Раст на македонската економија од 3,2% за годинава и за следната 2026 година прогнозира Меѓународниот монетарен фонд во најновиот извештај. Стапката на инфлација, според ММФ, годинава ќе изнесува 3,4%, а следната година 2,2%. Во регионот, за Србија е прогнозиран раст од 3,5%, Албанија, 3,8%, Косово, 4%, Црна Гора, 3,2%, БиХ, 2,8%. ММФ во најновиот извештај ги намали прогнозите за економски раст за 2025 година, истакнувајќи оти зголемените царини ...

Во серија успешни акции, Царинската управа на Република Македонија открила и спречила неколку обиди за криумчарење различни видови на стока преку аеродроми и гранични премини во земјата. На Меѓународниот аеродром Скопје, државјанин на Обединетите Арапски Емирати, родум од Индија, се обидел да внесе 76 непријавени парфеми со потекло од Дубаи. Патникот се определил за т.н. „зелен канал“, наменет за оние кои немаат ништо да пријават, но бил ...

Милијардерот Илон Маск изјави синоќа дека од мај планира да поминува значително помалку време работејќи за американскиот претседател Доналд Трамп, откако неговиот производител на електрични автомобили пријави намалување на профитот. Тој рече дека ќе го насочи својот фокус кон управувањето со „Тесла“ од мај. Маск, исто така, рече дека клучната работа на Комисијата за владина ефикасност (DOGE) во голема мера е завршена. Тој додаде дека има намера ...

Советот на министри на Босна и Херцеговина ја прогласи саботата 26 април за Ден на жалост по повод смртта на папата Франциско. Во објава на социјалната мрежа Х, Советот во вторникот вечерта соопшти дека одлуката за Денот на жалоста е донесена на вонредна телефонска седница. Денот на жалост се одбележува со задолжително истакнување на знамето на БиХ на зградите на институциите во БиХ на половина копје или на јарболот. Се препорачува Јавниот ...

XDR Typhi не само што е отпорен на најчесто администрирани антибиотици, како што се ампицилин, хлорамфеникол и триметоприм/сулфаметоксазол, туку и отпорноста на нови антибиотици, како што се флуорохинолоните и цефалоспорини од трета генерација, се зголемува. Тифусна треска можеби е ретка во развиените земји, но оваа болест, за која се смета дека постои со милениуми, сè уште претставува голема опасност, а според истражувањето објавено во 2022 ...

Руски дрон рано утринава погоди автобус со работници во украинскиот град Марханец, убивајќи најмалку 9 лица во бран напади чија цел е цивилна инфраструктура во источна, јужна и централна Украина, соопштија официјални лица. Целосните размери на нападите, кои ги држеа Киев и источната половина на Украина будни неколку часа во текот на ноќта, сѐ уште не се познати. „Русите нападнаа автобус со вработени на компанија кои одеа на работа во Марханец“, ...

Израелската влада сподели, а потоа избриша објава со сочувство на социјалните мрежи за смртта на папата Франциск, без да ја наведе причината за тоа, јавија денеска британските медиуми. Израелските медиуми го поврзаа ваквиот потег со критиките што покојниот папа Франциск ги упати кон раководството на еврејската држава поради војната во Газа. „Почивај во мир, папа Франциск. Нека неговиот спомен биде благослов“, беше објавена во понеделникот ...

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека „нема намера“ да се обиде да го отпушти претседателот на Федералните резерви Џером Пауел, и покрај неговите лути објави на социјалните мрежи насочени кон шефот на централната банка во последните денови. Трамп рече дека „никогаш“ немал намера да го отпушти шефот на ФЕД, додавајќи дека „затајува во работите“. Но, тој го повтори своето верување дека Пауел треба да ги намали каматните стапки. ...

Мировните преговори за Украина, кои беа закажани за денеска во Лондон, а требаше да ги води шефот на британската дипломатија, Дејвид Лами, се одложени, соопшти британското Министерство за надворешни работи. Во соопштението на Форин Офисот се наведува дека „состанокот за мировните преговори за Украина со министрите за надворешни работи, закажан за денеска (среда), е одложен“, но дека разговорите на официјално ниво ќе продолжат зад затворени ...

Телото на папата Франциск пред неговото изложување во базиликата Свети Петар, каде што верниците ќе имаат можност да оддадат почит, привремено е балсамирано за да ги издржи топлите временски услови во Рим, изјавија експерти. – Телото на Франциск беше подложено на процес на привремено балсамирање, познат како танатопраксија – рече основачот на италијанскиот Национален институт за танатопраксија (ИНИТ), Андреа Фантоци. Тој појасни дека тоа ...

Под влијание на плитка фронтална долина која се наоѓа над југоисточна Европа, во Македонија од денеска до крајот на неделава времето ќе биде променливо облачно со честа појава на повремени врнежи од дожд, проследени со појава на грмежи. Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој може да услови локални поплавувања, силен ветер, електрични празнења и со појава на ...

Со исказот на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо денеска во Кривичниот суд во Скопје ќе продолжи судењето за грабнувањата и за свирепите убиства на Вања Ѓорчевска (14) и Панче Жежовски (74), извршени во ноември 2023 година. Освен на Палевски, за злосторствата им се суди и на Велибор Манев, Боре Видевски и на Влатко Кешишев, а петообвинет во процесот е Александар Ѓорчевски за помагање во грабнувањето на неговата ќерка. Минатото рочиште на 16 ...

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со изолирана појава на град, информира УХРМ. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има ...

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 44-годишен скопјанец кој се товари дека сторил кривично дело – Демнење од член 144-а став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во периодот од јули до октомври 2023 година обвинетиот повторено неовластено ја следел неговата поранешна сопруга, настојувајќи да воспостави несакан контакт со неа. Постојано ѝ се јавувал на телефон, ѝ праќал пораки, се движел околу зградата ...

Анализата на содржината во цревата на повеќе од 1.500 азиски ларви на стршлени со помош на методи на длабоко секвенционирање откри дека тие консумирале повеќе од 1.400 различни видови инсекти, вклучително и бројни видови кои опрашуваат растенија. Европа се соочува со нова закана за природната рамнотежа, инвазивен вид стршлен роден во Југоисточна Азија. Азискиот стршлен (Vespa velutina), познат по својата агресивна природа и незаситност, се шири ...

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам: Р Е Ш Е Н И Е за свикување на 45-та седница на Советот на општината Дебрца Ја свикувам 45–та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден 24.04.2025 година (четврток), со почеток во 13.00 часот, салата за ...

Еден од најефикасните трикови за подобрување на изгледот на вашата кожа е миењето на лицето со ладна вода, а овој ритуал не само што ве буди, туку носи и резултати кои веднаш ќе ги забележите. Имено, експертите тврдат дека студената вода има бројни придобивки за кожата, а најважен ефект е моменталното затегнување. “Кога го миете лицето со ладна вода, крвните садови се стеснуваат, што го намалува отокот и го зголемува тонот на кожата. Овој брз ...

Вкупно има повеќе од 250 кардинали, но оние над 80 години немаат право да учествуваат на конклавата. Со тоа остануваат 135 кардинали кои ги исполнуваат условите, кои ќе се упатат во Рим во наредните денови. Нов стил на папство Во 12-те години од неговиот понтификат, папата Фрањо назначи околу 110 кардинали, ширејќи мрежа на полиберални кардинали низ светот. Некои набљудувачи на Ватикан сугерираа дека тој ја смислил конклавата за да има корист ...

Со кои светски лидери не се согласуваше папата, и кои прашања доведоа до овие разлики? Прашањата, вклучувајќи ги војните во Газа и Украина, климатските промени и имиграцијата, го ставаат покојниот папа Франциско во судир со неколку светски лидери. Погребот на папата е во сабота на плоштадот Свети Петар, а многу светски лидери – вклучително и оние со кои се судри за време на неговото папство – рекоа дека ќе присуствуваат. Значи, со кои светски ...

Вечерва околу 22 часот се случи убиство во Нови Сад. Како што објавија српските медиуми, сопругот ја убил сопругата во семејниот стан. Полицијата на лице место затекнала маж и веднаш бил приведен во полициска станица. Како што дознава Блиц, во станот било пронајдено тело на жена, а делото во полиција го пријавило нивното шестгодишно дете. Неофицијално се работи за триесет и деветгодишна жена. На нејзиното тело биле пронајдени повеќе убодни рани. ...

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез деенска изјави дека Мадрид ќе успее да издвои два проценти од бруто домашниот производ за армијата, со што ќе ја исполни целта на НАТО. Тој наведе дека Владата ќе го зголеми воениот буџет за 10,5 милијарди евра односно ќе издвои два отсто од БДП за армијата. Санчез истакна дека е време Шпанија „да ја преземе контролата над својата судбина“ и да придонесе за повторно вооружување на Европа. – Пред многу години да ...

Уништен е Прстенот на рибарот на Папата Франциск. Прстенот традиционално се уништува по смртта на папата и има симболично значење. Историски, прстенот се користел како восочен печат за заверување официјални документи и со негова помош се потврдувала автентичноста на папските наредби. За да се спречи можноста некој да го злоупотреби прстенот и да издава лажни документи во името на починатиот папа, тој се уништувал веднаш по неговата смрт. Но, ...

Лекарката Ленче Нелоска е поставена за нов директор на Геронтолошкиот завод во Скопје, откако претходниот директор беше приведен во полициска акција поради сомнежи за примање поткуп. Нелоска веќе ја извршувала оваа функција во минатото, што укажува на нејзиното искуство и познавање на работата на установата. До неодамна, таа беше и претседателка на Советот на Општина Ѓорче Петров, каде што активно учествуваше во локалното управување и ...

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков се надева дека до утре до 16 часот ќе бидат исплатени платите за март за околу 3.000 луѓе вработени во културата во 120 институции. Доцнењето се должи на новиот начин на пресметка на платата што, рече, е многу обемен процес, но нагласи дека е првпат со консензус од сите чинители односно пресметката е усогласена со Министерството за финансии и со двата колективни договора – општиот и посебниот. Тој ...

Синдикатот на културата денеска одржа протестен совет пред Министерството за култура на кој побараа да се исплатат неисплатените плати и да запрат обидите за непочитување на колективните договори и законите. Како што беше речено на протестот 3.000 работници во културата беа оставени без пари за Велигден. -Ние денес не протестираме за луксуз туку за уставно загарантирани права! На оваа отворена протестна седница на Советот на СКРМ во проширен ...

Регулаторната комисија за енергетика ја намали цената на мазутот, а цените на бензините, дизелот и маслото за горење остануваат исти. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,212 денари по килограм и ќе изнесува 36,780 денари. Цената на бензинот од типот „еуросупер-95“ останува 71,50 денари по литар, на „еуросупер-98“ изнесува 73,50 денари, додека дизелот и маслото за горење и натаму ќе се продаваат по цена од 64,00 денари по ...

Управата за јавни приходи како одговор на барањата на сметководителите и даночните обврзници презема активности со цел обезбедување поддршка за брзо решавање на технички и административни прашања при користење на системот за е-Даночни услуги, како поддршка во процесот на поднесување на ДДВ-04 пријавите. Со цел да се обезбеди непречено поднесување на ДДВ-04 пријавите за овој даночен период, ИТ тимовите на УЈП ќе работат и во попладневните часови, ...

Планот на претседателот на САД, Доналд Трамп, за ставање крај на војната во Украина ќе биде вклучен во руските учебници, изјави помошник на претседателот на Руската Федерација и еден од авторите на учебникот и претседател на Руското воено историско друштво, Владимир Медински. – Извонредните напори што ги прави новата администрација на САД за да се обиде разумно да го реши конфликтот во Украина и, воопшто, неверојатните трансформации во ...

Предлогот на Украина за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура останува на маса, но тоа бара вистинска подготвеност на Русија да учествува во дијалог, објави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм. „Нашиот предлог за прекин на огнот против цивилната инфраструктура, исто така, останува на маса. Потребна е вистинска волја од Русија да учествува во овој дијалог. Нема и нема да има пречки од Украина“, посочи ...

Министерството за внатрешни работи денеска ја извести јавноста дека неколку граѓани и правни лица добиле лажни покани поврзани со наводна истрага, испратени од сторители кои лажно се претставуваат во име на МВР и ЕВРОПОЛ. „Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами“, порачуваат од МВР, посочувајќи дека Секторот за компјутерски криминал веќе презема мерки за идентификација и законско санкционирање на сторителите. Од Секторот ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.57
34%
1024
weather icon

Белград

30ᴼ / 28ᴼ
2.24
42%
1024
weather icon

Загреб

29ᴼ / 27ᴼ
1.03
48%
1023
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
34%
1024
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
1.82
30%
1024
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 25ᴼ
1.54
65%
1023
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
7.2
41%
1021
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
4.12
33%
1021
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
2.57
30%
1022
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
3.13
38%
1025
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
2.06
44%
1024
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
6.69
38%
1024
Currency

61.53

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941