стави крај на војната со САД додека Иран се наоѓа во силна позиција, порача иранскиот претседател Масуд Пезешкијан. – Подобро е да ѝ ставиме крај на војната сега, додека сме во силна позиција и со зачувано достоинство, односно додека целиот свет ја признава нашата победа и нагласува дека САД ги напаѓаат нашите училишта, болници и инфраструктура, прекршувајќи ги сите правила – изјави Пезешкијан за време на средбата со медицински ...
Официјален Вашингтон додели 500 милиони долари за седум проекти со цел да се зголемат ископот и преработката на критичните минерали, производството на батерии и рециклирањето во Соединетите Американски Држави. Меѓу избраните, има и проект зад кој стои мултинационалната компанија „Трафигура“, која пак на македонската јавност ѝ е позната по инвестицијата во рудникот за бакар „Иловица-Штука“. Американското Министерство за енергетика (DoE) додели ...
„Нептун“ влегува во нова фаза на развој со воспоставувањето на „Нептун Интернешнл“, обединувајќи ги своите операции во Албанија, Косово, Македонија и во Босна и Херцеговина во поинтегрирана регионална структура. Овој чекор претставува значајна етапа во развојот на компанијата, со цел да се обединат локалното познавање на пазарите со поголем регионален обем, споделени капацитети, повисоки оперативни стандарди и единствена стратешка насока. На ...
Не стивнуваат реакциите на граѓаните за новите поскапувања на паркингот за жителите на Општина Центар, вели Филип Ѓорѓиев, секретар на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ. – Градоначалникот Горан Герасимовски ја одби иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за враќање на старите цени со небулозни оправданија. Објаснувањето дека не било до Општината и до Советот, туку до Управниот одбор на ПОЦ, е класична лага, односно срамен обид да се манипулира со центарци. Го ...
На територијата на Македонија се активни повеќе од 15 пожари на отворен простор, од кои четири се големи пожари, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, Најголем пожар и понатаму е пожарот во Мариовскиот регион, на општините Прилеп и Битола, кој денес ставен под делумна контрола. – Кракот којшто се движи над селото Крушевиште е значително намален. Можеби во вечерните часови ќе се приближи кон селото, но ...
Македонија го почнува своето најмасовно учество досега на Медитеранските игри. Во Таранто пристигна рекордна делегација од 130 членови, меѓу кои 88 спортисти. Историски момент има и надвор од спортските терени. Претседателката на Македонија Гордана Силјановска-Давкова е во Таранто за да им даде поддршка на македонските претставници. Ова е првпат претседател на државата да присуствува на Медитеранските игри откако Македонија настапува на оваа ...
Песната „Training Season“ на Дуа Липа доби сосема нов живот на социјалните мрежи. Наместо само да ја пеат и танцуваат на неа, илјадници жени ја користат како своевидна „мантра“ за да го замислат, или како што велат на Тик-Ток – да го манифестираат својот идеален маж. Тие прават списоци со особините што ги сакаат кај партнерот, снимаат видеа и ја користат песната како музичка подлога за својата потрага по „оној вистинскиот“. ...
Тешко е повреден 30-годишен мотоциклист, а со телесни повреди се здобила и неговата 22-годишна сопатничка, во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на улицата „Филип Втори“ во Свети Николе. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во 22:31 часот во ОВР Свети Николе. Во неа учествувале патничко возило „пежо“, со светиниколски регистарски ознаки, управувано од 68-годишниот Љ.Д. од Свети Николе, и ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 61-годишен жител на Желино поради сомнение дека подолг период полово ја вознемирувал жена на нејзиното работно место, информира Министерството за внатрешни работи. Според пријавеното, А.А. повеќе од еден месец секојдневно влегувал во продажниот објект каде што работела жената и, во моменти кога таа била сама, ѝ упатувал недолични зборови. МВР посочува дека станува збор за сомнение за сторено кривично ...