Во чест на Јубилејот: 120 години од хероската погибија на Христо Узунов, Општина Охрид, денеска организираше Свечена академија во спомен куќата на големиот охридски војвода и револуционер. Пред бројните присутни, свој пригоден говор имаше градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков. – Насочени кон иднината, бескрајно горди на минатото, благодарни за саможртвата за слободна Македонија, денес со оваа свеченост одбележуваме 120 години од смртта ...

Украина е подготвена за директни преговори со Русија, но само откако ќе стапи во сила прекин на огнот, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев, што би било прв ваков контакт по повеќе од две години откако започна руската инвазија. – По воведувањето прекин на огнот, ние сме подготвени да седнеме (на преговори) во кој било формат – порача Зеленски на заедничка прес-конференција, на прагот на новиот состанок кој ќе се одржи во ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио ја откажал посетата на Лондон, каде денеска се одржуваат средби за постигање мир во Украина, поради изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Киев во ниту една мировна спогодба нема да признае дека Крим е руски. Стејт департментот објасни дека Рубио на отпатувал поради „технички“ и „логистички“ конфликти во распоредот. На средбата нема да учествува и Стив Виткоф, специјален пратеник на ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе присуствува на погребот на папата Франциск кој ќе се одржи во сабота на 26 април во Рим. Ова го соопштија од Кабинетот на шефицата на државата. 135 кардинали од сите континенти се поканети во Светата Столица да присуствуваат на погребот и на општите конгрегации, пред конклавата на која ќе биде избран новиот поглавар. Последна желба на папата е да биде погребан во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во ...

Пет пациенти од повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска ќе се вратат од лекување од Клиничкиот центар во Србија, по што согласно протоколот тројца ќе бидат под опсервација на Клиниката за пулмологија и по еден пациент на Клиника за пластична хирургија и во Хируршка клиника „Св.Наум Охридски“, информираат од Министерството за здравство. Во текот на вчерашниот ден еден пациент се врати од лекување од Хрватска и се наоѓа под ...

Стручното образование е во фокусот и на годинашниот Конкурс за запишување во средните училишта за учебната 2025/2026 година што го објави МОН. Од предвидени 27 .600 ученички места за упис во прва година средно образование, 7.900 се слободни за гимназии, а околу 18.000 за стручни училишта, од кои 6.700 за дуалното образование. Останатите слободни места во објавениот конкурс се за уметничките училишта и за Спортската гимназија. Одговарајќи на ...

Директор на јавно претпријатие д 31 јули 2024 до 24 март 2025 во повеќе наврати дозволил вработени да управуваат службени моторни возила кои не биле технички исправни и не биле регистрирани, информираше Министерството за внатрешни работи. „При извршени контроли, од полициски службеници од ОВР Делчево е констатирано дека возилата не биле регистрирани подолг период и биле издадени неколку прекршочни платни налози со вкупен износ од 50.909 денари, ...

Ќотекот од 2 недели не е случаен и не е измислено само лажното тврдење дека Александар ми давал информации, туку и сите останати тврдења на Манев и на Кешишев се последица од квалитетен ќотек и потребите на Обвинителството да ме произведат во монструм, како што ме нарекувал началникот Дејан Димовски на 03.12.2023, рече првообвинетиот Љупчо Палевски денеска во судот додека одговараше на прашања од неговиот адвокат Јовица Страшевски. Палевски рече ...

Македонија и Обединетото Кралство имаат силни економски односи, трговската соработка е на високо ниво, а можноста за зацврстување на таквата соработка ја гледаме преку нови инвестиции и пренесување на нови искуства и знаења, истакна потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на средбата со Герет Томас, министер за економија и извоз во Владата на Обединетото Кралство. Обединетото Кралство е стратешки партнер и силен ...

„Мислев ќе ме ослободат па да се почастиме“. Ова го изјави градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, откако денеска беше осуден на 3 ипол години затвор поради тоа што градел без дозвола. Јакимовски е убеден дека против него се води хајка. – Хајката се води долго време, да нѐ тргнат нас кои имаме квалитетни школи, а за дојдат со купените дипломи. Тешка е борбата, се бориш против држава, против најсилниот дел, Обвинителството. Ќе ...

Папата Фрањо остави неизбришлива трага како првиот папа кој беше различен по многу нешта – тој се залагаше за борба против климатските промени, грижата за ЛГБТК+ луѓето и назначувањето на жените на клучните позиции во Ватикан, а сето тоа укажуваше на промена на насоката во Католичката црква. За љубителите на филмот и телевизијата, папата Франциско ќе остане запаметен и по неговата необична комуникација со медиумите. Тој се појавил во ...

Вашингтон му ја претстави на Киев, како што рече американскиот претседател Доналд Трамп, „конечната понуда“ за ставање крај на украинскиот конфликт, според извештајот на Аксиос. Понудата долга една страница наводно содржи остапки од Украина за полуостровот Крим и четири региони. Документот споменува и дека Русија ќе добие ветување дека Украина нема да стане членка на НАТО, укинување на санкциите за Русија и економско партнерство меѓу САД и ...

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска регионот на Истанбул, јавија турските медиуми, повикувајќи се на извештај на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Земјотресот се случил во 12:49 часот по локално време, откако на истата локација во 12:13 часот бил регистриран земјотрес од 3,9 степени. Како што се наведува, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 12 километри, во ...

Првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, Љупчо Палевски денеска во судот објаснуваше дека има алиби за 22 ноември 2023 година, дента кога според обвинението бил убиен велешанецот Жежовски. На овој ден, тој вели дека го поправал котелот на Ерол Османи во Бутел. Османи во своето сведочење тврдеше дека Палевски му го поправал котелот на 28 ноември 2023 година. Палевски денеска продолжи да одговара на прашања од неговиот ...

Институцијата Народен правобранител во нашата земја се соочува со сериозни проблеми во функционирањето, иако има фундаментална улога во насока на промоција, афирмација и заштита на човековите права и слободи, истакна денеска народниот правобранител, Насер Зибери, на конференцијата „Поврзување на политиката и праксата Зајакнување на парламентарниот надзор во промоција и заштита на човековите права“ која се одржа во Собранието во организација на ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2025 година, изнесува 43.053 денари, објави Државниот завод за статистика. Во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 9,6 %. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности во врска со недвижен имот за 16,6 %, ...

Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) денеска упати повик до сите големи трговски синџири, супермаркети, добавувачи и дистрибутери да постапуваат строго согласно Законот за забрана на нефер трговски практики со цел да се обезбеди фер, транспарентен и законски пазар во интерес на економијата, производителите и потрошувачите. Комисијата, како што соопшти, почнува со поголем број теренски контроли со цел да овозможи спроведување на законот, ...

Главниот дописник на Си-Ен-Ен за светски прашања, Метју Ченс, прв го виде портретот кој претседателот на Русија, Владимир Путин, му го подарил на претседателот на САД, Доналд Трамп, а Си-Ен-Ен ексклузивно објави видео на кое се гледа портретот. Видеото можете да го погледнете ТУКА. На портретот, Трамп со горд поглед гледа кон небото, со крената рака во знак на победа, додека крв му се слева по лицето – сцената го прикажува мигот по атентатот, ...

Светскиот економски форум денеска потврди дека започнал истрага против својот основач Клаус Шваб, по добивањето анонимна пријава за злоупотреби на пари на форумот. Шваб кој деновиве ненадејно поднесе оставка ги негира тврдењата и најави тужба. Во соопштението Форумот се вели дека Одборот на доверители „едногласно ја поддржал одлуката на Одборот за ревизија и ризик да иницира независна истрага по писмото на свиркачот кое содржи наводи за ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го омекна својот претходен остар тон по неколкунеделните одмазднички мерки кои ги зголемија царините за увоз на кинески производи до 145%. – Царина од 145% е многу висока и нема да остане на тоа ниво. Нема да биде блиску до тоа. Ќе се намали значително. Но, нема да биде нула – изјави Трамп, одговарајќи на прашања на новинарите во Белата куќа. Американскиот лидер минатата недела рече дека се надева дека ќе ...

Истанбул го потресоа три земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 6,2 степени. Луѓето во паника трчаа на улица. Се уште нема извештаи за штети или жртви. Тлото се затресе во Истанбул, најголемиот град во Турција. Три земјотреси го потресоа градот, првиот со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала го погоди во 12:13 часот, вториот во 12:49 часот со јачина од 6,2 степени, а третиот во 12:51 часот со јачина од 4,4 степени. Според ...

Лондон денеска е домаќин на нов меѓународен состанок на ниско ниво за Украина, во сенка на наводниот американски предлог за ставање крај на војната. Според извештаите на медиумите, предлогот ќе бара Украина да се откаже од сите окупирани територии. Се вели дека рускиот претседател Владимир Путин е за замрзнување на конфликтот. Денеска во Лондон ќе се одржат разговори на ниско ниво за Украина. Шефот на британската дипломатија Дејвид Лами денеска ...

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс изјави дека Вашингтон очекува и Украина и Русија да се откажат од некои територии за да постигнат мировен договор, пренесе Укринформ, повикувајќи се на агенцијата Блумберг. Според него, демаркациската линија веројатно нема точно да се совпаѓа со сегашната линија на фронтот, но ќе биде блиску до неа. – Сегашните линии (на фронтот) или нешто блиску до нив е местото каде што мислам дека може да се повлечат ...

Повеќе од 50 лица се опфатени во денешната полициска акција во која се открива мрежа за незаконско прикажување лажни дијагнози со кои се овозможувало користење финансиска помош за туѓа нега и инвалидски пензии. Contents Обемната операција ја спроведува Бирото за јавна безбедост (БЈБ) при Министерството за внатрешни работи (МВР) на територија на повеќе градови низ Македонија. Акцијата е насочена кон сузбивање организиран криминал и корупција во ...

Поранешниот директор на Центарот за култура „Григор Прличев“ го оштетил буџетот на оваа установа за 151.290 денари, односно околу 2.500 евра, информира Министерството за внатрешни работи. Охридската полиција поднесе кривична пријава за 48-годишнио Г.С. за несовесно работење во службата. Според соопштението, за време на одржување на фестивал на народни песни и игри 2023 година, за сместување на 72 лица, од туристичка агенција им била издадена ...

Полицијата приведе две лица од Прилеп кои се сомничат дека го предизвикале пожарот на градската депонија во Демир Хисар, притоа, како што се вели во полициското соопштение, предизвикале општа опасност. Лицата С.Ф.(28) и А.С.(48) ќе добијат соодветни пријави откако случајот ќе биде документиран, информира Министерството за надворешни работи. Според претходно соопштение на Центарот за управување со кризи(ЦУК), пожарот опфаќал горење автомобилски ...

Државата е на раскрсницата помеѓу стариот систем и новата европска иднина. Планот за раст и Реформската агенда не е само услов за интеграција. Таа е инструмент за оздравување на нашето општество. Интеграциите и растот се наш компас, но реформите мора да бидат наши одлуки, наши политики, наше национално зреење. Корупцијата е системски проблем, не индивидуална девијација, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски на Тркалезната маса за ...

„Мицкоски ако не го дава, еве… Мислам дека доволно кажа треба да се определи, значи, легитимно, има право да соработува со ДУИ, но во тој момент, значи, треба и тоа да го објави, да не се срами и да, да премине во тој табор“. Вака одговори лидерот на Демократското движење од коалицијата Вреди и вицепремиер Изет Меџити на прашањето што доколку лидерот на Алијанса за Албанците и министер за здравство остане во владата по најавите дека Тавари може ...

Д-р Јохана Будвиг, позната германска биохемичарка, во 1950-тите развила маслено-протеинска диета која може да помогне во лекувањето на многу сериозни болести. Оваа научничка има напишано десетина книги, меѓу кои: „Рак – проблем и решение“ и „Масло-протеинска книга за готвење“. Поради нејзиното истражување, д-р Будвиг била номинирана за шест Нобелови награди. Сè е до исхраната Д-р Будвиг верувала дека ракот, како и огромното мнозинство на други ...

По цел месец „нечкање”, најпосле го дочекавме продолжението на институционалната сапунска опера наречена „Контрола на Охрид Трчат”. Даночните инспектори од УЈП-Битола одеднаш станаа најзафатени луѓе во државата – немаа време за контрола на сомнително здружение, како што немаме време да ја платиме струјата на време. А изговорот е класичен бирократски бисер: „премногу сме зафатени”. Но, зафатени со што точно? Можеби со контрола на малиот локален ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.57
34%
1024
weather icon

Белград

30ᴼ / 28ᴼ
2.24
42%
1024
weather icon

Загреб

29ᴼ / 27ᴼ
1.03
48%
1023
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
34%
1024
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
1.82
30%
1024
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 25ᴼ
1.54
65%
1023
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
7.2
41%
1021
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
4.12
33%
1021
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
2.57
30%
1022
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
3.13
38%
1025
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
2.06
44%
1024
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
6.69
38%
1024
Currency

61.53

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941