
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Изложбата „Nomen est omen“ на „Колектив Зеро” ќе биде отворена на 12 октомври 2023 (четврток), во 20 часот, во мултимедијалниот центар Мала станица, на Националната галерија. Од протозеро друштвото на почетокот на 80тите произлезе „Колектив Зеро” (нула, ништо, безначајност), која е формирана во 1985 година во ориенталниот амбиент и институциите на Старата скопска чаршија. Колективот Ø - Зеро, во 80-тите години на 20 век претставуваше парадигма ...
Едно поим и едно чувство чувство се издвојуваат кога се зборува за најмладата генерација: „кринџ“. Генерацијата Зед (родените при крајот на 1990-ите и почетокот на 2010-ите) често се поврзува со овој термин. Нo што навистина значи кринџ, и зошто е тоа дефинирачки аспект на културата на најновата генерација? Кринџ (англиски cringe; затреперување или наежување, во буквален превод), е збор што носи конотација на срам или непријатност предизвикана ...
Коњите ја влечат колата а патот стои А патот стои и неговата прашина се подига Патот колата и коњите и сè друго не број ги Само окото на минувачот пред патот намига А патот ниту негде тргнал ниту негде стига Само живецот мој низ прашината се дига И бега ’ржењето коњско од уста а устата стои А устата стои и капе крвава лига Устата ржењето и бегањето и јазикот не се бројат Само ушното тапанче отчукало И разбрануван е празниот мев И како да тргнал ...
Преку своите скулптури во природна големина, уметникот Јинка Шонибаре го преиспитува односот кон колонијализмот и неговите трајни ефекти врз модерните сфаќања за идентитетот. Секоја од неговите фигура без лице е среде некаква акција. Евокативно поставени, скулптурите се обложени со глобуси и астронаутски скафандери, кои гестикулираат движење во форма на патување и истражување, притоа прикривајќи ги индивидуалните идентитети. Познат по ...
Никаде не се споменува дека територијата на Македонија е населена од Бугари. Пренесено од Дојче веле Одамна познатиот за македонската јавност, Едвард Џозеф (уште од 2001 како претставник на Меѓународната кризна група), оваа недела во еден впечатлив текст во магазинот на факултетот каде што предава, Школата за напредни студии на Универзитетот Џон Хопкинс, изнесе специфична идеја дека „историјата на САД може да ја спаси Македонија и да го победи ...
Ако сами не си ја раскажеме историјата, други ќе ни ја раскажуваат. А ако други ни ја раскажуваат може да не ја раскажат точно. Ако веќе се раскажува неточно или барем приближно точно, тогаш подобро да биде од нас. „Љубовните писма на Шарла” е збирка текстови пишувани помеѓу 2013 и 2023 година од страна на Давид Ангелевски, како сет од издавачки записи за време-просторот во кој се случуваа музичките изданија на Шарла Рекордс во тој период. ...
Со промоцијата на книгата за творештвото на босанска уметница Шејла Камериќ продолжува осмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура и пријателската соработка помеѓу Контрапунт/КРИК – фестивал за критичка култура, Тиииит!Инк./Фестивалот за феминистичка култура и акција – ПРВО ПА ЖЕНСКО и уметницата Шејла Камериќ. После минатогодишната изложба на Камериќ „Доаѓаме со поклон“, која КРИК и ПРВО ПА ЖЕНСКО заеднички со уметницата Камериќ ја ...
Денес, 9-ти октомври, во 18:00 часот во Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје ќе се одржи јубилејното 10-то доделување на Наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон”. Во рамки на одбележувањето на Европскиот ден на јазиците, ќе имате можност да го проследите обраќањето на шефот на Делегацијата на Европската Унија, Дејвид Гир, како и претседателот на организациониот одбор на наградата „Вавилон”, Милан ...
Изгледа дека 2023-та ќе биде уште една лоша година за демократијата. Се одиграа неколку државни удари во Африка. Тунис - земјата која долго ја фалеа како светол пример за успешна демократска транзиција по арапската пролет - поминува низ консолидација на авторитарниот (и ксенофобичен) режим. Се чини дека Доналд Трамп е на добар пат да обезбеди републиканска номинација за американските претседателски избори во 2024 година. Мошне е важно како го ...
Војната на истокот на Европа ја промени геостратегиската карта на континентот и наведе некои неутрални земји да влезат во НАТО; но, на западниот ѕид на поддршка за Украина и за одбрана од амбициите на Кремљ да ги ослаби НАТО и Европската Унија, се појави уште една пукнатина: по Унгарија, и Словачка го ослабува заедничкиот фронт, бидејќи нејзиниот нов лидер Роберт Фицо сака да ја прекине помошта за Украина и не ги крие симпатиите кон Русија. ...
Едно утро во тревата сретнав Маг. Беше мошне мал, речиси минијатурен. Штотуку се трезнаше од синоќешното пијанство, а сребрениот плашт му лебдеше над ливадата, задржувајќи ја уште својата таинствена моќ. Стапчето му беше забодено во земјата, а стаклената кугла оттркалана во тревата светкаше наоколу. Лицето му беше бело, небаре мозаик од гриз. Устата му беше нагласено бојосана. Клечеше пред мене како изгубен брош во трева, со очи на ранет ангел. ...
„Стрипот ги инфантилизира возрасните и ги повозраснува децата.“ Двајт Мекдоналд, еден од највлијателните критичари и филозофи во САД во 50-ите на минатиот век, ги вреднувал стриповите како безвредни остварувања и шунд литература. Стрипот имал и опасно психолошко т.н. хомогенизациско влијание кое ги ипоништува старосните граници во смисла: ги инфантилизира возрасните, а ги повозраснув децата [анг. They (comics) adultized children and infantile ...
На 9-ти октомври, во Галеријата 2 на МКЦ ќе биде отворена изложба на фотографии на Ерина Богоева со наслов “Македонските архитектурални скулптури”. По долги години истражување и фотографирање на архитектурата од втората половина на ХХвек во Скопје, во 2017та година, Ерина ја посветува својата последна изложба „Затемнетиот Град“ токму на таа тема, а во 2018 година со иста инспирација ја издава и монографијата „Скопје-архитектурата како ...
На 9-ти октомври, во Галеријата 2 на МКЦ ќе биде отворена изложба на фотографии на Ерина Богоева со наслов “Македонските архитектурални скулптури”. По долги години истражување и фотографирање на архитектурата од втората половина на ХХвек во Скопје, во 2017та година, Ерина ја посветува својата последна изложба „Затемнетиот Град“ токму на таа тема, а во 2018 година со иста инспирација ја издава и монографијата „Скопје-архитектурата како ...
Фестивалот „BookStar ” со својата исклучително богата и општествено ангажирана програма минатите три дена го стекна епитетот на „еден од најзначајните книжевни фестивали во регионот”. Оваа квалификација ја споделија, како авторите од десеттина европски земји, така и претставниците на неколку регионални издавачки куќи и фестивали кои со нескриено задоволство ги следеа бројните настани и не го криеја своето воодушевување од професионалноста и ...
Горјан Јовановски Извор: Дојче Веле „Македонија 6 од 12 месеци е една голема 'гасна комора' и фабрика за канцер. Кога децата наши ќе нè прашаат зошто лежат на Институтот за белодробни заболувања во Козле, што треба да им одговориме? Што ќе им одговориш ти?“, вели еко-активистот и градски советник, креаторот на апликацијата „Мој воздух“, Горјан Јовановски за ДВ, кој е револтиран што и по десет години од постојано укажување за енормното загадување ...
Стрип книжарницата „Бункер” во сабота по третпат ќе организира Ден на бесплатни стрипови. Ова е најмасовниот настан во светот на стрипот, кога во специјализираните книжарници се делат бесплатни примероци. Манифестацијата првпат се одржа во САД во 2002 и потоа се прошири во многу други земји. Целта е промовирање и ширење на стрип културата. „Оваа година обезбедивме околу 700 стрипови кои ќе бидат поделени бесплатно. Во понудата е широк спектар на ...
Османли е исклучително интересен, комплексен писател со многу дисперзирани интереси за разни уметнички форми и изрази, но истовремено и мошне непосреден, отворен соговорник, еден од оние луѓе кои и покрај успехот, не креваат бариери околу себе за да ја мистифицираат својата посебност затворајќи се во светот на уметничката фикција. Тој е еден од оние кои веднаш ви стануваат пријатели, ве „купуваат“ со леснотијата на разговорот „на прва“ и пред ...
Норвешкиот писател Јон Фосе е овогодишниот добитник на Нобеловата награда за литература поради „неговите иновативни драми и проза која дава глас на она што не може да се изговори“, соопштија од Нобеловиот комитет. Фосе е роден во 1959 година во норвешкиот град Хаугесунд, каде што како дете преживеал сериозна несреќа поради која безмалку го изгубил животот. Ова искуство има оставено длабока трага во неговите дела. Неговиот дебитантски роман ...
Според познавачите, Кан Шуе, Харуки Мураками, Маргарет Атвуд и Салман Ружди се меѓу потенцијалните автори добитници на овогодинешната Нобелова награда за литература. Кинеската авангардна авторка Шуе (70) ја предводи групата големи писатели, кои годинава се во трка за освојување на престижната книжевна награда. Победникот треба да биде објавен денеска околу 13 часот. „Тоа е широко отворено поле што се однесува до можностите, но најновите бројки ...
Во петок, 6 октомври 2023 година, во театарот “Сенки и облаци”, со почеток од 19:00 часот ќе биде поставена првата самостојна изложба на Ивона Ѓорѓиовска Кузманоска, насловена како „Фантастично Џагуре“. Кога во потрага по фантастичен ден, си ни на небо ни на земја, ќе погледнеш низ брдото играчки, низ елката од нездиплени алишта, низ зградите од неизмиени чинии, таму ќе здогледаш едно фантастично џагуре, кое зборува на јазик непознат за нам ...
Во петок, 6 октомври 2023 година, во театарот “Сенки и облаци”, со почеток од 19:00 часот ќе биде поставена првата самостојна изложба на Ивона Ѓорѓиовска Кузманоска, насловена како „Фантастично Џагуре“. Кога во потрага по фантастичен ден, си ни на небо ни на земја, ќе погледнеш низ брдото играчки, низ елката од нездиплени алишта, низ зградите од неизмиени чинии, таму ќе здогледаш едно фантастично џагуре, кое зборува на јазик непознат за нам ...
Вирџинија Вулф со колегата од групата Блумсбери, Литон Страчи, на фотографија од Лејди Отолин Морел. Кога Вирџинија Вулф го поканила Т.С. Елиот на викенд во село во 1920 година, поканата ја завршила со следните зборови: „Ве молам не носете облека“. Предлогот не значел дека „Том“ треба да пристигне гол во Источен Сасекс. Таквата можност сепак била малку веројатна бидејќи во тој момент поетот сè уште работел како службеник во банката „Лојдс”. ...
Денес (5 октомври),2023 година во 19 часот, во Културно-информативниот центар во Скопје ќе биде отворена изложбата насловена „Животи обликувани од вода“. Изложбата „Животи обликувани од вода“ ја открива сложеноста на нашиот однос со реките и ги документира врските меѓу луѓето и реките преку објективот на седум етаблирани фотографи од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Македонија, Словенија и Србија. Изложбата е дел од иницијативата ...
Дали можете да ги забележите мајките на овие чудни фотографски портрети? Со време на експозиција од половина минута, викторијанските мајки кои сакале портрет на своите деца морале да се маскираат како столици, каучи и завеси за да ги држат своите деца мирни. Резултатите, забележани во книгата „Скриената мајка“ на Линда Фрегни Наглер, се истовремено трогателни, вознемирувачки, но и бизарни. „Скриената мајка“ се состои од 1.002 фотографии, сите ...
Пред извесно време вниманието ми го привлече едно обемно истражување објавено во стручно списание од областа на епидемиологијата, во кое на огромен број учесници е испитувана можната врска помеѓу нивната интелигенција измерена во младоста и очекуваниот просечен животен век остварен подоцна. Истражувањето опфати 1.107.022 учесници од кои во меѓувреме 22.453 починати, при што биле земени предвид хетерогеноста на урнекот и собраните податоци за да ...
Химната, како еден од симболите на државата, законски е утврдено кога, каде и како се изведува. Секој понеделник учениците во основните училишта во Општина Аеродром пред почетокот на наставата, построени во училишниот двор, ќе го слушаат интонирањето на химната на Македонија. Практиката што ја воведе поранешниот градоначалник Ивица Коневски (ВМРО-ДПМНЕ), па беше прекината во времето на Златко Mарин (СДСМ), сега повторно, на средина од мандатот ...
По кратко боледување, на 83-годишна возраст почина театарската, филмска и телевизиска актерка Ратка Радмановиќ. Родена во Кочани, во 1940 година, Радмановиќ оствари впечатливи улоги на сцените на македонските театри, во Кочани, Струмица, Штип и Куманово, а особено во Битолскиот народен театар каде долго време и по пензионирањето имаше носечки улоги на репертоарот. Ратка се прослави како веќе пензионирана актерка со впечатливите улоги во ...
Една мрачна ноќ, кога зимски ветри Прозорци тресеа и опсипаа стакла, Кога несоница ми измачуваше душа, Старата завеса наеднаш се повлече: И додека ужаснат привидение чекав Низ прозорецот ѕирна некој млад, николкав, Од доба далечна, светкав и синкав... И тогаш завесата падна. Кој беше тоа, не знам. Ниту кој тајната би ја знаел, И зошто ноќта со нас се шегува така; ‒ Или ништо немаше, можеби; но јас Потоа долго, долго, не знам зошто, јачев... ...
Во домот на Васил, во аголот над неговите бастуни, подредени се медали кои тивко сведочат за животен пат кој е одбележан со многу труд, упорност и напор, но и со непоколебливост која го разгорува и му дава живост на неговиот дух. Животот го смести во инвалидска количка, но тоа не му ја згасна одлучноста, напротив, тој е овде за да ни покаже дека постои еден поинаков вид на маратон, оној каде што финишот останува недефиниран, но тој продолжува ...