
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Војната на истокот на Европа ја промени геостратегиската карта на континентот и наведе некои неутрални земји да влезат во НАТО; но, на западниот ѕид на поддршка за Украина и за одбрана од амбициите на Кремљ да ги ослаби НАТО и Европската Унија, се појави уште една пукнатина: по Унгарија, и Словачка го ослабува заедничкиот фронт, бидејќи нејзиниот нов лидер Роберт Фицо сака да ја прекине помошта за Украина и не ги крие симпатиите кон Русија. ...
Едно утро во тревата сретнав Маг. Беше мошне мал, речиси минијатурен. Штотуку се трезнаше од синоќешното пијанство, а сребрениот плашт му лебдеше над ливадата, задржувајќи ја уште својата таинствена моќ. Стапчето му беше забодено во земјата, а стаклената кугла оттркалана во тревата светкаше наоколу. Лицето му беше бело, небаре мозаик од гриз. Устата му беше нагласено бојосана. Клечеше пред мене како изгубен брош во трева, со очи на ранет ангел. ...
„Стрипот ги инфантилизира возрасните и ги повозраснува децата.“ Двајт Мекдоналд, еден од највлијателните критичари и филозофи во САД во 50-ите на минатиот век, ги вреднувал стриповите како безвредни остварувања и шунд литература. Стрипот имал и опасно психолошко т.н. хомогенизациско влијание кое ги ипоништува старосните граници во смисла: ги инфантилизира возрасните, а ги повозраснув децата [анг. They (comics) adultized children and infantile ...
На 9-ти октомври, во Галеријата 2 на МКЦ ќе биде отворена изложба на фотографии на Ерина Богоева со наслов “Македонските архитектурални скулптури”. По долги години истражување и фотографирање на архитектурата од втората половина на ХХвек во Скопје, во 2017та година, Ерина ја посветува својата последна изложба „Затемнетиот Град“ токму на таа тема, а во 2018 година со иста инспирација ја издава и монографијата „Скопје-архитектурата како ...
На 9-ти октомври, во Галеријата 2 на МКЦ ќе биде отворена изложба на фотографии на Ерина Богоева со наслов “Македонските архитектурални скулптури”. По долги години истражување и фотографирање на архитектурата од втората половина на ХХвек во Скопје, во 2017та година, Ерина ја посветува својата последна изложба „Затемнетиот Град“ токму на таа тема, а во 2018 година со иста инспирација ја издава и монографијата „Скопје-архитектурата како ...
Фестивалот „BookStar ” со својата исклучително богата и општествено ангажирана програма минатите три дена го стекна епитетот на „еден од најзначајните книжевни фестивали во регионот”. Оваа квалификација ја споделија, како авторите од десеттина европски земји, така и претставниците на неколку регионални издавачки куќи и фестивали кои со нескриено задоволство ги следеа бројните настани и не го криеја своето воодушевување од професионалноста и ...
Горјан Јовановски Извор: Дојче Веле „Македонија 6 од 12 месеци е една голема 'гасна комора' и фабрика за канцер. Кога децата наши ќе нè прашаат зошто лежат на Институтот за белодробни заболувања во Козле, што треба да им одговориме? Што ќе им одговориш ти?“, вели еко-активистот и градски советник, креаторот на апликацијата „Мој воздух“, Горјан Јовановски за ДВ, кој е револтиран што и по десет години од постојано укажување за енормното загадување ...
Стрип книжарницата „Бункер” во сабота по третпат ќе организира Ден на бесплатни стрипови. Ова е најмасовниот настан во светот на стрипот, кога во специјализираните книжарници се делат бесплатни примероци. Манифестацијата првпат се одржа во САД во 2002 и потоа се прошири во многу други земји. Целта е промовирање и ширење на стрип културата. „Оваа година обезбедивме околу 700 стрипови кои ќе бидат поделени бесплатно. Во понудата е широк спектар на ...
Османли е исклучително интересен, комплексен писател со многу дисперзирани интереси за разни уметнички форми и изрази, но истовремено и мошне непосреден, отворен соговорник, еден од оние луѓе кои и покрај успехот, не креваат бариери околу себе за да ја мистифицираат својата посебност затворајќи се во светот на уметничката фикција. Тој е еден од оние кои веднаш ви стануваат пријатели, ве „купуваат“ со леснотијата на разговорот „на прва“ и пред ...
Норвешкиот писател Јон Фосе е овогодишниот добитник на Нобеловата награда за литература поради „неговите иновативни драми и проза која дава глас на она што не може да се изговори“, соопштија од Нобеловиот комитет. Фосе е роден во 1959 година во норвешкиот град Хаугесунд, каде што како дете преживеал сериозна несреќа поради која безмалку го изгубил животот. Ова искуство има оставено длабока трага во неговите дела. Неговиот дебитантски роман ...
Според познавачите, Кан Шуе, Харуки Мураками, Маргарет Атвуд и Салман Ружди се меѓу потенцијалните автори добитници на овогодинешната Нобелова награда за литература. Кинеската авангардна авторка Шуе (70) ја предводи групата големи писатели, кои годинава се во трка за освојување на престижната книжевна награда. Победникот треба да биде објавен денеска околу 13 часот. „Тоа е широко отворено поле што се однесува до можностите, но најновите бројки ...
Во петок, 6 октомври 2023 година, во театарот “Сенки и облаци”, со почеток од 19:00 часот ќе биде поставена првата самостојна изложба на Ивона Ѓорѓиовска Кузманоска, насловена како „Фантастично Џагуре“. Кога во потрага по фантастичен ден, си ни на небо ни на земја, ќе погледнеш низ брдото играчки, низ елката од нездиплени алишта, низ зградите од неизмиени чинии, таму ќе здогледаш едно фантастично џагуре, кое зборува на јазик непознат за нам ...
Во петок, 6 октомври 2023 година, во театарот “Сенки и облаци”, со почеток од 19:00 часот ќе биде поставена првата самостојна изложба на Ивона Ѓорѓиовска Кузманоска, насловена како „Фантастично Џагуре“. Кога во потрага по фантастичен ден, си ни на небо ни на земја, ќе погледнеш низ брдото играчки, низ елката од нездиплени алишта, низ зградите од неизмиени чинии, таму ќе здогледаш едно фантастично џагуре, кое зборува на јазик непознат за нам ...
Вирџинија Вулф со колегата од групата Блумсбери, Литон Страчи, на фотографија од Лејди Отолин Морел. Кога Вирџинија Вулф го поканила Т.С. Елиот на викенд во село во 1920 година, поканата ја завршила со следните зборови: „Ве молам не носете облека“. Предлогот не значел дека „Том“ треба да пристигне гол во Источен Сасекс. Таквата можност сепак била малку веројатна бидејќи во тој момент поетот сè уште работел како службеник во банката „Лојдс”. ...
Денес (5 октомври),2023 година во 19 часот, во Културно-информативниот центар во Скопје ќе биде отворена изложбата насловена „Животи обликувани од вода“. Изложбата „Животи обликувани од вода“ ја открива сложеноста на нашиот однос со реките и ги документира врските меѓу луѓето и реките преку објективот на седум етаблирани фотографи од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Македонија, Словенија и Србија. Изложбата е дел од иницијативата ...
Дали можете да ги забележите мајките на овие чудни фотографски портрети? Со време на експозиција од половина минута, викторијанските мајки кои сакале портрет на своите деца морале да се маскираат како столици, каучи и завеси за да ги држат своите деца мирни. Резултатите, забележани во книгата „Скриената мајка“ на Линда Фрегни Наглер, се истовремено трогателни, вознемирувачки, но и бизарни. „Скриената мајка“ се состои од 1.002 фотографии, сите ...
Пред извесно време вниманието ми го привлече едно обемно истражување објавено во стручно списание од областа на епидемиологијата, во кое на огромен број учесници е испитувана можната врска помеѓу нивната интелигенција измерена во младоста и очекуваниот просечен животен век остварен подоцна. Истражувањето опфати 1.107.022 учесници од кои во меѓувреме 22.453 починати, при што биле земени предвид хетерогеноста на урнекот и собраните податоци за да ...
Химната, како еден од симболите на државата, законски е утврдено кога, каде и како се изведува. Секој понеделник учениците во основните училишта во Општина Аеродром пред почетокот на наставата, построени во училишниот двор, ќе го слушаат интонирањето на химната на Македонија. Практиката што ја воведе поранешниот градоначалник Ивица Коневски (ВМРО-ДПМНЕ), па беше прекината во времето на Златко Mарин (СДСМ), сега повторно, на средина од мандатот ...
По кратко боледување, на 83-годишна возраст почина театарската, филмска и телевизиска актерка Ратка Радмановиќ. Родена во Кочани, во 1940 година, Радмановиќ оствари впечатливи улоги на сцените на македонските театри, во Кочани, Струмица, Штип и Куманово, а особено во Битолскиот народен театар каде долго време и по пензионирањето имаше носечки улоги на репертоарот. Ратка се прослави како веќе пензионирана актерка со впечатливите улоги во ...
Една мрачна ноќ, кога зимски ветри Прозорци тресеа и опсипаа стакла, Кога несоница ми измачуваше душа, Старата завеса наеднаш се повлече: И додека ужаснат привидение чекав Низ прозорецот ѕирна некој млад, николкав, Од доба далечна, светкав и синкав... И тогаш завесата падна. Кој беше тоа, не знам. Ниту кој тајната би ја знаел, И зошто ноќта со нас се шегува така; ‒ Или ништо немаше, можеби; но јас Потоа долго, долго, не знам зошто, јачев... ...
Во домот на Васил, во аголот над неговите бастуни, подредени се медали кои тивко сведочат за животен пат кој е одбележан со многу труд, упорност и напор, но и со непоколебливост која го разгорува и му дава живост на неговиот дух. Животот го смести во инвалидска количка, но тоа не му ја згасна одлучноста, напротив, тој е овде за да ни покаже дека постои еден поинаков вид на маратон, оној каде што финишот останува недефиниран, но тој продолжува ...
Во последните неколку години бројот на живородени деца во земјава постојано се намалува. Тука, согласно евиденцијата според меѓународните дефиниции и стандарди, децата што се родени во друга земја од родители кои се наши државјани, не се бројат како население во нашава земја. Затоа велам дека сè помалку се раѓаат деца во земјава, а повеќе надвор од нејзините граници. Во 2022 година бројот на живородени деца изнесуваше 18.073, а надвор од нашата ...
Извештајот Глобал Стоктејк (Глобален преглед на состојбата), кој кон средината на септември го објавија Обединетите нации, го потврдува она што веќе го насетувавме: многу земји не прават доволно за да ги ублажат климатските промени. „Глобалниот преглед на состојбата е вежбање на амбициите. Тоа е вежбање на одговорноста. Тоа е вежбање на забрзувањето“, рече Сајмон Стил, извршен секретар на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатските ...
Во ера обележана oд неизвесности и повеќеслојни предизвици, улогата на уметноста во воведувањето на критичните политички и општествени прашања во јавната сфера никогаш не била позначајна. Уметноста, во нејзините многубројни форми, служи како динамична и влијателна сила, способна да инспирира дијалози кои ги поставуваат на површина фундаменталните грижи на заедницата. Таа, кога е поставена кон и за општеството може да ја рефлектира колективната ...
Наградата „Драги ” за најдобар книжевен превод на македонски јазик ја доби Златко Панзов за преводот од унгарски јазик на „Заробеништво ” од Ѓерѓ Шпиро во издание на издавачката куќа „Артконект”. Комисијата за доделување на наградата беше составена од Јана Михајловска, Лидија Капушевска- Дракулевска и Милан Дамјановски. „Златко Панзов успешно се справил со предизвиците на преведувањето и сосема солидно го пренел историскиот, нималку лесен, ...
Вечерва (3 октомври), со премиера на претставата „Фирма”, во драмски театар почнува регионалниот театарски фестивал „РУТА”. Фестивалот ќе трае до 8 октомври, а македонската публика ќе може да ги види „Декамерон” на Градско позориште Подгорица, „Нора” на Местно гледалишче Љубљана, „Син” на Камерни театар 55 од Сараево и „Самрак на боговите” на Београдско драмско позориште. „РУТА” завршува со претставата „Отело” на театарот Улисис од Хрватска. ...
Фондацијата Хајнрих Бол од Сараево организира самит со наслов The New Gen(D)eration, кој ќе се случи на 4ти и 5тти октомври 2023год. во хотел Холидеј Ин, Скопје. Самитот се реализира во соработка со Коалиција Маргини (Скопје) и со поддршка на Фондацијата Kvinna till Kvinna. Преку овој собир на активистки, академици, истражувачки, креатори и креаторки на политики и други оператори од регионот и пошироко, е да се продлабочи разбирањето, да се ...
Мислев ќе се опијаниме Но не се опијанивме Мислев ќе ги најдеме изминатите денови Но не ги најдовме Мислев ќе бидеме радосни Но не бевме радосни Мислев ќе се сетиме Но не се сетивме Мислев ќе тргнеме Но не тргнавме Постојат некои градови ноќе Но не ги најдов Постои тага Но не бев тажен Постои некој крик тивок и глув Но останал далеку Ариите мислеа дека можам да ги слушнам Но беа само некаков мал плач Имаше некоја желба Но дојде само никаде ништо ...
Над 11 илјади учесници од 53 држави настапија на годинашниот Скопски маратон. Рекреативци, професионалци, млади и стари, трчаа низ улиците на Скопје, натпреварувачки се во пет трки. Прв патеката долга 42 километри ја мина Виктор Киплагат со време од 2:15:09 часа , што беше да речиси една минута побрзо од сонародникот Черот Лабан (2:16:03). Македонскиот маратонец, Дарио Ивановски имаше за речиси 3.минути послабо време (2:19:08) и заврши како ...
Времињата се сменија. Новинарот веќе не може да биде неутрален пренесувач? Пренесено од Дојче веле Со децении мантрата во журнализмот на овие простори (и југословенски и македонски) беше дека една новинарска сторија, па макар и помала информација, треба во основа да ги содржи обете страни за еден настан, а новинарот да биде како некаков неутрален пренесувач, па читателот нека си донесе свој заклучок. Ставовите беа оставани за коментарите. Но ...