Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, заедно со генералниот директор на „ТАВ Македонија“ денеска извршија увид во градежните работи за реконструкцијата на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Со проектот е предвидено да бидат обезбедени дополнителни 4.500 метри квадратни функционален простор, за поудобно, поефикасно и попријатно искуство за патниците, како и подобри услови за работа на персоналот, ...
Утрово слета првиот авион од Вроцлав со што започнува новата авиолинија Охрид-Вроцлав (Полска), додека веќе во вторник ќе имаме уште една нова линија од Катовице исто од Полска, што значи повеќе полски туристи, значи нови можности за бизнис и за развој на локалната економија околу Охридското крајбрежје, изјави денеска од Охрид, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Николоски рече дека домашните ...
Руски дрон погоди објект за складирање на потрошено нуклеарно гориво во близина на напуштената нуклеарна централа Чернобил во Украина, соопштија денеска украинските власти, додавајќи дека нивото на зрачење на локацијата останува стабилно. Во одделни изјави, главниот штаб на Украина и државната атомска агенција изјавија дека зградата за складирање е делумно уништена, но дека таму не било складирано потрошено гориво во времето на нападот. ...
Македонскиот атлетичар и член на АК „Скопски маратон”, Дарио Ивановски, победи на полумаратонот на 10-то јубилејно издание на „Охрид трчаТ” што се одржа денеска низ улиците на Охрид. Тој патеката од 21 километар ја мина за време од 1 час 10 минути и 46 секунди. Втор на целта на 21 километар пристигна Игор Трипуновски од Македонија со време 1:19:22 час, а трет беше Томаш Суњог од Унгарија со време 1:21:52 час. Во женска конкуренција на ...
Секој здравствен систем има свој видлив и свој невидлив дел. Видливи се болниците, амбулантите, лекарите, опремата и услугите што граѓаните непосредно ги чувствуваат. Но, зад нив постои уште еден, подлабок слој кои е составен од податоците, процесите, трендовите, ризиците и одлуките што одредуваат дали системот во даден момент ќе реагира доцна или ќе препознае навреме каде е потребна интервенција. Откако во претходните колумни пишував за ...
Целосна дигитализација на системот на издавање и контрола на лиценци што ги издава државата преку систем на СМАРТ лиценци претстави денеска Министерството за дигитална трансформација. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски рече дека моделот овозможува лесна и брз проверка на валидноста на издадените лиценци преку систем што содржи електронско барање, електронски регистар, QR проверка, транспарентност и проверлива трага. – ...
СДСМ и Венко Филипче не можат да го прифатат фактот што државата конечно има државничка Влада која ги штити државните интереси и забележува позитивни резултати, и на внатрешен и на меѓународен план. Затоа не можат да ја скријат нервозата, па се претворија во бугарска испостава, се вели во новото соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. „Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека Македонија може да води европска политика без понижување, без ...
Никола Андреевски, бизнис-лидер од Чикаго и извршен директор на MDN Freight Inc., е дел од годинешната селекција на Business Elite „40 Under 40“ – престижно признание кое ги истакнува младите лидери, претприемачи и менаџери кои создаваат раст, влијание и нови деловни можности во своите индустрии. Свечената гала-вечер на Business Elite Awards се одржува во Њујорк, во The St. Regis New York, и собира деловни лидери, основачи, инвеститори, ...
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска во Скопје ќе го одржи 32. Конгрес кој е посветен на финализирањето и усвојувањето на новата идеолошка платформа и програмска рамка на партијата, документи кои треба да ги дефинираат идните политички насоки и приоритети на партијата. Конгресот, како што информираат од партијата, ќе се одвива во два дела – отворен и работен. Во рамки на отворениот дел ќе се обрати претседателот на СДСМ, ...
Најмалку 12 лица се повредени во пукотница на фестивалот „Олд Вест Енд“ во Толедо, САД. Инцидентот се случил синоќа, малку по 23 часот по локално време, кога полицијата им помагала на посетителите да се растурат по завршувањето на настанот, пишува „Скај њуз“. Лицата кои го предизвикале несреќата се во бегство, а полицијата трага по нив. Според полицискиот извештај, 10 лица се здобиле со прострелни рани, додека уште две се повредени додека ...
Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, трети во изминатите 16 месеци, откако парламентарните партии не успеаја да постигнат договор за избор на нов претседател на државата, кој го избираат пратениците во парламентот. Предвремените избори одразуваат долгорочна политичка и институционална криза во која движењето Самоопределување на премиерот Албин Курти се надева на уште една победа. Нови предвремени избори беа распишани откако ...
Она што е најново на прогностичките материјали е тоа дека од 13 jуни 2026 на Балканот и во Македонија е на повидок голема температурна аномалија и голем пад на температурите, невообичаен за месец јуни. Покрај ова би имале и пообилни врнежи и типично есенско време во јуни, кога веќе е започнато и климатолошкото лето. Повеќе за прогнозата на Славчо Поповски на следниот ЛИНК Она што е најново на прогностичките материјали е тоа дека од 13 jуни ...
На дел од делегацијата на иранската репрезентација, вклучувајќи ги и членовите на тренерскиот штаб, им беа одбиени американски визи пред Светското првенство, објави АФП, повикувајќи се на иранската амбасада во Турција. На 3 јуни, иранскиот амбасадор во Турција објави дека играчите на репрезентацијата добиле визи. Американскиот амбасадор во Турција денес објави дека играчите и помошниот персонал добиле визи. Сепак, иранската амбасада изјави: ...
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме со град. Температурата ќе достигне до 34 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ се врати во Србија од самитот на Европската унија и Западен Балкан што се одржа во Тиват и се пожали на „европската храна“ во Црна Гора. Во видео објавено на неговиот канал Budućnost Srbije, Вучиќ, опкружен со група млади луѓе, зборува за тоа како „се забавува со пријатели од Академијата на млади лидери на СНС и Фондацијата за српскиот народ и држава“ покрај Палиќко Езеро во Војводина. „Се вратив во ...
Морничави сцени се снимени во турската престолнина Анкара. Таткото М.Д. по расправија со сопругата, ја зграпчил својата тригодишна ќерка, која ја држел како заложник под закана со нож, на прозорецот од станот и се заканил дека ќе ја фрли. Припадници на специјалната полициска единица го неутрализирале осомничениот пукајќи во него. Инцидентот се случил во станбена зграда во населбата Пијаде. објави Хаберлер која го објави и видеото. По пријава ...
Полицијата денеска го уапси Г.А. (43) од село Шишево, скопско, по пријава дека пукал со огнено оружје кон соселанец и му нанел повреда. Како што информираат од МВР, денеска околу 16.10 часот И.Ш. од село Шишево пријавил дека на влезот во селото бил пресретнат од Г.А. и С.А., по што Г.А. извадил пиштол и испукал кон него. Притоа, пријавителот се здобил со повреда во пределот на увото. Полицијата денеска го уапси Г.А. (43) од село Шишево, ...
Tри лица загинаа, а две се повредени во експлозија која најверојатно е предизвикана од истекување на гас, по што се урна зграда во градот Порто Сант’Елпидихо во близина на италијанскиот град Анкона, објави агенцијата Анса. Двајцата повредени се однесени во болницата Торете во Анкона. Во времето на експлозијата, во зградата се наоѓаа две семејства, а силната детонација предизвика нејзино целосно уривање. Противпожарната служба, брзата помош и ...
Европа се соочува со „инвазија“ на опасни идеологии што ги носи имиграцијата – изјави денеска во Франција министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, по повод годишнината од „Денот Д“, истоварувањето на сојузничките трупи во Нормандија во 1944 година, што го забрза поразот на нацистичка Германија и крајот на Втората светска војна во Европа. Тој ги повтори критиките на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Европа е ...
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно на својата социјална мрежа Truth Social објави видео, генерирано од вештачка интелигенција, кое го прикажува во различни ситуации низ целиот свет, додека песна чиј текст го уверува дека „сите го сакаат“ го следи во позадина. Видеото со вештачка интелигенција се состои од монтажа на снимки на кои Трамп, меѓу другото, скока со падобран и јава лав, додека глас во позадина ритмички скандира: „Трамп, ...
Младата руска тенисерка Мира Андреева ја освои титулата на Ролан Гарос откако без поголеми проблеми ја победи полската квалификантка Маја Чвалинска во финалето со резултат 6:3, 6:2. Од првиот поен, 19-годишната Русинка покажа зошто е меѓу најдобрите тенисерки во светот. Моментално осмата тенисерка на ВТА листата го наметна својот ритам против 114-тата тенисерка во светот и ги контролираше настаните во текот на целиот натпревар. Клучниот ...
Македонија во последните две години бележи напредок во областа на социјалниот дијалог и е тргната од листа на Меѓународната организација на трудот (МОТ) за земји кои треба дополнително да ги образложуваат состојбите поврзани со синдикалните права и колективното преговарање, но истовремено се соочува со сериозен недостиг на работна сила, повеќе од 10.000 слободни работни места и иселување на кадар кој покрај плата бара и подобар квалитет на ...
Од денеска официјално е пуштена бесплатна линија на јавен превоз за жителите на тетовските села Бродец, Вешала и Бозовце, информираа од Општина Тетово и од јавното претпријатие „Тетово транспорт“. Новата линија ќе сообраќа еднаш дневно, со поаѓање кон Тетово во 7 часот наутро и враќање кон селата во 17.30 часот. „Овој проект е резултат на континуираната посветеност и заложба за подобрување на условите за живот на жителите од шарпланинското ...
Триесет и петгодишен нуркач беше убиен во уште еден смртоносен напад од ајкула во Западна Австралија. Мажот, чиј идентитет не е објавен, денес бил во подводен риболов со своето семејство во близина на островот Михаелмас, југоисточно од Перт, кога бил нападнат од ајкула за која се верува дека е долга 4,5 метри, пишува Би-Би-Си. Нападот се случил околу 11.25 часот по локално време. Иако несреќниот човек бил брзо пренесен со брод до брегот, каде ...
Во Институтот за јавно здравје денеска беше отворено психолошко советувалиште за деца и адолесценти, прво од ваков вид во државата, кое ќе обезбедува стручна поддршка за деца, тинејџери, родители и наставници преку системот „Мој термин“, соопшти директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска. Како што истакна Андоновска, отворањето на советувалиштето е дел од пошироките активности за унапредување на здравствените услуги и ...
Македонците во Албанија се автохтона заедница со вековни корени во Преспа, Голо Брдо, Гора, Поле и Врбник. Ние го зачувавме нашиот јазик, традиции и идентитет низ тешки историски периоди. Сепак, и покрај формалното признавање, многу од нашите права остануваат само делумно спроведени, рече лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во обраќањето на Генералното собрание на Европската слободна алијанса ...
Македонската јавност деновиве е сведок на рускиот рулет во СДСМ во кој од епизода во епизода се отвораат нови прашања, а одговорите стануваат се поконтрадикторни. Во рок од неколку дена, сведоци сме на две изјави од двајца поранешни носители на највисоките државни функции кои не можат истовремено да бидат точни – оцени Движењето ЗНАМ во соопштение. „Станува збор за изјавите на поранешниот претседател на Републиката, Стево Пендаровски во ...
Акцискиот план за малцинства е готов, усогласен со експерт од Европската комисија, како ниту една држава што го има направено и неофицијално е усогласен со дваесет и шест земји-членки, освен со една, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Институтот за јавно здравје во Скопје. Прашан до каде е Владата со Акцискиот план за малцинства и што конкретно има како барање таа една земја, Мицкоски ...
Малолетник на 16-годишна возраст од селото Лисец, управувајќи електричен тротинет на улицата Илинденска во Тетово, удрил во 32-годишната И.Ѓ. од село Непроштено. По несреќата, И.Ѓ. е пренесена во Клиничката болница во Тетово за укажување на лекарска помош, од каде поради сериозноста на здобиените повреди, е пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Настанот се случил во петокот изутрината. На местото на несреќата е извршен увид ...
Во овие две години откако сум претседател на Владата пораките од Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват беа најсилни а тоа е дека процесот на проширување не е завршен. Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц дадоа силен мотив да продолжиме во делот на реформите, да испорачуваме, врз основа на методот на заслуга, а не врз основа на билатерални прашања и тоа беше неколку пати потенцирано на самиот самит, изјави ...