Шест лица, меѓу кои и две деца и двајца државјани на Франција, се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на магистралниот пат Кичево – Охрид, во близина на планинскиот премин Пресека. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на 21 април 2025 година, околу 15:30 часот, кога дошло до директен судир меѓу патничко возило „Киа“ со скопски регистарски таблички, управувано од ...

На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) се прават максимални напори за што побрзо пристигнување на дефицитарните лекови. Од институцијата информираат дека сите потребни постапки се при крај, со цел пациентите да ги добијат неопходните терапии без натамошни доцнења. „Постапката од наша страна е целосно завршена. Управната контрола во Бирото за јавни набавки беше успешно комплетирана за многу кратко време. Во моментов тече ...

Владата ја разгледува можноста за изградба нов саемски комплекс во Скопје. Денеска се одржа средба на директорот на службата за општи и заеднички работи со претставници на „Скопски саем“ на која се посочени можните локации и инфраструктурни услови. – Враќањето на „Скопски саем” во сопствен објект не само што ќе ја оживее економската активност, туку и ќе го зајакне регионалниот и меѓународниот профил на Македонија како важен трговски и деловен ...

По бројните реакции на граѓаните и објавите на социјалните мрежи со фотографии и видеа од масовен облак прашина околу РЕК Битола, Основното јавно обвинителство Битола отвори предмет за да испита дали одлагањето на пепелта на депонијата во рамки на комбинатот се спроведува во согласност со еколошката дозвола, главниот рударски проект и прописите за заштита на животната средина. „Дадена е наредба до СВР Битола за вршење увид на лице место и ...

Додека статистика на месечно ниво, во март, измери инфлација во „негативна зона“, новите експертски процени укажуваат дека годинава сепак ценовниот притисок ќе се зголеми. Новата анкета за инфлациски очекувања што ја направи НБМ покажува дека економистите очекуваат забавување на економскиот раст, а зголемување на инфлацијата, пишува Порталб.мк. Од друга страна статистика во март измери негативна инфлација на месечно ниво но цените на дел од ...

Денеска официјално започна седумнаесеттото издание на проектот Лидер, едукативна програма за млади професионалци, идни менаџери и претприемачи од Македонија. Обуката се реализира во организација на Македонија2025, во соработка со престижната бизнис-школа „Ричард Ајви“ од Канада. Млади професионалци од цела Македонија ќе имаат можност да учествуваат во оваа интензивна двонеделна обука, креирана според МБА програмите на „Ајви“, и прилагодена да ...

На Денот на планетата Земја, кој годинава се одбележува на тема обновливи извори на енергија, особено електрична енергија, здруженијата за заштита на животната средина во Хрватска ја повикуваат владата да ги насочи новите енергетски инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, особено во соларната и ветерната енергија. „Индустријата за фосилни горива е најодговорна за климатската криза и е свесна за тоа со децении. ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, застана зад министерот за одбрана, Пет Хегсет, и покрај известувањето дека министерот во групата за пораки Сигнал, во која биле и неговата сопруга, братот и личниот адвокат, споделил детали за нападот во март врз проиранските јеменски Хути. Откритието дека Хегсет по вторпат го користел несигурниот систем за испраќање пораки Сигнал за да сподели многу чувствителни безбедносни детали доаѓа во незгодното време за ...

Папата Франциск сакал да биде во базилката Санта Марија Маџоре во Рим, а не во базиликата Свети Петар, каде што се погребани повеќе од неговите претходници, открива текстот на неговиот тестамент кој го објави Ватикан. Франциск, чие тело во едноставен дрвен ковлег денеска, 22 април, ќе биде положено во Свети Петар, централната базилика во Ватикан, напишал дека сака да биде погребан „во земја, без посебни украси“, а над неговиот гроб треба да стои ...

Поддршката за претседателот Доналд Трамп падна на најниско ниво од неговото враќање во Белата куќа, бидејќи Американците покажаа знаци на претпазливост поради неговите напори да ја прошири својата моќ, покажа анкетата на Ројтерс/Ипсос која заврши вчера. Околу 42% од испитаниците во шестдневната анкета го одобруваат работењето на Трамп како претседател, што е пад во однос на 43% во однос на анкетата спроведена три недели претходно и во однос на ...

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе достигне до 9 степени, дневната до 27 степени. Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Температурата ќе достигне до 26 ...

Физичка пресметка меѓу мајка и нејзината малолетна ќерка била пријавена вчера попладне во близина на регионалниот пат Кичево-Битола, потврдија од Министерството за внатрешни работи. „На 21.04.2025 во 17:05 часот во ОВР Кичево е пријавено дека по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу И.С. (36) и нејзината малолетна ќерка, двете од Кичево“, информираат од полицијата. Од СВР Охрид додаваат дека се преземаат мерки за целосно ...

Почитувани сограѓани – православни христијани, Христовото Воскресение, како најторжествен христијански празник, кога ја славиме победата на животот над смртта, нека Ви донесе радост, среќа, спокој и благосостојба во Вашите домови, како и здравје, достоинствен живот и хармонија во Вашите семејства. Упатувајќи срдечни честитки, на сите верници Ви посакувам среќни и благословени празнични денови, исполнети со радост, среќа и благодат. Нека ни е ...

Кога јазлите на тироидната жлезда се причина за загриженост? Проблемите со тироидната жлезда често не се препознаваат навреме, бидејќи симптомите можат да бидат суптилни или неспецифични. Тироидната жлезда, мала, но моќна, игра клучна улога во нашето тело, го регулира метаболизмот и многу други важни функции. За жал, проблемите со тироидната жлезда често не се препознаваат на време, бидејќи симптомите можат да бидат суптилни или неспецифични. ...

Испуканите пети се чест проблем. Освен што изгледа непријатно, испуканата кожа може да стане идеално место за развој на габични инфекции и бактерии, па затоа редовната нега на стапалата е исклучително важна. Еден од природните и едноставни третмани што можеби не сте го пробале досега вклучува само една храна – лимон. Овој метод е едноставен, а со редовна примена може да даде изненадувачки добри резултати. Сè што треба да направите е да земете ...

Голем авион на „Делта ерлајнс“ беше евакуиран на пистата на меѓународниот аеродром во Орландо откако се запали мотор. Летот DL1213 требаше да тргне од аеродромот во Флорида за Атланта денеска во 11.00 часот по локално време. Забележани се пламени кои доаѓаат од моторите на Ербас А330, принудувајќи ја екипажот да ги распореди рампите за итни случаи за патниците да можат да избегаат. На социјалните мрежи набрзо се појавија видеа од аеродромот. ...

Рускиот претседател Владимир Путин за прв пат од почетокот на војната во Украина посочи дека е подготвен за директни билатерални разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски, јавува Би-Би-Си. Зеленски сè уште не одговорил директно, но рече дека Украина е подготвена за разговори кои ќе обезбедат безбедност на цивилите. Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот изјави за државната телевизија дека Москва ќе го разгледа предлогот ...

Речиси истовремено со смртта на папата почнаа шпекулациите за тоа кој ќе биде следниот. За таквите има една стара италијанска поговорка, која важеше до изборот на папата Бенедикт Шеснаесетти: „Кој влегува во конклавата како папа, си заминува како кардинал!“. Ова се имињата на кардиналите за кои се разговара како можни наследници на папата Франциско, кој почина во понеделникот, а тие се наведени по азбучен ред. Жан-Марк Авелин, архиепископ од ...

Папата Франциско почина во неделата наутро во Ватикан, а една од последните приватни аудиенција ја одржа на 9 април во резиденцијата Каза Санта Марта во Ватикан, каде што се сретна со британскиот крал Чарлс и кралицата Камила по повод нивната 20-годишнина од бракот. Кралицата Камила за оваа пригода облекла црн фустан, а поради титулата не морала да носи превез над главата. Имено, според протоколот на Ватикан, жените мора да носат долги ракави, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека тој и првата дама Меланија Трамп ќе присуствуваат на погребот на папата Франциско во Рим. „Со нетрпение го очекуваме пристигнувањето! Трамп напиша на социјалната мрежа Truth Social. Смртта на папата Франциско го привлече вниманието на целиот свет и предизвика бран поддршка – десетици светски лидери му оддадоа почит на папата откако тој почина на 88-годишна возраст. Трамп нареди знамињата да ...

Од средбата со легендарниот сонародник Диего Марадона, до неговата страст за неговиот сакан клуб од Буенос Аирес, Сан Лоренцо, папата Франциско беше огромен фудбалски љубител и промотор на спортот. Папата Франциско почина во понеделникот на Велигден на 89-годишна возраст во неговата резиденција во Ватикан, Каса Санта Марта. Сите спортски настани закажани за денеска во Италија се одложени во знак на жалост за Францис, а пред секој спортски настан ...

Многу светски политичари му оддадоа почит на папата Франциск откако беше објавена веста дека врховниот поглавар на Римокатоличката црква почина изутрината, нагласувајќи дека тој успеал да инспирира милиони луѓе дури и надвор од католицизмот. Актуелниот американски претседател Доналд Трамп и неговиот претходник Џо Бајден денеска се простија од папата Франциск. „Почивај во мир, папа Франциск! Нека Бог го благослови него и сите што го сакаа“, ...

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон за ратификација на договорот за сеопфатно стратешко партнерство со Иран. Со договорот се утврдува правната рамка за понатамошен развој на соработката меѓу Москва и Техеран, пренесе Бета повикувајќи се на руски медиуми. Тој го гарантира статусот на Русија и Иран како стратешки партнери и ги покрива сите сфери, вклучувајќи ја одбраната, борбата против тероризмот, енергетиката, финансиите, ...

Причината за смртта на папата Франциск е мозочен удар, соопшти вечерва Ватикан. Како што се наведува, по ударот папата паднал во кома, а потоа доживеал срцев удар по кој немало спас. Папата Франциск (88) почина утрово во 7.35 часот по локално време, објави Ватикан. Погребот на папата Фрањо, според нормите на Апостолскиот Устав (Universi Dominici Gregis), треба да се изврши меѓу четвртиот и шестиот ден по неговата смрт, што значи меѓу петок, 25 ...

За време на вечерниот тренинг во теретаната Spirit Fitness во југоисточниот дел на Москва, на посетителите ненадејно им било наредено да легнат на подот. Сепак, тоа не било дел од нивниот вообичаен план за вежбање, туку наредбата била од руската полиција, која трагала по илегални имигранти и оние кои избегнуваат воена служба, пишува британски The Telegraph. Според активистите за човекови права, вакви рации со недели се пријавуваат во неколку ...

Шефот на израелската разузнавачка служба Шин Бет Ронен Бар денеска изјави дека премиерот на земјата Бенјамин Нетанјаху покренал постапка за негово отпуштање откако одбил да ги исполни барањата кои вклучуваат шпионирање на израелските демонстранти и попречување на судскиот процес за корупција против премиерот. Во изјавата поднесена до Врховниот суд, Бар рече дека потегот на Нетанјаху да го отпушти не е заснован на професионални причини, туку е ...

Лекарката, според грчките медиуми, има повреди на градниот кош, слезината и клучната коска, но не е во животна опасност. Таа за медиумите изјавила дека не се сеќава на тоа што се случило. -Не се сеќавам на ништо… Навистина. Добро сум и им благодарам на сите за поддршката и љубовта, но најмногу им благодарам на колегите кои дојдоа и се грижеа за мене – изјавила таа. Сопругот на Виви, Јоргос, е убеден дека неговата сакана ја спасил светец. -Се ...

Денеска во Охрид на 75-годишна возраст почина истакнатиот новинар Илче Стојаноски, личност која целиот свој професионален век го посвети на Центарот за печат и радио Охрид. Роден на 18 јуни 1949 година во Прилеп, малиот Илче само три години подоцна се преселува во Охрид, родниот град на неговата мајка, која потекнува од угледната стара охридска фамилија Киселиновци. По завршувањето на основното и средното образование во Охрид, своето школување ...

Премиерот Христијан Мицкоски изрази сочувство по повод смртта на папата Франциск во кое посочува дека тој како духовен водач зад себе остава неизмерно хуман, чесeн и посветен траг во историјата на современиот свет. „Неговата порака за мир, солидарност, грижа за најранливите и дијалог меѓу народите беше светлина за милиони луѓе, без разлика на верата или нацијата. Беше глас на совеста во време на глобални предизвици и неизмерен пример за ...

Во срцето на стариот дел на Охрид – Варош, оживеа уште еднаш прекрасната традиција на Великденско фудбалско дружење. Овој обичај, кој со децении го спојува старото и новото, продолжува да живее и да ја одржува нишката на заедништво меѓу охриѓани. На малото игралиште, опкружено со вековни камени куќи што сведочат за богатата историја на градот, се собраа генерации љубители на фудбалот. Во празнична атмосфера, исполнета со смеа и пријателско ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.57
34%
1024
weather icon

Белград

30ᴼ / 28ᴼ
2.24
42%
1024
weather icon

Загреб

29ᴼ / 27ᴼ
1.03
48%
1023
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
34%
1024
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
1.82
30%
1024
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 25ᴼ
1.54
65%
1023
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
7.2
41%
1021
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
4.12
33%
1021
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
2.57
30%
1022
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
3.13
38%
1025
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
2.06
44%
1024
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
6.69
38%
1024
Currency

61.53

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941