Вчера во Босна и Херцеговина беше објавена нова серија на Нетфликс. „Родители на фудбал“ е серија што на хумористичен начин ги прикажува родителите на децата што играат фудбал. Серијата, која доби просечна оценка во критиките и прегледите, веќе во втората епизода го прикажува дијалогот на родителите кои ги набљудуваат децата кои не се многу талентирани во играта. Додека го гледаат тренерот како ги реди играчите, родителите се потпираат на ...

Украинските власти изгубија стотици милиони долари нарачувајќи оружје од несигурни добавувачи, пишува британскиот „Фајненшл тајмс“. Порталот ги објави резултатите од својата истрага, врз основа на протечени документи на украинската влада и „десетици интервјуа со службеници за набавки, трговци со оружје и детективи“. Според статијата, обидите за купување оружје преку трети страни и од сомнителни добавувачи резултирале со тоа што Киев „изгубил ...

Мотивот за убиството на Вања Ѓорчевска е користољубие, сметаат обвинителките Жаклина Крстевска-Јосифовска и Ана Стојковиќ-Димитровска, кои го застапуваат обвинението против петтемина обвинети за грабнувањата и убиствата на Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Одговарајќи им на новинарите зошто на денешното рочиште Обвинителството изведе како доказ дополнителна снимка на која се гледа како обвинетиот Велибор Манев става лопата во возилото ...

Времето утре ќе биде променливо облачно, во западните делови со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Температурите ќе бидат во интервал од 1 до 22 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 5 до 22 степени. Од недела следува ...

Соединетите Американски Држави доставија формален предлог до Иран во тековните нуклеарни преговори, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп. Во претседателскиот авион Ер Форс 1, тој рече дека Иран го има планот на САД и ќе треба брзо да дејствува или ќе има негативни последици, пренесе ДПА. Вашингтон и Техеран моментално преговараат додека заливската држава Оман е посредник во разговорите за иранската нуклеарна програма. САД имаат ...

По повод Меѓународниот ден на музеите – Значајно издание за римските монети од Охридската тврдина НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид го одбележува Меѓународниот ден на музеите (18 мај) со исклучително значаен издавачки потфат. Промоцијата на книгата „ОХРИДСКА ТВРДИНА – Монети на Римската Република, Римската империја и на нивните провинции (211г.п.н.е.-238г.н.е.)” од авторот Даница Размовска Бачевска претставува важен ...

Постигната е согласност за договор за стратешко партнерство на Македонија со Обединетото Кралство, информира Владата. Премиерот Христијан Мицкоски во објава на Фејсбук напиша дека ова е историски ден за Македонија и дека најавениот договор ја позиционира државата во редот на интересите и делувањето на една од највлијателните политички и економски сили во светот. Британскиот премиер Кир Стармер му порача на македонскиот колега дека двете земји ...

Уште четворица пациенти повредени во големиот пожар во Кочани се враќаат од лекување во странство и ќе бидат згрижени во Клиниката за пластична хирургија и Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје – информира Министерството за здравство. Еден од повредените веќе пристигнал вчера од Софија, две лица денеска се враќаат од Белград, а четвртиот пациент утре повторно пристигнува од Софија. Со ова, бројот на пациенти кои остануваат ...

Бојан Манев, адвокат на Боре Видевски прашува како е можно МВР од една страна да дава документ дека пиштолот е легален, а од друга страна објаснува дека нема испукување во базата на податоци. – Како може од легално оружје да нема најдено трага во база на податоци? Или некој во МВР не сака да ги пребара архивите и да го најде испукувањето или е нешто друго. Ова е страшно голем проблем – праша Манев. Според него, ова е страшно нејасна ситуација, ...

Снимката со лопата е доказ кој е предложен и од моја страна и со која се докажува дека на 24 ноември 2023 година враќањето на Манев и Видевски за да ја земат лопатата, а тоа е денот на неупешниот обид за грабнување, исклучува било каква улога на таткото во овој случај и оти сторителите имале јасна цел за егзекуција на личноста која е подоцна и грабната од зградата, објасни денеска бранителот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегчиќ. – Оваа ...

Договорот за стартешко партнерство со Обединетото Кралство е историски настан за нас, и ќе овозможи инвестициски циклус од пет милијарди фунти или околу шест милијарди евра во делот на инфраструктурата, железницата, транспортот, здравството, и така натаму, изјави премиерот Христијан Мицкоски по средбата со британскиот премиер Кир Стармер во Тирана на која беше постигната согласност за договорот. – Само што ја завршивме средбата со премиерот на ...

Од полноќ поскапува бензинот од типот „еуросупер -98“, додека цените на останатите горива остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на „еуросупер -98“ се зголемува за 2 денара и тој ќе се продава по цена од 77,5 денари за литар. Цената на останатите горива останува иста и тоа на бензинот од 95 октани цената е 73,50 денари, на дизелот 66,50 денари и на маслото за горење а 65,00 денари по литар. Цената на ...

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 16 мај просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 89 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 92,88евра/mwh, соопштија од ЕДС Инфо поинт. Според анализата на компанијата, „цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 52,86 евра за ...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека средба помеѓу рускиот и американскиот претседател е „несомнено неопходна“, но дека мора темелно да се подготви, пренесува Анадолу. Зборувајќи на прес-конференција во Москва, Песков рече дека билатералните односи, меѓународните прашања и украинската криза треба да бидат главни теми на средбата меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп. – Таква средба е несомнено неопходна и од гледна точка на ...

Москва е генерално задоволна од резултатите од состанокот со Украина и контактите ќе продолжат, изјавил шефот на руската делегација Владимир Медински по завршувањето на денешниот состанок во Истанбул, јави Анадолија. – Русија и Украина се согласија да презентираат детални предлози за прекин на огнот – додал Медински. Според агенцијата, Русија и Украина на состанокот договориле размена на по илјада воени заробеници, што е најголема размена од ...

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со стручна делегација од областа на противпожарната заштита од Австрија, составена од Петер Логар, проект менаџер на Програмата за поддршка на тиролската противпожарна бригада и Јоханес Пап, Заменик командант на Покраинската противпожарна бригада на Тирол, Сојузна покраина на Австрија. На средбата присуствуваа претставници на Противпожарната единица од Охрид при што беше извршена Презентација ...

Во најкус временски период ќе знаеме точно кој метод ќе го примениме при изградбата на хидроцентралата Чебрен, но секако сакаме да биде македонски државен проект, истакна денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. -Најубаво е како држава сами да ја изградиме, но се работи за проект кој ќе чини најмалку 1 милијарда евра што не е мала ставка знаејќи каков ни беше Буџетот – рече Божиновска. Таа информира ...

Во Истанбул започна состанок меѓу украинската и руската делегација. Состанокот се одржува веднаш по кратката средба меѓу американските претставници и руската делегација и среде обвинувањата дека Москва се обидува да ги саботира долгоочекуваните мировни преговори со ненадејно барање за исклучување на другите земји од разговорите. Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, ги отвори преговорите меѓу Русија и Украина во Истанбул – прва ...

Во Истанбул се одржаа трилатерални преговори меѓу делегациите на Украина, САД и Турција, објави Министерството за надворешни работи на Украина на Телеграм. Во украинската делегација се вклучени шефот на претседателскиот кабинет, Андриј Јермак, министерот за одбрана, Рустем Умеров, и министерот за надворешни работи, Андриј Сибега, јавуваат украинските медиуми. Делегацијата на САД на трилатералниот состанок ја претставуваат државниот секретар ...

Италијанската премиерка Џорџа Мелони беше дочекана со голема љубезност од премиерот Еди Рама, кој исто така покажа гест на учтивост кон неа со отстранување на чадорот и клекнување на колена. Таа реагираше со зборовите „Еди престани… Тој го прави ова за да биде висок колку мене“, рече Мелони, шегувајќи се. Мелони беше прашана од новинарите дали планира да го посети италијанскиот центар за имигранти во Ѓадр, на што одговори дека „не може да го ...

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, по разговорот со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека Вашингтон е загрижен поради хуманитарната ситуација во Појасот Газа. – САД не се имуни или на кој било начин нечувствителни на страдањето на луѓето во Газа, каде не е доставена хуманитарна помош од 2 март – наведе Рубио. Тој го повтори ставот на администрацијата на САД дека милитантите од Хамас се виновни за ситуацијата во ...

Додека во Истанбул се одржуваат средби за ставање крај на војната во Украина, се огласи и претседателот на САД, Доналд Трамп. – Време е едноставно да го направиме тоа. Ќе го завршиме – истакна Трамп. Тој додаде дека сака да се сретне со претседателот на Русија, Владимир Путин, што е можно поскоро. Трамп вчера изјави дека значителен напредок во преговорите е малку веројатен сè додека тој и Путин не се сретнат лице в лице. Во палатата Долмабахче ...

Украинската и руската делегација ги завршија своите разговори во Истанбул, откако разговараа помалку од 2 часа, објави Киев индепендент. Украински дипломатски извор изјавил за Скај њуз, пренесе Киев индепендент, дека Русија поставила „нереални“ барања кои одат „далеку од сè што било разговарано досега“. Некои од овие барања вклучуваат повлекување на украинските војници од сопствената територија како услов за прекин на огнот, според изворот. ...

За младиот штипјанец Горан Тонев, гитарист во бендот на ДНК, конечно пристигнаа добри вести. Тој се врати дома откако помина два месеци на лекување во болницата „Папаниколау“ во Солун, каде беше испратен веднаш по несреќата во дискотеката ПУЛС во Кочани, во која доби тешки повреди. Случајот со преживеаните членови на ДНК и нивната придружна група кои беа повредени во трагедијата, добива сè помалку медиумско внимание. Малку се знае за нивната ...

Јавното обвинителство со нов доказ кој го изведе денеска во судот сака да докаже дека обвинетите планирале да ја убијат Вања Ѓорчевска на 24 ноември 2023 година, кога направиле прв неуспешен обид да ја грабнат. Обвинителството изведе како доказ цеде од претресот во домот на обвинетиот Велибор Манев и нагласи дека Манев не го сменил времето во камерите од летно во зимско и затоа реалното време на камерите е еден час поназад. – Презентираме ...

Премиерот Христијан Мицкоски, на денешниот Самит во Тирана ќе се сретне со премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер, на која се очекува финализирање на договор за стратешко партнерство меѓу двете земји. Според извори од Владата, станува збор за документ кој е резултат на повеќемесечни интензивни преговори меѓу дипломатски и експертски тимови од двете страни. Договорот, кој се најавува како историски, ќе отвори нови перспективи за соработка ...

Тогашните директори Флорин Бесими и Артан Етеми се осудени на една година и шест месеци затвор за пожарот на Модуларната болница во Тетово. Тетовската болница како правно лице е казнета со парична казна од 1 милион денари. Судскиот процес се повтори, а обвинети беа двајцата директори и тетовската болница во врска со пожарот во модуларната болница на 8 септември 2021 година кога животот го загубија 14 луѓе. Тогаш Етеми и Бесими како обвинети за ...

Европските берзански индекси денеска се малку повисоки, цените на нафтата, златото и пченицата паднаа, додека инвеститорите чекаат податоци за трговскиот биланс на Еврозоната и информации за расположението на потрошувачите во САД. Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта падна на 61.545 долари, а цената на нафтата од типот Брент на 64.427 долари. Европските фјучерси за гас за јуни беа продадени на отворањето на берзата ...

Жестоки сцени се одиграа рано утрово пред зградата на правосудните органи во Нови Сад, каде што втор ден по ред продолжува блокадата организирана од граѓани и студенти. Уште пред 5:30 часот наутро, во дворот на судот влегоа припадници на Жандармеријата и на полициската интервентна бригада, целосно опремени за разбивање демонстрации. На теренот веќе се наоѓаа голем број граѓани, од кои дел ја минале целата ноќ дежурајќи во смени. Ги пречекаа ...

Имотот на британскиот крал Чарлс III. скокна за 30 милиони фунти на 640 милиони фунти (760 милиони евра) во последната година. Британскиот крал Чарлс III. стана уште побогат во последната година. Неговото богатство скокна за 30 милиони фунти и сега изнесува 640 милиони фунти (760 милиони евра). Карел скокна за 20 места на ранг-листата, поместувајќи се од 258-мо место минатата година на 238-мо место. Ова го прави исто толку богат колку ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
0.51
57%
1018
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
4.63
57%
1020
weather icon

Загреб

22ᴼ / 20ᴼ
3.09
48%
1022
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
68%
1019
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
6.43
52%
1015
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 19ᴼ
2.06
65%
1022
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
0.45
48%
1014
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
68%
1017
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
50%
1017
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 19ᴼ
8.23
51%
1015
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
1.79
48%
1021
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
2.57
68%
1014
Currency

61.535

Currency

53.6163

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.56

Иридиум

142633.96

Кобалт

42.99

Никел

14785.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.35

Сребро

1169.00

Злато

108316.04

Бакар

9.69

Паладиум

3343.68

Платина

40695.48

Родиум

176025.34

Цинк

2.60